24 јануари, 2006

Е-влада без Е-граѓани

Вечер oбјави крунски доказ дека платите ни се мали:
Цените за АДСЛ (асимет- рична дигитална линија) услугите споредено со платите во државата изнесуваат 20 отсто. За споредба, тој процент во Велика Британија е 0,75 отсто.

Да не се осеќаме како црнци даден е процентот за Јужна Африка - 42 отсто.

Главната слика, како што беше посочено од Здружението "Интернет Македонија" е тоа дека за скапата цена што ја плаќаат македонските корисници добиваат неквалитетна услуга, мал е изборот на понудените интернет-пакети, отежнат е пристапот до неразвиените средини, корисниците не добиваат компензација за пречките што настануваат во интернет-врските... Сето ова произлегува од монополската позиција на "Македонски телекомуникации". Има само едно претпријатие што ја има доминантната моќ, а главниот виновник за тоа е државата... Агенцијата за електронски комуникации има моќ да го регулира овој пазар, има моќ да наметне цени... Други причини за нискиот процент на користење на интернет се ниското ниво на писменост на населението, нискиот стандард (30 отсто сиромашни во државата, 39 отсто невработени), како и јазичните бариери...

Се прави Е-влада, во време кога интернетот е достапен за многу малку луѓе. Процесот треба да биде обратен. Да се реши проблемот со пристапноста на интернет-услугите, а дури потоа да се размислува за ваква влада. (повеќе)

4 коментари:

Анонимен рече...

Се врти муабет низ градот дека големи, ептен големи суми Унгарците даваат на владеачката гарнитура во вид на мито,кое веке е корупција. Германците, Дојче не реагираат иако го гледаат истото но остваруваат добар профит, така митото им је океј работа. Да се разбереме, се работи за изборна година, и нормална (кај нас) работа е прибирање на што повеке пари за да се спреми ситуацијата. Да размислиме обратно. Македонија може да доживее економски напредок, но поентата е дека не се сака да се направи тоа. Да се потсетиме, Ауди, дојде и си отиде, Сименс дојде и одма кидна, се даде само на ЛукОил да прави (засега една цела) бензиска, наместо да се даде на ОМВ или Шел или на билокој сака да дојде, да понуди нормални горива без вода....
ЕСМ (ѓоамити ЕЛЕМ) не плаќа на добавувачите репроматеријли.(немале пари) а секој ден може да престанат да работат електраниве поради немање на резервни делови. Им дреме на големите, ке си увезат струја од Бугарија, па некое евро и од таму може да улета....
Примерите се безброј, и не прават депресивни. Интернетот е пич*ин дим у целата катастрофа, а ние (дури и ние, корисниците на Интернет) немаме ама баш никаков избор. Сите се „сјаши курто да ујаше мурто„ а додека не дојде критична маса на нормални политичари, останува да се реадуваме на оние заглавени 8-9 Гига на лажиче. Доволно за да не видиме надвор во нормалните земји како нормално се живее.
Само надворешни газди не вадат, со реални приватни интереси, кои ке заработуваат во Македонија, а тоа не се дозволува.
Во Кореја, Hyundai, менува влада преку ноќ.

Ладно нешто надвор....

Анонимен рече...

МТ е еден од најголемите поттикнувачи на корупција во земјава. Едно за кешот на се знае кого, а башка со удомување на заслужни партијски војници, да не неведувам имиња, мислам дека не е тешко да се препознаат...

Анонимен рече...

Поздрав до весело друштво!

Анонимен рече...

Abe seto toa si e taka, ama za toa narodot si e kriv. Znaete sto znaci 20% samo skopjani da izlezat pred parlament i vlada, pa da iskrsat nekoja glava tamu sto vleguva. Ne postoi takva policija na svet koja moze da zadrzi 100.000 luge. Samo taka ke se dojde do toa da politicarite pocnat da razmisluvaat sto pravat. Sto se ne se napravi vo ovaa nasa drzava vo ovie 14 - 15 godini, narodot si e miren i si veli "kuti moze i poloso da ne snajdi" I taka od den na den, kuti, kuti.. se poloso i poloso i dojdovme do ova.