26 јануари, 2006

Државата ги штити МТ!

Ова е еден од оние „добро утро“ написи. Но и тоа е вест во услови кога во АЕК и Владата се прават на Тошо.
- Агенцијата за електронски комуникации, иако е надлежна да ги штити интересите на сите компании од овој сектор, но и интересите на крајните корисници, до овој момент очигледно ги штити само интересите на "Македонски телекомуникации". Наместо либерализација на пазарот, Агенцијата застанува зад интересите на монополот и свесно го попречува работењето на реалната конкуренција на телекомот со дезинформации, непостапување за приговори, неотвореност за контакти и информации и со нетранспарентност за донесените подзаконски акти - велат во "Нексттел".

Тие се сомневаат дека на овој начин на телекомот намерно му се овозможува што подолго да биде монопол на пазарот, со што се кршат многу закони, а не само Законот за електронските комуникации.

- Обврските што Владата ги презеде со одговорите на Европрашалникот, за телекомуникациите и антимонополистичките закони и за пазарни правила, воопшто не се совпаѓаат со реалноста, а нејзините заложби очигледно се само декларативни - велат во "Нексттел". (Дневник)

3 коментари:

Анонимен рече...

ovaka treba site kompanii a i korisnici da prevzemat merki i pritisoci za da ima ekspresen efekt

Анонимен рече...

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=111111&idg=6&idb=1676&rubrika=Makedonija

Цветко рече...

Се додека фраерите у влада и АЕК си ги третираат местата како проватни фирми, ке има нереални сукоби на интереси и ке се случува ова. Затоа е целото сра*е што се случува. Додека некој друг не даде поголемо мито.