30 јануари, 2006

Иди у к...

„Сервисот“ на двигателот на информатичкото општество кај нас, во светот и пошироко, download.idividi.com.mk вчера беше мета на некои злонамерници.


Инаку сервисот на срцките стартувал со работа на 25.9.2005...неколку дена пред огласот во Дневник со кој МТ најавиja воведување на доплата од 207 денари за секои пола гигајбат надминат АДСЛ сообраќај.

8 коментари:

Александар З рече...

Абе, шо знае дете што е даунлоуд.идишетај :)

Туку - пак дисклејмер - не ги знам „злонамерниците“ и не сакам да ги знам, бидејќи г0с`н „комуникации“ Дарко Булдиоски за Форум Плус

http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=172&EditionID=68&ArticleID=1866&Page=3

во црна рамка изјавил дека „Мт-нет можел да ги тужи р-Еволуција кога сака“ во статијата на г0с`н „анти“ Ивица.

Ај пак? За што да нè тужи? За слаб квалитет на волната што ни ја стрижат? Сме кажале нешто што не е точно? Баш би сакал да нè тужат - тоа би било вистинска фешта (пардон - фестивал, празник). Ко што Костов може да му се фати (за цвикери) на Младенов со тужбата, така и мт-њет нам (за кракатау - кој не разбира, не ни може да разбере).

Дајте, бе, get your shit straight. „Злонамерниците“ ги сопира само задоволството на „корисничката“ маса. Излезете од тоа ќумезот во којшто сте се затвориле и ќе видите како р-Еволуција знае да поттикнува развој на „пенетрацијата“ на интернет во полза на провајдерите. Пациентажа.

Анонимен рече...

ама дури сега реагиравте на тоа, значи не го читате форум, само сте го нашле на интернет... а шо весници читате бај д веј? мај гес = скандал и фокус... погодив а а а ?

bezvrska рече...

Ма јок. скандал никад не сум читал :) За разлика од утрински. Баш ти се безврска провокацииве ;)

ile рече...

еден беше злонамерникот и мтнет да си пазат кај ставаат свои passwordi


зошто пак ке им се деси нешто такво , а може и полошо

Darko156 рече...

Момци немојте да се паничите погрешно сте ме сфатиле.

Не мислев дека вие авторите на р-Еволуција може да добиете тужба, туку дека содржината на блогот (тука пред се мислам на коментарите) се навредливи и доколку некој би требало да спроведува тужба за навреда тогаш тоа би можел да биде МТ.

Не гледам потреба од нервоза, /Анти многу умешно ја искористил мојата изјава, наместо да стави еден дел за која бев информиран дека ќе го употреби :((

р-Еволуција сум ја поддржувал и ќе ја поддржувам.

Анонимен рече...

Pa ne moze da odgovara revolucija za toa sto nekoj ke napise na BLOG. Toa e celta na blogot da moze sekoj da kaze sto misli ,anonimno ili ne, pa nekogas makar i uvredlivo a toa da ne bide cenzurirano od nikogo (bar ne vo prviot moment koga go postavuva tekstot na blogot). A oni neka baraat koj e toj i ako ima osnova neka tuzat.
Pa Makedonija mora da bide prva vo nesto.

Александар З рече...

Дарко,

Не мислев дека вие авторите на р-Еволуција може да добиете тужба, туку дека содржината на блогот (тука пред се мислам на коментарите) се навредливи и доколку некој би требало да спроведува тужба за навреда тогаш тоа би можел да биде МТ.

За пцуење не можеш никого да тужиш. Невистините обично веднаш се кристализираат и разјаснуваат. А клевети никогаш немало (клевета е, нели, лажно набедување). Анонимен (НН) не можеш да тужиш, значи следат сопствениците на блогот. Имаше право дека мрежниот простор правно не се есапи, бидејќи фактички и не можеш да го одредиш идентитетот или да докажеш дека токму тој идентитет напишал нешто. Примерот не беше на место, според мене.

Не гледам потреба од нервоза

Да, малку понервозив - се извинувам. Ама не очекував таква изјава од тебе - таквиот начин на размислување навистина го сметам за „пациентски“.

р-Еволуција сум ја поддржувал и ќе ја поддржувам.

И јас, додека и ние не станеме „пациенти“ ;)

ПС за Анонимрз Пациентски:

Форум не читам - страв ми е некој да не ме види па да помисли дека сум „интелектуалец“.

Darko156 рече...

Малку на страна од темава, ама сепак поврзано со неа:

Америка донесе закон со кој може анонимен коментар да подлежи на казна, по истиот принцип по кој може да осудат некој доколку анонимно ти досаѓа на телефон.

Што значи тие сега те поттикнуваат да коментираш и вреѓаш со име и презиме, па макар и лажно :))

Знам дека на примеров не му е место тука ама ај...