31 јануари, 2006

Виртуелна демократија, виртуелна правда

Ги оправивме демократијата и правото во реалноста, па сега останува уште да го средиме сајбер или кибер просторот - сеедно. (интересен текст од Ивица Антевски)

Дарко Булдиоски (komunikacii.blogspot.com):
На блоговите имало навреди, и директни и кон трети лица. Би можел, ама никој не го гледа интернетот како дел од правниот систем кај нас, па можеби и не му било грижа за овие изјави. Инаку, МТ-нет би можеле да ги тужат рЕволуција без проблем.
александар з:
Ај пак? За што да нè тужи? За слаб квалитет на волната што ни ја стрижат? Сме кажале нешто што не е точно? Баш би сакал да нè тужат - тоа би било вистинска фешта (пардон - фестивал, празник). Ко што Костов може да му се фати (за цвикери) на Младенов со тужбата, така и мт-њет нам (за кракатау - кој не разбира, не ни може да разбере).

37 коментари:

Анонимен рече...

Хаха, прекрасна идеја е ова тужењево за "навреда". За да биде иронијата поголема, оваа премудра идеја доаѓа од некогашен студент по комуникации.

Браво! Бидејќи, како што сите знаеме, тужењето е најдобриот начин на комуникација. /sarcasm

DISCLAIMER: Секоја евентуална навреда во горенаведениот текст е сосема случајна.

Darko156 рече...

Момци немојте да се паничите погрешно сте ме сфатиле.

Не мислев дека вие авторите на р-Еволуција може да добиете тужба, туку дека содржината на блогот (тука пред се мислам на коментарите) се навредливи и доколку некој би требало да спроведува тужба за навреда тогаш тоа би можел да биде МТ.

Не гледам потреба од нервоза, /Анти многу умешно ја искористил мојата изјава, наместо да стави еден дел за која бев информиран дека ќе го употреби :((

р-Еволуција сум ја поддржувал и ќе ја поддржувам.

судија рече...

Би сакал да ги видам во мојата судница

**од една страна улицканите фаци како тужители
- (демек навредени се - младите фаци на МТ-нет правниците - кои впрочем го смислија фамозниот договор - за договорот како судија во друга прилика)

**од другата страна исплашените р-Еволуционери - како тужена страна за изречена навреда - (кои се покриваат со весници додека снимат камерите на фоторепортерите за да не им се открие идентитетот)

**како сведоци чекаат нестрпливо во ходникот
-Јован-Јовансблог
-Мијалче
-дарко156(комуникации) кој не е правилно разбран
-и уште неколку анонимуси.....

**како сеирџии седат неколкуте популарни пордпароли на партиите ни во нашата мила македонија.(Идат избори)
-Пордпаролите имаат задача да видат дали ке има полза да се приклучат на нападите на р-Еволуционерите или мудро да се молчи да не се лутат мечките од МТ-нет - утре ко ке дојдат на власт ке си седнат на комотните фотелји - а и по некој роднина ко портир ке запослат - а да не зборам за парите сто здушно ги даваат за подршка на кампањи и антикампањи..

**Во првите редови со тефтерче во раката седи госп.Геровски - уредникот на Неделно Време - и се смешка под мустаќи
- велејки си во себе у што добри материјали ке испаднат од ова
- Ке биде подобро од филмска сапуница или шпанска серија...
- Но како и да е на мојот весник ке му се зголеми читаноста а секако и тиражот....
- А можеби тука ке откријам уште еден пациент на кого ќе му дадам место да се прослави во колумните..
- Хе,хе, :):)

**До Геровски седат обучените новинари од акцијата Обука за Новинари......

**Малце понастрана седат разноразни Анонимуси - кои со тевтери се спремаат да известуваат разноразни центри на моќта....

За течење на судскиот процес ке ве обавестувам редовно , а сега ке одам да се напијам кафе во мојата канцеларија - во друштво на некои моќни фаци - имиња не можам да ви кажам...

bezvrska рече...

darko156, мене баш ми се допадна изјавата. Што шпанска серија ќе биде МТ да не тужат :)
Па кога ќе стигнеме до 216 продолжение ќе почнеме нов серијал - контратужба за сите оние изјави за „злонамерни корисници“, пирати, црни бизниси, напад диригиран од конкуренцијата и слични бисери...и тоа во хартиени медиуми, а не во некои имагинарни простори :)

Atila рече...

ке ве тужам

Чемер и јад рече...

.....и јас и јас(рече чичко пеџо потскокнувајки како детенце)

судија рече...

Пиејки кафе на радио ја слушам последната драматична вест.

Активисти на Здружение за граѓани “Интернет Македонија“ ја запоседнале раскрсницата кај судска палата и уште неколку други главни раскрсници и по угледот на едно друго невладино здружение ја бараат правдата на улица...

Бараат да се прекине судењето на р-Еволуционерите во името на демократијата...,

- а на нивно место на оптуженичката клупа да седнат Правниците и газдите на МТ-нет во процесот кој едвај го успорувам.

Планирам да трае три четири пет години - до крајот на мојот мандат

(некои граѓани 300 на број, преку Интернет Македонија го тужат МТ-нет за некакви си пенали и некои други неправилности - абе само да го прочитам предметот ке ми треба година дена - некој си Безврска пишуел безврска и ги редел сите можни закони во МК и ете затоа толку долго мора да трае овој процес)

и некои други слични глупости...

Многу се бучни им помагаат некои нивни браќа со там-там тапани.

р-Еволуционерите били наоружани со ластгарки и чатали кои не ги вратиле во акцијата за доброволно враќање на оружјето....

Ситуацијата е драматична, не знам што да правам, стално ми звонат телефони, а подрумот веќе се наполни со специјалци до заби наоружани....

Анонимен рече...

I da ne tuzis.
Pa ke ima li podobra antireklama od toa. Darko daj ovaa idea malku rasirija po prijatelcinjata, neka se zboruva za toa. Kakvi se dobri pravnicite na MT i ke tuzat.

bezvrska рече...

судија, блокади не доаѓаат предвид... Ќе јави после она провокаторчето (ќе се препознае) и едвај ќе дочека да го измитира неговиот идол со урлање: аха - пежо, аха - лафче, аха - ВМРО!

судија рече...

Во канцеларијата изненадно ми влегува Милчо Манчевски - нашиот прославен режисер....

Си мислам што ли ке ми побара во овој драматичен момент. Колку што се сеќавам немам ниеден негов роднина на списокот на моите предмети за судење...

Ми се представи Милчо, мислам непотребно па тој е толку познат кај нас...

И ми вели:
„.. се извинувам имам идеја од овој процес и од предходните акции на р-Еволуционерите да направам еден добар филм. Буџет веќе имам, само сакам што поблиску да се информирам и да го направам сценариото што подобро - Пошто р-Еволуционерите сте ги ставиле во притвор сакам од нив да добијам интервјуа за да го докомплетирам сценариото...а сакам и моја филмска екипа да го снима судењето...па да користам делови кои интерактивно ке ги уметнувам во секвенците на филмот...“

Малку се мислам никого не прашав за дозвола..., ама ај си велам Милчо ке ме прослави со овој филм (и во мислите се замислувам кој ли глумец ке ме глуми) и прифатив. Кој може да го одбие Милжо...

Анонимен рече...

a da stavevte site meter na IT-dramaturskiov-seirdziski blog :D

bezvrska рече...

за сајт митерот...јас сум голем инает и колку повеќе ме туркаат во некоја насока, толку повеќе добивам желба да одам во спротивната.

Darko156 рече...

Судија: Нема да го откриеш тајниот спонзор на Мега хитот на Милчо снимен по исказите на кутрите р-Еволуционери

Интересно е сценариово, треба сериозно да се размисли дали некој ќе сака да го купи, сепак ветерницата е многу голема.

нервозен рече...

Видите другари р-Еволуционери, ова вака не може кој кога сака да ги блокира раскрсниците...

Па мајкуму прееска појдов да ја однесем керками на лекар се настинала, па после требаше на регистрација да појдам, колата да ја регистирам - денеска последен ден ми е.

И кога оп блокада- ми смрзна детето во кола - немав бензин а и скапо е.
И утре оп ке ме казни некој цајкан за нерегистрирана кола...

Да знаете ке ве тужам за изгубеното време, за сите трошоци за леченје на керками и лечење на моите живци - башка може и газдата ке ми даде одказ - пошто не стигнав ни на работа да појдам.

А башка и бракот веќе ми е во прашање - жената ме обвини за неспособност - како демек другите се снаоѓаат а само јас не (сите нашле алтернативни патишта и свршиле работа)...

r-evolucioner рече...

darko za zal ne mozeme da ti go kazeme sponzorot, jebiga mnogu sme tainstveni, slusnav glasini deka ke ne primele vo nekoe masonsko drustvo

Александар З рече...

Блогот си има бројач што не се мести (не е баждарен, ама не е баждарен ни бројачот на МТ ;)

Која бројка беше земена за репер за споредбата? 3000 месечно? хе-хе. Во најслабите денови р-еволуција имаше 250 отворања дневно, а сега, ко што може да види секој, се враќа накај 1000-ка дневно (рекордот кога беше најактуелна фрката).

Анонимен рече...

Ej, aj olabavete so spanski scenarija. Ako imas sto da kazes kazi ako ne molci.
Temata e interesna. Dali toa nekoj se obiduva da vospostavi inernetbiro. Pa uste blogovite ostanaa slobodni za diskusija, se drugo odma tuzba dobivas. A toa deka nekoj ke tuzi, malo morgen. MT ke mora da objasni od kade mu podatoci na doticniot vo toj moment koj ja imal taa IP adresa, ne zaboravajte dinamicki se i samo MT moze da znae koj koga ja imal koja adresa, a po zakon samo na organite na gonenje moze da ja dade i toa so nalog. Znaci tuzbata ja zaboravame.
Za navredite od koj gledam mnogu se zgrozuvaat (vklucuvajki go i cenetiot zacin Jovan), mozam da kazam deka ne se navredi tuku kontranavredi. Ke zemam samo eden primer koj e tuka spomnat. Se vredjal Mtnet, pa toa e samo reciprocitet na toa sto uporno ne smatra i ne pravi maloumni pa ni prodava ADSL so brzina od 64K. Pa ima li pogolema navreda od toa, ama za zal vo ovaa drzava, kako sto spomna nekoj internetot ne go interesira nikogo.
E toa e uste pogolema navreda. Drzavata ni ja vodat supci koj ne gi interesira internetot, dvizeckata sila vo svetot od krajot na 20 vek.

I sega nemoj da vredjas. A sto treba da pravam da im go lizam gazot i da mu kazam na gargamel kolku e ubav vo novoto odelo i deka sum go videl na isecok od novini, bidejki ke treba pola saat da mu objasnuvam sto e toa internet, ako mu kazam deka sum go videl tamu.

Koj ne saka da cita navredi neka si odere blog so tema strikanje i vezenje i neka si cita tamu. Ovoj ne e za nego.

Анонимен рече...

I da ne bide samo gargamel vo ist kos se i Pajo Patorot, IsNoGood,KojPrvToaGoKaza, Pavlence itn itn

судија рече...

Па ова вака не може - ај Милчо Манчевски е ОК, ама по него навалија и други новинари да ми доаѓаат во канцеларија ...
- па морав да викнам дваица од специјалците да ми го чуваат влезот на канцеларијата
- Запнале од А1 директно да го пренесуваат судењето - човек да не може да си се почеша кај што го чеша....

Се мислам да побарам дозвола од председателот на судот
- судењето да го прогласиме за затворено за јавност.....

волан рече...

Кога сме веќе кај тужењето може ли нешто да прашам - истовремено и да актуализирам.

Го читам анексот на “Договорот за засновување на предплатнички однос за користење на ПриПејд Телефонската услуга (за физички лица)- за фиксна телефонија се работи-“

Член 3 алинеја 3 вели:

“...Предплатникот на ПриПејд Телефонската услуга нема пристап до интернет (преку МТнет) и не може да користи други тарифни пакети...“

И порано спомнував дека МТ-нет го крши законот за трговија и трговските узанси каде изричито се забранува вршење на врзана трговија....

Демек продаваш некој атрактивен производ и со него продавас заедно врзано и несто сто не ти оди....

Постарите се сеќаваат на ваквите чести примери во времето на Анте Марковиќ....

По мене Мт-нет нема право да ја условува продажбата на АДСЛ услугата со постоење на фиксна линија.

Заради ова излегуваат нелогичности од типот - не си платил телефон - ама во наредната сметка иако немаш ни интернет интернетот ти се засметува во целосен износ...

Работата е јал не јал три ипол...

Молам за ваши коментари дали сум во право за ова и за ваши предлози како да постапиме како НВО...

Анонимен рече...

Volan,

ne gledam vo sto e poentata. ADSL-ot ne e vrzan so telefonskata linija. I da ti e isklucen telefonot ADSL-ot ke raboti, se dodeka imas fizicka konekcija so telekom.

волан рече...

Почитуван Анонимусу не е така.

Најпрвин не можеш да добиеш АДСЛ услуга ако немаш телефинска линија.

Ти и самиот викаш дека АДСЛ от ти работи иако линијата ти е во прекид...

Што сакам да кажам,
- сакам да имам АДСЛ а не и телефонска линија кај МТ
- одговорот од МТ е не може , за да имаш АДСЛ мора да имаш и телефонска линија, пост пејд и тоа
- Тоа за мене веќе е врзана трговија....

А ако си го читал блогот од порано ке се сетиш дека и други се жалеа за вакви и слични нелогичности

navreden рече...

I jas sum navreden!So potpishan dogovor za ADSL /obichno posle 20ti vo mesecot/ imam brzina od 64KB.
Dadov zalba do AEK i ne mi odgovorija!
"Iznenagjen sum i uvregjen".Baram pravdaaaaaaaaaaaaaaaa.

судија рече...

Си мислам што да правам - како да го продолжам судењето понатака.

Најпрвин јас сум од постарата гарда, ниту знам што е Интернет ниту знам што па е па Блог и блогерство....

Беше и Јанко-Јади бурек и тој ми објасни нешто за ова ама ми рече најубаво кај некојси “Вуна-Овчар“ и некојси “Букаро..“ да се обратам, за да ми објаснат штп е блог и блогерство.
А јас пак си мислам да го прашам сепак мојот добар пријател Геровски - слушам тој знаел нешто за оваа појава....
Некој ми го спомна и Јован-Јовансблог, него да го прашам - демек се ке ми објаснел набрзина, и така е тука во чекалната како сведок чека. Ама пак си мислам како да го изведам тоа не оди некој што е сведок да оди на разговор во четири очи со судијата...

А што ни направи нашево судско раководство, толку донации имавме, не праќаа на вакви онакви курсеви за компјутери и интернет ти и не знам што.

Арно ама во канцеларијата немам ниту компјутер ниту Интернет и сега како да судам во случајов, ниту пак сакам да имам
(да ме срами некој тазе фиќфириќ, како нисто не сум разбирал од новото време)...

А и ни се расипа машината за куцање и сега чекаме од блиската антикварница да ни позајмат нивната машина во излог што им е. За среќа од исти тип е како нашата....

надеж рече...

http://www45.brinkster.com/makfontovi/Default.asp

На овој сајт ке најдете се што ве интересира за македонските фонтови - браво мајсторе - Има, има паметни деца во Македонија...

Има надеж за нас, но само под услов да им се даде соодветен простор на движецките сили на младата ни генерација....

монопол рече...

Зоран ТраЈЧевски
Дали е урнат монополот на телекомот?

Оваа недела беше објавено, а особено бомбастично најавено на една национална телевизија, дека бил урнат монополот на телекомот.

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2973&stID=72155

Анонимен рече...

ПРЕТПЛАТНИЦИТЕ ПРИНУДЕНИ ДА ГО СМЕНАТ ПРОВАЈДЕРОТ
"Телекабел" го исклучи Интернетот на "Он нет"

Околу 500 претплатници на "Он нет" останаа без интернет-врска зашто кабелската телевизија "Телекабел" без најава го прекинала сигналот што се пренесуваше преку нивната кабелска мрежа.

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2973&stID=72221

брука рече...

СМЕНИ ВО "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ"
Директорот Наумов падна, договорот со "Неоком" остана


http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2973&stID=72143

“..- Министрите забележаа дека ваков договор не може да се потпише во четири очи бидејќи поради таква процедура досега беа вратени проектите на "Самсунг" и на израелската компанија "Мер", кои беа заинтересирани да го користат оптичкиот кабел на ЕСМ - вели извор од Владата.

Со договорот Наумов му дозволи на "Неоком" 15 години да користи четири влакна од фибер оптичкиот кабел на железницата, кој веќе е поставен по пругата Табановце-Скопје...“

За цетири влакна колкава бука и брука....

bezvrska рече...

гаргамел, пајо паторот и изногуд... во што цртан филм живееме :)

Еве еден стрип поглед на македонската политичко-медиумска сцена. Ама пазете - сега се забрануваат протести а наскоро може ќе биде забрането и кликање по несоодветни содржини.

bezvrska рече...

абе зошто сите знаат како треба тек кога ќе отидат во опозиција? зоран трајчевски сега јаде многу бурек. додека беше директор на агенцијата за телекомуникации баш и не видов дека многу се претегна во борба со монополот.

Анонимен рече...

добра трева нема шо

materio рече...

ТЕЛЕКОМ ЈАВНО ГО ОБЈАВИ ТАРИФНИКОТ ЗА ИНТЕРКОНЕКЦИЈА

Конкуренцијата навали, Телеком се жали

ЗАСЕГА ДВЕ-ТРИ КОМПАНИИ ПРЕГОВАРААТ СО ТЕЛЕКОМ ОКОЛУ УСЛОВИТЕ ЗА МЕЃУСЕБНО ПОВРЗУВАЊЕ

"Македонски телекомуникации" вчера на својата веб страница јавно ги објави прилозите 8А и 8Б од референтната понуда за интерконекција (МАТЕРИО)

http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=23210

dilema рече...

недела, јануари 29, 2006
Се' за Wi-Fi понудата на On.Net

On.Net започнува со комерцијална експлоатација на нивната безжична (Wi-Fi) мрежа. Тест периодот, кој досега им нудеше бесплатен Интернет на некои делови од Скопје, ќе заврши на 1 февруари.

http://mislam.blogspot.com/

post koj sto e pove'e reklama i dobri komentari

Анонимен рече...

http://goro.blog.com.mk/node/3222

Перо Шванц рече...

И како што реков пред некој месец,по српската Пси Лају Каравани Пролазе. Состојбата со Интернетот у нашава МК не мрда од мртва точка. Тука се тераат безвезни измислици со судници, и ништо не се случува.
И нема да се случи дур одредени политички структури не почнат очи да си вадат. А ние ке фирфламе до 101 и назад.
Ке се јавам за месец дена со понови коментари.

Анонимен рече...

Бедни сте по дух, нема што. Какви судници, никој рабуш од газот не си мава со вас, нели гледате дека сте на групен игнор, тука оставени сами да си го вадите бесот...

Сте се прецениле дечки, арно ви рече Перо.

Анонимен рече...

E ovie se od Onnet. Im se poznava stilot PEPICKI