09 јануари, 2006

Е-Влада strikes again

Пак за едношалтерскиот систем...Ако мислиш дека придавката едношалтерски значи дека брзо ќе завршиш работа на еден шалтер - гадно си се зезнал. Работата оди вака: одиш на првиот шалтер кај те дочекуваат две теткици пред пензија кои на секое прашање одговараат со кревање на раменици и гледање во таван. Откога ќе се насобере поголемо купче луѓе ги препраќаат сите на друг шалтер, каде има 50% шанса да добиеш одговор. Ако си во останатите 50% знај дека те чека квалитетно и долготрајно бирократско малтретирање.

Деновиве УЈП и Централниот регистар си играат пинг понг со оние на кои им треба нова или променета даночна карта. Во Регистарот ќе ви кажат дека на највисоко ниво било договорено таа работа да ја врши УЈП, а во УЈП као појма немаат за ова. Денес се запознав со сите теткици и началници во УЈП, едино не се видов со Петра Митрева. Во Централниот регистар ме утешија:
„Да знаете дека денес сте 32-ри со ваков проблем.“
Не барајте претприемачки дух и граѓански иницијативи во МК. Ги уби бирократијата.

3 коментари:

Анонимен рече...

Birokratijooooo sakaaaaam teeee...

Перо Шванц рече...

Бирокреатски Хинт. Купи ефтино парфмче, и жбрц на теткицата тамо. Ја орасположуеш и она заборава дека маж и не ја пеглал подугачко време. Завршуеш за 2 секунди.
Мене тоа ми је пракса.

bezvrska рече...

Остај, скржавица сум. Едно парфемче ќе им купев, ама овие бараат на две места да поделиш за иста работа.

Е-Влада - my ass. Парфем-Влада е многу пошик.