27 февруари, 2006

Прес за проблемите со wifi-то на ОнНет

Новата мрежа на Он.Нет поради која Македонија беше прогласена за „прва безжична земја“, а граѓаните и фирмите требаше да добијат поевтин интернет пристап, не само што не ги исполни овие очекувања, туку стана извор на проблеми. Досега има повеќе поплаки од сопственици на приватни безжични мрежи кои работат во истиот фреквенциски опсег и кои сега се неупотребливи поради непочитување на прописите и стандардите за силината на зрачењето.

Здружението за подобар интернет - Интернет Македонија одржа прес-конференција за дел од проблемите поврзани со оваа мрежа. Стана збор за неостварените цели од тендерот на УСАИД, високите цени, слабиот квалитет, проблемите со зрачењето, евентуалната штетност, неконтролираниот мерач на сообраќај и неплаќањето кирија за сите поставени уреди на станбените објекти. Највени се активности за надминување на проблемите. (повеќе)

24 февруари, 2006

Veni, vidi...in flagranti

Корисниците на wifi преку ОнНет, спасителот на широките АДСЛ маси, се соочуваат со слични проблеми за кои се пишуваше овде изминативе месеци. Систем што краде мегабајти (хм, од каде ми звучи познато?), техничка поддршка што нуди сочувство (дежа ву?), преку сигнал што не се фаќа, проблеми со IRC и p2p блокади, па се до страв од здравствени ризици.
Замисли ситуација: идеш во Германос, фрснуеш 9 иљадарки за пакетот со антена и ваучер, идеш дома да се конектираш и оп, не ја фаќаш мрежата.
Инаку мерачот на сообраќај на ОнНет, е исто толку верификуван и контролиран од државните органи колку и мерачот на МТ. Значи ич. Затоа важи следново:
Они може да те крадат а ти да не приметуваш, а кога ке оставиш неколку МБ за последниот ден да имаш да сурфаш и утредента видиш дека ти ги украле, тука одма се приметува.
(повеќе)

22 февруари, 2006

Краток курс за либерализација

Теориите на заговор веќе не се во мода. Минимализмот од салоните за мебел прејде во политиката, па сега се бараат поедноставни објаснувања и платформи. Долго време се шпекулираше за коруптивните односи меѓу државата и МТ. Како сè што трае долго, така и овој муабет досади. Најнова дијагноза е дека АЕК навистина сакала да го либерализира пазарот на електронски комуникации, ама проблемот бил во тоа што:
Македонските државни органи немаат капацитет да го либерализираат телекомуникацискиот пазар и затоа е потребно да им се даде стручна помош, се вели во извештајот на телекомуникациски експерт ангажиран од Европската Унија. Британскиот експерт овие препораки ги дал зашто АЕК ги пречекорила сите рокови да ги подготви подзаконските акти со кои треба да се создадат услови за работа на конкуренцијата на "Македонски телекомуникации".
Во извештајот се забележува дека директорот на Агенцијата, Коста Трпковски, ја узурпирал власта, не одржувал колегиуми да ги информира соработниците и не назначувал заменик поради што нема кој да потпише документи во негово отсуство. Експертот истакнал дека ваква ситуација нема во ниедно регулаторно тело во Европа. Во заклучокот на извештајот се препорачува директорот Трпковски да биде испратен на курс за менаџмент за да се подобри функционирањето на Агенцијата. (ЕУ се увери дека Владата го штити монополот на телеком)
Уште еден минималистички одговор зошто власта не создава услови за зголемување на интернет пенетрацијата:
Антикорупциската комисија предлага: Имотот на политичарите да се објави на Интернет
Луѓето се насекирале да не им ѕиркаат во џебовите.

18 февруари, 2006

Нови цени и брзини за АДСЛ

Стигна и официјална потврда од МТ за „зголемена брзина, намалена цена“ кај АДСЛ пакетите. Брзината кај старт и макс пакетите е зголемена на 512 Kb/s, а намалени се цените за 500 денари за договорите на неопределено и една година, и за цели 200 денари кај договорите на две години. Постојните корисници на двегодишен макс АДСЛ, кои се и најмногубројни, сега ќе плаќаат околу 240 денари помалку месечно (со ДДВ).

Работата за која имаше најголемо незадоволство - лимитот од 512 МБ за старт и 4 ГБ за макс - останува и натаму. Сè на сè, провајдерите се натпреваруваат кој ќе даде потапа понуда. Законски, ова е промена на условите на АДСЛ договорите. Секој може сам да си одговори колку кај нас се почитува законот и кај би се префрлил ако се откачи од МТ.

15 февруари, 2006

Бидете на Готовс!

Сигурен сум дека повеќето што останавте на ADSL ја забележавте зголемената брзина на пристап. Официјално тоа треба да „стапи на сила“ од март. Заедно со уште неколку сериозни „промени“ во понудата на Македонски Телекомуникации.

Не, не... Не се залетувајте. Нема да го тргнат лимитот.

Имено, најавено е намалување на цените. За цели 200-300 денари. А ќе се намали и цената на оние 512 мегабајти започнат сообраќај. За неверојатни 9-10 денари!!!

Ова ќе беше смешно, ако не беше трагично. Но, драги мои, покрај тоа што е патетично и страшно (мислат дека вака ќе ги задржат разочараните корисници кои секојдневно им досаѓаат и вриштат во салоните?), ваквиот чекор покажува колку тие нас не сакаат, почитуваат, ценат и сл.

Сарказмот на страна, мислам дека ова е типичен пример за „ма и ѓубре да им продаваме, треба да бидат среќни и да бараат репете“ ставот што го имаат повеќето (ако не и сите) македонски фирми, со посебен акцент на провајдерите.

12 февруари, 2006

Писмо од Шошенк

Веќе пишував за последната колумна на Букаро, во која зборува за Шошенк, КИТ, р-Еволуција, и студентите офлајн. Сè на сè - жална слика за интернет состојбата во Македонија, но со здрав став дека работите може да ги смениме/смените.

За МТ и стрижените:
Јапи-кабадаите од Телеком се испонашаа прилично арогантно, бидејќи уште одамна сконтале дека во оваа земја нема критичка маса на граѓани, или граѓани со развиена граѓанска свест и дека нема ронка солидарност меѓу нив, дека сите затскриени во своите топли домчиња пред ТВ каде пцујат по се живо и диво и чекаат некој друг да го извади газот на улица и да се бори за нивните права?
За конкуренцијата:
Друго мошне дискутабилно прашање е дали главен виновник покрај Телеком не се и останатите интернет-провајдери, кои тврдат дека се во конкурентска војна, а сепак делува дека се пасивни и тоа веројатно заради некаква фина поделба на сфери?
За увлекувачките новинари и за студентите кои патуваат кон Европа:
Седам информатички хендикепиран, оневозможен од привилегија која ја имаат 2 милијарди луѓе, спикан во студентско сопче во кое лебарки играат ламбада и ја очекувам водителката да го праша Јани [Макрадули], зошто студентите немаат евтин или бесплатен Интернет каков што имаат студентите ширум Европа, Европа кон која ние се стремиме, демек.
Наместо тоа, водителката, окезена во стерилна атмосфера, оптегачува едно тотално тривијално прашање: „Дали имате навика да купувате преку Интернет?“

Не потпишувајте!

Зафрканциите со АДСЛ-от на МТ појаснија неколку работи:
  1. Пинокио и барон Минхаузен можат да јадат вафли.
  2. За квалитетен садо-мазо однос вреди да се плати повеќе.
  3. Не потпишувај пред да се консултираш со најмалку два правника!
Заедно со сметките за јануари, МТ на своите ценети волнени корисници им доставуваат и нови претплатнички договори. МТ имаат обврска да ги усогласат договорите со Законот за електронските комуникации, врз основа на Правилник од АЕК. Повеќе одредби од доставените договори изгледаат сомнително и за тоа ќе барам мислење и од ОПМ. Меѓу останатото, изгледа дека повторно се обидуваат АДСЛ услугата да ја прикажат како дополнителна услуга на телефонската линија, иако ваквите услуги треба да се нудат независно од телефонските услуги.

Уште еднаш: Пинокио и барон Минхаузен можат да јадат вафли. Не потпишувај пред да се консултираш со најмалку два правника!

Букаро прашува, Јани не одговара

Новата колумна на Букаро во Неделно време е отворено писмо до Јани Макрадули, претседател на КИТ. Тоа е човекот што наголемо се промовираше при процесот на носење на Стратегијата за развој на информатичкото општество, а ќе остане запаметен и по изјавата дадена на е-Општество.Мк дека не се важни цените на интернет пристап, туку е важно да има локални содржини.

Додека стратегијата фаќаше прашина по полиците, Јани даваше мудри изјави за BBC:
We need the Internet as a sea, because Macedonia is not on the sea, so we think that the Internet is our sea and an open window for a lot of economic changes and new economic growth in our country. (BBC)
Грејт. Каде е нашето море и каде заринка КИТ заедно со Стратегијата? Колумната не се бави со апстракции од типот „информатичко општество“, туку поставува едноставно и конкретно прашање: Дали КИТ може да се заложи да се обезбеди бесплатен или евтин интернет во сите студентски домови? Не знам дали Букаро секоја недела ќе му праќа ново писмо на Јани, но поентата е едноставна: ќутењето не е доблест, упорноста се исплати.

Вода во базенот!

Пошто бизнис планот не им се остварува како што е предвидено и од страв да не им избегаат и постојните муштерии, срцките од МТ не се веќе толку ревносни во намалување на брзината после 4 ГБ. Дел од корисниците на АДСЛ возат до 6, 8, а некогаш дури и до фантастични 9 гигабајти! :cynical:

Последниве денови некои забележаа дека брзината на download им е качена на 512 Kb/s. Веројатно се работи за тестирање на системот за да се утврдат тесните грла. Има шпекулации дека зголемување на брзината не треба да се очекува пред ребрендирањето на МТ. Ете, беа потребни повеќе од 60 години за Германците да се вратат како ослободители.

Се тоа ќе беше супер да не беше фактот дека до пред неколку месеци корисниците на АДСЛ уживаа во „неограничен“ интернет. Сега, состојбата се опишува со: Кога сме добри, ни пуштаат и вода во базенот.

08 февруари, 2006

Аман, договорете се за пиринг!

Се откачив што се откачив од телеком кога беше целата еуфорија, сега сум на кабелски од теленет (имаат врска со телекабел)
Aj што некад зеза-зеза, не сум ни прв ни последен што ќе се пожали, ама една специфична работа забележав, дури и кога мање више си функционира ОК има проблем со отварање на страници конкретно што се врзани со On.net, например on.net сајтот, багра, blog.com.mk итн.
Според форумот р-еволуција проблемот се јавува кај кабелските телевизии кои користат интернет преку Неотел. Последниов нема пиринг со ОнНет, па се јавуваат вакви проблеми. Пирингот е бесплатна директна врска меѓу два провајдери за побрза и поефикасна размена на податоци меѓу нивните мрежи.
Дали зад ова се крие меѓусебно подјебавање меѓу овие два провајдери?? Дали е тоа заради конкуренцијата?!
Стварно не е мое да се бавам. Сакам саглам Интернет СЕГА И ТУКА!!!

(Блогот на ВББ)
За истиот проблем пишува и Чале во Сваштарија. Ова е една од причините поради кои го преферирам blogger наместо блогерај.

Првата безжична земја

Ни се качија на глава со оваа глупа синтагма, која стана одговор на се што е поврзано со нетот во МК. Високи се цените на интернет пристап, услугите се катстрофа, има малку корисници, информационо општество е апстрактна именка за китење на декларациите, ама се тоа треба да се заборави кога ќе се спомнат овие три збора.

5 секунди дружење со гугл и еве што испадна:
А tiny country in the South Pacific has become the world's first true wireless nation. The island of Niue, with a population of less than 2 000, is the world's smallest independent self-governed nation and has - thanks to the Internet Users Society of Niue - launched the world's first free nationwide WiFi Internet access service. (повеќе)
Ова е од средината на 2003. Кај први па уште и бесплатно - трошоците ги покриваат со регистрации за топ доменот „.nu“. Не ги гледав другите резултати што ги избаци гугл. Ќе му каже некој на Премиерот? Претседателот? Бил Гејтс веројатно веќе е информиран. Може затоа се зачудил на тврдењето дека Македонија е првата.

Данок на wifi

2 770 милијарди долари! Толку треба да бидат буџетките расходи на САД во 2007. Меѓу иновативните методи преку кои Буш планира да продолжи да ги полни џебовите на другарчињата од безбедносниот сектор е и предлог за оданочување на користењето на нелиценцирани делови од радиофреквенцискиот спектар. Данокот најверојатно би се наплаќал како еднократен надомест при купувањето на wifi опрема (меѓу другото) што би довело до поскапување на истата. Нејасно е дали при вакво сценарио поскапувањето ќе се пренесе и врз купувачите од странство.

Досега не се наплаќaше користењето на опсегот од 2,4 GHz затоа што често се користи за некомерцијални цели, за употреба во затворени простори, а можни се и пречки од уредите кои работат на истата фреквенција (други wifi уреди, безжични телефони, микробранови печки...).

Знам дека сме голем амерички „сојузник“ и храбро одиме секаде кај што ќе тргне Буш, ама се надевам дека Македонија нема да го следи и во оваа експедиција.

(линк)

Дополнување: После прозивките во јавноста, Белата куќа негираше дека се планира ваков данок. Надоместоците спомнати во предлог-буџетот не се однесувале на нелиценцираниот дел од радифреквенцискиот спектар, туку на лиценците кои не се распределени по пат на аукции. (линк)

07 февруари, 2006

Спомни ја Македонија по добро?!

Ако не почнеме преговори за членство во ЕУ оваа или следната година, има да се бесат на плоштад сите што се жалеле во странство дека тука наводно било лошо:
Мисии на неколку држави во март ќе дојдат во Македонија да испитаат дали Владата ги исполнува обврските за либерализација на телекомуникацискиот пазар и дали создава услови за фер конкуренција.

Странците се заинтересирале за овој проблем по поплаките од потенцијалните инвеститори од нивните земји за вложување во телекомуникацискиот сектор и од неколку домашни компании до Европската комисија во Брисел и до сите амбасади и меѓународни организации и институции во земјава. Компаниите кандидати за влез во фиксната телефонија се жалат дека иако пазарот требаше да биде либерализиран на први јануари 2005 година, државата се уште не создадава услови за работа на конкурентите на "Македонски телекомуникации". (повеќе во Дневник)
Уа, кодоши! :)

Фер конкуренција и транспарентност

Директорот на Железница беше експресно сменет откога се дозна дека без одлука на Влада и без јавен тендер склучил договор со Неоком за поставување оптички кабел по пругата Табановце-Скопје. Договорот предвидуваше Неоком, како компензација, да може да користи 4 оптички влакна од кабелот во следните 15 години. Пошто сме докажана правна држава, одма се потегна процедура за поништување на договорот:
Јавното правобранителство ќе ја испитува законитоста на договорот на Јавното претпријатие Македонски железници со фирмата "Неоком" за користење на оптичкиот кабел на железницата за телекомуникациски услуги...

Стопанствениците сметаат дека со овој нетранспарентен договор се минираат заложбите на Владата за да се воведе фер конкуренција на телекомуникацискиот пазар.

- Владата тргна во добра насока со донесувањето на Законот за електронски комуникации и со формирањето на независна Агенција за електронски комуникации. Ветуваше дека ќе создаде услови за здрава конкуренција за сите телекомуникациски компании и интернет-провајдери. Овој договор на железницата, склучен со непосредна спогодба, го минира процесот за фер конкуренција на пазарот. Изнајмувањето на оптичката мрежа на железницата требаше да се направи на транспарентен начин, со објавување на јавен повик. Така ќе се постигнеше и подобра цена за употреба на кабелот - вели Дејан Калеников, од фондот "СЕАФ-Македонија". (Дневник)
Во МК не е ништо ново да се гази слободната пазарна конкуренција. Не е новост ни отсуството на транспарентност и непочитување на законите при склучување на договорите. Значи, мора да има некоја посебна причина поради која од СЕАФ Македонија се решиле да реагираат баш во овој случај.

Во декември 2004, Проектот Мacedonia Connects на УСАИД распиша конкурс за проширување на достапноста на широкопојасен интернет и за снабдување на школите со интернет. Сите дознаа дека тендерот го доби ОнНет, но помалку знаат дека значително учество во сопственоста на ОнНет има СЕАФ Македонија. Инаку, СЕАФ Македонија е инвестиционен фонд во сопственост на 4 акционери меѓу кои и... види чудо...УСАИД???

Дали е фер да се рече дека УСАИД спровела тендер на кој работата ја доделила на ...себе? Парите излегле од левиот џеб, а влегле во десниот. Нормално, „стопанственикот“ Дејан Калеников и СЕАФ-Македонија тогаш не се јавија да кажат дека се „минира процесот за фер конкуренција на пазарот“ и дека нема „транспарентност“ во постапката. Веројатно биле зафатени. СЕАФ Македонија во догледно време ќе го продаде својот удел во ОнНет. Поставањето на сопки на обидите на конкурентите да зафатат поголем дел од пазарот може да помогне да се постигне повисока цена при продажбата. Последново станува државен приоритет број 1.

03 февруари, 2006

Дуплиран сообраќајот кај АДСЛ пакетите во Црна Гора

Udvostručeni mjesečni protok podataka, koji je od jula prošle godine do 1. februara 2006. bio omogućen svim korisnicima superbrzog ADSL servisa, ubuduće će biti dio standardne ADSL ponude.

Udvostručen mjesečni protok podataka iznosi, zavisno od izbora ADSL paketa - M 10 GB, L 20 GB i XL40GB, i važi za sve dosadašnje, kao i za nove ADSL korisnike (pravna i fizička lica!). Ti paketi su prvobitno omogućavali mjesečni obim saobraćaja od M 5GB, L10GB i XL20 GB. (повеќе)
Газда на Телеком Црна Гора е славниот Magyar Telekom, кој таму има ваква понуда на АДСЛ:
Ми текнуваат три можни причини поради кои Deutsche Telekom најмногу сака да ги стриже Македонците од сите стада на Западниот Балкан:
  1. Имаме „независно“ регулативно тело
  2. Постои „стратегиско партнерство“ меѓу Владата и МТ
  3. Македонските менаџери се ептен квалитетни...бербери

Либерализација на хартија

Не е директно поврзано со интернетот, ама е добар индикатор како одат т.е. како се кочат работите околу либерализацијата:
Досега мобилните оператори на Телеком месечно му плаќале по 22 илјади денари надоместок за поврзување. Новата цена на надоместокот е 53 илјади денари, додека во земјите на ЕУ просечниот месечен надоместок се движи околу 19 илјади денари. Зголемувањето на некои цени достигнува и до над 70 отсто. Според извори од оваа компанија, невозможно е со овие цени да се очекуваат нови оператори, бидејќи трошоците на новите оператори се повисоки од цените што Телеком ги нуди на корисниците. Според подзаконските акти измена на начинот на пресметка на цените може да се очекува по две години. (Вест)
Panta Rei: Изгорконекција

Аутизам

Од пет премиери на суверена Македонија, тројца се со невиден „капацитет“ за смеење и кикотење во крајно несоодветни моменти. Во земја од калибар како нашата, воздржувањето од смеење во јавност треба да биде еден од основните елементи на бон-тон за политичари.

Еве едноставен и многу корисен водич: How to Stop Laughing when You Laugh at Inappropriate Times.
If you decide that there is no way you can go ahead and laugh, try to think of something very sad and depressing. If you need inspiration, the daily news is usually full of unfortunate events that will suffice to calm you down. Think about something that makes you want to cry. Although this can be unpleasant, it usually takes care of the uncontrollable urge to laugh.
If the above does not work, you may want to try pinching yourself or causing some other strong physical sensation, such as biting your inner cheek or your tongue.
Мејлот на Контра Бандаш
Буч и Бил
Буч is a Romale

02 февруари, 2006

Wi-Fi старт?

Цел свет научи дека сме „првата безжична земја“, Billy The Bat падна на дупе, а ОнНет почна комерцијално да го нуди wi-fi-то. Ако сакаш да појдеш до Германос, пред да тупнеш пари за картички и опрема, прво јави се во ОнНет. Прашај ги:
  1. На колку канали зрачат, со која моќност и според кој пропис или стандард е тоа дозволено?
  2. Дали знаат дека, според Министерството за транспорт и врски, е недозволиво комерцијално нудење на услуги преку нелиценциран фреквентен опсег?
  3. Дали имаат склучено договори со сопствениците на сите објекти каде што имаат монтирано своја опрема?
  4. Дали имаат верификуван мерач на сообраќај и дали имаат склучено договор за негово редовно баждарење?
  5. Дали ќе ги вратат парите ако бидат приморани да престанат да ја нудат услугата?

Телекабел - нов Интернет Секс Провајдер

После МТ и ОнНет, и Телекабел влезе во редот на големите секс провајдери. На сите корисници на кабелски интернет што ги киднапира од ОнНет им вика „Кога ќе пробаш со нас, нема више да сакаш да се вратиш на бившиот.“

ОнНет немаат за што да се фатат во ситуацијава, зошто со кабелските корисници немаат склучено претплатнички договори пропишани со закон. Дупло голо. Им се лупна каменот од глава.
(Само секс, Дневник, Е-бизнис)

ОфНет vs МТ Њет

Двата национални broadband провајдери нудат „неограничен“ интернет за 3-5 просечни плати. (сите цени се со ДДВ - иако говедата од МТ бришат гз и со тој закон)

Со АДСЛ-от на МТ (пакетот со доплата, а не ADSL-up) за еден месец може да се направи сообраќај од околу 120 ГБ...за симболични 52 000 денари МЕСЕЧНО! За тој обем на сообраќај, со Wi-Fi преку ОфНет потебни се околу 60 000 денари и една кесичка за 60 карички од по 2 ГБ од Германос. Да не биде дека безврска наплаќаат 8 000 денари повеќе - брзината е за третина повисока од АДСЛ-от. Страва. Пакетот WADSL кошта 35 500 денари за 120 ГБ, за дупло поголема брзина од јакиот репер - МТ АДСЛ. За да бидат работите појасни, цените за 1 ГБ се:
  • МТ ADSL - 413 денари;
  • ОнНет Wi-Fi - 495 денари;
  • ОнНет WADSL - 294 денари.
Нормално, не им требаат на сите 120 ГБ во месецот, но кога ќе се погледнат неограничените пакети во блиското соседство паѓа мрак на очи. Споредба за корисници со помали потреби има тука. Коментар од bi kaj Panta Rei:
Мене единствено ме вади од памет фактот што тие он.нет сакаа да се прикажат како поблиски до народот, со повеќе разбирање кон него, со поддршка кон неговото незадоволство нудеќи се себеси како решение. Изиграа ептен безобразно и на ниво на најподлите политичари. Најглупо е тоа што всушност испаднаа дури и поскапи и полоши од оние што ги критикуваа.

01 февруари, 2006

Шоуто продолжува

Не коментирав за објавените цени за интерконекција зошто се уште не се применуваат, а можно е и АЕК да ја прифати жалбата на МТ.
Владата ги подготвува преговарачките позиции за поделба на профитот од „Македонски телекомуникации“... Овој пат се очекува претставниците на „Унгарски телеком“ на преговарачка маса да ги стават цените за интерконекција на телекомот со идните фиксни оператори, кои ги утврди Агенцијата за електронски комуникации... Изминативе три години, по секоја исплата на дивиденда, следуваше поскапување на телефонскиот импулс и на претплатата... Законски на државата треба да и следува дивиденда сразмерно на нејзиното учество во компанијата... Имам впечаток дека тие се пазарат што ќе прикажат како добивка и колкав дел од добивката ќе се дели како дивиденда - вели Беличанец. (Дневник, 31.1.2006)
Ова спаѓа во категоријата креативно сметководство. Се препорачува во комбинација со пумпање на трошоците и засилен аутсорсинг - дури и во случаите кога е поефтино некои работи да се направат во рамки на компанијата. На пример, ако може твој работник да постави кабел за трошок од сто евра, ти ќе најмиш друга фирма да ја заврши истата работа за 1000 евра. Ете ти ќар од 900 евра, ама место ќар ќе го викаш трошок - колку да останеш до крај креативен.
Агенцијата за електронски комуникации ги утврди цените за поврзување на мрежите помеѓу телекомот и идните фиксни оператори и со тоа го тргна од себе обвинувањето дека ја попречува либерализацијата на телекомуникацискиот пазар. Сега на потег е Владата, чија обврска е да ги усогласи концесиските договори на "Македонски телекомуникации", "Мобимак" и на "Космофон". (Дневник)
Сега следи Черчил со неговата мудрост „Ако закаш нешто да забошотиш - формирај комисија.“
Владата лани во август формира единаесетчлена меѓуресорска работна група, која требаше да ги усогласи договорите.
Черчил може да им се фати на овие, кои викаат „Ако сакаш нешто ептен да забошотиш - најми консултант.“
Работната група на чие чело е министерот за транспорт и врски, Џемали Мехази и составена од експерти од министерствата за правда, економија и за транспорт и врски и од Агенција за електронски комуникации наместо што побрзо да ја заврши работата реши да распише меѓународен тендер за избор на консултант што треба да ја спроведе постапката за усогласување на концесиските договори на телекомот и на мобилните оператори.
Од август до февруари работната група се мачела со избор на консултант, ама затоа сега се оптимисти дека одеднаш работата ќе тргне молскавично.
Постапката за усогласување на договорите ќе се очекува да заврши до крајот на пролетта.

Исмевањето и навредите се ОК

Зачестената појава да се суди за јавно искажана мисла и да се бараат натамошни ограничувања на слободата на говор ми ја направи интересна една дебата која деновиве се одвиваше во Британија. Тони Блер не успеа да ја протурка својата верзија на закон со кој се забранува поттикнување на расна и религиозна омраза. Со изгласаниот закон се забрануваат само заканите.
At the centre of the row is a clash between the government's manifesto pledge to come down hard on anyone stirring up religious hatred - as is already the case with racial hatred - and protesters claiming the laws amount to a fundamental attack on freedom of expression...

Mr Grieve said in multicultural Britain people had to accept that freedom of speech may mean people could be offensive to them, as well as vice versa...

Оbjectors, including comedian Rowan Atkinson, feared the proposals would limit artistic freedom and might have stopped comedians making jokes about religion...

Their fears were echoed by peers who have amended the government proposal by limiting the new offence of inciting religious hatred to threatening words and behaviour instead of the government's wider definition also covering insults and abuse and recklessness.

The Lords' changes would also require the offence to be intentional and exclude proselytising, discussion, criticism, insult, abuse and ridicule of religion, belief or religious practice...

"It's basically about freedom of speech. No one has the right not to be insulted or offended." (BBC)