01 февруари, 2006

Исмевањето и навредите се ОК

Зачестената појава да се суди за јавно искажана мисла и да се бараат натамошни ограничувања на слободата на говор ми ја направи интересна една дебата која деновиве се одвиваше во Британија. Тони Блер не успеа да ја протурка својата верзија на закон со кој се забранува поттикнување на расна и религиозна омраза. Со изгласаниот закон се забрануваат само заканите.
At the centre of the row is a clash between the government's manifesto pledge to come down hard on anyone stirring up religious hatred - as is already the case with racial hatred - and protesters claiming the laws amount to a fundamental attack on freedom of expression...

Mr Grieve said in multicultural Britain people had to accept that freedom of speech may mean people could be offensive to them, as well as vice versa...

Оbjectors, including comedian Rowan Atkinson, feared the proposals would limit artistic freedom and might have stopped comedians making jokes about religion...

Their fears were echoed by peers who have amended the government proposal by limiting the new offence of inciting religious hatred to threatening words and behaviour instead of the government's wider definition also covering insults and abuse and recklessness.

The Lords' changes would also require the offence to be intentional and exclude proselytising, discussion, criticism, insult, abuse and ridicule of religion, belief or religious practice...

"It's basically about freedom of speech. No one has the right not to be insulted or offended." (BBC)

19 коментари:

Анонимен рече...

Ma dzabe toa. Kaj nas se se izvetoperuva. Trieset posto nepusaci dobivaat sedumdeset posto prostor. Ova go nema nikade. Iako ne sum pusac vakvi ogranicuvanja mi smetaat.
Kaj nas stana moda da pravime raboti po koj ke bideme zapamteni, kako sto e zamena na plasticni kesi so platnenti i hartieni. I se samo zatoa sto sestrata na nasiot pretsedatel e vo biznisot so hartieni kesi.

Taka kaj nas ke izmislime i licenca za vredjanje (se znae koj ke ja dobiva). Pa Janko Trendo K-15 i site drugi koj ja steknaa popularnosta na vredjanje na ovoj ili onoj nacin ke bidat nasite posledni primeroci.
I ne e problemot kaj politicarite. Problemot e kaj site dupeuvlaki koj se okolu niv i im gi podgrevaat ovie idei. Poglednete gi komentarite po nekoj blogovi sto se pojavija. Prva rabota TUZBA. Pa koj komu moze da mu zabrani da vredja, ako ovoj na nekoj drug nacin go uvredil. Eve eden primer, kako da ne go vredjam Stojan Andov koj licemerno podavajki go predlogot za osuda na komunizmot ne napravi site maloumni, budali, ludje so kratka pamet. Kako da ne znaeme sto toj rabotel vo komunistickoto vreme. Pa toj bese VLAST i sega od kelaicata mu udrilo sonce vo glava i zaboravil deka bil KOMUNIST PRVE KLASE. I kako d ne go vredjas, pa mene me vredja toa sto me smatra maloumen. Toa ti e kako krivicen zakon da go pisuvaat kriminalcite od Idrizovo a da go revidiraat onie od Sutka.

Zatoa i vredjam koga ke stignam, vredjam se sto me vredja mene. A u ovaa corava drzava moras da bides anonimen ili da te priznaat za drzaven vredjac pa da si go kazes svoeto ime, inaku ke mora da mu go povtoris na nekoj sudija.

Zdravo e da se vredja. Ludjeto sto vredjaat podolgo ziveat (sem ako ne gi otkrijat)

Анонимен рече...

Najprvo treba da se definira VREDJANJE. Za nekoj i vistinata e vredjanje.

Александар З рече...

Никој нема право да не биде повреден или навреден - ко што заклучува Бритиш Бротфрикинг Срвис.

driveNOT рече...

Секогаш ќе остане отворено прашањето, што е право на изразување, а што клевета. Денес имаме закони, но тие дискусии ќе траат засекогаш. Ништо не е дадено засекогаш.

Туку, сакам за друго да зборам. За блокадите на улиците. Какво е тоа „право“, кога некому му се одзема некакво право? Во основа, се’ дури не навлегува во правата на другите, секој има право на се’ и сешто. Секој има право да протестира, но каде се моите права, кога некој ми го одзема правото на слободно движење.

Извинете, ова излезе вон темата на блогов, но реагирав по постот.

bezvrska рече...

Демократијата во МК функционира по принципот „кучињата лајаат, карванот си врви“. Правото на слободно изразување - како еден од најголемите „бенефити“ на демократијата - е издувен вентил за фрустрациите од реалноста, но е пригодно безопасно за „креаторите на политиката“. Глупоста е што со кратењето на тој вентил, се создава можност „негативната енергија“ да еруптира на многу поопасен начин.

Анонимно вреѓање... што е толку битно дали некој ќе вреѓа анонимно или со име? Кај нас личните информации процуруваат од сите страни, па логично е луѓето да се обидат да се заштитат од последиците. Пошто сме сеирџии, последици може да има не само кога какаш, туку и кога садиш цвеќе.

bezvrska рече...

Блокадите, последниве и оние на таксистите, ми направија прилично проблеми и нервози. Пцуев се живо и диво, ама не можам да не ги разберам луѓето. Изгледа дека во демократска Македонија на народот му фалат нормални механизми за да влијае врз власта и политиката па е приморан да прибегнува кон очајнички и самоуништувачки методи. Се додека водачите глумат недопирливост ќе расте бројот на блокади, штрајкови со глад, запоседнување на јавни канцеларии, или оние трагикомични примери на непуштање на децата на школо.

Правото на слободно движење ни е загрозено, но наместо протестантите, за тоа би ја обвинил власта и одлуките утврдени без јасни критериуми, соопштени во вид на декрет и никогаш темелно образложени.

Анонимен рече...

Pa jas bi ja obvinil opzicijata, koja ne mozejki da ja maltertira vlasta, koja mesto niv saka da go prodade ESM, go maltretira narodot. Da sme nacisto, Evropa i pismeno ni stavi do znaenje deka energetskiot sistem na "zapaden balkan" MORA do 2007 da se privatizira. Sega e prasanje koj toa da go napravi, ovaa ili slednata (mozebi ista) vlast. Ama ako saka opzicijata da bide taa sto ke go prodade i ke go sobere kajmakot neka najde nacin kako toa da go napravi. Vaka nas ne doveduvaat do zelena boja a gargamel si se smeska i e oduseven kako nie sme ekoloska (zelena vo faca) zemja pokriena si bezicen internet, ko da e toa svetsko cudo. Ne ni znae kutriot deka Barcelona i Madrid se so godini pokrieni so wifi i imaat sto pati povece korisnici nego sto nie nekogas ke imame. I ke povtoram ne e keiva nikogas vlasta, sekogas e kriva opzicijata zatoa sto e nemocna, bezidejna i pacerska (bez razlika koj e opzicija). Vremeto ni pokaza deka nasite lideri za K.. ne gi biva ni koga se na vlast a ne koga se opozicija. No zatoa stanuvaat kriminalci od vrven kalibar (Cosa Nostra moze da uci od niv).
I zatoa sme nie postojano zeleni, bez razlika koj e na vlast, onoj drugiot za svoi celi nas mame ni ebava.
A sto se odnesuva na pravoto na slobodno dvizenje ke bide uste poograniceno koga gospodata koj "ispokupija" se (da ne kazam ukradoa) ke pocnat da ni zabranuvaat da se dvizime po nivni teritorii a toa ni pomalku ni povece stanuva pola drzava. Napravete sto spisok sto iznakupija Sterio, Sveto a sega i nasiot golem petriot (citaj, lopov amater) Trifun i ke vidite deka pola drzava e nivna. Da ne go zaboravam i undercover Gosev. Zatoa vnimatelno koga zboruvate za slobodi, uste ne vi kazale kade ke gi imate tie slobodi.

bezvrska рече...

Не сум сигурен дека Европа притискаше толку за приватизација, колку за либерализација и одржливост на системот. Како и да е - јасно е дека ЕСМ ќе се продаде и дека цените драстично ќе рипнат. Прашањето не е дали парите ќе ги дели гаргамел или пајо паторот - баш ме боли и за едниот и за другиот - туку дали ќе добиеме телеком2 годинава или можеби за година-две. Секое одложување е добредојдено и затоа сум спремен да истрпам малку малтретирање. Ех шо убава тревата :)

volan рече...

Досега во Мк владееше политички дуопол. СДС - ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на развојот на насата демократија СДС веројатно поучен од некој центар, креираше и створи свој партнер за политички дуопол во лицето на ВМРО-ДПМНЕ.

Се сеќавате на аферата сина птица и сл.....

Идејата на СДС беше дека во секое време, со малце труд - исмевање и вреѓање - ке си ги победи ВМРО..

Да не заборавиме дека оваа позиција на политички дуопол е присутна во многу ако не и во повеќето демократии (САД, Англија, Германија ...)

СДС или ги игнорираше сите други партии на политичките избори или ги претопуваше во својата маса со популарните коалиции....

Така и во Македонија стана или си за или си против една од овие две партии, ако бидеш за несто трето ти си всушност минорен и надвор од политичките процеси...

Иначе во однос на протестите на Гласот на светлината, јасно се гледаат две работи.

Организатор на протестите иако формално е Гласот на светлината, во позадината стои или направија да стои ВМРО...

СДС ги остава протестите да се одвиваат така како што ги замислува организаторот од една едноставна причина.

Да се налути народот - да биде кивен и да го омрази организаторот на протестот не толку званичниот туку незваничниот ВМРО....

Огромен е бројот на повредени и лути граѓани на кои не само што им е повредено основното право на движење, туку вака им се загрозува и егзистенцијата....

Па Гласот на светлината всушност им прави бесплаљта кампања на СДС....

Ако сака СДС преку власта нема да дозволи овие протести да се одвиваат вака. Власта има на располагање извршна сила и корумпирано и послушно судство....

За 24 часа ке ги среди работите....

Ама вака СДС дава проста порука - видете колку глупи и прости се овие од ВМРО - видете што ке ви прават ако дојдат на власт - тие не се способни за ништо - видете какви кадри имаат ....

Ако Гласот на светлината има право на вакви протести и никој ништо не му може - ај да организираме и ние блокади преку нашето НВО.

Гарантирам дека за 24 сата сите ке бидеме повикани на информативни разговори...
Може и по некој пендрак да изедеме...
Градонацелникот ке ни пушти фактура за користење на јавни површини....
Власта на приватните фирми ке ни пусти инспекции и ке ни ги блокира...
Власта ке ги отпусти сите наши роднини од позициите на државните службеници....
Ке ни наместат и некои други глупости ако сакаат и нема друкпат ни да помислиме на вакви протести....

Што сакам да кажам.

СДС има и сега начини како да ги сопре ваквите протести и да ги канализира, но очигледно е дека има друга намера, за што пишав погоре...

Анонимен рече...

Bezvrska

vo nonpaper dokumentot vo koj se povikuva na ekonomska unija na zapaden balkan, jasno e naglaseno privatiziranjeto na energetskiot sektor, a i vo programata na Avstrija vo delot na zapaden balkan e istoto spomnato. Znci ne e ideata za privatizacija na nasite politicari (tolku intelegentni ne se, oni se za sitni prodazbi a za golemite im kazuvaat golemite).
Volan zakonot za javni sobiranja e tolku nedorecen da vo princip mnogu malku moze da se napravi protiv vakvite sobiri, a i sto i da naprais toa ke bide uzurpiranje na pravata na gradjanite.
Mojot prv post taka i go pocnav. Vo ovaa drzava se donesuvaat sekogas zakoni koj moze sekoj da gi tumaci kako saka. Kako primer go dadov zakonot za zabrana na pusenjeto, drasticen i rigorozen. Pojdi vo Grcija, Germanija ili bilo koja evropska drzava i ke vidis deka nikade ne e kako sto kaj nas se predlaga. Vo Paris letovo po kafanite se pusese na sekoja masa. Ne primetiv nekade deka ima zona za nepusaci, vo Germanija i Grcija gi ima (ne sekade, no gi ima) no ne se so vakvi ogranicuvanja. Sekade e zabraneto na javni mesta da se pusi (aerodoromi, metro, avtobuski stanici, banki i se sto ima salter i kade sto MORA da odat i pusaci i nepusaci) a kafici, restorani, hoteli e ostaveno na izbor na sopstvenikot, a onie na koi im smeta ne mora da idat vo toj lokal. Samo kaj nas se PAMETNI zakonodavcite i voveduvaat nesto sto nema logika. I najinterresno e sto toa go podrza i pozicija i opozicija.
Ne mislam deka SDS saka da se odviva vakvo scenario, povece mislam deka nemaat idea kako toa da go sprecat ili usmerat, a narodot e sekogas podelen. Onie sto se simpatizeri na opozicijata go podrzuvaat ova (iako i tie pcujat za guzvata ama go podrzuvaat, ne gledajki ja pozadinata na se. Pa utre i nivnata partija ke dojde i ke go prodade, ama togas ke ima opravdanje pritisok od SVETSKA BANKA).
Na ovaa drzava i treba dlabok rez, mozebi podlabok od onoj vo Romanija. Mislam deka e vece kasno za ovaa drzava i ona kako jas go gledam e deka ke se vturne vo nekoj vakvi ili onakvi unii vo koi poleka ke i se izgubi identitetot. Togas nasite golemi politicari, debelo nafatirani so "zarabotenite" pari vo nivniot mandat ke stanat poltroncinja na nekoj Kostunica, Tadic, Berisa, Nano, Prvanov ili nekoj drug i ke bidat selski pasa na Skopje, Bitola itn.
Sekogas sme bile ovce i ke si ostaneme ovci. "Sloboda" sme imale samo 14 dena dodeka ne dosol nazad izbrkaniot ovcar vo Krusevo i ne sredil. Se drugo od postoenjeto pa navaka sme necii ovci i zaloznici. Sekoj sto dosol i za koj se mislelo deka e mesija ispadnal najobicen lopov kako i site okolu nego. Zemi go Cile so tajvanskata milijarda koja se stopi po nivnite dzebovi, zemi go kako najsvez primer Trifun (so razvien biznis vo Avstrija, se vracas vo mocana, iscedena i siromasna Makedonija da vodis biznis), si ima coekot 30 milion budzet, si ima svoi triesetina firmi i sega od toj budzet bar pola ke se slee vo negovi firmi so siten profit od nekoku milioncinja godisno. Pomnozeno so 4 izracunaj kolku e toa. A narodot (ovcite) go docekaa so odusevuvanje, stigna spasitelot, uste i predsedatel na drzavava ke go praveve. Kutriot toj ni prosta recenica ne znae da sostavi a kamo li prosto prosirena.

I zatoa moj Volan, ovde se site krivi, ova e drzava bez presedan, drzava vo koja vlast e i pozicija i opozicija, drzava vo koja za politickata elita (citaj sljam) vazat edni zakoni a za narodot (ovcite) drug, drzava koja poleka ja snemuva, se obezlicuva.

I tamu nie ke se borime za podobar internet. So kogo? Ili protiv kogo? Pa gargamel misli deka internet e interno odelenie vo bolnica, Pajo Patorot od javanje na internet nogite mu se iskrivile pa odi kako Carli Caplin, KojToaPrvGoKaza ne ni moze da go kaze zborot internet, MuraPenov ne go interesira posto zime surfanje ne e vo moda, a na Dzaferi brzinata mu e super posto on ne samo sto poleka zbori nego i poleka cita.

I sto sme nie Don Kihoti vo borba so veternici. E toa sme nie.

волан рече...

“...Volan zakonot za javni sobiranja e tolku nedorecen da vo princip mnogu malku moze da se napravi protiv vakvite sobiri,...“

Баш дека законот е недоречен како и сите други впрочем - позицијата - власта е таа што го тумачи така (и го спроведува) како што и одговара....

Пак повторувам, ако Власта сака да ги спречи ваквиве протести тоа брзо ке го направи што со дозволени механизми и средства што со недозволени механизми и средства и разноразни подметнувања и сопки....

“ ... Na ovaa drzava i treba dlabok rez, mozebi podlabok od onoj vo Romanija...“

Тука се слагам во целост, како и веројатно и сите други...

Кога веќе во Македонија не се роди некое Пуковниче со му*а, па да направи една сериозна револуција и диктатура од неколку години - јас имам некоја сулуда идеја, дека за нас спас е само ПРИНУДНА УПРАВА.

Принудни управници би ни биле, десетина Германци, (кои веројатно не би сакале да дојдат кај нас) или барем десетина Словенци на кои би им дале плата по милион евра годишно - да во рок од десетина години направат вистинска демократска и капиталистичка држава....

Ке рече некој дека ова се многу пари за да ги дадеме на странци....

Па само прикажаната дивиденда, (без фингираните трошоци на МТ) е повеќепати поголема.....

Анонимен рече...

Ne e problemot samo vo liderite i vodacite. Problem e i vo sitnata boranija po ministerstvata. I ke bide golem lider i uspesen onoj koj niv ke gi sredi. Znaes kako vikaat po ministerstvata, abe ovoj ke bide minister godina dve, dodeka se snajde ke pomine vremeto, a nie sme tuka do pencija. I toa e najgolemiot problem na drzavata. Koga ke se donese zakon za rabotni odnosi po koj ke moze da se otpustaat normalno vrabotenite, na kraju kraeva i zatoa sto ne mi se dopadja kako izgleda, togas ke moze ovaa drzava da raboti normalno. Na zapad e normalna pojava da ima otpustanja no i zaposluvanja, a kaj nas koga ke vlezes vo firma gledas do penzija da ostanes, pogotovu vo onie na drzavni jasli, kaj sto e klati vrata zemi plata.
Koj toa ke go sredi ke ja sredi i drzavata. Vo segasnata situacija imas od 380000 vraboteni bar pola koj zemaat plata a nemaat pojama ni zosto odat na rabota. Zemi go za primer skopski aerodrom, od devedset ludje sega se preku petsto, e toa nekoj treba da go plati a toa sme nie, jas ti, komsijata itn itn.

Владимир рече...

Anonymous said...
...Kutriot toj ni prosta recenica ne znae da sostavi a kamo li prosto prosirena.....

Да, ама затоа знае многу убави балади да пее:).
Шегата настрана. Работата е повеќе од сериозна.

Јас не правам разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, исти се во своите принципи и однесувања. Дојди на власт, укради колку што можеш повеќе, корумпирај се живо и диво, за да нема кој да дигне глас против тебе и терај си мандат 4 години со сознание дека понаредниот мандат пак ќе биде твој. Плус ова се го прават со сознанието дека нашиов народ има кратко паметење,или пак ако не е тоа, преокупираноста со секојдневните егзистенцијалистички проблеми не им дава можност и простор посериозно да се занимаваат со политика, туку се фаќаат како давеник за сламка на сите ветувања и лажги.

Инаку тука ќе интерпретирам една мисла на Љубиша Георгиевски, во некоја емисија еднаш кажа, дека во НОРМАЛНИ ДЕМОКРАТИИ, нормално е да скоро 99% од критиката да е насочена кон власта. На што би изгледало да се критикува ОПОЗИЦИЈАТА, кога целиот апарат на моќ, пари итн. се наоѓа во рацете на власта. Би било идиотски да се критикува само опозицијата.

А што се однесува до блокадите, пратам по медиумиве (поготово државните), како целата фрка се прави околу загрозеноста на правото на слободно движење, па после тоа како позади ова стоела опозицијата (па и да е така, КОЈ ДРУГ би требало да стои???? ВЛАСТА сама нож во грб не си става. ), и се некако се пробува да се отргне од фокусот ПРИЧИНАТА ЗА БЛОКАДИТЕ. И сега што?
Факт е дека блокадте пречат и го отежнуваат нормалниот градски живот, но тоа е и НИВНАТА НАМЕРА, да се дигне свеста на граѓаните околу проблемот.
Имам и едно решение за тие на кои што МНОГУ им СМЕТААТ блокадите во остварување на нивното право на СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ, искочете и ВИЕ на БЛОКАДИТЕ, седете таму додека траат блокадите, па затоа што ќе седите во место цело време, БЛОКАДИТЕ НЕМА ДА ВИ ГО ЗАГРОЗУВААТ ГОРЕНАВЕДЕНОТО ПРАВО.
А во спротивно, ако не искочиме со нив, барем ММОЖЕМЕ да не ги ВРЕЃАМЕ,ПЛУКАМЕ (вмровци, овакви-онакви итн.), и целиот гнев да го насочиме кон ВИНОВНИКОТ за блокадите - ВЛАСТА, ГАРГАМЕЛ, ВЛАСТА, ГАРГАМЕЛ И САМО ВЛАСТА !!!

Камо среќа, ние со нашето НВО Интернет Македонија, да можеме да направиме волкав ЏУМБУС и ХАОС низ градот, но што да правам малку СМЕ (едвај десеттина), не можеме ни една улица да блокираме. Но, кој знае во блиска иднина и тоа ќе се деси.

Александар З рече...

Море, супер се блокадите. Денес забележав еден супер нуспроизвод од нив.

Бев до град. Обично, кога е суво, одам со точак, ама денес решив да се прошетам. Верувале или не - во центар немаше ама ич ич ич гужва. Прво што ми падна на памет - луѓето не знаат дали денес ќе има блокади или не, па не идат низ центар :)

И каква слобода на движење е ограничена? Има обиколни патишта - седнете во кое било такси, ќе стигнете каде сакате (со пет минути пешки, максимум). И никој не им брани на пешаците и точкаџиите да се движат :) Јас, искрено речено, скроз би го забранил центарот за автомобили - токму просторот што се блокира - ставиш рампи и пушташ само автобуси (на плин) и дотур (комбиња не постари од 10 години). Дури тогаш ќе може да пееме „Градот убав...“

Александар З рече...

Ја заборавив лондонската подваријанта - влез со кола во строгиот центар на градот 15 фунти, па на кој му чини... - само таму нема нешто станбени згради во центарот, ама и тоа може да се реши со дозволи според адреса во лична карта (единствено, ко што не дал Господ да наоѓаме дупки во законите, одеднаш сите ќе станат „резиденти“ на општина Центар ;).

Анонимен рече...

Vladimir

koga ja kritikuvav opzicijata, pricina bese toa sto ne ni se obiduvaat na drug nacin da go sprecat prodavanjeto na ESM. Edinstveno so blokadi koj se neproduktivni (go usporuvaat celokupniot biznis vo gradot, ne e sloboda na dvizenje samo za setanje, slobodata e potrebna i za biznis). Vlasta pet pari ne dava za blokadite, nitu site da zastaneme pred vlada nema nisto da se smeni. Obidot na opozicijata e do izbori da ne se prodade ESM a da go prodade narednata vlast, sto e normalno da se nadevaat deka toa ke bidat oni. Znaci ne se protestira dali da se prodade ESM tuku koj ke go prodade. EU znae deka od ESM sekoja godina se crpat toni pari sto za partiite sto za privatni dzebovi i na toj nacin ESM stanuva firma koja nema da moze da vleze samostojno vo investicii. So vakov trend za 10 godini ke bideme zemja bez struja. Slicn e situacijata i vodrugite balkanski zemji. Glaven izvor na vlasta za kes e ES. Zatoa e i zalozbata na EU da se privatizira ESM i potpolno se slagam so toa. Dali cenata ke porasne ili ne toa ne go znaeme, uostalom vo cel civiliziran svet cenata na komunalnite uslugi gi odreduva nekoja regulatorna komisija. Toa sto kaj nas regulatornata komisija si igra svoja igra e od pricina sto vlasta vo celata komunalna sfera ima svoi prsti pa taka ona diktira kako ke se dvizat cenite prema dnevnata politika. Vo svetot toa se privatni firmi i vojni bijat so komisiite okolu cenite. Zar mislis deka ke se borevme za podobar internet ako vlasta nemase 48% od telekom.Drzavata mora da prodade se pa da bideme normalno opstestvo. Ne deka sekade e se prodadeno ama tamu kaj sto ne e rabotat normalni ludje i imaat normalna vlast (za zal kaj nas kajmakot od drzavnite mlekari go jadat gargameli, patori i eden ton hohstapleri).

I uste nesto bi sakal. Koga spomenuvam opozicija mislam na opozicija kako sostojba, a ne na opzicija kao VMRO, SDS ili bilo koj drug. Site koga ke dojdat vo opozicij mislat deka znaat nesto a u stvari se isto suplji kako i koga se na vlast. SITE gi interesira samo sopstvenata blagodet a narodot im e salfetka za brisenje posle mrsnoto jadenje.

Анонимен рече...

Eve edna vest vo prilog na ova sto go diskutirate.

Cerepnalkovki ESM/Neocom ke bide razgleduvan na vlada. A znaete li koj e generalen snabduvac na ESM vo poslednite 15 godini????

kontrabanda рече...

четврток, февруари 02, 2006
Мејлот на Контра Бандаш
Legendarniot voin Kontra Bandash voskresna! I toa vo kiberprostorot.

http://larebellion.blogspot.com/2006/02/blog-post_02.html

овца рече...

2 Февруари, 2006 - 07:43
Предлог-процедура за регрутирање на политичари

(на конкурсот „Како до политичари кои нема политиката да ја сфаќаат како (бло)џоб?“ - у превод „Како до политичарите кои нема да пушат курови за да дојдат на функција и нема политиката да ја гледаат како начин до брза заработувачка, за разлика од сегашните?“)

http://vuna.blog.com.mk/