01 февруари, 2006

Шоуто продолжува

Не коментирав за објавените цени за интерконекција зошто се уште не се применуваат, а можно е и АЕК да ја прифати жалбата на МТ.
Владата ги подготвува преговарачките позиции за поделба на профитот од „Македонски телекомуникации“... Овој пат се очекува претставниците на „Унгарски телеком“ на преговарачка маса да ги стават цените за интерконекција на телекомот со идните фиксни оператори, кои ги утврди Агенцијата за електронски комуникации... Изминативе три години, по секоја исплата на дивиденда, следуваше поскапување на телефонскиот импулс и на претплатата... Законски на државата треба да и следува дивиденда сразмерно на нејзиното учество во компанијата... Имам впечаток дека тие се пазарат што ќе прикажат како добивка и колкав дел од добивката ќе се дели како дивиденда - вели Беличанец. (Дневник, 31.1.2006)
Ова спаѓа во категоријата креативно сметководство. Се препорачува во комбинација со пумпање на трошоците и засилен аутсорсинг - дури и во случаите кога е поефтино некои работи да се направат во рамки на компанијата. На пример, ако може твој работник да постави кабел за трошок од сто евра, ти ќе најмиш друга фирма да ја заврши истата работа за 1000 евра. Ете ти ќар од 900 евра, ама место ќар ќе го викаш трошок - колку да останеш до крај креативен.
Агенцијата за електронски комуникации ги утврди цените за поврзување на мрежите помеѓу телекомот и идните фиксни оператори и со тоа го тргна од себе обвинувањето дека ја попречува либерализацијата на телекомуникацискиот пазар. Сега на потег е Владата, чија обврска е да ги усогласи концесиските договори на "Македонски телекомуникации", "Мобимак" и на "Космофон". (Дневник)
Сега следи Черчил со неговата мудрост „Ако закаш нешто да забошотиш - формирај комисија.“
Владата лани во август формира единаесетчлена меѓуресорска работна група, која требаше да ги усогласи договорите.
Черчил може да им се фати на овие, кои викаат „Ако сакаш нешто ептен да забошотиш - најми консултант.“
Работната група на чие чело е министерот за транспорт и врски, Џемали Мехази и составена од експерти од министерствата за правда, економија и за транспорт и врски и од Агенција за електронски комуникации наместо што побрзо да ја заврши работата реши да распише меѓународен тендер за избор на консултант што треба да ја спроведе постапката за усогласување на концесиските договори на телекомот и на мобилните оператори.
Од август до февруари работната група се мачела со избор на консултант, ама затоа сега се оптимисти дека одеднаш работата ќе тргне молскавично.
Постапката за усогласување на договорите ќе се очекува да заврши до крајот на пролетта.

11 коментар:

Анонимен рече...

Se ke se znae za dve nedeli, do togas mora Magyar Telecom da gi objavi rezultatite za 2005 godina i posle toa e tesko bilo kakvo fingirnje.
Ama za nas glupavi selancinja, se e mozno. Ako ja progoltavme dividendata od minatata godina togas ovaa ima da ja lapneme kako dva i dva.

Анонимен рече...

Na vesti samo sto kazaa deka gargamel se videl so guru gejts, i ovoj vtoriov bil zacuden od toa sto Makedonija e celata pokriena so wifi, ej cela e pokriena. Zatoa i temperaturive ni se takvi, tenka pokrivka. Jas imam sreca sto ne ziveam vo Makedonija. Nikako da go fatam Onnet.
Sreca sto gargamel ne mu ja kazal cenata na internetot vo Makedonija inaku utre ke moravme na pogreb na Bil Gejts da mu odime, srcev udar ke dobiese od cenite.

Анонимен рече...

I kaj nas vo Skopje ne se faca Onnet. Aj javete kaj go ima da se selam tamu

Анонимен рече...

добра е тревава и денес... стварно добра...

би-би-си рече...

СПОРЕД БИ-Би-СИ
Опасен компјутерски вирус напаѓа на 3 февруари

Уште четири дена останаа до активацијата на моќниот компјутерски вирус "никсем", кој би можел да им нанесе огромна штета на компјутерските мрежи во светот, јавува Би-би-си.

би-би-си

хакер рече...

На удар интернет-линковите на телекомот

Корисници на АДСЛ-линии од провајдерот „Македонски телекомуникации“ вчера попладне не можеа да користат Интернет со нормална брзина бидејќи хакери ги нападнале линковите на таа компанија.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=640&ArticleID=39538

Бре што хакеришта во Македонија се родија и намножија.

Најмоќните две ИСП компании во МК дерман не видоа од воа незаситните хакери....

Или позади ова се крие и правда неспособноста на двете компании.....

Денеска слушам на серијалот од на вестите на ТВ и ОнНет пак плаче.....

pijan рече...

dobro a neli trebase cenite da na intkonkcija da se objavat javno. stom vcera se objavija, zosto nikoj ne kaza koi ceni se predlozeni? dali nekoj gi znae?

волан рече...

за pijan ...

Уште во уводникот е даден овој линк, немав време да проверам дали се тука и цените, провери тука...

http://www.mt.com.mk/novosti/vest1.asp

волан рече...

или тука

http://www.mt.com.mk/download/materio/MATERIO-Prilog_8.B%20v.1.1.pdf

треба да се тука, ако не се лажам....

контра-бандаш рече...

четврток, февруари 02, 2006
Мејлот на Контра Бандаш
Legendarniot voin Kontra Bandash voskresna! I toa vo kiberprostorot.

http://larebellion.blogspot.com/2006/02/blog-post_02.html

изненаѓен рече...

Буч и Бил
Дел од колумната на Филип Ристески објавена во денешниот број на Дневен е-Еснаф под наслов:
Начекани-изненадени премиерот и “неговите” министри

http://komunikacii.blogspot.com/

“...Бил Гејтс бил "позитивно зачуден од фактот дека Македонија е прва земја во регионот целосно покриена со безжичен Интернет". ...“