07 февруари, 2006

Фер конкуренција и транспарентност

Директорот на Железница беше експресно сменет откога се дозна дека без одлука на Влада и без јавен тендер склучил договор со Неоком за поставување оптички кабел по пругата Табановце-Скопје. Договорот предвидуваше Неоком, како компензација, да може да користи 4 оптички влакна од кабелот во следните 15 години. Пошто сме докажана правна држава, одма се потегна процедура за поништување на договорот:
Јавното правобранителство ќе ја испитува законитоста на договорот на Јавното претпријатие Македонски железници со фирмата "Неоком" за користење на оптичкиот кабел на железницата за телекомуникациски услуги...

Стопанствениците сметаат дека со овој нетранспарентен договор се минираат заложбите на Владата за да се воведе фер конкуренција на телекомуникацискиот пазар.

- Владата тргна во добра насока со донесувањето на Законот за електронски комуникации и со формирањето на независна Агенција за електронски комуникации. Ветуваше дека ќе создаде услови за здрава конкуренција за сите телекомуникациски компании и интернет-провајдери. Овој договор на железницата, склучен со непосредна спогодба, го минира процесот за фер конкуренција на пазарот. Изнајмувањето на оптичката мрежа на железницата требаше да се направи на транспарентен начин, со објавување на јавен повик. Така ќе се постигнеше и подобра цена за употреба на кабелот - вели Дејан Калеников, од фондот "СЕАФ-Македонија". (Дневник)
Во МК не е ништо ново да се гази слободната пазарна конкуренција. Не е новост ни отсуството на транспарентност и непочитување на законите при склучување на договорите. Значи, мора да има некоја посебна причина поради која од СЕАФ Македонија се решиле да реагираат баш во овој случај.

Во декември 2004, Проектот Мacedonia Connects на УСАИД распиша конкурс за проширување на достапноста на широкопојасен интернет и за снабдување на школите со интернет. Сите дознаа дека тендерот го доби ОнНет, но помалку знаат дека значително учество во сопственоста на ОнНет има СЕАФ Македонија. Инаку, СЕАФ Македонија е инвестиционен фонд во сопственост на 4 акционери меѓу кои и... види чудо...УСАИД???

Дали е фер да се рече дека УСАИД спровела тендер на кој работата ја доделила на ...себе? Парите излегле од левиот џеб, а влегле во десниот. Нормално, „стопанственикот“ Дејан Калеников и СЕАФ-Македонија тогаш не се јавија да кажат дека се „минира процесот за фер конкуренција на пазарот“ и дека нема „транспарентност“ во постапката. Веројатно биле зафатени. СЕАФ Македонија во догледно време ќе го продаде својот удел во ОнНет. Поставањето на сопки на обидите на конкурентите да зафатат поголем дел од пазарот може да помогне да се постигне повисока цена при продажбата. Последново станува државен приоритет број 1.

6 коментари:

волан рече...

Странска Инвестиција

Малку искривено се свати поимот на странска инвестиција кај нас...

Имам неколку прашанја а и одговори за поимот на Странска инвестиција кај нас...

Кај нас политичарите ја сватија странската ивестиција како продажба на златните кокошки
- МТ (Пошта)
- Цементара
- Пивара

Дали ови инвестиции донесоа
- нови вработувања - не
- нови фабрики - не
- нови технологии - не

Сето тоа бесе само продажба на златните кокошки, а парите се разводнија во корупциски афери и неуспешни проекти на минатата и оваа влада...

Заради ова сум и против продажбата на Дистрибуцијата на Ел.енергија...

Дали добра ни беше приватизација на поуспешните компании по моделот на Менаџерско преземанје -

Многумина викаат дека тоа бесе истотка продажба за мали пари или без пари на поуспешните компании во Македонија од кои излегоа истоатака многу афери...

Едан од поуспешните странски инвестиции во Македонија , барм по нејзината замислена идеја бесе Проектот на УСАИД и СЕАФ за бесплатно интернет поврзување во Македонија на сите сколи во Македонија.

Но за жал на сите нас и овој проект како да прераснува во скандал каде изведувачот на проектот ОнНет ја приватизира инфраструктурата на ВиФито на школството, и сега поцна преку таа инфраструктура да нуди ВиФи интернет комерцијално....
(За сето ова треба да ја запознаеме под хитно Антикорупциската комисија)

Го загадува 2,4 каналот со ненормално јако зрачење и зрачи на сите канали....

Да не заборавиме дека во Македонија се уништија сите поголеми фабрики и фирми кои запослуваа една третина од вработените во Македонија - 25 те загубари и другите кои сеуште се во фаза на распаѓање -

Кој и како ке одговара за сите овие злодела на приватизцијата и осиромашувањето во Македонија....

Анонимен рече...

Дали знаете дека Директорот на Антимомополската управа (Што е главна државна институција што треба да се бори против монополите, па против монополот бр. 1 МТ) од пред неколку месеци си го запослили синот во Мобимак?
И од тој човек очекувате борба против монополот???
Гласајте! Дали некој измислил бројач на наивни посетители на сајт!

Анонимен рече...

кач пара се продадовте на Неоком?

bezvrska рече...

Anonymous said...
кач пара се продадовте на Неоком?

за ич пари. нека ги гонат од неоком, па ако прекршиле закон можат и доживотно да ги затворат. Ама немој да ни продаваат дека хајката била ради кршење закон. Законот сто пати до сега го прекршија од МТ, ама државата регираше само кај ситните риби од конкуренцијата и за непријателите на нечии пријатели.

bezvrska рече...

Anonymous said...
Дали знаете дека Директорот на Антимомополската управа...

Нема веќе антимонополска управа. Тоа сега се вика Комисија за заштита на конкуренцијата.

Анонимен рече...

prodolzete da ozoruvate luge zad grb, ke vi se vrati. beskicmenjaci edni, so ne go viknete toj na pr. dejan i kazete mu vo faca so mislite... picki