08 февруари, 2006

Првата безжична земја

Ни се качија на глава со оваа глупа синтагма, која стана одговор на се што е поврзано со нетот во МК. Високи се цените на интернет пристап, услугите се катстрофа, има малку корисници, информационо општество е апстрактна именка за китење на декларациите, ама се тоа треба да се заборави кога ќе се спомнат овие три збора.

5 секунди дружење со гугл и еве што испадна:
А tiny country in the South Pacific has become the world's first true wireless nation. The island of Niue, with a population of less than 2 000, is the world's smallest independent self-governed nation and has - thanks to the Internet Users Society of Niue - launched the world's first free nationwide WiFi Internet access service. (повеќе)
Ова е од средината на 2003. Кај први па уште и бесплатно - трошоците ги покриваат со регистрации за топ доменот „.nu“. Не ги гледав другите резултати што ги избаци гугл. Ќе му каже некој на Премиерот? Претседателот? Бил Гејтс веројатно веќе е информиран. Може затоа се зачудил на тврдењето дека Македонија е првата.

12 коментари:

Анонимен рече...

Македонија е прва безжична земја колку што сајтот на ОН ЊЕТ е најпосетуван мк сајт!?
Нека се споредат со Дневник, па да видиме кој е најпосетен.

mkd_Stefan рече...

Не е работата да сајтот на Он.нет е најпосетуван. Поважно е што корисно нуди сајтот. Глупо е да се фалат со сајт кој што нуди само видео клипчиња пронајдени на Интернет и дупчење од страна на „уредникот“.

Ќе направам македонски сајт со порно слики на музички/филмски ѕвезди кои ќе ги нудам бесплатно и ќе стане повеќе посетуван од нивниот. Ама дали сум понудил нешто корисно, освен што посетителите ќе останат само со *урот во раце?

Од друга страна, Он.нет ни пола Скопје го немаат покриени, а градот има околу 35-40% од вкупното население во државата. Џабе што ставале WiMax низ нивите. Додека овците пасат, овчарот наместо да свири на свирче, ќе сурфа??? Дај те молам.

ibm рече...

IBM: Нов чип за пресврт во WiFi индустријата

http://softwaremk.blogspot.com/

moznosti рече...

Thursday, February 02, 2006
Ограничени можности

Една работа никако не можам да ја сватам.
Зошто интернетот во Македонија е толку скап?
Коса ми се крена кога ги видов цените на МТНЕТ.

http://softwaremk.blogspot.com/

Bojan рече...

Затоа што стратегијата за остварување големи профити е „тука и сега, од кој и да е“, наместо „по 10, 20, 30 години од редовни и задоволни муштерии.“

Потполно исто со настапот на политичарите: „Ќе крадеме дур можеме, па после на избори ќе ги лажеме дека сме подобри од другите. Победиме - пак ќе крадеме, изгубиме - ќе почекаме 4 години, па пак ќе крадеме.“

Анонимен рече...

with a population of less than 2 000. браво, ја најде првата ДРЖАВА!

Анонимен рече...

A vie od Onnet sega ko povredeni, ne ste prvi pa mala vi e drzavata. Ajde mali lizi tamu i kuti

Анонимен рече...

Во врска со оннет сајтот. Грешно ги контате стварите луѓе. Шо има има везе ако нема ништо корисно коа има интересно. А во врска со бесплатен порно сајт ?!?! ало бе тркни докај најблискиот комшија има минимум 10 порки по дома, ке сурфам по нет па за слики. Само што бош народ сме, еве докажуваме што к*р ви смета оннет или било кој друг, па ако е лош не го отварајте.. како беше тоа лошо е да нема, од многу глава не боли.

Анонимен рече...

за стефан поважно е што корисно нудел еден сајт. по тој критериум, илјадници добри сајтови заслужуваат презир бидејќи не им најважно да бидат корисни. корисно??? сакаш листа на водоинсталатери, попис на продавници со бела техника, телефони од психијатри кои би се заинтересирлае за твојот случај?

bezvrska рече...

Корисноста на сајтот на ОнНет е работа на лично вреднување. Кој сака да го посетува - бујрум, кој не - пак бујрум. За последниот анонимус: упати за псијатриски третман се издаваат на друго место, овде сигурно не.

Trendo Mendo рече...

Сајтот на On.net e посетуван од 35,000 корисници во текот на денот.Ако се земе за факт дека во Македонија дневно користат околу 10.000 корисниците тоа значи деак другите 25.000 се од странство. Според нашиот трејсер посетите доагаа токму од централо-Афричките земји!

Развигор рече...

Мислам дека исказот „10.000 луѓе од Македонија користат интернет во текот на еден ден“ не може да се смета за факт, туку за претпоставка.

Би било добро провајдерите да објават по колку различни претплатници им се прикачуваат во просек дневно по дајал ап, бежично, АДСЛ, изнајмена линија и кабелски. Исто така, голем број фирми имаат интернет, а бројот на луѓе кои сурфаат од работа е значителен. Плус, Macedonia Connects поврзува 550 училишта, со минимум по една компјутерска училница која во текот на еден работен ден може да ја искористат и до 250 ученици. Универзитетите се исто така поврзани, барем персоналот, а има и лаборатории за студентите. Башка што според истражувањата голем процент на луѓето што изјавуваат дека користат интернет велат дека тоа го прават од интернет кафиња. Ако сите овие начини во моментов овозможуваат пенетрација од само 5%, или фирмите што се бават со интернет работат со огромни загуби, или нешто сериозно не е во ред. Окамовата острица укажува дека е наједноставно бројката да се земе како застарена.