03 февруари, 2006

Либерализација на хартија

Не е директно поврзано со интернетот, ама е добар индикатор како одат т.е. како се кочат работите околу либерализацијата:
Досега мобилните оператори на Телеком месечно му плаќале по 22 илјади денари надоместок за поврзување. Новата цена на надоместокот е 53 илјади денари, додека во земјите на ЕУ просечниот месечен надоместок се движи околу 19 илјади денари. Зголемувањето на некои цени достигнува и до над 70 отсто. Според извори од оваа компанија, невозможно е со овие цени да се очекуваат нови оператори, бидејќи трошоците на новите оператори се повисоки од цените што Телеком ги нуди на корисниците. Според подзаконските акти измена на начинот на пресметка на цените може да се очекува по две години. (Вест)
Panta Rei: Изгорконекција

2 коментари:

Анонимен рече...

Дали е паметно како здружение да се вклучиме заедно со протестите за ЕСМ?

bezvrska рече...

Која е врската на протестите против продажба на ЕСМ со интернетот во Македонија??? Јес да со продажбата на ЕСМ ќе се создаде телеком2 и ќе го гледаме истиот монополски филм...ама покрај ова не гледам друга поврзаност.