12 февруари, 2006

Букаро прашува, Јани не одговара

Новата колумна на Букаро во Неделно време е отворено писмо до Јани Макрадули, претседател на КИТ. Тоа е човекот што наголемо се промовираше при процесот на носење на Стратегијата за развој на информатичкото општество, а ќе остане запаметен и по изјавата дадена на е-Општество.Мк дека не се важни цените на интернет пристап, туку е важно да има локални содржини.

Додека стратегијата фаќаше прашина по полиците, Јани даваше мудри изјави за BBC:
We need the Internet as a sea, because Macedonia is not on the sea, so we think that the Internet is our sea and an open window for a lot of economic changes and new economic growth in our country. (BBC)
Грејт. Каде е нашето море и каде заринка КИТ заедно со Стратегијата? Колумната не се бави со апстракции од типот „информатичко општество“, туку поставува едноставно и конкретно прашање: Дали КИТ може да се заложи да се обезбеди бесплатен или евтин интернет во сите студентски домови? Не знам дали Букаро секоја недела ќе му праќа ново писмо на Јани, но поентата е едноставна: ќутењето не е доблест, упорноста се исплати.

6 коментари:

Анонимен рече...

Го боли Јани левата врвка од патиката за Букаро :)

bezvrska рече...

Аааа, не збори така. Едно чудо домаќини читаат Неделно време. :)

Друго ми е зборот. Колку луѓе се незадоволни со „ќути и трпи“ ситуацијата со интернетот? Една десетина да се активираат и да преземат нешто ќе излеземе од овој лош филм.

Анонимен рече...

Кој да се активира Трајче, Мирче и Трпче?
Сега сите се радосни што МТШит им дале наместо 4 ЦЕЛИ 6-8 GB, абе ова народов наш е стока невакцинирана, само стапот и тепај, Турцине 500 години, Дојче Телеком 1000.

Анонимен рече...

A i dali dale 6 - 8 i toa ne e sigurno. Prosliot mesec me isklucija na 4,2 GB. Nisto vo niv ne veruvam.

pijan рече...

koga site velea minatiot mesec deka ne limitiraat do 8-9GB, mene me limitiraa na 4.5GB i toa na krajot od mesecot (na 23-ti)

Анонимен рече...

a bukaro pa jakiot kurac, pateticna frustracija so loshi raskazi na bagra, mu dignaa akcii sea shto mu dadoa kolumna, pa misli jak faktor e...