08 февруари, 2006

Данок на wifi

2 770 милијарди долари! Толку треба да бидат буџетките расходи на САД во 2007. Меѓу иновативните методи преку кои Буш планира да продолжи да ги полни џебовите на другарчињата од безбедносниот сектор е и предлог за оданочување на користењето на нелиценцирани делови од радиофреквенцискиот спектар. Данокот најверојатно би се наплаќал како еднократен надомест при купувањето на wifi опрема (меѓу другото) што би довело до поскапување на истата. Нејасно е дали при вакво сценарио поскапувањето ќе се пренесе и врз купувачите од странство.

Досега не се наплаќaше користењето на опсегот од 2,4 GHz затоа што често се користи за некомерцијални цели, за употреба во затворени простори, а можни се и пречки од уредите кои работат на истата фреквенција (други wifi уреди, безжични телефони, микробранови печки...).

Знам дека сме голем амерички „сојузник“ и храбро одиме секаде кај што ќе тргне Буш, ама се надевам дека Македонија нема да го следи и во оваа експедиција.

(линк)

Дополнување: После прозивките во јавноста, Белата куќа негираше дека се планира ваков данок. Надоместоците спомнати во предлог-буџетот не се однесувале на нелиценцираниот дел од радифреквенцискиот спектар, туку на лиценците кои не се распределени по пат на аукции. (линк)

7 коментари:

Zarko рече...

Alek,

vo svetot e golem pritisok, pogotovu od GSM operatorite da se dozvoli komercijalna upotreba na ovoj band. Skoro sekade pa i kaj nas toj band e za upotreba za ISM i za wireless LAN so zracenje ne pogolemo od 100mW (ova vazi za Evropa). Niv toa im odgovara zatoa sto imaat gusto izgradena mreza pa lesno ke postavat golem broj na hotspotovi. I za mene toa e prifatlivo. Kaj Amerikancite toj band masovno se koristi za indoor uslugi po javni objekti i toa se naplaca a ponekade e free. Normalno deka ke sakaat da naplatat danok. So istoto bi se slozil i jas. Da se dozvoli komercijalna usluga so zracenje od 100mW i da se naplaca danok za toa. Vo gradska sredina dometot so 100mW e idealno 300m tipicno 100m, pa koj saka da bide ISP ke mora da se ispruzi na sekoj kvadraten kilometar da postavi 6-8 stanici. Site istrazuvanja dosega pokazuvaat deka najmnogu tri operatera bi mozele da rabotat na odreden prostor iako i togas so mnogu smetnji no toa e nivniot izbor i izbor na nivnite pretplatnici. Od ovaa pricina ADSL-ot e glavna opredelba na site telekomi, ja imaat infrastrukturata i mozat da obezbedat permanentno dobra vrska, ne mora da se plasat deka nekoja wifi mreza ke im pravi problem.

Bushizam рече...

Danokot vo WiFi e isto sto i danokot vo krv! Kako!?
Epa vaka!
Ako ne plakas danok vo WiFi ke te zracat site bazni stanici i ke pocne da ti se menuva cudesno krvta i opss za nekoj mesec godina eve ti leukimija. E se ke ti treba koskena srz od nekoj tvoj rodnina(brat ili sestra) a sto ako nemas! A sto ako vo ginekologoja ve smenile so drugo bebe!?A sto ako si posvoen! Ti treba donator na koskena srz.
I nemas krv nema ni zivot!
DA PLAKAME DANOK VO WIFI ZA DA NE UMREME!

Bojan рече...

А ако не плаќаш струја, ЕСМ ќе ја смени фреквенцијата во и околу твоето место на живеење и ќе оќелавиш?

Дај бре go cure yourself.

Анонимен рече...

Zarko, za prv pat, kompletno se slozuvam so tebe. ADSL e tehnoloski mnogu podobar vo vrska so kvalitetot na usluga.

blogmetar рече...

8.2.2006.
Надреалисти
Подредено под: Блогови, Интернет — Јован @ 17:19

На ОнНет беше објавена една табела со десетина македонски сајтови и нивната линк-популарност (т.е. колку пати биле референцирани од други страни). Направив нешто слично за неколку македонски блогови.

http://jovansblog.dobroutro.com/?p=689

operator рече...

"КОСМОФОН" НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОБЈАВЕНИТЕ ЦЕНИ ЗА ИНТЕРКОНЕКЦИЈА СО "ТЕЛЕКОМ"

Направија нашите приходи да преминат во Телеком

ЦЕНИТЕ ШТО ГИ ОБЈАВИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ СЕ ДВОЈНО ПОВИСОКИ ОД ОНИЕ ВО ЕУ И СЕ ПРЕЧКА ЗА ВЛЕЗ НА НОВИ ОПЕРАТОРИ

http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=23613

Анонимен рече...

од вифи ќе добиеме леукемија! - викна моронот со тумор на мозок.