20 март, 2006

In & out

Сурфај после 8 навечер, или после 12 навечер. Обавезно во претпролетен викенд. Користи broadband на dial-up начин. Зборувај на фиксен телефон после 8 и во недела. Евентуално на работа. Користи мобилен за СМС и праќање змии. Евентуално службен. Прај што правиш, само никако, НИКАКО немој да „скокаш“ и да „правиш галама“. Има други луѓе задолжени за тресење на возот.

47 коментари:

Анонимен рече...

vo posledno vreme otkako ke ne spustat na 64k intrenet-ot e ekstremno spor. nemoze da otvori ni google

Анонимен рече...

i sto e poentata na nova,bezvezena,kukachka,stopati predzvakana tema,kade ke se razvrzat potpuno isti muabeti? (mt-shit,pepicka i sl.)? Bolje ne stavajte novi temi cisto radi red.

bezvrska рече...

Пссст! Тишина. Без кукање, без ангажирање, без будење на екипажот и другите патници. Возот е програмиран и ако патниците бидат мирни - гарант стигаме у Европа.

Анонимен рече...

каков филм еј...

daywalker рече...

Јас овие анонимуси би ги забранил со декрет. Или барем нека си додадат -мтшит или -оншит во продолжение на Anonimous прекарот, па да знаеме од кој табор се.

Анонимен рече...

МТ-ШИТ - Додека не пуштат фалт ке ги плукам.

За Оннет ке види ме што ке направат Словенциве

Па после може муабет да прави ме

Анонимен рече...

Што е финтата не прави галама , ај појаснете ми ?

observer рече...

Јас би приметил дека на блогов има ПРЕМНОГУ навреди, дисквалификации, ти ништо не знаеш јас знам итн. таков тип на рабопи.
Па моземе ли ние да се сложиме барем за една работа?
Ако на пример сите (или барем големо мнозинство) се слозиме во одговорот на ПРАШАЊЕТО;
КОЈА Е ОСНОВНА ПРИЧИНА ЗА ЛОШАТА (ОЧАЈНА) СОСТОЈБА СО ИНТЕРНЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА?

ПРЕДЛОГ ОДГОВОР; НЕДОСТАТОК НА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА НА ВЛАДАТА (ВКЛУЧИТЕЛНО АЕК И СИТЕ ОКОЛУ НЕА), ДА СЕ СРЕДАТ РАБОТИТЕ, ПОРАДИ ЛИЧНИ , ТЕСНОГРУПНИ, ПАРТИСКИ, ИЛИ КОРУПЦИОНЕРСКИ МОТИВИ, ШТО РЕЗУЛТИРА ВО НЕЛЕГАЛНО ПРОЛОНГИРАЊЕ НА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА И РАВОЈОТ НА ЦЕЛИОТ СЕКТОР.

Ајде сега изјаснете се;
а/ ДА
б/ НЕ
в/ ДА но со следната модификација (........)

Само без навреди Ве молам.

Доколку успееме да се слозиме барем за ова тоа мозе да послузи како ОСНОВА за АКЦИОНЕН ПЛАН, па макар сето тоа резултирало и во ништо повеќе од координиран притисок врз јавното мнение.

Да не биде блогот само поле за празнење на негативна енергија, акумулирана мозеби и од причини што немаат врска со Интернет.

Анонимен рече...

SE IZJASNUMVAM POD A)


DA

Dread Knight рече...

хмм.. некој мириса овде чпиони и саботери?

bezvrska рече...

Финтата е во типчиња што ни нудат гомна и уште ги фалат како биле вкусни, а воедно и неверојатно хранливи. Некои им веруваат. Некои не. Некои бараат мени. Други бараат репете.

bezvrska рече...

„КОЈА Е ОСНОВНА ПРИЧИНА ЗА ЛОШАТА (ОЧАЈНА) СОСТОЈБА СО ИНТЕРНЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА?“
Имав неколку брзи одговори за ова. Веќе не. Програмирани сме да бараме ред дури и во хаосот. Да беше проблемот само во корупцијата - ОК, ќе смислевме стратегија и тактика и ќе се боревме против тоа. Да беше проблемот само во политичката гарнитура - ОК, ќе се организиравме и ќе работевме за смена на власта. Но од каде да се почне кога проблемите се безброј и испреплетени? И има такви кои се многу побазични од корупција и немање политичка волја.

Ќе напишам еден пост за ова утре. Денес сум резигниран, а бидејќи се сметам за оптимист не сакам да бидам сфатен погрешно.

Анонимен рече...

Може промената да ја почнеме со образување на АЕК и “директорот“ мр.Т.

Тој е таква ундивидуа што кога му се објаснуваат критичните елементи за тоа како реално да ја заземе функцијата интитуционално му е доделена и конечно да почне со работа тој вика:-абе уб’љ работа се ова комјутерите, јас сум инжињер го знам тоа, струка ми е.“ Епа г-динот инжилер е публиц енеми што ни прави публиц енема. Мт.нетовци и Он.неттци си ја вршат работата...праат пари...АЕКовци треба да агреат столица и да ги енфорсуваат убавиот закон. аман со публик енема.

Ама доаѓаат подобри времиња зошто такви летаат со секоја политичка пролет која доаѓа на есен секои 4 год. само пак ластавицие трудни да не ни се вратат од југ?

bezvrska рече...

Да, г. Т. е проблем. Но кој би го заменил? Некој нов Т. Што правиме со тие што се под него? И тие се дел од проблемот.

Башка, г. Т. си има алиби. Концесискиот договор со МТ не е ревидиран и е пречка за спроведување на законот.

Инаку, НИЕДЕН оператор (вклучително и МТ) нема извршено технички прием на мрежите и уредите и поради тоа никој нема одобрение за употреба на истите. ЦЕЛИОТ сектор во моментов функционира на диво.

Не е еден проблем, туку 1001. Но од негде мора да се почне.

Анонимен рече...

Гледам милијарда реклами за АДСЛ

а нудат диал-уп Срамота , сакаат да навлечат муштерии и да ги заебат со договор !

Нема спас од нив ! Лопови !

малиот рече...

Лопови ха ха ха, цела држава е лоповска па МТ, па тоа е и се очекува од нив.

Друго ми беше зборот, ај што нема flat дај некако да се контактира со нив онака официјално од стана на преставници на НВО-то, да им се предложи барем да ја зголемат брзината после лимитот, нешто како 128 кб (или повеќе :), ова е стварно неиздржливо.

Побрзо ми беше на модем него на АДСЛ-ов неможе ни две страници да се отворат.

Сега не дека нешто многу се надевам (побргу Македонија ќе влесе во Европа, него што овие ќе развиат свест и фер однос, или ќе почнат да се водат со онаа муштеријата е секогаш во право), но барем да се проба.

Модератори што мислите за овој предлог?

ile рече...

Се сложувам ако сакаат од НВО стварно нека предложат за 128.
Ова не е Broadband што го нудат.
Или нека дадат 20 ГБ трансфер

1 до 4 Имаш 512

после цел месец си на 64 диал уп.

Анонимен рече...

Извршната канцеларија на ЕУ побара од своите членки поагресивно ширење на интернетот низ унијата, порачувајќи дека само 13% од 450-милионското населениe на блокот имаат пристап до широкопојасен интернет.

Пресметките покажале дека ако владите веднаш почнат со инвестиции во интернет мрежите во руралните и поодалеченита краишта, до 2010-та сите Европјани ќе имаат пристап кон брз интернет.

Позади овој предлог стои стратегијата на ЕУ, според која раширениот пристап на интернет е еден од главните начини за зголемување на продуктивноста и економскиот раст.

Проектот ќе биде помогнат со пари од буџетот за рурален развој на Унијата, тежок 85 милјарди долари.

До сега, благодетите од широкопојасниот интернет највеќе ги почуствуваа Холандија, Белгија и Данска, пред се благодарејќи на рамниот терен и големата концентрацијата на населението на неколку места, што повеќе кратно ја олеснува дистрибуцијата на интернетот



A KAJ NAS USTE SE MAFTAAT SO DIAL UP

pijan рече...

i jas mislam deka treba da se pobara barem 128k od internet makedonija kako porelevanten subjekt. ova e pod sekoj kriterium. pred nekoj den koga bese besplaten vikend za dialup, se prikluciv i zabelezav deka dialup 54k mi vozi pobrzo od adsl 64k :((

i uste me interesira slednava rabota, dokolku nekoj znae dali 64k se vkupno za download i upload ili 64k za dowload i 64 za upload paralelno? kako e slucajot so dialup?

thanks.

Анонимен рече...

***nekoj znae dali 64k se vkupno za download i upload ili 64k za dowload i 64 za upload paralelno?****

Vkupno, kamo srekja da bea paralelno :(

pameten рече...

I jas mislam kako :"maliot, ile i pijan"! Barem posle pominatite GB, brzina od 128K. Vsushnost taka i treba da bide vo sluchajov.

animus anonimus рече...

ili barem skalesto namaluvanje na brzinata da se predlozi ako se soglasuvaat vo internet makedonija. na primer posle 4GB namaluvaat na 386, na 5GB na 256, na 6GB 128 i posle 8GB na 64K. Mislam deka toa pofer od nivna strana. Se nadevam deka na gi namaluvaat brzinite racno.

Анонимен рече...

Знаеш ли колку има од 4 гига до 6 гига? 1 ден здраво сурфање.

Анонимен рече...

Anonymous said...
Знаеш ли колку има од 4 гига до 6 гига? 1 ден здраво сурфање.

12:56 PM, март 24, 2006


Da ne mesas 'surfanje' so 'download'-iranje?

Анонимен рече...

Дали има шанси за НВО да ургира за 128 да пуштат , навистина не се издржува со 64 , а плус гледам на форумот некои дечки имаат проблеми кога се на 64

Анонимен рече...

Anonimous ( :) )said...

Da ne mesas 'surfanje' so 'download'-iranje?

Ne. Odi na bilo koj sajt so streaming video ili streaming audio da vidis kolku kje ti "izede". Se raboti za aktivno koristenje internet, a ne razgleduvanje posta i citanje vesti.

dzvonko рече...

so stedenje stignuvam do 4GB okolu 20-ti vo mesecot. znaci dokolku ima 6GB bi se spasil od limitiranjeto. ne velam deka toa e dovolno... daleku od toa, no sto ke pravis, vaka zivci iskinav. uste 5 meseci dogovor imam.. posle begam najverojatnona telekabel. ova e navistina mizerija.. 64K kako 6K.

bezvrska рече...

Од извори блиски до Интернет Македонија дознаваме дека следната недела ќе има средба со маркетингот и продажбата на МТ. Ќе бидат дадени сугестии за подобрување на интернет услугите.

Според извори блиски на МТ, главна причина за недавање флет пакети, за неразумното лимитирање на 64 и за малиот обем на вклучен сообраќај во пакетите е големата бројка на нови АДСЛ корисници што треба да се оствари во 2006. Резонирањето е дека вака ќе се минимизира делењето на АДСЛ линии меѓу повеќе лица, а со тоа ќе има повеќе легални корисници.

Мислам дека е очигледно, ама ај да прашам: Контрааргументи?

M. рече...

mnogu se vo greska!!!

vaka tie sto se otkazuvaat ne odat kaj niv tuku site sto gi zanm ili preminale ili razmisluvaat za nekoj od kablovskite operatori.

abe neka limitiraat, ama barem na 128. ova e katastrofa. eve jas ne sum delel i nema da delam konekcija, ama otkako ke me limitiraat ne se izdrzuva... i sto kako nivni korisnik koj ne gi zloupotrebuva (ako delenjeto e zloupotreba) si igraat so moite nervi. razmisluvat samo kako do novi korisnici. redno e da razmislat sto i so segasnite. mene dvegodisniot dogovor mi istekuva za nekolku meseci pa dlaboko ke razmislam sto i kako ke pravam. nastrana i laznoto naveduvanje koga go sklucuvav dogovorot.

inaku, imase nekoja idea za tuzba od nezadovolnite korisnici. dali nekoj ke kaze barem dali se raboti na toa pole, ako veke nema poveke informacii.

se mi se cini deka poleka ovde se gubi zarot, dali toa stavovite na internet-makedonija stanaa pomeki ili e drugo vo prasanje? se nadevam nema da dobieme odgovor deka ovoj blog ne e na IM, pa zatoa.

Go nema ni Volan... VOLAN !?!?!

Pozdrav
M.

Анонимен рече...

ПА ШТО ТОГАШ НУДАТ МТНЕТ АКО НЕ Е БРОАДБАНД ?

ЗНАЧИ ДИАЛ УП


АКО НЕ ИМ ОДГОВАРА НЕКА НЕ ПРОДАВААТ ИНТЕРНЕТ !

ПЛУС НЕ Е БИТНО ДЕКА СЕ ДЕЛИ ЛИНИЈАТА СЕПАК ТАА СЕ ДЕЛИ ОД 512 , А НЕ ОД 1024 И ПОВЕКЕ

bezvrska рече...

Барем кај мене не станува збор за губење на жарот. Но ова е МК и има тони инерција и хаос. Редовните лекови се досадни, глупи и досега не баш ефективни. Тужбата не бега, но истото важи и за неа.

Инаку да, блогот не е на ИМ. Но баш поради тоа што некои го мешаат блогот и ИМ, можеби изгледа дека се омекнати ставовите тука. Колку да се минимизира штетата.

Како го нема волан??? Еве, тука е :)

bezvrska рече...

Ако на една линија од 512 Kb/s има четворица корисници, некој мисли дека може да ги натера сите да си земат посебна линија и да плаќаат посебна претплата. Поверојатно е дека ќе ги натера да го сменат провајдерот.

Мислам дека провајдерите треба да им бидат благодарни на оние што делат. Некои не можат да платат целосна претплата, а некои не ни сакаат. Со делењето му носат приход на провајдерот кој инаку не би го остварил. Овакви корисници или би останале офлајн или би побарале подобар однос цена/перформанси.

малиот рече...

"bezvrska said...
Од извори блиски до Интернет Македонија дознаваме дека следната недела ќе има средба со маркетингот и продажбата на МТ. Ќе бидат дадени сугестии за подобрување на интернет услугите."

Ха ха, bezvrska те молам немој веќе така ова звучеше како инсајдер информација на А1, просто го видов Чомовски на мониторов :)

Друго, занеме дека ова не официјален блог на НВО-то (барем ние поредовниве), но поради тоа што ете се собираме тука често а и поприлично луѓе го посетуваат и постираат, мислев дека најдобро е да го изнесам мојот предлог тука па да видиме какви се реакциите и што мислат луѓето.

За средбата дај речете им на овие од МТ дека ова е стварно непрофесионално од нивна страна, не само што е брзината намалена на мизерно ниво, туку и НАМЕРНО не саботираат да сурфаме и на тие наводни 64 KB/s. Претходно имав ISDN и ако ги споредам тогашните 64 со овие моментални 64 разликата е навистина огромна, се разбира во корист на ISDN-от.
Финот што они си имаат план да си го зголемат бројот на муштерии за во иднина, но нека го зголемат и линкот а не вака "хомосексуално" да се однесуаваат. Очигледно дека они гледајќи во иднина да придобијат нови корисници ќе ги изгубат постоечкиве.
Зошто на се поголем број на корисници им истекуваат договорите и не гледам дека се нешто расположени да ги продолжат.

А гледајќи како се развиваат работиве во иднина конкуренцијата ќе стане се поголема, кабелскиве телевизии иако спори сепак ќе почнат посериозно да нудат интернет, Словенциве влегоа во Оннет, Австрициве сигурно нема да го остават оптичкиот кабел да стои неискористен итн.

Значи дај седнете и објаснете им на господата во МТ каква е ситуацијата, притиснете ги малку официјално, дали они се сериозни да нудат културен интернет, или пак да ние корисниците почнеме да си бараме други решенија.

И на крај сакам да некој од преставнициве на Интернет Македонија каже што бидна со плановите на НВO-то се највауваа некои работи и ништо штама, кој се плановите? Што бидна со планирањето на wifi мрежата, дали се остварија некои контакти со донатори, амбасади и сл. Дај луѓе помина зимата активирајте се малку, вака само со пишување по блоговиве ништо не правиме.

Поздрав и се извнувам што се распишав олку многу :)

Анонимен рече...

e*te argumentot za delenjeto.. Site prijateli shto gi imam niz drugive evropski drzavi (obicno studentarija shto ziveat po 3-4 cimeri), si imaat edna konekcija shto si ja delat preku ruter (obicen ili wifi) i nikoj ne im se buni... da ne praime muabet za 2mbitna nelimitirana konekcija za 30 evra :)

volan рече...

Еве ме тука сум будно ја пратам дискусијата, на блогот и на сите други места околу интернет проблемите.

Пошто ми беше малку тесно да се изразам за се она што сакам да го кажам отворив мој блог кај што јадам бурек на долго и широко..

Јас моментално сум најсериозен дека Провајдерите треба да понудат ефтин интернет за ученици и студенти на ниво од 600 денари, не така брз, но флет со мала брзина, за да можат студентите да сурфаат па и по некоја МП3-ка да симнат.

Таков интернет веќе понуди кадис и за тоа пишував во мојот блог...

Повеќе видете тука

128/128 kbps 590 ден/мес. - 24 час/инт. - 1 GB 128/128 kbps - потоа 64/64 kbps-

Ова е нешто што одговара за студенски стандард.

На средбата со Он.нет не успеавме докрај да ги убедиме дека треба да дадав ваов пакет со помала брзина.

Но сепак они направија понуда за која пишував повеќе тука

Wi-Fi 590

* Пристап на интернет со брзина до 512Kbps
* Ограничен трансфер на податоци до 1GB
* Без телефонски импулси и трошоци
* Нема повеќе зафатена телефонска линија
* Посетата на www.on.net.mk не се смета во остварен сообраќај
* Бесплатна email адреса tvoetoime@wifi.net.mk
* Анти спам и анти вирус заштита

Телефонска техничка поддршка 24/7/365

590MKD со вклучен ддв 18%

Времетраење на услугата
- 30 дена или 1GB остварен трансфер
Ова е понуда која треба најатрактивна за младите во Македонија. Но дали е така !? Се би било во ред да по поминување на 1 ГБ се помине на намалување на брзината да решеме 64/64. Но не така по 1 ГБ немате интернет. Башка штo ке морате да имате издаток за да донесете Ви-фи до вашиот компјутер.

Некни на тв средбата кај Јанко Гледам дека Чемерикиќ размислува да даде сепак некаква слична понуда како Кадис. Мислам дека ја увиде грешката. Тој изрази разочараност за слабиот одзив на ви-фи то (читано меѓу редови) и мислам дека за брзо време ке ја корегираат својата понуда према флет со мали брзини.

За Мт.нет пишував многу на мојот блог. А последно што пишував беше околу нивните цени...
Повеќе види тука

Што се однесува до мене изгледа на МТ не им е стало многу за нови корисници??!!

Највеќе ја унапредиле дијалап понудата, има многу модели и дури и интересни понуди.

Ке видиме што они имаат во план и како мислат да дојдат од огромната бројака на АДСЛ корисници...

Ние со МТ како ИМ нема што многу да бараме. Можеме само да им укажуваме....

А ке им укажеме на многу работи:
1. Ке се убедуваме дека треба да се откажат од фамозните пенали кои по мене неоправдано и насилнички ги наплатуваат од луѓето што се откажаа од АДСЛ (со таква дефиниција како што сега ја дава МТ.нет со намалување на 64/64)
2. Ке се убедуваме дека би било фино за сегашните и идните корисници да дадат скалесто намалување на брзините по фамозните 4 гига но не подолу од 128/128. Под тоа ке сметаме дека веќе не е АДСЛ.
3. Да дадат понуда за студенти и ученици со слични перфонрманси на брзини, лимити и цени како Кадис...

Интернет со големи брзини и со поголеми гигабајти ограничување - верувам МТ.нет не е спремен сега да даде - пошто има намера уште да грицка од монополот де факто.

Уствари мора да си признаеме кривците за оваа ситуација се досегашните властодрци.

Најпрвин ВМРО го продаде телекомот со огромни повластици за купецот - а наследниците од СДСМ се насладуваа на дивидендите од телекомот , кои беа и поголеми од сите донации кои ги примаме а и богами од кредитите од ММФ.Значи дупло дерење на сопствениот народ..

Владата и АЕК ни е реалниот проблем. Таму лежи зајакот на решаважето на проблемите.

Како со владата и АЕК пишував доста тука на овој блог а и на мојот блог.

повеќе видете тука
, тука
,
тука
, тука
, тука
, тука
, http://volanskopje.blogspot.com/2006/02/blog-post_13.html, тука
,

Како што гледате тука сум и горните ставови се мои лични ....

Инаку Интернет Македонија е навистина невладина и непартиска организација, но во неја работат одреден број на ентузијасти - претежно студенти. Па ако сакате да ни биде подобро пројавите интерес да се придружите.....

Една од причините зошто отворив свој блог и зошто поретко пишувам тука е заради мојот лош обичај долги да ми бидат постовите. И во оваа прилика се извинувам на долгиот пост...

bezvrska рече...

Неколку работи...тотално оф топик :)
- планирање на wifi мрежа за „бесплатен“ нет и контакти со донатори и амбасади... што ќе ни е тоа кога некој смета дека може да го узурпира опсегот од 2,4 GHz и од јавно да направи приватно добро? Дур не се реши овој базичен проблем се друго ќе биде џабе.
- „Дај луѓе помина зимата активирајте се малку, вака само со пишување по блоговиве ништо не правиме.“ Е ајде де, што чекате да се активирате надвор од блоговите? Волкот е дебел во вратот...
- wifi понудата на оннет е само за сурфање???
- „скалесто намалување на брзините по фамозните 4 гига“... Колку што разбрав ова е личен став. „но не подолу од 128/128. Под тоа ке сметаме дека веќе не е АДСЛ.“ 128/128 не е АДСЛ... исто како и 64/64. Брзините мора да бидат асиметрични :)

Ја као Чомовски? Не заебавајте, немам проблеми ни со гледање ни со читање :)

Анонимен рече...

Баш ме интересира летоска , на многу од maxadsl ке им завршат договорите , некои ке си отидат на друг исп , МТ НЕТ - што ке понудат тогаш ?

Анонимен рече...

nov zabaven portal www.mkxxl.com

Анонимен рече...


Според извори блиски на МТ, главна причина за недавање флет пакети, за неразумното лимитирање на 64 и за малиот обем на вклучен сообраќај во пакетите е големата бројка на нови АДСЛ корисници што треба да се оствари во 2006. Резонирањето е дека вака ќе се минимизира делењето на АДСЛ линии меѓу повеќе лица, а со тоа ќе има повеќе легални корисници.


Хе хе, бравос за умот на тоа менаџерите!
Јас веќе одлучив. Кога ќе ми заврши договорот најверојатно ќе земам Онет WADSL. Јас сум од Прилеп и тоа е едена од двете алтернативи што сега ги има како понуда на broadband internet.
Такви два пакети ќе ми овозможат
2х768 = 1.5 mbps - down
2x128 = 256 kbps - up
и лимит од 16 gb месечно.
И сето тоа за 2х1300 = 2600 ден.
(се разбирам мислам да платам и 2х12.400 денари како депозит)
Значи 2600 денари со се ДДВ.
Office пакетот на МТшит е 5300 денари со ДДВ.

Анонимен рече...

Da. Ponudata so WADSL od ON.NET.MK e podobra, ama...

Ne li e toa malce gay? Napateni i vekje izmameni korisnici da moraat da obezbedat okolu 20000 denari od start za da imaat normalen internet so 8 GB mesecno bandwidth po cena od 1300 denari mesecno? Mislam deka ova ne e bash dobro reshenie. Ok, za malku i jas kje stavev doma, od Gostivar sum i toa mi deluva najsolidno reshenie...
Ama neli pak sme ograniceni? Dali e bitno dali e toa 4 GB ili 8 GB?? Pravi razlika shto brzinata e pogolema? 768kbps i 512kbps ? Za mene, ne. Na sajtot ne ni pishuva shto posle nadminatiot bandwidth..
Ne znam za vas, ama mene mi deluva kako On.net.mk da saka da gi zezne i iskoristi izmamenite korisnici na ADSL od MT.NET.MK so dvojno podobra ponuda..
Sklucil li nekoj WADSL dogovor? Ako sklucil go molam da go skenira i da go objavi dogovorot na blogov.. Siguren sum deka i tamu neshto smrdi.. Depozit 12400 + instalacija 3900 + prviot mesec 1300 = 17600 samo za prviot mesec.. Ok, depozitot se vrakja po istekuvanjeto na dogovorot.. Koga? Posle dve godini???
Bi se obvrzale li da dadete 2 evra depozit i da plakjate 1300 denari mesecno vo narednive 2 godini? Imajki na um deka se slushaat glasini za nov "socijalen" paket na MT.NET.MK od okolu 600 denari so limit od 2 GB mesecno? I deka Nikola Gruevski najavuva deka ako gi dobie izborite internetot vo Makedonija kje bide besplaten? (Nema da glasam za niv i pokraj toa vetuvanje)

Mozebi i gresham, ama sepak ne sum zadovolen od ON.NET.MK.. Poglednete samo kakov haos e so WIFI..
Koristime pre paid telefon, pre paid internet naskoro i pre paid elektricna energija.. (posle ovaa recenica zabegav i napishav edna stranica ama ja izbrishav koga vidov kolku sum se distanciral od temata)
Reshenie gledam vo satelitska konekcija koja ovozmozuva i upload. Barem kje bidam ramnopraven na svetsko nivo, iako platite ni se nekolku pati pomali od tie na zapad..

vidi рече...

nekoj da znae cena na satelitska oprema so moze da prave upload

Анонимен рече...

Dali nekoj probal WADSL. Kolku e stabilen posto raboti preku radio link. Pa kablovskive vo Skopje non stop imaat prekidi a tek kako e so radio e prasanje.

Sepak za mene zica si e zica. A i so linkovite od backbonot ne veruvam deka brzinata ke bide ok. Zatoa e i "brzina do". Nikade ne vika od kolku nego samo do kolku. Znaci moze i 100K da imas i vo red e zatoa sto i toa e do 512K.

Mislam deka paketite na Mt za zal se najdobri. Sto se stoka si se stoka, ama veruvam deka mnogu brgu ke smenat nesto vo rabotata.

Eden sovet, ne se zaletuvajte na bezzicnoto, da ne bide i bezvrska.

Анонимен рече...

WADSL е О.К. Прекиди има но траат многу кратко и најверојатно се предизвикани со загусхуванје некаде на линкот ОН-нет - МТ. Брзината многу зависи од тоа со кого комуницирате. Со оние хостирани од ОН-нет брзинатра е супер, а со другите... се знае прикзната.
Он-нет ке треба усхте да се потруди да биде подобро, но барем подли изненадуванја како од МТ не се за очекување.

малиот рече...

Најнови вести од извори кои немаат врска со владата, (пак ми се привидува Чомовски :)

Британскиот телеком почнал да ги сиклучува корисниците кои симнувале повеќе од 100 GB (да повторам сто гигабајти месечно).

За среќа бројот на корисници кои ја надминале таа бројка е само 0,2 % од вкупниот број на корисници, кој инаку за васа информација изнесува 2,3 милиони.

Што би рекле Британците ако им воведат лимит од 4 GB? Не знам најверојатно би ја собрале цела влада заедно со директорите на телекомот и јавно би ги линчувале.

Адресата за сите заинтересирани:

http://www.theregister.co.uk/2006/03/23/bt_hogs/

Ax 100 GB, значи во културнии држави тоа е отприлика лимитот, и плус никој не ги обвинува за пиратерија.

Поздрав

100-4; 4-100; 100-4; 4-100; 100-4; 4-100; 100-4; 4-100; 100-4; 4-100 :)

малиот рече...

А еве и како насите сееверни комсии ја пренесуваат веста:

http://www.benchmark.co.yu/article.php?sid=10426

Интересна е веста на крајот каде се споменува дека и Македонија.

pijan рече...

koga e dogovorena sredba so mtnet-ovci? koga da ocekuvame post okolu toa sto i kako e pregovarano.

thanks.

bezvrska рече...

Денес попладне. Тоа нема да бидат преговори, туку сугестии. Не би очекувал премногу. Мислам дека МТ нема да прават позначајни промени пред крајот на мај.