28 април, 2006

Пссст! Тишина.

Таман се намножија македонски блогови и одма почна да базди. Прво, уредникот на Долу влада се пофали дека од МеВеРе-то ептен го читале неговиот блог, а во знак на „мала пажња“ сакале да му ја дознаат лозинката и расплачат мајката.

Следно, Трендо се занимавал со бришење на текст на блогот на Букаро на Блогерај.

Трето, сите кои го фалеа објавувањето на анти-муслиманските карикатури со силни реторики за слободата на говорот ја продолжуваат крстоносната војна и за случувања на домашен терен... Уствари, последново најверојатно нема да го видиме. „Нашите“ „интелектуалци“ рипаат само пред своите господари, пред нивните непријатели и пред било што поврзано со едните или другите. Останатото е невидливо за нивниот радар.

Трајче, Трпе и Мирко продолжуваат да се возат за Европа. Тресењето на возот ја засилува нивната дремка.

20 април, 2006

Е-трговија со сонценце

Интернет шопинг во обид. Од Македонија обично завршува со вакви thank you and fuck you писменца. Околу 25% од он-лајн трансакциите од земјава се поврзани со измама или некој друг вид злоупотреба. За да се минимизира ризикот, најлесно е сите во земјава да не прогласат за платежни терористи.

Некои он-лајн продавници одат дотаму што блокираат по IP адреса. Ако е од некоја од „сумњививе“ земји, одма предупредуваат да не губиш време. Тоа лесно може да се заобиколи со употреба на прокси, ама на следната кривина ќе те начекаат со идентификација на земјата каде што е издадена платежната картичка.

MK Connects покрена иницијатива за соработка меѓу поважните провајдери за да се симне Македонија од црните листи. Не сум сигурен дека тоа е доволно. Рејтингот за е-трговја на една земја зависи и од интегритетот на банките кои ги издаваат картичките, а нашиве баш не котират високо. Посебна приказна е испораката. Не еднаш ми се случило да налетам на наш шпедитер со рекетарски манири, или од Пошта да добивам отворени пратки. Јеби га, ќе си купувам македонски производи... или уште поарно - ќе штедам.

19 април, 2006

Wi-Fi интернет на скопскиот аеродром

Првиот објект за многу странци што пристигнуваат во земјава, врз основа на кој го градат почетниот впечаток, е во катастрофална состојба. Тажно е и да се гледа терминалот.

Новина е што по примерот на светските аеродороми, ќе може да се закачите на интернет. Он.Нет ќе ја покрие терминалната зграда, вклучително и чекалните, кафетеријата и бизнис салонот. Покрај тоа ќе биде покриена и административната зграда до терминалот. За возврат ќе добие можност да се рекламира на атрактивна локација. Ај нека се множат вакви примери.

Државните акции во МТ на продажба

Дипломатскиот притисок од ЕУ и отвореното лобирање од Американците конечно вродија со плод. Со ова се потврди мудроста на пулитичарот што ги шитна МТ. На времето, соочен со критики во јавноста, насмеан изјави дека одговара само пред меѓународната заедница.

Прво беше објавено дека ќе се продаваат две третини од државните акции, а останатата третина ќе се задржи од „безбедносни причини“. Мистичните безбедносни причини вклучуваа алузии за кризата од 2001 година кога учеството на државата во управниот одбор на МТ наводно донело големи „бенефити“. За кого - не беше појаснето.

Последно од Владата најавија продажба на 45,1% државни акции во МТ, со почетна цена од 275 милиони евра, до крајот на мај. Останатите два отсто државни акции најверојатно предизборно ќе им се поделат на вработените согласно купопродажниот договор. Побитно од нечие евентуално омрсување од продажбата, е што конечно државата ќе може понепристрасно да ја извршува својата регулаторна и контролна улога.

Влијанието на МТ нема сосема да исчезне, зошто ќе остане можноста за делегирање на „врвни“ менаџери по партиска линија и вршење набавки преку подобни фирми. Зачувувањето на традициите е мошне битна ствар за културниот идентитет на секоја заедница, нали овај. Барем нема да ги гледаме оние комични натегања за висината на дивидендата, проследено со покачување на цените.

Пред да отвориме шампањско, останува да видиме дали ќе има доволно заинтересирани за реализација на продажбата. Сепак се шитка малцински пакет акции, а Унгарците имаат фин историјат на штимање на добивката и дивидендите кои се исплаќаат на сопствениците.

12 април, 2006

Broadband како право, а не привилегија

8 Mb/s, 40 гигабајти месечен download, неограничени повици во локалната и националната фиксна телефонија и неограничени меѓународни разговори во фиксната телефонија за 28 земји. Колку би чинел ваков пакет? Бубрег? Два?

Carphone Warehouse, британски продавач на мобилни телефони со телеком амбиции, ја промовираше својата услуга TalkTalk за 21 фунта, т.е. помалку од 1900 денари (со ДДВ).

Charles Dunstone, извршен директор на Carphone:
For too long the British public has been charged costly fees for high speed internet access, or has had to use slow internet connections.

From today, broadband is a right, not a privilege.
Фирмата најави дека е спремна да инвестира во пазарот дури и по цена на краткорочни загуби, концепт што е тотално непознат за нашите провајдери.
Carphone Warehouse will make a loss of £50m on the business this year, but hopes to make a £40m profit by 2008. By then the firm also plans to have paid off the start-up costs for the service, estimated at £110m.
Огромниот пад на цените за телефонија и DSL е овозможен со процесот на разврзување на локалната јамка на British Telecom - со кој на конкурентите им се овозможува да ги користат телефонските жици на BT за рамноправно да им нудат услуги на корисниците. Ваквиот процес во Британија започна во 1999 г. кога локалниот регулатор (Ofcom) му го наметна на British Telecom. Во 2004 г. беше заклучено дека Британија заостанува во поглед на цените и бројот на „разврзани линии“ во однос на остатокот од Европа. Како одговор Ofcom ги лимитира цените на BT за изнајмување на линиите и забрани намалување на големопродажните цени на АДСЛ пакетите на BT, се додека бројката на разврзани линии не достигне 1,5 милиони. Досега се разврзани 360 000 линии, а нивниот број расте за 15 000 секоја недела.

Во меѓувреме, нашите пулитичари гордо изјавуваат дека цените не се приоритет во Европа, а АЕК и Владата „се расправаат“ кој бил повиновен за заглавената либерализација.

10 април, 2006

Смрт на дефетизмот, да живее виртуелноста

Јани Макрадули, пратеник и претседател на КИТ, на својот тазе блог предизборно објави војна против сите дефетисти кои не ја споделуваат неговата одушевеност од виртуелната реалност наречена е-Македонија. На прво место на листата на народни непријатели ги стави оние што тврдат дека Македонија има мал број интернет корисници. Авторот победнички цитира бројка од Internet World Stats од 19,2% за 2004 г., каде како извор е наведен Заводот за статистика. Ако се потрудел да ја надмине површноста и да се распраша директно во Статистика за значењето на ваквата бројка, ќе дознаел дека таа се однесува на сите што пристапиле на интернет барем еднаш во својот живот.

Колку е ова релевантен показател за интернет пенетрацијата? Наместо да заменуваме тези, по стоти пат да ги разгледаме потврдените бројки. Еуростат има повеќе показатели за интернет пенетрацијата, од кои ќе издвојам три. Првиот се однесува на оние што имаат интернет пристап од дома. Според Статистика, во 2004 таква среќа имале околу 11% Македонци, а според АЕК околу 6%. Просекот во ЕУ е 43%.

Вториот показател што го користи Еуростат е процентот на редовни корисници на интернет. Оваа категорија ги опфаќа сите меѓу 16 и 74 години, кои користеле интернет, во просек барем еднаш неделно, во последните 3 месеци пред истражувањето. Просекот во ЕУ за 2004 е 38%. Во Македонија, Статистика во пресметката ги вклучила и лицата со 15 години и со нивна помош стигнала до бројка од 15% редовни корисници на интернет. За да нема забуни - овој процент не се однесува на целокупната популација, туку само на оние со возраст 15-74.

Трет индикатор е уделот на домаќинства со широкопојасна интернет врска. Просекот во ЕУ за 2004 е 15%. Истражувањето на статистика не го покрива овој показател, но од истражување за потребите на Европската комисија (PDF) може да се извлече бројка од 0,1%.

Бидејќи се ближат избори, ај да го следиме трендот и да си играме со бројките: по првиот индикатор едвај достигнуваме до четвртина од просекот во ЕУ, по вториот заостануваме за над 60%, а по третиот имаме околу 150 пати помал просек од европскиот. Статистиката покрај за изборни кампањи служи и за акција. Затоа Јани батали го наменскиот оптимизам и објасни ни во нефризирани бројки: Што направи власта за да не доближи до ЕУ на ова поле?

07 април, 2006

Бесплатен интернет преку Google

Ама за Сан Франциско :) Заедничката понуда на Google и EarthLink беше избрана на конкурсот за wi-fi мрежа преку која ќе се обезбеди бесплатен или евтин пристап на интернет за околу 750 000 жители. Целта на конкурсот распишан од градската администрација во септември е да го поттикне развојот и да им помогне на оние што не се уштекани да прејдат во „дигиталната ера“.

Основниот пакет ќе биде бесплатен интернет пристап од 300 Kb/s, а за оние на кои тоа им е малку ќе се нуди 1 Mb/s за 20$ месечно. Најавен е и посебен Virtual LAN за сообраќај за потребите на градот (бесплатно до 300 Kb/s). Се шпекулира дека дека инвестицијата ќе биде околу 7 милиони долари и уште 15 милиони оперативни трошоци во наредните 10 години, целосно покриени од Гугл и EarthLink.

Целиот проект нема да го чини градскиот буџет ни долар. Типично за Гугл, парите главно ќе бидат обезбедени од реклами кои ќе бидат вклучени во основниот пакет. Гугл веќе понуди бесплатен интернет за околу 72 000 жители кои имаат среќа да живеат во неговото седиште - Mountain View, 40 километри од Сан Франциско.

Уште бројки... Мрежата ќе покрива над 125 километри квадратни со околу 12 wi-fi антени на километар квадратен, поставени на улични светилки и на врвовите на зградите. Покриеноста ќе биде околу 95% на отворено и 90% на затворено (ќе биде достапна до првите неколку ката на зградите).

Интересно е што градот Сан Франциско широкопојасниот интернет пристап го смета за универзална услуга. Тоа е бирократски израз за комуникациска услуга која е неопходна за вклучување на граѓаните во модерното општеството и која мора да биде достапна по прифатлива цена и квалитет за сите жители. Македонскиот закон за електронски комуникации воопшто не го вклучува интернет пристапот во групата универзални услуги. Нашата регулатива за вакви ги смета само телефонските услуги. Во пракса ни тие не се такви зошто Агенцијата за електронски комуникации сеуште не распишала тендер за „добавувач“.

04 април, 2006

Додека го пиете утринското кафе...

...вашиот напис пристигна! Не, не можам да се воздржам... морам да пуштам уште еден текст за нашите големи успеси... во подигање Потемкинови села.

Долгонајавуваниот прилог во New York Times конечно се појави. Уште лани се збореше како во него ќе се плука МТ и ќе се фали безжична Македонија.

Macedonia Dreams of One Nation, Wireless

Според авторот, интернет пенетрацијата е 4% ама ако Владата ги оствари своите планови за една година ќе се создаде најголема безжична интернет мрежа. Брејкинг њуз. Владата имала планови.
"One of the benefits of the Macedonia Connects project is that pricing for broadband connectivity went from nearly 120 to 23 euros per month due to the creation of a separate networking infrastructure completely independent of Maktel," said Glenn Strachan, the director of Macedonia Connects. Consequently, Mr. Strachan said, Maktel had to cut its prices to compete.
Ах, што се згодни бројките за манипулација. Цената од 120 евра се однесува САМО за рурални средини без пристап до АДСЛ/кабел. Цената од 23 евра веројатно се однесува на WADSL со двегодишен депозит од над 200 евра.

Е сега, спазете ја логиката. МТ ги симнал цените зошто се исплашил дека нема да може да се натпреварува за муштериите во рурално-неразвиените средини. Хм, што не е во ред овде? АДСЛ-от може да се нуди само на одредена далечина од телефонските централи и само во средини во кои има доволна концентрација на потенцијални муштерии за да се оправдаат инвестициите. Во оние места каде не се исполнети овие услови АДСЛ не се нуди и нема да се нуди без оглед што ќе направи конкуренцијата. Ако МТ ги симнал цените тоа нема врска со селата, туку со градовите, кабелските и пазарот кој е премал и мора да развива.

И да. Колку домаќинства од Долно Забаталено плаќале 120 евра за интернет пристап? Едно? Две? Нула? Колку од нив можат да дадат 200 евра однапред? Колку всушност се приклучени?
The source of the problem, service providers and technology-based businesses say, is that access to the Internet is dominated by the country's telecommunications company, Makedonski Telekomunikacii, known as Maktel. Maktel users say that while they depend on the company, they resent its service, which they say stifles competition in order to retain its substantial profits.
Читате? Ви ја мразат услугата. Делот за државната регулација е најинтересен:
Newcomers in the industry can now compete more freely against Maktel but fear that the government does not regulate the business fairly. The main government telecommunications regulator agrees. "We have a bottleneck," said Kosta Trpkovski, the director of the government regulatory authority. He said his agency did not have sufficient powers to prevent Maktel from trying to restrain fair competition.

...Trpkovski said his agency needed more teeth to help take on the giant phone provider. "For the opening of the market, it is not enough for this agency to work alone," he said. "It needs some consensus within the government."
Еве потврда лично од директорот: АЕК не е регулаторно тело, туку шминка. Служи само за покажување пред странците и за амнестирање на Владата од одговорноста за катастрофалната состојба. Нели, Владата не може да и се меша на АЕК пошто таа е независна. Исто како што е независно и судството. Колку и да му ставате вештачки вилици во штрбавата уста, пак некој ќе се јави во централата да праша: Шефе, денес да мижам со едното или со двете очи?

Написот е објавен и од Internаtional Herald Tribune: Macedonia seeks an affordable way to log on