04 април, 2006

Додека го пиете утринското кафе...

...вашиот напис пристигна! Не, не можам да се воздржам... морам да пуштам уште еден текст за нашите големи успеси... во подигање Потемкинови села.

Долгонајавуваниот прилог во New York Times конечно се појави. Уште лани се збореше како во него ќе се плука МТ и ќе се фали безжична Македонија.

Macedonia Dreams of One Nation, Wireless

Според авторот, интернет пенетрацијата е 4% ама ако Владата ги оствари своите планови за една година ќе се создаде најголема безжична интернет мрежа. Брејкинг њуз. Владата имала планови.
"One of the benefits of the Macedonia Connects project is that pricing for broadband connectivity went from nearly 120 to 23 euros per month due to the creation of a separate networking infrastructure completely independent of Maktel," said Glenn Strachan, the director of Macedonia Connects. Consequently, Mr. Strachan said, Maktel had to cut its prices to compete.
Ах, што се згодни бројките за манипулација. Цената од 120 евра се однесува САМО за рурални средини без пристап до АДСЛ/кабел. Цената од 23 евра веројатно се однесува на WADSL со двегодишен депозит од над 200 евра.

Е сега, спазете ја логиката. МТ ги симнал цените зошто се исплашил дека нема да може да се натпреварува за муштериите во рурално-неразвиените средини. Хм, што не е во ред овде? АДСЛ-от може да се нуди само на одредена далечина од телефонските централи и само во средини во кои има доволна концентрација на потенцијални муштерии за да се оправдаат инвестициите. Во оние места каде не се исполнети овие услови АДСЛ не се нуди и нема да се нуди без оглед што ќе направи конкуренцијата. Ако МТ ги симнал цените тоа нема врска со селата, туку со градовите, кабелските и пазарот кој е премал и мора да развива.

И да. Колку домаќинства од Долно Забаталено плаќале 120 евра за интернет пристап? Едно? Две? Нула? Колку од нив можат да дадат 200 евра однапред? Колку всушност се приклучени?
The source of the problem, service providers and technology-based businesses say, is that access to the Internet is dominated by the country's telecommunications company, Makedonski Telekomunikacii, known as Maktel. Maktel users say that while they depend on the company, they resent its service, which they say stifles competition in order to retain its substantial profits.
Читате? Ви ја мразат услугата. Делот за државната регулација е најинтересен:
Newcomers in the industry can now compete more freely against Maktel but fear that the government does not regulate the business fairly. The main government telecommunications regulator agrees. "We have a bottleneck," said Kosta Trpkovski, the director of the government regulatory authority. He said his agency did not have sufficient powers to prevent Maktel from trying to restrain fair competition.

...Trpkovski said his agency needed more teeth to help take on the giant phone provider. "For the opening of the market, it is not enough for this agency to work alone," he said. "It needs some consensus within the government."
Еве потврда лично од директорот: АЕК не е регулаторно тело, туку шминка. Служи само за покажување пред странците и за амнестирање на Владата од одговорноста за катастрофалната состојба. Нели, Владата не може да и се меша на АЕК пошто таа е независна. Исто како што е независно и судството. Колку и да му ставате вештачки вилици во штрбавата уста, пак некој ќе се јави во централата да праша: Шефе, денес да мижам со едното или со двете очи?

Написот е објавен и од Internаtional Herald Tribune: Macedonia seeks an affordable way to log on

22 коментари:

малиот рече...

Уф кога ќе почнат со вакви вести по странскиве медиуми, да ти се згади.
Као демек некој амер ги чита овие гупости. Замислете се во позиција на некој просечен амер, имаш неограничен интернет онака фрај со кабловската и телефонот, а да не зборам дека на секое чекор по градовите фаќаш free WIFI. И сега читаш дека некаде во некоја си мала државичка која никако неможеш да ја најдеш на карта луѓето си имале проблем со интернетот, кога бе тие јадници воопшто добиле струја?

Денеска слушам на вестиве "министерот ни за транспорт, врски и корупција" дека монополот на телеком муе загарнтиран до 2018 година.
Абе знаат ли они што ќе бидне до 2018, до тогаш во културни држави (а ние за жал не сме ни културна а уште помалку држава)најверојатно ќе ти вградат еден мал WIFI чип да си сурфаш телепатцки, само затвори очи and surf :)

А гледам и дека почнале преговорите за дивиденда од МТ. Е тек сега сме го онаделе ежот, сега Атила ќе ги уценува нашиве почитувани волови со некоја нова финта. Као на пример вие нас ќе ни овозможите АПСОЛУТЕН МОНОПОЛ до 2158 година, а ние ќе ви исплатиме дивиденда од 42 милиончиња.
И Буч потпишуе моментално а ние остануваме да си ги докршиме тастатурите од куцање на постови на форумов.
Додека државата не ги продаде сите акции во телеком, нема апсолутно ништо да бидне со интернетов. Само гледајте ги колку глупости владава направи за да добие 5~10 милиона од ММФ и светска банка, за 42 ехеј има бре да ми дадат бланко дозвола нуклеарна централа во центар на плоштад на направам, а не тамо некоја мала група буљаши се бунела за интернет.

Во претходниов пост Ronaldinjo кажа

"2-3 iljadi da se animiraat po 200 evra kolku bara Onnet i op mreza i za nas i za komercijalnu upotrebu.
"

Јас имам друг предлог, дај да направиме едно десетина појачала од по што знам едно 10 W, и да зрачат во опсег на 2,4 GHz.
Ќе ги распоредиме тактички низ Скопје и ќе чекаме.
Кога ќе им дојде паметот на оннет и слични, ќе седнеме и ќе почнеме преговори за нормално законско зрачење, воведување на културен интернет итн.

Мислам дека оваа тактика ќе биде многу ефективна, па нели Али ахмети и 4000 муџахедини си направија сличен дил со власта, нешто не им се допаѓаше, решија да на еден културен и демократски начин ја убедат власта дека нивните барања се оправдани и оп сега се и они власт, милина и хепи енд.

А после зошто да не ќе почнеме и ние да си градиме своја мрежа, ќе си распишеме тендер па ќе земеме интернет од најповолниот понудувач и дефинитивно се откачуваме он МТШит.


Поздрав.

Анонимен рече...

уште еден пост за он.нет? па дајте не заебавајте, јајца отековте со тоа. ко да е ЈП па ви ги зимаат парите сосила. стварно ме разочаравте, од р-еволуција станавте к-илавење.

Анонимен рече...

Па што, ти пречи ако е за он-нет?

Анонимен рече...

Ова е премногу. Ми го упропастивте утринското кафе. Не можам да го издржам ова лигавење по странски медиуми. Тешко нас од странциве што хараат по земјава за да не "спасат". Стално прават трогателни приказни, демек мало девојче, демек од малцинство, демек од село... Да ги прашаше некој на што ќе сурфаат девојчето и другите девојчиња догодина, кога ќе заврши донацијата. Дали тогаш Телеком Словеније (кој by the way стана среќен добитник на 4.5 мил. УСД странска помош за Македонија) или кој и да е ќе донира гратис интернет на училиштата?
Wireless мрежата за која "сонуваме" и во која инвестираа грдни пари, технолошки ќе држи уште максимум година-две, а после ќе треба да ја извадат и да ја фрлат во ѓубре. Зарем мислат дека уште сто години ќе бидеме среќни со овие смешни WiFi брзини? Ако сакаа да прават безжична мрежа што ќе трае, што не ставија секаде Wimax опрема што работи на лиценцирани фреквенции? Ја читавте ли тајната на успехот на Он.Нет на http://www.netevents.org/events/binaries/Garmisch2006/Cemerikic%20Keynote%20Presentation.doc - читавте ли како нив им текнало да прават мрежа на нелиценцирани фреквенции, зошто било поевтино и не морале да плаќаат грдни пари за лиценци? А прочитавте ли случајно дека според европските стандарди кој важат и кај нас, максимална дозволена моќност е 100 mW, или преведено во растојание од базната станица до корисникот е 300м? И дека ако сакаат да зрачат во рамките на дозволеното потребно е да постават еден тон опрема, што ја немаат, па недозволиво го појачуваат сигналот? Абе луѓе, како глувци ќе испоцркаме од зрачењево на Он.Нет. Ама што се секирам јас без врска? Странциве пак ќе "не спасат". Ние тогаш ќе "сонуваме" за цитостатици, а они "најтранспарентно" ќе распишат тендер што ќе го добие некое америчко претставништво кое ќе купи лекови од некоја америчка фармацевтска фирма.
И за крај...што се однесува до приказната дека прават се за да го разбијат монополот на Телеком, вчера гледав прилог на HTV дека се поизвесно е влегувањето на Дојче Телеком во Телеком Словеније. Тек тогаш кај ќе ни биде крајот од монополот.

volan рече...

Проблемот ни не најмал кај ИСП компаниите кои имаат легитимно право да цицаат профит ако тоа пазарот им го дозволува. Сепак сме пазарна економија.

Проблемот е кај регулаторот на пазарот ако таков има во државата. - Има ли пилот во нашиов авион што се вика Македонија !!??

Тоа кај нас треба да го игра АЕК.

АЕК е проблемот. А секако и вледеачката гарнитура оваа и претјодната, кои изградија систем каде народот бесмилосно се цица и се тера двапати да го гради истиот “мост“.

Еднаш го изградивме телекомот со наши пари. Некој реше дека е добра идеја да го продадеме бидејки сме “лоши домаќини“. И народот го приморавме уште еднаш да го плати...

Некој рече да го продадеме Електростопанство. И го продадовме. Сега народот повторно ке го натераме да го плаќа изграденото електростопанство. Се најавува покачување на цената од 40 посто. А само од наплатата на ненаплатените сметки купецот на електростопанство ке си ја врати инвестицијата. 150 милиони евра е моментално долгот на граѓаните и фирмите кон електростопанство.

Народе Македонски крив е пилотот на авионот што се вика Македонија...

Има ли пилот е прашањето и кој е вистинскиот пилот е посебно прашање...

Решението е просто да се забрани “пилотирање“ на сите досегашни пилоти кои ја “возеа“ Македонија. И трајно да им се одземе дозволета.

volan рече...

Проблемот т.е. решението е пак во електоратот на Македонскиот народ.

Тој дава и одзема лиценци за пилотирање на авионот наречен Македонија.

Анонимен рече...

Да се дејствува дур пишат овие не се опасни, да им се стресат мадинњата страв паника да ги фати, делање, акција у живо

standby рече...

Денеска слушам на вестиве "министерот ни за транспорт, врски и корупција" дека монополот на телеком муе загарнтиран до 2018 година.

Монополот за кој се зборува e на бакарни(телефонски) кабли кои се во сопственост на државата.

иле рече...

Што ке се случува од 10 до 20 мај
Плус ке има саем дали некој од isp во македониа ке излозат нешто на саемот , Се надевам дека и ке спуштат цени и ке понудат некои ФАлт пакети.

По мое и треба тоа да направат ама ке види ме.

И ништо од ова 128 , сеуште е 64 !

Анонимен рече...

нов македонски забавен портал

www.mkxxl.com

Ronaldinjo рече...

Mislam deka NVO-to treba da sostavi edno pismo vo koe ke objasni deka DONACIJATA e vsusnost dadena na privatna kompanija vo koja USAID/SEAF imase investicija i deka istata e prodadena na Slovenian Telecom. Taka da tuka ne stanuva za nikakva donacija za Makedonija nitu za benefit za Makedonija bidejki se raboti za privaten profitabilen kapacitet, a ne za drzavno opstenarodno dobro. Mislam deka Glen Starchan sega si go pokriva dupeto so reklamiranje za da ne ispadne vistinata na videlo. Toa pismo da se isprati do site ovie mediumi koj ja objavuvaat ovaa vest.

pijan рече...

anonimus, abe dobro, go vidovme xxl sajtot. fala mnogu. samo prestani da spamiras.

proba рече...

epa koga nikoj ne se angazira da isprati dopis do mediumite koi sto gi objavile podatocite za nas, stalno strancite ke imaat pogresna slika za mkd...

jas bi napisal, ali epten sum zafaten so obrazovanie.. aj od tie sto siminjaat pornici neka se otkazat od eden za da sostavat i ispratat dopis do mediumite.

verujte, od ovoj haos samo strancite mozat da ne spasat! treba da ne spasat od samite sebe!

Ronaldinjo рече...

Ne mora da ne spasuva nikoj. Mora da se znae vistinata za Makedonija. Dosta e vece glavata dole.

Анонимен рече...

MTNETISTI,ONETISTI,TELAKABELISTI Барате си од своите провајдери FLAT RATE пакети мора некогаш да ви дадат доста беше со нивниот лимит.

Ајде малку бунетесе доста спиете инаку вака ке ве мотаат уште долго време а плус нивните од SUPPORTOT НЕ СЕ ЗАМАРААТ СО ВАС БАШ И НЕ ВЕ УСЛУЖУВААТ ДОБРО.

Владимир рече...

Најава за купување на Кујтеса (Косово) од страна на Словенија телеком.
Исто така словенциве биле заинтересирани за купување и на ИСКОН (Хрватска).

Како што ми изгледа, некои интересни работи се случуваат. Доаѓа до окрупнување на капиталот од интернет компаниите.

Прво, Словенија Телеком го купува Он.Нет.

После тоа има најави за купување на Кујтеса и на Искон.

И на крај има најава за купување на Словенија Телеком од страна на Дојче телеком.

Се ќе отиде во рацете (џебот) на Дојче телеком. За мераци.
После борба против монопол?!?!?

На крај ќе испадне ONE BIG HAPPY FAMILY!

GoodBytes рече...

Еднаш ќе му се види крајот и на монополот кај нас. Само како ќе го издржиме тој период и што ќе се случи со заостанатоста на Македонија во меѓувреме?

Анонимен рече...

ljubco go prodade telekom na ungarci so extra baksis i nekolku vili i patuvanja na jordan gratis za da imaat pak oni monopol do 2018

i sega pak dpmne na vlast ke dojde! pa aman bre luge imate li vie mozok?

bezvrska рече...

Фала на прашање, се уште се наоѓа по некоја сива клетка :)

Ги прочитав коментарите двапати ама не успеав да видам кој рекол дека дпмне е решение.

bezvrska рече...

Искон едно време важеше за главен конкурент на T-Com Хрватска, се дур не беа фатени во некоја чудна поза. Фамилијарна.

За погрешната слика која ја имаат странците и за писмата до медиумите... до типов што го напишал ова уште пред 6 месеци беа упатени малку поинакви информации. Што мислите зошто ги филтрирал? :)

Он.нет како ЈП? Ма остај, според написиве ќе излезе дека се добротворно друштво. Фала за предлогот за к-илавење :)

Анонимен рече...

Има ли јунак што ќе ја објасни целава ситуација со "добротвориве" USAID/MKConnect и ќе ја пушти по нашиве весници? Странските се премногу цензурирани за ваква информација...
Него кажете, сите провајдери ги сменив, и па секој први се чудам каде да уплатам... има ли некој полу-нормален?

bezvrska рече...

Јок. Сите се ненормални.

Рчкање со циганката? А шо ако фрли клетва? Но ако продолжат со вакви бисери нема да ме изнанади и тоа да се случи.