19 април, 2006

Државните акции во МТ на продажба

Дипломатскиот притисок од ЕУ и отвореното лобирање од Американците конечно вродија со плод. Со ова се потврди мудроста на пулитичарот што ги шитна МТ. На времето, соочен со критики во јавноста, насмеан изјави дека одговара само пред меѓународната заедница.

Прво беше објавено дека ќе се продаваат две третини од државните акции, а останатата третина ќе се задржи од „безбедносни причини“. Мистичните безбедносни причини вклучуваа алузии за кризата од 2001 година кога учеството на државата во управниот одбор на МТ наводно донело големи „бенефити“. За кого - не беше појаснето.

Последно од Владата најавија продажба на 45,1% државни акции во МТ, со почетна цена од 275 милиони евра, до крајот на мај. Останатите два отсто државни акции најверојатно предизборно ќе им се поделат на вработените согласно купопродажниот договор. Побитно од нечие евентуално омрсување од продажбата, е што конечно државата ќе може понепристрасно да ја извршува својата регулаторна и контролна улога.

Влијанието на МТ нема сосема да исчезне, зошто ќе остане можноста за делегирање на „врвни“ менаџери по партиска линија и вршење набавки преку подобни фирми. Зачувувањето на традициите е мошне битна ствар за културниот идентитет на секоја заедница, нали овај. Барем нема да ги гледаме оние комични натегања за висината на дивидендата, проследено со покачување на цените.

Пред да отвориме шампањско, останува да видиме дали ќе има доволно заинтересирани за реализација на продажбата. Сепак се шитка малцински пакет акции, а Унгарците имаат фин историјат на штимање на добивката и дивидендите кои се исплаќаат на сопствениците.

10 коментари:

Анонимен рече...

Не би се радувал многу на ова. Причините ги напиша безврска:
-сите “врвни“ македонски менаџери во МТ и МобиМак се таму како награда за партиски заслуги. Од оваа погодност владеачките партии нема да се отказат по никоја цена, тоа не е за продавање. Тоа е дел од “пакетот“ Што вклучува останатиот дел од пакетот добро чувствуваме и тоа ќе остане. Потребно е многу, многу повеќе за вистинска либерализација. Почнете од Директорот на Антимонополската управа. Знаеете каде го запослил синот?
-познатите светски телеком играчи треба навистина да имаат вишок пари за да купат 9.9 % во компанија која ја контролираат Унгарците. МАТАВ и во Унгарија е познат (и неколку пати казнуван) поради “креативно“ толкување на законите, а за штимање на профитот знаат веќе и врапчињата ...

малиот рече...

Мене ми е чудно тоа што она министерчено на прес конфернција изјави дека ќе ги придавале акциите во неколку пакети од по 5%???

Па зар не е поисплатливо да ги продадат сите наеднаш, па така да постигнат поголема цена, ако има големи играчи заинтересирани за акциите најверојатно дека ќе сакаат да ги купат сите во еден пакет а не вака во мали пакетчиња.

Втора исто интересна работа е дека на истата вонредна седница која беше одржана по повод законот за стечајци и негодувњето на ММФ, наеднаш експресно се одлучи да се продаваат акциите. Дали тоа власта гледа да пред избори собере пари од кои ќе се финансираат стечајците и во исто време сака да не ги наљути ММФ-ве? Ем гласови за избори ем "мистер чек ми даш" нема после анално да општи со владата ни.

Сепак најдобро би било да ја прекинеме соработката со ММФ, тогаш барем државава би имала некаква шанса за развој.
Колку би било убаво да веќе нема джавен капитал во МТ, како тогаш АЕК и другиве лешинари ќе се правдаат за комплетната неспособност и хибернацијата во зимски сон што сега ја демонстрираат.

p.s.

Го видовте ли министерчено на прес конференција, нему навистина му преставува голем ментален напор да срочи една нормална реченци. Како да од спиење го трзнале не можеше сирот да се сети што тоа збореле и одлучиле на седница. Со такви ли ќе станеме Европска држава.

Лудница и железарница.

bezvrska рече...

Колку што разбрав, 5,5% ќе оди слободно на берза, а остатокот ќе се продава во четири пакета од по 9,9%. Во договорот со кои се продадоа МТ државата се обврза дека нема да продаде повеќе од 10% на еден инвеститор. Ако има заинтересиран нема да биде проблем преку посредници да стигне до сите 4 пакета.

Парите, ако воопшто има купувач, најверојатно ќе завршат во девизни резерви. Ќе биде добро некој да праша зошто не се вложат за реализација на Стратегијата за ИО :)

АЕК и натаму ќе си има алиби za килавењето. Концесискиот договор со МТ се уште е неревидиран и важи до 2018.

малиот рече...

Еве сега видов на вести Бране and Буч не го потпишуваат законот за стечајците.
Значи без паника ни еден денар од продажбата на акциите на МТ нема да заврши на вистинското место, ниту стечајците ниту народот нема да видат ништо од тоа.

Идат избори треба плакати и флаери да се штампаат, треба зејтин и шеќер да се дава, а од каде пари за тоа?

А за рееализацијата на стратегијата за ИО, па најверојатно некои мамини и татини синчиња (и шмизли) ќе си добијата нови лаптопчиња и FLAT интернет.
После има едно чудо партиски војничиња кои треба да специјализаираат во пуста туѓина, па магистратури, докторати итн, итн, итн.
Секогаш има милион попаметни работи на кои можат да се потрошат државните пари. Еве на пример да почнат ад им даваат пензија остечајците, на што ќе ги потрошат они тие пари? На глупости како на пример леб и млеко, струја и вода?

А што сакавте, па зар на вас да ви дадат брз неограничен интернет стоки пиратски ненаситни, кои без усул сисате порничи и MP3-јки, пробивате по банки и крадете top secrets од NATO и White House.
Ако сега го либерализираат пазарот и ви дадат неограничен интернет што после, ќе сакате бесплатни локални и национални разговори???
Јас стварно не ве разбирам па владата со надчовечки напори ве избаци по степенот на информатичка култура пред такви информатички велесили како што се Бурунди, Зимбабве и Сомалија а вие пак нешто мрчите и се жалите.
Ти ќе им дадеш прст а они...

Они тоа за ваше добро го прават ама не, на стока не можеш да и објасниш, народот е премногу ограничени тоа да го свати.

volan рече...

Моја прогноза е дека ке има многу мал интерес за малцинскиов пакет и Владата по одредено време ке ги повлече акциите од берза.

Потоа ке проба да ги допродаде акциите во четири очи.....

Анонимен рече...

Maliot za sto nikoj ne se bunese dodeka ne bese ogranicuvanjeto i doplakanjeto , Dali nekoj barase nesto ??? Aj kazi mi !

малиот рече...

Се јавија мамините синчиња:

Anonymous said...
Maliot za sto nikoj ne se bunese dodeka ne bese ogranicuvanjeto i doplakanjeto , Dali nekoj barase nesto ??? Aj kazi mi !

Навистина незнам што да му одговорам на ваков тип на пацијенти. Просто ми е неразбирлив начинот на кој им функционира мозокот.

Ај да земеме една реална споредба. Нека Макпетрол или било кој друг "пумпаш" воведе flat rate за бензинот (или дизелот не е важно). Си купуваш една картица која чини еве на пример 3000 денари и со неа имаш право да си полниш неограничено количество на гориво во својот автомобил. Плаќаш иста сума секој месец а ти според твоите потреби возиш колку сакаш, помини 1000 km или 1 km цената е 3000 денари.

ДАЛИ ТИ АНОНИМУСЕ БИ СЕ БУНЕЛ НА ВАКВАТА ПОЛИТИКА НА ПРОДАВАЧИТЕ НА ГОРИВО ?????????????????????????

ТОА ВО ПРЕВОД ЗА ОНИЕ СО НИЗОК КОЕФИЦИЕНТ НА ИНТЕЛЕК, ОДНОСНО ПОЛТРОНСКИ ШПИУНЧИЊА, ОДНОСНО ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ И ГОРДИ КОРИСНИЦИ НА САМО ЕДНА ФУНКЦИОНАЛНА МОЗОЧНА ЌЕЛИЈА ЗНАЧИ:


З_А_Д_О_В_О_Л_Е_Н К_О_Р_И_С_Н_И_К


Е тој корисник МТШит го изгубија.
И само на основа на мизерната конкуренција и монополската позиција која МТШит ја има во моментов тие сеуште имаат одреден број на корисници. Кога во оваа држава би владеело правото и би се почитувале законите и тоа Европски вид на закони а не овие нашиве кои се полни со дупки, тогаш состојбата би била многу поразлична него сега, и корисниците би биле задоволни а јас не би ја арчел тастатурава и своето време на такви пациенти како тебе г-дине Анонимус.

Најтрагично е тоа што интернетот во сите културни држави е неограничен, драстично попристапен на граѓаните и многукратно побрз. А користењето на интернетот е вообичаена и насушна појава како за поединечните граѓани така и за фирмите. Исто како што кај нас е вообичаено гледањето на телевизија или користењето на телефон (иако на ова последното се повеќе се гледа како на луксуз).

Но за жал ова не ни културна а уште помалку држава, а во таква т.н. држава за жал просперираат примеоци како што си ти Анонимусе.
Обично се влечат на партиско-роднински врски, а во околината се препознаваат по паѓањето во транс при слушање на турбо фолк, или кога ќе се изговори името на Цеца, Карлеуша, Азис и нормално името на лидерот на партијата на која дотичниот пациент е член.
И што е најлошо на основа на својата заостанатост и зачмаеност се поставени на високи и одговорни места. А поради тоа и нивните неверојатно генијални и далекусежни одлуки цената ја плаќаат граѓаните.

Анонимен рече...

do Maliot , kako prvo ne se sporeduva benzin so internet. I isto taka i 20 - 30 gb da ni dadea ke bese dobro !

A kako moze da plakas benzin za 3000 a ti stavaat za 1000 ? Dali ke bides zadovolen.

Kako moze drugite drzavi da imaat flat paketi ili 20 - 30 gb transfer za mnogu poevtena cena ! NE zezaj , ne sum ni partiski opredelen izleda deka ti nesto ne razbiras !

Dread Knight рече...

малиот said...
а во околината се препознаваат по паѓањето во транс при слушање на турбо фолк, или кога ќе се изговори името на Цеца, Карлеуша, Азис и нормално името на лидерот на партијата на која дотичниот пациент е член.


На здравје да ми ти е батко, крв да ти се стори :)
Анонимз, да ни кажеш што добиваш од мтнет за вакви глупости што постираш? Нелимитиран, поефтин, побрз нет? Се намножија чпиони и саботери. Не забораваш дека некогаш ке им скурчиш па ке те откачат и тебе и нема веке нет преку грб на своите другарчиња. После ке осетиш што значи да те стрижат и ебат во исто време, ама касно ке ти биде зашто назад нема.

Анонимен рече...

Зошто се буните толку никој не рече дека ги бранам Мтнет .