20 април, 2006

Е-трговија со сонценце

Интернет шопинг во обид. Од Македонија обично завршува со вакви thank you and fuck you писменца. Околу 25% од он-лајн трансакциите од земјава се поврзани со измама или некој друг вид злоупотреба. За да се минимизира ризикот, најлесно е сите во земјава да не прогласат за платежни терористи.

Некои он-лајн продавници одат дотаму што блокираат по IP адреса. Ако е од некоја од „сумњививе“ земји, одма предупредуваат да не губиш време. Тоа лесно може да се заобиколи со употреба на прокси, ама на следната кривина ќе те начекаат со идентификација на земјата каде што е издадена платежната картичка.

MK Connects покрена иницијатива за соработка меѓу поважните провајдери за да се симне Македонија од црните листи. Не сум сигурен дека тоа е доволно. Рејтингот за е-трговја на една земја зависи и од интегритетот на банките кои ги издаваат картичките, а нашиве баш не котират високо. Посебна приказна е испораката. Не еднаш ми се случило да налетам на наш шпедитер со рекетарски манири, или од Пошта да добивам отворени пратки. Јеби га, ќе си купувам македонски производи... или уште поарно - ќе штедам.

31 коментар:

volan рече...

Сево ова е последица и рефлексија на вистинските случувања во земјава.

Па се чудиме зошто не изолираат.

Луѓе болни сме од арамиски навики, а тука во државата арамиите се штитат од државни институции (судство, полиција ...).

Арамиите си имаат своја држава и се додека не се смени оваа состојба ке бидеме изолирани и ставени во карантин.

Додека..... не се случи вистинска р-Еволуција.

volan рече...

Каква е-трговија кога банките ни ги владеат политичките партии на власт.

Сите ујдујрми на политичарите ги пратат банките.

К**то и мурто партиите си имаат свои банки.

Едните ја владеат Комерцијална, другите Македонска...

Е кој светски банкарски бредн ке влезе во ваква држава каде владеат к**то и мурто партии.

Влезе Грчка банка за да ги штити своите инвестиции.

Влезе Словенечка банка од истите причини.

Од истите причини сега треба да очекуваме само некоја помалку позната Австриска банка да влезе и толку, за сега... Додека не ја продадеме водата што ја пиеме, патиштата и мостовите ....

Додека не влезе некој бренд со сериозна инвестиција, нема да влезе ниедна банка со светско реноме...

А да заборавив, можеби годинава ако се ребрендира МТ, ке очекуваме и некое банкиче од Германска провиниенција...

Владимир рече...

Ова што се случува е последица од неколку годишната STOLEN CREDIT CARD манија, каде што се живо и диво се нарачуваше од интернет и сето тоа на туѓа сметка.

Се разбира дека тоа не е единствената причина, но тоа е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА.

Е сега, молим лепо, поради тие стотина (не верувам дека се повеќе од илјада, ако грешам поправете ме) поединци и помали организирани групи, ОСТАНАТИТЕ, ни криви ни должни ќе го плаќаат цехот.

Извалкана е македонската IP адреса, а исто така извалкано е и името Македонија, а на крај извалкан е и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД што е така колективно ЖИГОСАН како ИНТЕРНЕТ КРИМИНАЛЦИ.

Ќе треба време да пројде за да се промени ваквата ситуација, а дотогаш ќе се "ЗАДОВОЛИМЕ" со ваквиот ОГРАНИЧЕН пристап до благодетите на Е-трговијата.

Анонимен рече...

dosega sve sto mi doslo od posta mi stignalo otvoreno, za sreka rabotite bile unutra. Inace najlegalno si naracav neso od amerika, si plativ po western union, mi stigna avionski za 4 dena turbo :)

Анонимен рече...

Do sega ne sum imal problem so placanje preku Amazon so Diners. Pratkata normalno stiga otvorena posto mora da pomina na carina ali nemalo problem.

maelstrom рече...

Од nuclearblast.de ми стигна нарачката. Отворена. Ми наплатија царина 2000 денари. И тоа за 3 маици и еден блузон. Ако не платев, немаше ништо да земам, па ептен ќе бев у загуба. Колку-толку, вака е ОК :) Инаку, платив со MasterCard.

Познавам неколку души што купуваат со "крадени" картички. Ама многу купуваат :)

Анонимен рече...

Фали носење на закони кои ќе ја уредат оваа област, но и нивна целосна имплементација.
Познати ви се законите:

Закон за информатичко општество,
Законот за електронска трговија,
Законот за Cyber Crimе,
Подзаконски акти за електронски потпис
????

Од друга страна треба да се усогласат сите закони - постојни и нови кои се поврзани со оваа област.
Ајде сега да тргнеме по ред за секој закон поединечно да се види што треба да се направи. Не само што треба напорна работа, туку треба и политичка желба за тоа. Политичката “желба“ се јавува само ако има развиен пазар, односно голема бизнис
заедница за да притиска за ова прашање за да се отворат пазарите.
Сега доаѓаат изборите, ќе се зезаме 6 месеци минимум за формирање на Влада, па ке им дадеме 100 дена да се консолидираат итн итн..
Можеби спасот е брзо продавање на акциите на АД МТ и ставање крај на модерното “економско“ ропство под кое беше целата држава а посебно одредени кругови блиски до власта.

Анонимен рече...

abe ja poznavam tip sho kupuvase penkala od 150 funti so logo na manchester junajted.. cisto za kurtashak.. epa sea radi takvite nie go jedeme

Владимир рече...

maelstrom said...

Познавам неколку души што купуваат со "крадени" картички. Ама многу купуваат :)


Anonymous said...

abe ja poznavam tip sho kupuvase penkala od 150 funti so logo na manchester junajted.. cisto za kurtashak


Тоа и ми беше зборот, неколку коментари погоре.

Поради некое ситно малцинство, ќе си го носиме жигот и сите реперкусии што идат со него.

Бујрум!

Анонимен рече...

Плаќање со крадени кредитни картички има иако непознавам директно ниту еден шо го има правено сепак од од приказни од по чаршија слушам дека го има.

Сепак ние сме ставени на црните листи порадни нашата севкупна состојба, а не поради некое маплцинство што крадело со кредитини картички.

Ние сме многу мал број, а и процент по број на измами на интернет, благодарение на МТ шит и малиот број на корисници на интернет во земјава.

Најголемиот број на кражби на интернет сепак се прават во САД, а дури после идат фалените Руси и неспомнуваните Израелци кои се едни од најголемите хакери на нетов. Сепак никој не го блокира Израел, а како што гледам ни Русија.

Како што реков сето ова е последица на севкупната состојба во нашата земја и оценката за неа, во Credit Card processing кругови кои имаат цврсти врски со банките кои ги диктираат условите, а мислам дека знаете како банките ги формираат проценките за некоја држава. Тие не гледаат колкав е процентот од кај нас и дали се 25% едноставно ги земаат проценките од финансиските институции за рејтингот на одредена земја и таму те сместуваат!

Анонимен рече...

nasite banki se problemot, a ne lugjeto sto nelegalno kupuvale gluposti

Анонимен рече...

naprotiv, bash radi tie glupavi "credit card frauds" (moze ne bile mnogu, ali bile dovolno da ne "primetat") nie sme na lista ne zemji od kaj so ne mozes da kupis skoro niso so kreditna/debitna kartica, nemozes da se registriras na paypal, ne mozes da kupuvash eftino na ebay, so drugi zborovi nemozes da si go koristis i ovoj dovolno beden internet shto go imame.

Анонимен рече...

naprotiv, bash radi tie glupavi "credit card frauds" (moze ne bile mnogu, ali bile dovolno da ne "primetat") nie sme na lista ne zemji od kaj so ne mozes da kupis skoro niso so kreditna/debitna kartica, nemozes da se registriras na paypal, ne mozes da kupuvash eftino na ebay, so drugi zborovi nemozes da si go koristis i ovoj dovolno beden internet shto go imame.
-----------------------------
Тоа што го велиш не е точно. Убаво обрзложив претходно.
Ние не само што учествуваме како мал процент во фрауд на интернет, туку и нашата полиција без проблем ги лови таквите случаи (ако се побара од Интерпол се разбира).

Ниедна банка не донесува заклучоци само во однос на нивната статистика за фрауд. Едноставно си земаат извештај-препорака за таа земја од реномирани финансиски институции и така те рангираат.
Ако приметиш на сликата има уште еден дел во кој се банирани земји од политички причини.

Ако некој не е запознат пред неколку години Godady ја банираше Македонија под образложение дека сме биле најголема спамерска земја заедно со Гана??? Тоа беше политичка одлука, најверојатно по некоја препорака, можеби грчко лоби кој знае. Се се среди по признавањето на САД на нашето име. Ние ниту сме биле ниту ќе бидеме спамерска земја во догледно време, се разбира во глобални рамки.
Едноставно како и со визите нема бре визи додека не си ги средиме законите и институциите. Така нема бре интернет шопинг додека е ваква економски нестабилна земјава.

Анонимен рече...

Nema veze ovoj sve, deka ne vaziv nasi kartice u stransto.
Ja si kupuju i sendvici sas Master od Komercijalnu.
Sve si e toj zimi da te lazam.Svi primav nas Masters.
Cela garderoba mi e nabavena preko internet i nikoj nikad ne mi napravija problem za toj deka master mi e od MK.

Перо Шванц рече...

Нема врска дека нашите картички поради рејтингот на банките не функционираат за е-шопинг.
Јас знам дека сите пошти доставуваат листи до МВР за стигнати пратки (и брзите пошти и стандардната ни Мак. Пошта) Тие списоци се споредуваат со списоци добиени од Масстер Виза и другите. После неколку пати се утврдуваат луге кои купуваат со фејк картички. Јас знам барем двајца што елегантно попиле кривична пријава, и од МВР им заплениле машини у моменат. Инаку, знам и дека неколку се уловени при подигање на пратките, а неколку дури со дадена адреса на баби и стрини, исто така се уловени.
Поспоро иде очигледно ама ке се среди.
Засега се попиени вкупно 37 кривични, и интересно е дека деците седат во притвор барем 48 часа.

driveNOT рече...

Проблемот е во нашиот судски систем. Ако има нелегално користење на кредитни картички, странската банка/фирма може да пријави, па типацот може да биде фатен. Арно ама, нашиве се’ нешто не фаќаат. Зошто? Па со такви работи не се бави селанецот од некое село, туку деца на јаки луѓе, со грб, со врски во политиката.

Инаку, јас секогаш успевам да платам преку интернет. Како? Па, кога првиот пат картичката ќе ми биде одбиена, им праќам e-mail и им објаснувам дека јас сум вистинскиот сопственик на картичката. Им нудам да им пратам слика на картичката и на мојот пасош. Им кажувам дека ги разбирам што мораат така да постапат, поради нелегалните употреби на картички од Македонија, но и дека јас не сум еден од нив.

И секогаш после ваков меил, успевам да платам.

Некои фирми немаат гајле дека сте од Македонија. На пример: 2checkout.com. Побарајте го нивното лого на сајтовите и ќе си платите без проблеми.

Анонимен рече...

Абе остајте тоа кредитни картички, ајде некоја информација за новините што следат од МТшит.

Се надевам нема пак да направат утка и повторно да ја промашат целата поента како што правеа досега.
Еве кај е 1 мај.

Анонимен рече...

Па и не е баш за оставање ова со кредитниве... Пошто е директно поврзано со употреба на интернет, и е еден значаен фактор кога се напоменуваат важните страни на неговата употреба... А и ни страда економијата ради претерано користење на кеш (како никаде во „нормален“ свет).. Све си е поврзано.. Ако луѓето знаат дека е подобро да се користат кредитни картици ради „тие и тие“ разлози (меѓу кои е и купување без да мрднеш од дома преку интернет), ланчано ќе почне све да си доаѓа на место...

Александар З рече...

Paypal не ми ни треба кога го имам moneybookers.com (на првите има еден куп поплаки, додека вториве се врзани со Skype). Ти треба само валидна имејл-адреса и сметка во локална банка - чиста работа.

Анонимен рече...

da,znam, moneybookers dozvoluva account od makedonija, treba da imas samo devizna smetka... Plus moze da se iskoristi i za onie "pay per click" sajtovi.. ama sepak, paypal e vrzan so ebay a tamu se naogaat raboti za kataljarda pati poeftini nego tuka.. a ne mozeme da gi naracame... A ,nogu malku sajtovi dozvoluvaat plakanje preku moneybookers..

Анонимен рече...

A sto e muabetot so toa sto sprema MtNet posle 1-vi maj? Ima nekoj nekakvi zadkulisni informacii kolkavo ke bidi namaluvanjeto na cenite, eventualno nesto so limitot na ADSL-ot?

Анонимен рече...

врти сучи МТНЕТ пак мора да попушти кај да се за им завршува договорот на многу луге !!!

Па нека вртат после теткиците на телеефони нова понуда.

Плус ке има и саем треба да пуштат они нешто

Перо Шванц рече...

Не очекувајте сензација од МТ-Нет, Веројатно е само препакетирање и ништо особено. Сите префрлени на кабловски се повеке од задоволни иако сега провајдер на кабелџиите е токму МТ-Нет. Спуштиле гаки (цени) за кабелџииве и оп кабелџииве се пребациле на нив. Веројатно интернетот на Неоком преку Косово е поскап, а и Телеком почна да си го тера еврејскиот принцип, да има мал ќар, ама да не седи џабе.
Теленет (за Телекабел незнам) дневно тура помеѓу 20 и 30 модема.
На телеком исто му се фаќа од каде ке ги земе паричките.(Веројатно дел и кеш - Маѓарите се познати по тоа) Битно е да се пропрани. И така за кабловска ни ф од фискална не добивате. Убав испран кеш.

Анонимен рече...

malce offtopic: poglednete gi sega sajtovite na www.mt.com.mk i na www.t-com.hr ... Isti se, samo ushte da se smeni logoto na mt i da se stavi rozeva boja :) Kje bidnue skoro rebrendiranjevo a :)

Анонимен рече...

За каква фискална зборуваш за сметки. Да не добиваш ти фискална за сметката за струја?

Анонимен рече...

http://mkdev.pweb.info/FORUM/viewtopic.php?t=13


anketa

Перо Шванц рече...

"За каква фискална зборуваш за сметки. Да не добиваш ти фискална за сметката за струја? "

Не добиваш, но сметката за струја не ја плаќаш на врата на инкасатор, туку на шалтер во банка/пошта жирално. Тука нема потреба од фискална бидејки се евидентира директно на сметка на давателот на услуга. А вака ти коа ги даваш парите на тој инкасаторот на врата они ти даваат некоја си потврда за платена кабловска и никогаш не знаеш дали парите ги туриле на нивна сметка (и за тоа им е обрачунат и платен данок) или си ги збрцале директ у џеб.

Јасно?

Анонимен рече...

И сметката кабловска може да се плаќа во пошта и на шалтер.
Инаку јас сметката за вода ја плаќам на инкасатор на врата па ми дава само потврда и тие затајуваат данок?

Ти нешто посебно да не си запознат за Законот за ДДВ што го тврдиш сето тоа?

Во сметката е пресметан 18% ДДВ, а тие дали ги пријавуваат и колку претплатници кријат си имаат начин да утврдат надлежните, ако сакаат.

Јасно?

Перо Шванц рече...

"И сметката кабловска може да се плаќа во пошта и на шалтер."

- 99%од корисници плаќаат кеш на врата или кај нив у такозван пункт

"Инаку јас сметката за вода ја плаќам на инкасатор на врата па ми дава само потврда и тие затајуваат данок?"

- Не, Јавно претпријатие се, немаат потреба да затајуваат данок, нема да ги турат парите у џеп.

" Во сметката е пресметан 18% ДДВ, а тие дали ги пријавуваат и колку претплатници кријат си имаат начин да утврдат надлежните, ако сакаат."

- Да, ако сакаат, или добиваат у џепче за да не сакаат.

volan рече...

Фуере: Урнете го монополот на Телеком

Европската Комисија вчера уште еднаш побара да се урне монополот на Телеком за да се отвори телекомуникацискиот пазар во земјава.

Ерван Фуере, специјалниот претставник на делегацијата на ЕК во Македонија изјави дека Комисијата не е задоволна од либерализацијата во телекомуникацискиот сектор и бара веднаш да се укинат концесиските договори на Македонски телекомуникации, Мобимак и Космофон.

Оваа порака од Унијата ја пренесе Фуере непосредно пред почетокот на проектот "Техничка помош во телекомуникацискиот сектор" што го финансира Европската агенција за реконструкција (ЕАР).

Специјалниот претставник на ЕУ рече дека процесот на либерализација на телекомуникацискиот пазар во Унијата почнал пред 20 години, а како резултат на тоа во 25 земји-членки веќе работат повеќе од 2.500 фиксни оператори, 93 проценти од Европјаните имаат мобилни телефони, а во осум од земјите-членки таа бројка изнесува сто проценти.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Коста Трпковски, најави намалување на цените за интерконекција меѓу операторите.

http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=27206

Анонимен рече...

Пред едно година и пол го открив сајтот алибаба точка ком (најголем светски трговски портал)и таму исто така имаше предупредување дека од нашава земја нема аир и дека се сите преваранти. Кога го контактирав еден од администраторите и го прашав због заради зашто така напишал и дали има релевантен пример, чоеко врска немаше зошто и по 24 часа наместо Македонија стоеше „некои земји од југоисточна европа“. Значи сите што не сакаат да не дружат одат по некоја инерција од некој извештај издаден од пред 5-6 години...Иначе ако се видат сумите збирно кој од каде најмногу кради мислам дека ние ке бидиме на последно место, зашто нашиве морончиња не знаат асолно и да крадат...туку ете купуваат глупости од 100-200 долари...наместо да си купат и-голд и сл...