12 април, 2006

Broadband како право, а не привилегија

8 Mb/s, 40 гигабајти месечен download, неограничени повици во локалната и националната фиксна телефонија и неограничени меѓународни разговори во фиксната телефонија за 28 земји. Колку би чинел ваков пакет? Бубрег? Два?

Carphone Warehouse, британски продавач на мобилни телефони со телеком амбиции, ја промовираше својата услуга TalkTalk за 21 фунта, т.е. помалку од 1900 денари (со ДДВ).

Charles Dunstone, извршен директор на Carphone:
For too long the British public has been charged costly fees for high speed internet access, or has had to use slow internet connections.

From today, broadband is a right, not a privilege.
Фирмата најави дека е спремна да инвестира во пазарот дури и по цена на краткорочни загуби, концепт што е тотално непознат за нашите провајдери.
Carphone Warehouse will make a loss of £50m on the business this year, but hopes to make a £40m profit by 2008. By then the firm also plans to have paid off the start-up costs for the service, estimated at £110m.
Огромниот пад на цените за телефонија и DSL е овозможен со процесот на разврзување на локалната јамка на British Telecom - со кој на конкурентите им се овозможува да ги користат телефонските жици на BT за рамноправно да им нудат услуги на корисниците. Ваквиот процес во Британија започна во 1999 г. кога локалниот регулатор (Ofcom) му го наметна на British Telecom. Во 2004 г. беше заклучено дека Британија заостанува во поглед на цените и бројот на „разврзани линии“ во однос на остатокот од Европа. Како одговор Ofcom ги лимитира цените на BT за изнајмување на линиите и забрани намалување на големопродажните цени на АДСЛ пакетите на BT, се додека бројката на разврзани линии не достигне 1,5 милиони. Досега се разврзани 360 000 линии, а нивниот број расте за 15 000 секоја недела.

Во меѓувреме, нашите пулитичари гордо изјавуваат дека цените не се приоритет во Европа, а АЕК и Владата „се расправаат“ кој бил повиновен за заглавената либерализација.

27 коментари:

bezvrska рече...

за да не ме обвинат за заведувачко рекламирање одма да ставам една ѕвездичка:
* брзината од 8 Mb/s е максимум, а во реалноста се проценува дека брзината главно ќе биде „само“ 2 мегабита :)

insider рече...

Бандо блогерајска сега е време за акција... Од инсајдерски извори (поуздани верувате ми) во едно наше Министерство кое би требало да влијае на ... овие состојби... самежливо кружи идеја да броадбендот (барем некаква форма) биде НАМЕТНАТ како дел од Универзалната услуга.
... Од други инсајдерски извори (пак сигурни) Македонија на основа она што го има закопано во земја (бакарот и оптиката на МТњет) и по брдата (воглавном од ОНњет) ИМА РЕАЛНА ШАНСА ДА БИДЕ ЕДНА ОД ПРВИТЕ ЗЕМЈИ ВО КОИ ББ (не мислам Брижит Бардо) Ќе биде наметната како обврска. ..
Наместо да јадеме бескрајно бурек и други (не)прехрамбени артикли по блогови и сл. да удриме со МАСОВНО барање САКАМЕ БРОАДБАНД ДЕЛ ОД УНИВЕРЗАЛНАТА УСЛУГА, СЕГА!!!
Во предизборието партиите(верувам сите) тоа сигурно Ќе го ветат, а потоа , на оној што ќе победи ќе му се качиме на глава, ќе го фатиме за гуша да го тоа и исполни.
Штета е сето она што се има инсталирано да седи неискористено, бидејќи батките сакаат брз, екстра профит...
Ќе го добијат но во подолг рок, по помалку ... од повеќе луќе...
Удрете со писма, пораки, СМСови и се друго до весници, телевизии, кој каде има врски...
Доста ми е од вакви детски играчки од дајл-уп или броадбанд од ФАНТАСТИЧНИ (пази молимте) 128кбпс...

bezvrska рече...

За ваков предлог се размислуваше уште кога Транспорт и врски ја објави предлог времената стратегија за универзална услуга. Ама ко за беља во Законот за ел. ком. под универзална услуга во член 33 подразбираат само телефон и спази молим те „комуникации преку факсимил и пренос на податоци со брзина од минимум 2400 бит/с;“

Така да, 128 Kb/s се авион :)
Ама чим некој мислел во оваа насока, може да се проба.

Анонимен рече...

bezvrska, 2400 bit/sec e standard za terminalna i teleprinter usluga i zato se taka staveni. Mislam deka so ova treba dase napadne Jani na negoviot blog

bezvrska рече...

за факсимилот...де бре па вие што сте сериозни не може човек да се нашали.

insider рече...

Моменталната дефиниција за универзална услуга е само МОМЕНТАЛНА. Се работи за легилсативна иницијатаива таа да се менува , т.е. да се зголемува секоја година колку кбпс (или Мбпс) се смета за УНИВЕРЗАЛНО ПРАВО!
Наскоро треба да се работи Национлна стратегија за Броадбанд... Сега е време за акција...

Анонимен рече...

абе шо ве снема сите , кај сте

snopy рече...

se sprema nesto jako, znaes ona posle zatisje doajga bura :)

volan рече...

http://www.telekom.cg.yu/adsl-more3.asp
ADSL paketi
1. STUDENT paket 512/128 Kbps, 5 GB, 19.90 eura, PDV uračunat http://www.telekom.cg.yu/adsl_st.asp Ugovor se potpisuje na period od 12 mjeseci. Ugovor se može raskinuti poslije 10 mjeseci, uz obavezu izmirenja prethodnih dugovanja.
2. ADSL M paket 512/128 Kbps, 10 GB, za fizička lica: 29,99 eura, za svaki dodatni GB plaća se 7,99 eura. PDV nije uračunat u cijenu
3. ADSL L paket 1024/256 Kbps, 20 GB, za fizička lica: 42,99 eura, za svaki dodatni GB plaća se 7,99 eura. PDV nije uračunat u cijenu
4. ADSL XL paket 2048/512 Kbps, 84,99 eura, za svaki dodatni GB plaća se 7,99 eura. PDV nije uračunat u cijenu

Eve kakvi se ADSL paketite na telekom na Crna Gora.

Napomenuvam deka i crnogorskiot telekom go kupi Madjar telekom - i toa so dividendata od Makedonskiot telekom....

Pa sega vidite, Moi Trpcinja,Trajcinja i Mircinja...

volan рече...

Зошто Македончето Ќути, Трпи, Трај...
ГРАЃАНИТЕ ЕМ НЕСРЕЌНИ, ЕМ НЕ ПРОТЕСТИРААТ-ФЕНОМЕНОТ, ДЕФИНИТИВНО, ЗАСЛУЖУВА СПЕЦИЈАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА, ИАКО ЕКСПЕРТИТЕ НАЈЧЕСТО ТОА ГО ОБЈАСНУВААТ СО МЕНТАЛИТЕТОТ НА НАРОДОТ

ПРИЧИНИ ЗОШТО:
-Менталитетот на народот, кој е подготвен да трпи се
-Преферираат да се затворат во себеси, отколку да се експонираат во јавноста
-Очекување самиот систем да им ги реши проблемите
-Социјалната несигурност
-Стравот од репресија
-Со протести нема да постигнат ништо, а можат да ја изгубат работата или да одат во затвор
-Отсуството на самоиницијатива на граѓаните
-Протести има кога ќе им дојде нож до коска на граѓаните, но тие не се организирани и затоа не се масовни
-За успешни протести, мора да има т.н. агенти кои ќе ги мобилизираат граѓаните
-Менталитетот на нашиот народ е авторитарен
-Нема никаква самоиницијатива, секогаш чека некој друг да ја заврши работата
-Синдикати и Политички партии немаат моќ за мобилизација, поради изгубената доверба кај своите членови
-Апатичност на граѓаните
-Не може да се создаде критична маса која би излегла и би протестирала
-Во генот на македонскиот народ е да трпи
-Студентите, кои насекаде во светот се движечка сила на сите протести, во земјава не покажуваат никаков интерес своето наталожено незадоволство да го изразат отворено

Ova go prenesov od mojot blog tuka, za da vidite zosto......

daywalker рече...

Јас лично нешто не сум одушевен со цените и понудата на црногорскиот телеком. Creepy prices and services, i should say...

Волан, со вакви ли понуди треба да се споредуваме или...? Маџарите, изгледа, само во Унгарија даваат услуги без капаче, на други места дерат.

Анонимен рече...

poloshi se crnogorcive, kaj 30evra (bez danok),kaj pospor ADSL nego nashiot, baska nema usporuvanje nego 1GB posle toa 8 evra doplata..

volan рече...

Има една работа што кај црногорците повеќе ми се допаѓа, а тоа е нудење на Интернет за Студентите...

Во однос на Црногорците р-Еволуција се избори да после лимитот имаме каков таков интернет...

Јас не сум задоволен со понудата кај црногорците -

Јас сум само за флет пакети со различни брзини и различни цени,Дури и за Диалап пристап, сакам да има флет пакет.

Тоа ако се вратите низ блогот ке го видевте и самите....

И пак ке повторам не ни се криви МТ за лошата понуда. Тие имаат легитимно право да остваруваат што поголем профит.

Главен кривец ни е минатата и сегашната Влада на РМ. И секако сегашниот АЕК - кој е регулаторно тело меѓу другото и за Интернет...

volan рече...

Споредете ја само нашата старт АДСЛ понуда и понудата за студенскиот пакет.....

Црногорската стартна понуда е неколкукратно подобра.....

Jovan рече...

Здраво, дали ќе може некој да ми каже дали ви функционира бројачот за АДСЛ сообраќај, бидејќи кај мене не мрднал од 12 овој месец.

daywalker рече...

ако не си го поминал лимитот, баш супер што не ти работи ;) цицај додека можеш!

Владимир рече...

volan said...
Има една работа што кај црногорците повеќе ми се допаѓа, а тоа е нудење на Интернет за Студентите...

Волан, 20 евра и не е баш некој убав и примамлив студентски пакет. Можда споредбено е подобар од нашиот стартен пакет, но ни од ДАЛЕКУ не е добар студентски пакет.

На стандард сличен или ПОЛОШ од нашиот, ти им маваш 20 евра за студентски пакет, и тоа не нешто што би било за фалење.

Се што е примамливо во оваа понуда, и што ти привлекло внимание, е тоа што овој пакет е означен како СТУДЕНТСКИ.

А, цената си говори сама за себе.

Значи битна е СОДРЖИНАТА, а не ПАКУВАЊЕТО !

daywalker рече...

Еве и цени и услуги на еден словенечки телефонски оператор и ISP. За оние што не разбираат словенечки, сите услуги се без ограничување на трансферот, т.е., без капак.

http://www.t-2.net/ponudba_index.html

Се фаќате за глава? Е, тоа се вика вистински интернет.
Видете ги и цените за тел. разговори. Ефтино? Скапо?

Анонимен рече...

Jovan, ova e posleden pat koga brojacot racunaj kaj mene:

**..заклучно со 13.04.2006 20:19:25**

volan рече...

Мијановиќ, јас не сум го изменил мојот преглед за студенски пакет а тоа е флет пакет со мала брзина и 590 денари со ДДВ..

Врати се назад малку на блогот и ке видиш....

Горе само го споредував овој пакет кој е наречен студентски, а кој е далеку подобар од нашиот СТАРТ-АДСЛ пакет. Инаку Мт вече не му го спомнува ни името. Т.е. Мт ги заведува луѓето како да се малоумни...

Macko рече...

I kaj mene isto e so brojacot, ist datum ist cas.
**..заклучно со 13.04.2006 20:19:25**

Macko рече...

Odnsno eve prorabote brojacot, ali imam isto onolku Megabajti soobrakaj kolku sto imav i na 13ti. Nisto ne e promeneto, a gledam deka update na istiot (ili proveren soobrakaj) ima napraveno sega pred pola saat. 17ti April. Taka da se ona sto imate downloadirano vo period dodeka bil zaglaven ne se smeta:)Toa ne e samo kaj mene tuku uste i kaj 3ca moi drugari isto.

Гусар рече...

Абе батки, кај мене бројачот работи нормално, но интересно е тоа шо веќе цела недела бичам на 512/128 !!! До сеа имам вкупен сообраќај од 27GB!
___________________________________
заклучно со 17.04.2006 14:34:38: Вкупно сообраќај (upload + download):
Total traffic (upload + download): 27834,69 MB
___________________________________
Не знам точно шо е работата, ама подразбрав дека МТ имале еден куп грешки во серверот. Кој ги е**, ке цицам дури можам:)

Ме интересира, дали ова е случај и кај други МаксАдееселовци???

Гусар рече...

Абе батки, кај мене бројачот работи нормално, но интересно е тоа шо веќе цела недела бичам на 512/128 !!! До сеа имам вкупен сообраќај од 27GB!
___________________________________
заклучно со 17.04.2006 14:34:38: Вкупно сообраќај (upload + download):
Total traffic (upload + download): 27834,69 MB
___________________________________
Не знам точно шо е работата, ама подразбрав дека МТ имале еден куп грешки во серверот. Кој ги е**, ке цицам дури можам:)

Ме интересира, дали ова е случај и кај други МаксАдееселовци???

Анонимен рече...

Е и кај мене беше заглавен и денеска се "одглави", но МТШит ме почестија со 1GB екстра сообраќај плус.
Фино, фино, дали јас овде гледам причина за раскин на договор?

Анонимен рече...

Anonymous said...

Фино, фино, дали јас овде гледам причина за раскин на договор?

Serko! Raskini ako sakas, e***e toa.

Ke se usrekis!

snoopy рече...

na 5 Giga ja namilija brzinata.