28 мај, 2006

20 cm

Зошто жените не знаат да паркираат? Зошто цел живот ги учат дека 20 сантиметри се олку. (раскажувачот покажува со прстите должина од околу 10 сантиметри)
Ми текна на вицов дур ја читав следнава вест од А1:
Расте бројот на интернет корисници, покажува последната анкета на „Стратеџи“, за само шест месеци за дури четири пати. Во септември лани имало 120.000 регистрирани интернет корисници, сега во април тој број е повеќе од 550.000.
Машала. Ваквиот нагол подем веројатно се должи на проектот Macedonia Connects кој од Македонија, и без море, направи рај за сурферите. Толку беа успешни што сега веќе и баба ми ги бара најновите плетки по нет.
Експертите се скептици, велат ланските податоци, и овие сега не може да се споредуваат, применети се различни методи.
Ама нарачателот е ист? УСАИД? Истата УСАИД што го почна проектот „Македонија се поврзува“? Лани, баш во септември. Они мора да ги квантифицираат „резултатите“ за да може после да не фалат за уште една „успешна приказна“. Патем и да се испромовираат себеси и да ги оправдаат буџетските пари што ги потрошиле. Пардон, оплодиле, пошто Он.Нет го шитнаа.
Бизнисмените од компјутерскиот сектор проблемот го лоцираат во се уште малиот бројот корисници на интернетот од дома. „Половината од нив во интернет кафе користат.“, рече Предраг Чемерикиќ, Он Нет.
Бизнисменов признава дека бизнисот му е неуспешен?
Во Франција и Грција директно власта го стимулирала користењето интернет од дома, така што цела една година сите граѓани имале бесплатен интернет.
Јаниииии! Јани, бе, дај одлучно демантирај вакви левичарски инсинуации. Не дозволувај народот да помисли дека треба да види некој аир од буџетот. Ако почнат вака, може и лирџетот да отиде.
Бизнисмените велат, многу предуслови се создадени. Недостасуваат поевтини цени на интернет услугите и конкуренција во фиксната телефонија.
Јани Макрадули. Јави се да им објасниш на ова шупациве дека не се битни цените. Битен е квалитетот, нали овај. After all, не е до должината, до техниката е!

9 коментари:

Анонимен рече...

Изгледа сите 550.000 се на dial up

Анонимен рече...

Не сфати изгледа... ;)

Анонимен рече...

po se izgleda blogov se pretvora vo obicno "blogche" kaj sho samo se trupaat edni te isti "misli" so nekoi zaklucoci koi shto site gi znaeme i ne mozeme da gi popravime. VI teknuva edno vreme neso koga se organiziravme na blogov, pa se zbiraa potpisi za peticii, pa navodno nekoja tuzba kje se davashe? Ili tolku od toa, pomina merakot, ide leto a? Vie samite se ponudivte za toa, kaj se izgubivte? Ili povazno e da se pravi copy-paste na informacii sho ne ni pravat nikakva razlika dal gi citame na blogov ili ne...

објаснувач рече...

...Не, не, ништо не разбирате. Се работи за дефиницијата за “КОРИСНИК НА ИНТЕРНЕТ“. Во овој случај применента е оваа дефиниција;
КОРИСНИК НА ИНТЕРНЕТ е особа која во последните година дена барем еднаш била во просторија во која во последните 48 часа некој компјутер бил закачен на Интернет.

Анонимен рече...

Не е битно колку корисници има битното е како интернет има или каков ке има во иднина или ке се стагнира од провајдерите на нивните 64 к.

Се надевам дека нема да има стагнација на 64

Анонимен рече...

Жити компјутерот , како можеш да кажеш
...Не е битно колку корисници има...
Значи ако ние илјада-две најзанесени што 20 саата на ден сме на компјутер си обезбедиме 8 Мбпс , но лимит флат, а за другите ништо, тогаш е О.К. ??? Може и да се забрани 64 к, ќе го решиме проблемот со спор и лош интернет?
БРОАДБАНД ЗА СИТЕ, СЕГА!!!
БРОАДБАНД како право и привилегија ЗА СИТЕ, а не само за некоја елита, без оглед каква и да е!
Ако политиката тоа не го обезбедува треба да им се качиме на глава, да ги гадјаме со патлиџани и што уште не (повелете со предлози, спрема мене тоа е сврха на постоењето на блогот)
ИНТЕРНЕТ ЗА СИТЕ е премногу сериозна работа да им се препушти на ситни политичарчиња кои само ги интересира нивната партија и ситен профит.

Анонимен рече...

sepak, FLAT BROADBAND, za zal, vo Makeodnija ja koristi samo elita!!!

Od sigurni izvori znam deka poedinci - peijateli i poznajnici na Pepi imaat flat rate internet od on-sit za samo 1300 denari mesecno - 512/128 kbps!!!!

Rasprasajte se pa kje doznaete!

bezvrska рече...

еееј види го третиот анонимус... го искритикува „блогчето“

Не знам што се потресе толку. Тука увек имало доза на сеир и коментирање уз кафе и во папучи. Guess what? И ти го правиш истото! Не примети? ОК е, тоа е дел од менталитетот.

Збориш за некои активности... Тие приоизлегоа од група чии членови се броеа на една или две раце - зависно од периодот. На заебанција ја крстивме ЦК. Надвор од тоа јадро, имаше масовност во посетите и коментарите, но не и во активностите. Од еден куп идеи од ЦК, само дел се реализираа. Она пак што се објави овде е пола од тоа што се правеше.

Малку било, многу било, ич не било... кој го боли! Нема да пишувам мемоари сега. Поентата ми е: не чекај на друг. Отворои си сам блог, блогче, блогиште...или што и да ти лежи. пропагирај, провоцирај, саботирај, објаснувај, зафркавај, прави петиции, средби, прес-конференции, НВОа проекти... Неограничени можности. Не се заебавам. Не дозволувај р-Еволуција да ти биде пречка или изговор. Многу е lame.

Мал совет: ако земеш да организираш тужби, не се одушевувај кога ќе те мејлираат едно чудо потенцијални тужители. Одма побарај им потребни документи па види колку ќе ти одговорат.

Анонимен рече...

Da vitstina deka Pepi si dava flat, samo za tamu kaj sto treba da ima koris od nekogo !