11 мај, 2006

МАТЕРУО

Агенцијата за електронски комуникации ја одобри Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО) верзија 1.2 од 20.04.2006 на А.Д. “Македонски Телекомуникации” со измени и дополнувања кои стануваат нејзин составен дел.

Со разврзан пристап на локална јамка А.Д. “Македонски Телекомуникации” kako оператор со значителна пазарна моќ е обврзан да изнајмува (во целост или само дел), локален сегмент од својата електронска комуникациска мрежа на новите оператори во давањето на електронските комуникациски услуги...

Агенцијата за електронски комуникации ги утврди: месечниот надоместок за целосно разврзан пристап на локална јамка, надоместокот за поделен пристап на локална јамка, како и надоместоците за физичка и оддалечена колокација.

Агенцијата за електронски комуникации смета дека... алтернативните оператори ќе најдат економски интерес за влез на пазарот на електронски комуникации и нудење на услуги до крајните корисници. Со ова, Агенцијата оценува дека ќе се овозможи влез на конкуренција на пазарот на говорни услуги и услугите со широк опсег (broadband). (целосното соопштение)

11 коментар:

Анонимен рече...

корисниците сеуште не добија ништо и ова ке се оди вака уште година две ...

Анонимен рече...

Од 15 мај, нова понуда за АДСЛ?
објавена вест на еден веб портал по име PrespaSky...

линкот е:
http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=2927&Itemid=151

Анонимен рече...

Браво за ова

Анонимен рече...

poshto linkot e pastiran skraten, eve shto pisuva:

Според сознанија на PrespaSky, МТ.Нет за од 15-ти мај подготвува нова понуда за АДСЛ конекција, која најверојатно ќе биде попривлечна за корисниците.

Дали Мт.Нет ќе го скрши повеќе месечниот молк на интернет провајдерите кои уште од февруари користат стари и веќе истрошени промоции, не се знае, но дека се подготвува нешто ново има таква најава од МТ.

PrespaSky дознава дека цената на АДСЛ нема да падне, но ќе се воведи нов flatrate пакет кој најверојатно ќе им биде достапен само на бизнис корисниците и ќе има енормно висока цена.

Се очекува до 15 мај да биде објавена новата понуда, која ќе вклучува поголем број на поволности за досегашните корисници, како што е зголемен сообраќај и неколку бесплатни месечни претплати за сите нови корисници на Макс АДСЛ.

После ова наредната понова промоција ќе започне дури во Јули, кога ќе започне летната еуфорија, а тогаш може да стане збор за мало намалување на високите цени за АДСЛ конекција, велат нашите извори.

volan рече...

После интервјуто на Груевски кај Јанко и повтороните ставови во интервјуто кај Геровски - во кое Груевски ни обеќа јавно дека кога ке дојде на власт ке ни потече мед и млеко во Интернет проблематиката.

Да подсетам обеќа бесплатен Интернет!!
Обеќа ново министерство за Информатика и Интернет ако добро се сеќавам...

Дај боже да ги оствари овие јавни ветувања ако дојде на власт. Како стојат работите во предизбориево и ке дојде....

Еве сега имаме нов спастел од МТ самоволието на дерење на македонскиот народ во ликот и делото на Тито Петковски.

Своите видувања како ке ги реши проблемите со Интернетот во Македонија ги дава во денешниот напис во Утрински

Комплетна либерализација на телекомуникацискиот пазар

Директен линк нема

Утрински Број 2077 петок, 12 мај 2006 Мислења

- развој на либерализиран пазар на телекомуникации како една од основните инфраструктури за сеопшт стопански развој;
- телекомуникациите како основа за развој на производство во електронските, телекомуникациските, информатичките и други сродни индустрии;
- развој на кадри во доменот на информатика и на телекомуникациите.

комплетна либерализација на телекомуникацискиот пазар преку воведување современа европска регулатива, потоа реформа на регулативните тела (Комисијата и Агенцијата за телекомуникации) - во стручни, независни и компетентни регулативни субјекти, стимулирање за влез на светски телекомуникациски брендови и обезбедување поволности за развој на извозно ориентирано производство во доменот на информатичката технологија.

Либерализацијата на пазарот подразбира реформи во два сегмента: едниот, донесување на нова законска-регулативна рамка и подзаконски акти и, вториот, формирање независни и стручни регулативни тела. Според агендата за либерализација на пазарот на телекомуникации, Владата требаше да ги создаде сите предуслови за комплетна либерализација, заклучно со 31 декември 2004 година. Основата за тоа беа Договорот за стабилизација и асоцијација, односно Концесискиот договор за ексклузивни права (монопол) на "Македонски телекомуникации" (МТ). Законот за електронски комуникации беше донесен во март 2006 година, меѓутоа подзаконските акти за либерализација на пазарот се уште не се комплетирани. Основата за либерализација на пазарот се два акта: референтна понуда за интерконекција (која обезбедува корисниците да имаат право на избор на оператор преку кој ќе ги реализираат телефонските повици), односно референтна понуда за разврзана јамка. Референтната понуда за интерконекција е со цени 3-4 пати повисоки од европскиот просек за интерконекција, што не обезбедува деловна клима за влез на нови оператори додека, пак, референтната понуда за разврзана јамка е неподготвена.

Според Концесискиот договор, монополот на МТ требаше да заврши на 31 декември 2005 година, но поради неажурноста на Владата и релациите со МТ, либерализацијата на пазарот се одложи речиси за две години. Врз основа на новиот Закон за електронски телекомуникации, Министерството за транспорт и врски веќе требаше да го ревидира овој договор, за што има ангажирано и странска консултантска кука од Унгарија. За ваквиот несериозен третман и непочитување на роковите од Законот за електронски телекомуникации од страна на Министерството и Владата, добиени се и опомени од Европската комисија.

Некој добро го проучувал овој блог......

Е сега дали се ова само нафрлени флоскули ке видиме.....


Инаку Макрадули Јани се обрука со недоволно познавање на оваа област и дефинитивно ја промаши работата со неговиот блог, преку кој требаше да ни се обрати нас со тоа што направил во изминатите четири години и што мисли да прави во наредните четири - ако повторно ја добие власта. Се рабира на Интернетот во Македонија мислев.

Што се однесува до МТ и неговата понуда. Видете другарчиња. Мт има легитимно право да не дере и тоа го користи потпомогнат од двете последни влади. Може тоа нас да не боли и не боли секако. Но ние директно кај МТ ништо повеќе и не можеме. Се работи за приватна компанија која настапува на пазар со цел да заработи што повеќе.

Нашите проблеми ни ги прави Владата. И таму треба да го бараме и очекуваме решавањето на проблемот.

Од МТ само очекувам позитивно да одговори на проблемот со неправилно наплатените пенали. Т.е. очекувам доброволно да се откаже од пенал стратегијата.

Ние Македонците знаеме да паметиме кој према нас се однесувал со добро и лошо. Па ке дојде време кога тоа ке им се врати по глава кога тогаш. А секако ако МТ не се вразуми за пеналите ИМ треба да си го оправда постоењето со организирање на заинтересираните граѓани за заедничка тужба контра МТ. Сето потпомогнато од неколку адвокатски канцеларии кои ке работат про боно на проблематиката (вече имаме и пријавени адвокатски канцеларии).
И секако неколкупати месечно преку прес конференции ке им го загорчуваат животот на МТ со негативна реклама.

А Македонскиот граѓанин ќути и трае , но памети....

Ronaldinjo рече...

Volan, eve i jas davam besplaten internet. Ne treba ni da glasate za mene. Ke se uklucuvate preku istiot link sto Gluevski i drugite politicari ke go koristat.
Ima edna izreka "Sekoja rabota vredi onolku kolku sto ke ja platis", pa taka tolku vredi i nivniot besplaten internet. Procvetavme od milijardata na Cile, se inarabotivme od zakonite na Branko, pa ke se iznasurfame od internetot na Gluevski i Tito.

Dodeka drzavata ne se oslobodi od sopstvenosta vo telekomot, podobri vreminja nema. Pa istata taa vlada (bez razlika od koja partija e) se krsti vo dividendata od telekom (koja brw ne e stavka vo budzetot pa taka moze da se trosi ili krade bez kontrola) i ako treba po edeb bubraeg ke ni zeme samo da ima dividenda.
Zato ve sovetuvam kako NVO da pritisnete na prodavanje na drzNapravete pres na koj toa javno ke go barate.

Ronaldinjo рече...

Treba da stoi:

Zato ve sovetuvam kako NVO da pritisnete na prodavanje na drzavniot udel vo telekom.Napravete pres na koj toa javno ke go barate.

volan рече...

Моите информации говорат дека веќе е почната процедурата за продавањето на акциите од телеком и деновиве ке оди првата тура преку македонската берза.

Тоа не е затоа што јас сакам така или било кој од нас тука. Така е наложено од кредиторите и од ЕУ факторите...

Е сега колку нови пари така во МК ке влезат. Јас мислам многу малку...

Но без разлика на се за нас е најубаво Државата да нема акции во МТ а они два посто што ги оставаат мислам дека ке одат кај вработените во МТ, ако успеат да го добијат спорот со државата...

инсајдер рече...

Она да МТ има законско право да не дере е само делимично точно. МТ не е безначајна фабрика за мармалад па менаџментот да прави што сака. Поведението е регулирано со Концесијата, со Акционерскиот договор и со други документи, кои Унгарците ДЕБЕЛО ги прекршија и ги кршат, со тивка дозвола се знае од кого и зошто. Со продажба на државните акции се елиминира едниот мотив (дивидендата) но другиот (удомувањето на партиските заслужни војници и лопови) останува. Унгарците сеуште ке ја имаат таа карта. Сиромашни Македонци се лесно поткупливи. За плата од неколку илјади евра месечно на некои батки око не им трепнува да ќутат кога нелегално се излеваат десетици милиони евра од државата).
Останува да се види дали ,ако дојде во промена на власта, новата власт сериозно ке се ангажира да ги среди состојбите, или само ќе ги смени оние батки кои сега се начукаа на директорски позии во МТ со свои батки, па СЈАШИ КУРТО НА УЗЈАШЕ МУРТО. И либерализација ке имаме после седум...осум години.
Она што може да се направи е што поголемо изложување на овие состојби во јавноста, (ацвокатски канцаларии, ИМ, ) координирана активност со “Пружи отпор - кажи не“ па и со тужбата на вработените во МТ за акции, отпуштањата итн. Крајна цел - да се скроти дивиот звер и да има ПРАВА либерализација. Тогаш ќе имаме 2 Мб/с унлимитед за 10 евра. Плус неограничени национали тф, разговори и некое ТВ каналче приде...САМО АКО ИМА ДОВОЛНА КРИТИЧНА МАСА МОЖЕ НЕШТО ДА СЕ ПОСТИГНЕ. Разединети - апсолутно ништо

bezvrska рече...

Ај да се кладам дека цените и условите во МАТЕРУО се исто така неповолни како и во МАТЕРИО. Конкуренцијата ќе почека. Тоа и не е ништо ново, зошто и во други земји процесот на либерализација на мрежите на телекомите трае со години. Важно е да се почне. Колку долго ќе трае - зависи од нашиот памет т.е. глупост.

Од излагањето на тито имам филинг дека он би сакал да прави и промени во законите, што мене ми изгледа прилично страшно. Не дека законите ни се совршени - далеку од тоа. Ама ако се спроведуваат макар и 50% реалноста нема да ни биде така мочана. За сегашниот закон им требаше 2 години да го донесат и уште толку за најважните подзаконски акти. Ако се почне целиот процес од почеток...ќе имаме конкуренција негде во следниот век.

На крај доаѓаме до основниот проблем во МК. Нема доверба за соработка или барем дијалог меѓу различни групи. Затоа имаме едно море слободни стрелци кои можат само да се дават меѓу себе. Јас на пример, не верувам во иницијативи од типот „пружи отпор“. Ми изгледаат теледиригирани. Може грешам, ама тоа е тоа. Не остана ни К од кредибилитет во земјава. Супер ситуација за просперирање на курто, мурто, штрауб, атила и компанија.

Анонимен рече...

се е тоа супер, овој ова направил, оној оноа, а за цените никој ништо ни да праша, ни да се погрижи.

Добар линк за споредба со цените за ADSL2 што допрва ке доаѓа во МК
http://www.edp.be/

Каде и со кои крадци си имаме работа?!?!?!?!?!?