24 мај, 2006

Нов македонски провајдер

ВМРО-ДПМНЕ стана интернет провајдер. Според Груевски, на 3 и 4 јуни ќе обезбедат бесплатен интернет. Демек да покажат дека програмата им е остварлива.

Живо заинтригиран ја симнав програмата (PDF, 2.6 МB). Претходно најавија дека интернетот ќе им биде една од ударните теми, па ме шокира колку им е слабо обработен тој дел. Таму нигде не стои бесплатен интернет. Во неколку реда се нафрлени ветувања за некакви безжични мрежи, стимулирање на кабелските и субвенции за зголемување на интернет пенетрацијата. Сиромашно и нејасно до бесвест, божем се плашеле дека ќе треба да исполнат нешто од тоа. Како што ни осеќаат новчаниците, изминативе 4 години ружите го сокапаа пазарот од либерализација, а лавчињата се колнат дека ќе го направат либерте на квадрат. Се згрцнав од бисерот дека ќе распишат тендер за трет мобилен оператор (?!). Стандардно ветување за бесплатно сурфање има и за студентаријата по домовите, која од слични колнења се изнасурфа по креветите.

Овие штури најави малку ги објасни Антонио Милошоски во Утрински. Во интервјуто најави отварање на министерство што ќе организирало обука од областа на ИКТ. Идејава ме потсети на Агенцијата за млади и спорт, како место за згрижување заслужни партиски младинци и местење телевизиски анкети. За зголемување на употребата на компјутери планирале увоз на евтини компјутери кои ќе се продаваат на 12 рати и намалување на давачките за увоз. На крај и тој се истопори со бесплатен безжичен интернет низ цела МК. Нит спомна како, ни со колкава брзина, ниту дали ќе биде лимитиран. Единствен детаљ е дека проектот ќе траел една, пази сега, ИЛИ пола година. Ај што е смешно непрецизно, туку не ми е јасно што би се сменило за тие 6 месеци.

22 коментари:

Анонимен рече...

Ако има гага нет на 3 и 4 Јули (или беше Јуни) не ми е гајле кој го обезбедува. Ќе мора и МТшит да се освести дека монополот не може да трае вечно. Ги разбирам скептиците и јас сум песимист дека се што зборат и ќе остварат но наше е да дигаме галама па белим нешто ќе се случи...

Анонимен рече...

ВМРО ја прави истата грешка што ја направија со владата од 98год. кога го донесоа Магналекта провајдерот - нудеа ефтин интернет и ги ставија останатите провајдери на раб на егзистенција. Подоцна, магналекта исчезна и граѓаните беа оставени со осиромашени штури провајдери.

Тоа се нарекува промовирање на социјални идеи во модерно (i.e. капиталистичко) општество и тоа несмее да помине!!

сето ова кажува колку ДПМНЕ се зелена партија..

Анонимен рече...

Анкон Словенците преговараат со телекомот . Пишува во Вечер.

Дали го читаат ова провајдерите ?

Дај пуштете некој флат пакет

па барем да е и 256 к.

Анонимен рече...

Ај што ве гледам чудни – не е ВМРО нов провајдер, туку ОН.Нет е стар провајдер.

Два дена во јули ВМРО ДПМНЕ (ОН.Нет) ќе частел “бесплатен” dial-up интернет на “платен” телефон. Ај сега нека излезе СДСМ (МТНет) и нека рече – на 3 и 4-ти јули ќе ја частиме цела Македонија со “бесплатен“ телефон, па да добиеме КОМПЛЕТНА УСЛУГА! Инаку честитката ќе ни излезе ѓавол и пол...a да не речам дека честитката сама по себе е увредлива (dial-up), ха, ха, ха…

Мене една друга работа ми е интересна. Он.нет, инаку најголемиот партнер на Владата во реализација на “напредни” идеи – прва безжична земја во светот итн., чии најголеми подржувачи се Јани Макрадули и г-динот Премиер, кои му местеа тендери и не испуштија шанса да го промовираат кај стигнат, а Јани дури и го цитираше на седници на Собрание, направи еден многу интересен чекор...

Се ми се чини дека старата поговорка - Глувците први го напуштаат бродот што тоне – и овој пат ќе се покаже како точна. Дали г-динот Чемерикиќ го “намириса” исходот на изборите, па побрза да фати приклучок со “новата” власт? Дали тоа значи дека на владеењето на СДСМ му дојде крајот?

Како што беше своевремено изјавил Јани Макрадули, "We need the Internet as a sea, because Macedonia is not on the sea, so we think that the Internet is our sea and an open window for a lot of economic changes and new economic growth in our country", мислам дека единствено што ќе му помогне во неговото Интернет море е гума за спасување – и тоа од поголемите!

реплика рече...

....магналекта исчезна и граѓаните беа оставени со осиромашени штури провајдери...
Жити кибордот ...дали овие осиромашени провајдери ги вклучува и Атила и нашите газолижачи околу него...Знаеш колку имаат плата? Да не треба да собираме доброволен прилог за нив за децата да не им умрат од глад?
...Ми се чини дека политички партии имаат умешано прсти во некои од постовите овде... Се разбира секој има право а каже што сака ама немојте да ја вреѓате основната интелигенција на другите....

Анонимен рече...

Доста ве со тој диал уп !!! Како не ви скурчи од тоа. Broadband само !

Анонимен рече...

Актон" ќе се закачи на мрежата на Телеком

ЕДИНСТВЕНА КОМПАНИЈА КОЈА ВО МОМЕНТОВ БИ МОЖЕЛА ДА МУ КОНКУРИРА НА "МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ" ВО ЛОКАЛНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ СООБРАЌАЈ Е ТЕЛЕКОМОТ НА СЛОВЕНИЈА. ВЛЕЗОТ НАЈВЕРОЈАТНО БИ СЕ СЛУЧИЛ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ПРОВАЈДЕРОТ "ОН-НЕТ", ВЕЛАТ ВО ТЕЛЕКОМ


Скопската фирма "Актон комуникации" се подготвува за фиксен оператор. Претставници на компанијата, во која има словенечки капитал веќе писмено ја известиле Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) дека почнале преговори со "Македонски телекомуникации" за условите за поврзување со нивната мрежа. Директорот на АЕК, Коста Трпковски за "Вечер" потврди дека "Актон" преговара со Телеком за потпишување на интерконекциски договор. Со раководството на Телеком досега биле остварени неколку средби. - Од "Актон" се заинтересирани да нудат разговори кон странство и да вршат комерцијален транзит на меѓународните разговори. Досега не сме преговарале со "Актон" за давање услуги во локалниот телефонски сообраќај бидејќи тоа се уште не е побарано од нас - вели Дејан Силјановски, извршен директор во Телеком. "Актон комуникации", како што стои на интернет страницата на Агенцијата за електронски комуникции, се има нотифицирано за обезбедување на јавна фиксна телекомуникациска мрежа, која треба да овозможи давање на фиксни говорни услуги и Интернет, како и да изнајмува линии за други оператори. Според Силјановски, потребни се големи инвестиции за да може една компанија да изгради сопствена претплатничка мрежа и централи за да нуди локални или национални разговори. - Во фиксната телефонија трошоците се големи. Затоа се потребни сериозни инвеститори - вели Силјановски.Тој не очекува многу брзо да се случи либерализација во фиксниот домашен телефонски сообраќај, имајќи ги предвид европските искуства. Единствена компанија која во моментов би можела да му биде конкурент на "Македонски телекомуникации" во домашниот телефонски сообраќај е телекомот на Словенија. Влезот најверојатно би се случил преку интернет провајдерот "Он-нет". Според Силјановски, отворањето на пазарот во фиксната телефонија не зависи само од Телеком, туку и тоа дали има сериозен партнер. Инаку, словенечкиот Телеком пред два месеци купи 76 проценти од акциите на "Он-нет". Тогаш, директорот на "Он-нет", Предраг Чемерикиќ изјави дека не се откажуваат од реализација на идејата да се вклучат во локалните разговори во фиксната телефонија. Засега либерализација има само во меѓународните разговори кон странство. Силјановски вели дека 13 оператори потпишале со Телеком договори за ВОИП услугата (со вредносни картички) или побарале пристап на мрежата на фиксниот оператор. Европската комисија веќе неколку пати и покажа "жолт картон" на Владата поради монополската позиција на Телеком.

Светлана БЛАЖЕВСКА


http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=28249

bezvrska рече...

Тоа се нарекува промовирање на социјални идеи во модерно (i.e. капиталистичко) општество и тоа несмее да помине!!

One laptop per child и интернет па дури и бродбенд како универзална услуга се социјални идеи промовирани од капиталистички општества. И тоа поминува и има мошне цврсти економски причини. Ај да не се правиме поголеми католици, т.е капиталисти од папата (западњаците).

Што се однесува до ВМРО-ИСП - немам ништо против - нека частат. Само според она што го кажуваат јас не гледам дека имаат јасен концепт и волја да го средат пазарот. Ќе излезе работава како "еден вработен во секое семејство".

Само напред за Актон, изгледаат како сериозна фирма. Ама и Силјановски е во право „Во фиксната телефонија трошоците се големи. Затоа се потребни сериозни инвеститори“ Знае цуцево што збори, не е заебанција. Треба инвестиција во партии, пулитичари, во гезмиња за бирократи, инспектори, регулатори. Не може било кој да го издржи тоа.

Анонимен рече...

БУГАРСКА КОМПАНИЈА КУПУВА КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОРИ

"Кабел тел" ќе нуди интернет телефонија

ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ ВЕЛАТ ДЕКА КОМПАНИЈАТА ВОДИ ПРЕГОВОРИ СО НЕКОЛКУ КАБЕЛСКИ ТЕЛЕВИЗИИ


Бугарската телекомуникациска компанија "Кабел тел" ќе нуди интернет телефонија во земјава, дознава "Вечер". Компанијата во која има американски капитал, според наши информации веќе има купено неколку кабелски оператори. Американците пред извесно време ги снимале состојбите во кабелските телевизии во земјава. Правниот застапник на "Кабел тел", Дејан Станковски ја потврди информацијата, но не открива детали. - Точно е дека "Кабел тел" е заинтересирана за кабелските оператори. Со претставниците на компанијата се сретнав неколку пати. Засега не можам да ви кажам ништо повеќе за нивните планови - вели Станковски. Од Здружението на кабелските оператори велат дека бугарско-американската компанија веќе води преговори со неколку кабелски телевизии. - Некои од кабелските оператори веќе имаат потпишано преддоговори. Но, според мои информации, досега официјално не е откупен капитал во ниту еден оператор - вели Лиде Голубова, претседател на Собранието на кабелски оператори. Сопствениците на скопските кабелски телевизии што ги контактиравме молчат за планот на "Кабел тел". Единствено сопственикот на "Зора кабел" од населбата Илинден, Стојан Ѓоргоски, потврди дека претставници на компанијата уште во февруари годинава биле во обиколка на неговата телевизија. - Американците се заинтересирани да влезат во земјава преку кабелските оператори. Покрај интернет, преку нив сакаат на граѓаните да им понудат и интернет телефонија - вели Ѓоргоски. Со влезот на оваа компанија, која има седиште во Бугарија и ги поседува поголемите кабелски оператори во оваа земја, според доброупатените во оваа проблематика, ќе згаснат домашните кабелски телевизии. - Вакви компании размислуваат за регионален пазар од најмалку десет илјади корисници. Освен за Македонија, "Кабел тел" е заинтересиран и за Албанија и за други земји од регионот. Се очекува да понудат пакет услуги по многу пониски цени - коментираат доброупатените. Освен "Кабел тел" уште една бугарска компанија е заинтересирана за нашите кабелски оператори. Станува збор за инвестиционен фонд од Велика Британија, кој има отворено своја филијала во Бугарија.

Светлана БЛАЖЕВСКА

http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=28295

Анонимен рече...

Fino, fino se povece nadvoresni biznisi gledaat da vlezat vo Makedonija.

Ocigledno deka najlesno e da se navleze preku kabelskite operatori so nudenje na internet i IP telefonija.

Kako gledam na MTSit mu prestojat se poteski denovi. Kolacot e pregolem i prebogat za da mu se ostavi samo na MTSit.

Uste da govedana na vlast gi prodadat akciite na drzavata i da pocneme so unistuvanjeto na monopolot.
Kolku ce bite tesko togas da se opravdaat pred sefovite vo Dojcland deka biznisot nesto ne ide kako porano.

Plus gledam deka opozicijata nesto poprilicno im go bere uste od sega na telekomot.

Siroti tie uste nema da mozat da gi iguraat 2 godisnite ADSL dogovori do kraj a vece ce im pocne da im se nacnuva monopolot.

A togas nie malite, zanemareni i nevazni korisnici ce se setime na site "dobrini" koi ni gi napravija i ednas za sekogas srecno ce se "razvedeme" od MTSit.

Анонимен рече...

можеби ова е светло на крајот на тунелот но... да не се радуваме премногу прерано. Се зависи од владините структури. Доколку сегашната опозиција дојде на власт, прашање е дали ќе задржи остар курс кон МТшит , или ќе ја прифати понудата на Атила да им удоми неколку партиски војничиња на атрактивни менаџерски позиции ... и се да остане по старо, дури и без директна државна сопственост на акции. Треба строго да се пази на кадровски промени од тип КУРТО-МУРТО !!!!!

Анонимен рече...

Uste da govedana na vlast gi prodadat akciite na drzavata i da pocneme so unistuvanjeto na monopolot.
Kolku ce bite tesko togas da se opravdaat pred sefovite vo Dojcland deka biznisot nesto ne ide kako porano.

Plus gledam deka opozicijata nesto poprilicno im go bere uste od sega na telekomot.

Siroti tie uste nema da mozat da gi iguraat 2 godisnite ADSL dogovori do kraj a vece ce im pocne da im se nacnuva monopolot.

*******************
Ti si izgleda mnogu zadoen so mlekceto od opozicijata pa ne gledas nisto povejce od toa so e napisano vo programata na g-dinot pingvin Nikola Grueski.
SAMO NE ZABORAVAJ KOJ GO PRODADE TELEKOMOT I KOJ MU OVOZMOZI NA MT-SHIT DA NE STRIZI.
Inaku nemam clenska kniska na niedna od partiite (mislam na vmro i sdsm) zaradi toa sto sum go videl dobroto i od ednite i od drugite). Sakav samo da ti kazam da ne letes kako sto vikaat makedoncite po orlovite ma..nja tuku pocekaj da vidime dali ce dojdit vmro na vlast i ako dojdi sto ce napravi so toa sto go veti posto mnogu vetuvaa i koga dojdoa na vlast p ana krajot izleze deka se napolnija so pari partiskite vojnicinja

volan рече...

Изгледа дека новата очекувана влада на ВМРО-ДПМНЕ со својата коалиција решила да послуша поголем дел од предлозите на една невладина организација
ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА.

Дали е случајно што и името на проектот се совпадја со името на Невладината организација ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА?!

Подолу линковите од Статут на Интернет Македонија
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=154

и Програма за работа на Интернет Македонија
http://revolucija.10.forumer.com/viewtopic.php?t=156

Има доста сугестии што се дадени во постовитеи дискусиите и од блогерите на
р-Еволуција
http://revolucija.blogspot.com./

Морам да кажам дека ова што е во интервјуто на Милошевски е поразработена варијанта одколку она што го слушав од Груевски кај Јанко Јадибурек и кај Геро во неговото ток шоу.

Но сепак им препорачувам на креаторите на оваа програма на ВМРО-ДПМНЕ да ги исконтактираат и членовите на невладината организација ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА, за од прва рака ги чујат мислењата на ПАТЕЛЦИТЕ и луѓето кои докажаа дека се разбираат во проблематиката на ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ПРИСТАПОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Иако го предлагам ова морам да се оградам предвреме од партизирањето на НВО-то. ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА е Невладина и Непартиска организација.

Се чудев на “големите умови“ на СДСМ што не знаеа да ги искористат можните советодавни улаги на НВО ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА.

Се надевам дека истата грешка нема да ја направи и БМРО-ДПМНЕ.

малиот рече...

Ne im veruvam na politicarive i finito, bez razlika koj e na vlast.

No sepak potajno se nadevam deka ovoj pat barem nesto ce se napravi protiv monopolot na telekomot.
Zosto ako ne se smeni sega nesto ce ne onadi telekomot uste edno dobri 4 godini.

Gledam opozicijava vo programata napisala deka ce go liberalizira telekomunikaciskiov pazar, bi bilo sramota ako toa ne go ostvarat.
Sega znam deka se oni operirani od sram i cest, i deka nemaat pojma sto e toa moral i obraz, ama sepak za nivno dobro e da ne se pravat mutavi sto obecale.

Jas imam teorija deka vladata kako gradezen objekt e postavena na mnogu tersene mesto. Najverojatno tuka se vkrstuvaat podzemni vodi i geotektonski zracenja sto doprinesuva za momentalno gubenje na memorijata, pa taka stom novata vlas vleze vnatre vednas dobiva hronicna amnezija ili bese amnestija :)

Kako i da e, najverojatno pritisokot za kraj na monopolot ce dojde od Evropjanite. Koj i da vleze vo igrata za fiksen operator ili internet provajder ce lobira preku EU, vo sprotivno nema nikogas da pocnat so tele-biznisot.
Jas licno tipuvam na Slovencite, oni se vo EU i sigurno pri prviot problem vednas ce pocnat da ja tuzakaat vladata pred EU sudovi i komisii, da ne zboram deka i Bugarive koi sakaat da vlezat vo kabelskive televizii imaat Americki kapital pozadi sebe.

Mene prosto ne mi e jasno kako na nikoj vo vlasta dosega ne mu teknalo da presmeta kolku vsusnos drzavata gubi finansiski so proteziranje na telekomot.
Koga pazarot bi bil liberaliziran a konkurencijata golema, vo drzavata bi vlegle golemi finansiski sredstva i sto e poznacajno nova tehnologija i znaenje.

Koga bi se sobrale site danoci i davacki od novite provajderi i operatori sigurno cifrata bi bila pogolema od 40 i kusur miliona evra kolku sto sega drzavata dobiva od telekomot.

A da ne zboram kakov pozitiven efekt takviot liberaliziran pazar bi imal za razvojot na ekonomijata i imidzot na drzavata.

No komu da kazes, nasive politicari samo se borat koj partiski vojnik na koe direktorsko mesto ce se parkira, a za narodot koj go vrti, glasale za nas sega neka trpat 4 godini.

Pozdrav.

Анонимен рече...

aj sea, ne lizite od odma g'z na (najverojatno) idnata vlast.. golem k*r za dva dena beden dial-up za koj shto ionaka ke gi naplakaat impulsite kako da zborite na "normalna" linija...

малиот рече...

Не фаворизирам јас никого, сите политичари ми се во најмала рака одвратни, а и каде сум напишал дека некаде некого фаворизирам, прочитај детално укључи го мозокот па после коментирај.

А според тонот и навредите кои ТИ "анонимусе" ги напиша очиледно дека ТИ си задолжен да на актуелната власт задникот им биде перфектно чист.

Поентата на овој блог е да се подобри интернет културата во Македонија, и да корисниците си помогнат меѓу себе на овој или оној начин.
Тие што се искрени не ги интересира политиката и не протежираат никого, само се борат за подобар културен интернет во државата.

Но сепак ова е Македонија, држава во која партиските војници како тебе "анонимусе" се нужно зло, зло кое другите мораат да го трпат.
Јас ти би препорачал да не си ја трошиш енергијата и ограничениот интелект на овој блог, не не замарај со демагогија. Чивај си ја енергијата за избори, идат митинзи па таму дери се и пљукај колку што сакаш, овдека и онака нема да придобиес гласачи.

Анонимен рече...

Ne, ne sum vo niedna partija, naprotiv mrzam politika najvekje na svet.. Samo nekako skoro site (ne ti, ne si ja ishkaj muvata od kapata koga ja nemas) vo postovive pocnaa so toa kako ete pocnal da im doaga krajot na mt-net, pa ete na vmro im teknalo da ja procitaat programata na nvo-to, pa aj da im ponudime na vmro soveti od nvo-to ... Ako dobro se sekavam od samiot start rekovte deka IM nema da bide politicki opredeleno.. Sho e sea ova, vmro mackaat oci so gluposti pa aj ke im zalizheme malce tamu?

малиот рече...

Еве јас предлагам да сите шпиончиња и партиски војничиња кои редовно го загадуваат блогов барем еднаш во животот направат нешто корисно.

Луѓето го прокометираа потезот за гага интернет на опозицијата како нешто "мање више" добро. Кога ќе видите во каква ситуација ни е интеррнетот и корисниците овој потез барем дава некоја лажна надеж дека ете барем на некому од политичариве му текнало нешто, без разлика колку е тоа мало, незначајно или лажно.
Е сега овие од власта ќе почнат да се бунат како "малиот" е за опозицијата итн.

Добро тогаш да им се обратам и на другата страна, за да не бидам прогласен за партиски определен.

Мојот предлог е следен:

Утре сабајле рано, рано трк до изборниот штаб на СДСМ и веднаш да се дигне галама дека ВМРО со нивниот потез за гага интернет ќе собере многу гласови од малдите.
И да се побара од Буч & компанија веднаш да се преземе контранапад...

Еве на пример да: МТ ИМ ОВОЗМОЖИ НА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ГАГА ИНТЕРНЕТ ДО КРАЈОТ НА ИЗБОРИТЕ, А НА КОРИСНИЦИТЕ НА ADSL-от ДА ИМ СЕ ВРАТИ НЕОГРАНИЧЕНИОТ ИНТЕРНЕТ.

Што ќе кажете на ова "анонимуси", вие сте на власт, имате златна акција во телекомот, имате свои директори во бордот и имате преку 40 и кусур проценти акции во телекомот.
Ваква мала акција за таква голема, богата и јака партија на власт како СДСМ треба да биде чиста заебанција, па нели вие се залагате за е-влада итн.
Со овој потез сигурен сум дека ќе добиете голем број на гласови од младите и секако ќе и зададете тежок против удар на полпулистичката интернет кампања на ВМРО.

Еве од мене имате комплетна слобода да оваа идеја им ја презентирате на своите шефови како ексклузивно ваша, ја прогласувам за freeware и нема да барам никаков надомест за авторски права.

Сега "анонимуси" на вас е редот да од јадење бурек и загадување на блогов преминете на дела, вие сте на потез.



Поздрав.

verovali ili ne (Ripley exclusive) рече...

Расте бројот на интернет корисници, покажува последната анкета на „Стратеџи“, за само шест месеци за дури четири пати. Во септември лани имало 120.000 регистрирани интернет корисници, сега во април тој број е повеќе од 550.000.

мрчатор рече...

Ако верувате во горното, ќе поверувате во било што. Некој сака цел народ да го направи малоумен...

Анонимен рече...

550000 korisnici masala, ama realnosta e deka vo poslednite 6 meseci tolku gradani ne ni doprele kompjuter a kamoli da surfale.

Анонимен рече...

ах, ах, 550.000...

Изгледа ги рачунале и сите шалтери по банки, пошти и слично што се поврзани со интранет... Бреј, какви моронлуци... Ме потсеќа на оној со овците...