30 мај, 2006

Рокчиња

ВМРО-ДПМНЕ и Народна се против продажба на државните акции во МТ (А1). Немало сега да има имаат максимална цена. Добар индикатор колку сè ќе се смени за да остане исто. На нив им дошло до ќарот од МакТел. Ќарот е резултат на дерење на граѓаните со амин на Владата. Заклучок: дерењето ќе продолжи.

Продажбата на акциите ќе трае од 5 до 9 јуни. Може да се очекува голем дел да остане непродаден. Да е Владата паметна, сите акции што нема да ги продаде би ги поделила беспари на вработените и државните службеници. Според еден стар академски концепт „администрацијата“ била исклучена од инсајдерските поволности на првиот и вториот приватизациoнен бран, па како компензација за тоа што не добила соодветен дел од општествениот капитал треба беспари да добие некој м'сен акционерски пакет. Прост начин да се купат гласови и во исто време да се отстрани ризикот опозицијата, при евентуална победа, да добие позначаен пристап до телекомската цицка. Патем (за власта), но најважно за „нас“, ќе се отвори патот за вистинска либерализација на телекомуникациите. Да беше Владата паметна и да немаше опозицијата рокчиња. Чисто хипотетички.

19 коментари:

daywalker рече...

Се лопов до лопов. Нашиве политичари би требале сите до еден да добијат Нобелова награда за демагогија. Бандити и апаши.

Goce рече...

Jasno deka DPMNE ke bide protiv. Tie za se' se protiv. Bea i protiv prodazbata na ESM. Mislis go tintraat narodot? Apsolutno ne. Sakaa tie posle da go prodadat. Malku im bese OKTA i Telekom, pa sakaa i ESM da go prodadat. Lele izvinete, ova ispadna deka sum za SDSM. Ma nikako, samo sto znam koi se DPMNE. Vo drzavava samo DPMNE gi cuvaat nacionalnite interesi, t.e. samo tie smeat nesto drzavno da prodadat. Site drugi ne smeat. Abe da crknes od smeenje :) A narodot ovca...

малиот рече...

Тотална лудница и железарница, сега па опозицијата нешто се премислила.
Оф леле, неможат нашиве политичари да се навикнат на либерален пазар и конкуренција, пак некое дебело заслужно газе мора да се смести во телекомската фотеља.

Сега пак опозиционерите ќе почнат да мрчат дека сум за власта :)

Аман веќе нека некој ги продаде тие акции што побрзо да се раатисаме од телекомов и 40-тината милинои со кои ја уценуваат секоја власт.
А да, сега слушнав дека наводно нешто маѓарине имале некакви си проблеми за некоја си афера на дојче телеком бла, бла, бла и пази сега, ќе морале да се консултираат, па да чекаат некоја одлука на бордот на директори бла, бла, односно немало на време да ги дале парите од дивидендата, ЦВРЦ :)

И пак сега ќе почне лудницата, со уценување, блефирање и тактизирање за парите од дивиденда.
Сирот Буч веќе ги обеќал парите за ово оно а овие вака сакаат да го зафркнат, абе идат избори на чоекот му се брза, не може сега он да чека одолжување на исплатата.
Значи деновиве ќе се изнаслушаме на разноразни идеи и предлози, власта ќе го притисне телеком со некаква си либерализација и тендери за 3 мобилен оператор, а овие ќе блефираат со намлаување и одлжување на дивидендата... циркус.

А ние јадни ќе се надаеваме дека нешто ќе се мрдне од оваа зачмаена бара.

Е да МТ ќе купеле 10% од акциите на државата, чисто да се осигураат во својот монополски-лоповски статус.



Поздрав.

Анонимен рече...

Abe drugarcinja ne deka sme za vlasta ili za opozicijata, ama stvarno nema niti za ednite niti za drugite da kazes nesto asolno. Mozes da kazuvas samo toa sto go ostavile pozadi niv. Znaci samo gluposti.

Анонимен рече...

Samo glup ili profiter moze da se bie vo gradi i da se tepa za nekoja partija. Nie normalnite plukame po site politikanti!!!

Анонимен рече...

vie "normalnite" sedite so qrot vo raka i plukate po blogovi i niso drugo ne praite. Da bevte pametni kje urgiravte kaj nekoja partija, koja lizejki g'z na narodot, barem pred izbori, mozda i kje napravese nesto za vas. Da ne slucajno ke izgubevte neshto, vo sporedba so toa shto go imate sega? A toa e... let me check.. nishto?!?

Анонимен рече...

koj si mi pa ti? partija da lize g'z na narodot? hahaha! dosega ne sum osetil necij jazik na mojot g'z, a najmalku od nekoja partija. lazenje da, ama lizenje tesko bogami.

vikas urgencija? znaes kolku se plakja kaj tie moroni za urgiranje? toa na zapad se vika mito, a ovde urgencija.

Анонимен рече...

kolku lesno se palite na politika, cudo edno.

Анонимен рече...

a koj ne se pali vo zemjava?
site se palat, ama poradi razni pricini, samo najmnogu ne ime nas sto bi sakale so stapovi da gi naredime politicarite pred sobranie pa mavaj!

Анонимен рече...

ке се изначека ме за некој добар флат пакет џџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџџ беда

Анонимен рече...

Dobro. I? Sho sega? Ili ova e uste eden od onie "aj da stavam nov topik da ne bide bez ich"

Анонимен рече...

ONET novi ceniiiiiii!

Анонимен рече...

http://biz.on.net.mk/wadsl.html

Pero рече...

Cenata e za okolu 100 denara namalena, aj kacile go malku soobrakajot na 10gb i gledam nema depozit. Realno vo momentov ova e najdobrata ponuda vo Makedonija. Kaj Mtnet plakas skoro duplo i dobivas smesni 4 gb, aj ne te isklucuvat kako kaj Onnet koga ke gi nadmines, ama pak treba da se izmaces za da dojdes do 10gb, dali i ke mozes da dojdes so nivnire 64kb(realno 33kb)

pero рече...

aa gledam namalile ja malku brzinata od 768 na 512. Site odat napred nie se vrakame :(

Анонимен рече...

I onet ne te isklucuva posle nadminat limit procitaj dogovor ke te namalat na 64

Анонимен рече...

договорот е втора верзија на МТНЕТ.


Цената е одлична задоволителна , но што ке понудат Мтнет дали има информации некој ?

Анонимен рече...

можеле и за 2000 ден. да дадат некој флат или 40 гб трансфер

ке беше подобро

Анонимен рече...

Па да ти кажам не ме интересира што ќе понудат бидејќи се решив за ова решение. Во Прилеп гледам дека одлично работи доста е брзо и немаш загуба на брзина како што има АДСЛ. Тоа значи дека ќе ги имаш цели 512кбпс, а не како кај МТнет 450кбпс реално на МАХ АДСЛ.