14 јуни, 2006

37% инцест

Работите се менуваат, за да останат исти. Владата шитна една петтина од своите 47% телекомски акции и остана во кревет со Magyar Telekom.

Два „момента“ се интересни.

Пакетот од 9,9%, кој се продаде, го откупи Телеком, а не Magyar Telekom. Значи Телеком, со одлука на Собранието на акционери, во кое учествува и Владата, купи сопствени акции. 60-те милиони евра кои беа употребени за ова соодветно ќе го намалат износот на добивката и евентуалната дивиденда која би се делела на акционерите на МакТел. Кај и да е, очекувам да се објави дека Владата нема да добие дивиденда за оваа или минатата година, затоа што се употребила за купување акции. Државата сега ќе добие отприлика иста сума пари како да била исплатена дивиденда, единствена разлика ќе биде што ќе и' се намали учеството во сопственоста. Антикорупциската ќе се потресе, а обвинителот ќе испита.

Друго, со преостанатите акции власта ќе продолжи да ја спроведува Националната стратегија за е-дерење. Новата Влада по изборите ќе бара милион и едно алиби за да ги задржи останатите 37%. Уште сега фрчат „аргументи“ од сите страни:
Борче Давитковски, ружа: „Нешто што ви носи фиксна дивиденда 30, 40, 50 милиони годишно ...кое што може и во наредните 50 години да ви носи пари...[не може] да го продадете за 250 милиони.“

Зоран Трајчевски, арслан: „Ние не сме против продажбата на акциите но во услови и време кои ќе понудат највисока цена на акциите и согласно законот, на берза да се продаваат“.

Спире Мавровски, арслан популус: „Апсолутно е некоректно, ова е најуспешна фирма, државата има добивка од „Телеком“.“
На сите им течат лиги за делба на ланската дивиденда и за пополнување на фотељите резервирани за владините претставници во МТ. Неуспешната продажба потврди дека инвеститорите не сакаат да станат малцински акционери во Телеком и немо да гледаат како некој друг одлучува дали и колкава дивиденда ќе добиваат. Владата добиваше дивиденда, но по пат на преговори и уценувања и само затоа што беше главниот јатак на ајдукот. Бидејќи продажбата е невозможна, кој и да победи на изборите мора да се притисне акциите бесплатно да ги подели на граѓаните. Сè додека има државна сопственост во Телеком, ќе имаме либерализација на хартија и „информатичко“ општество по полиците.

29 коментари:

Анонимен рече...

затоа бате регистрај се

па постирај

http://mak.hopto.org/forum/index.php

TIGER рече...

Ова што го напиша безврска е сосема О.К. Најверојатно ќе продолжи е-дерење на граѓаните, а од информатичко општество нема да има ништо. (Без оглед дали Јани Макарони ќе победи или не) Ми се допаќа идејата да акциите бидат бесплатно поделени на граѓаните, но дури и тоа да се случи нема да биде доволно ако нема доволно политичка волја да се стави крај на монополот.
Блоговите ги читаат незначителе број луѓе во Македонија, потребно е вакви текстови да се најдат на страниците на весниците, ако не може веке на ТВ. АКО НЕКОЈ ИМА ВЛИЈАНИЕ ВО МЕДИУМИТЕ, СЕГА Е МОМЕНТОТ ДА СЕ НАПРАВИ НЕШТО ЗА НАРОД И ДРЖАВА.

bezvrska рече...

леле уште еден форум! толку многу лозинки :)

tiger, оваа „гарнитура“ дури и да биде притисната нема време за да ги подели акциите. На новата пак, ќе и требаат едно два-три месеца за да се договори за поделба на пленот. Може не е право време за ова прашање да се актуелизира по класични медиуми сега.

Анонимен рече...

ako ni ostanuva togas samo da kukame po blogovi, shto e togas poentata na postov, ako ne mozeme da prevzememe nisto vo vrska so toa, i ne ni pravi ama bas nikakva razlika shto go znaeme?

bezvrska рече...

easy there cowboy!
кој „ви“ забрани да преземете нешто? јас кажав мое мислење за коментарот на тигер - со аргументи. ако имаш поинакво видување, ај изложи го и аргументирај го, па може ќе просветлиш некој.

ако ти треба помош за аргументацијата, еве ја ќе ти помогнам: „ако ова прашање се форсира сега во јавност, старава „гарнитура“ може во очајнички обид да се фати за сламка и да рече дека ако останат на власт ќе ги поделат акциите на МТ на граѓаните. може да се деси и опозицијата да потрча да ги имитира. на дадено ветување ќе биде многу полесно после изборите да се врши притисок. “

или нешто слично. видиш, не е така тешко :)

ile рече...

Со цел да излеземе во пресрет на Вашите потреби за побрз интернет пристап, Ве известуваме дека од 1 јуни 2006 година брзината на пристап на OfficeADSL пакетот е зголемена од 768/128 на 1024/256 kbit/s.

bezvrska рече...

МТ постепено ја зголемуваа брзината на пристап во последниве месец два за бизнис понудата на АДСЛ. Кога луѓе се јавувале да прашаат им одговорале со „експериментираме да видиме како ќе оди“

Анонимен рече...

Слушнавте , Атила Сендреи пред суспензија. Не верувам дека тоа ќе се случи, повеќе ми изгледа на мучка или зезење на јавноста, но дај боже да не бидам во право. Не дека следниот Хун ќе биде подобар, но барем нешто да се мрдне во барава...

Чиче Пиче рече...

Со цел да излеземе во пресрет на Вашите потреби за побрз интернет пристап, Ве известуваме дека од 1 јуни 2006 година брзината на пристап на OfficeADSL пакетот е зголемена од 768/128 на 1024/256 kbit/s.

Абе цените да ги намалат и да ги покачат лимитите на сите пакети, а не да зголемуват брзина. Што ќе ти е брзина ако после неколку гига одиш на полжав(диал-уп) брзина.

pijan рече...

na 19-ti (ponedelnik) ke ima nova ponuda od mtnet. potvrdena informacija.

daywalker рече...

Баш ме интересира што би можеле да понудат... хм...

Ќе зголемат брзина на максадсл на 728/128 и ќе намалат лимит на 2 гига или на 1 гига а цената ќе остане иста? Или ќе зголемат лимит на 6 гига, ама ќе го поскапат максадсл на 100 евра?

хехехе

Од нив ама баш ништо асално не очекувам.

Анонимен рече...

paket "uradi sam" e novata ponuda...

коскар рече...

мак.хопт.орг не се отвара..
фајарфокс вика ту лонг ту риспонд

Анонимен рече...

E stvarno me zanima sto li sega MtNet ke istresat so novite ponudi na ADSL-ot. Ajde do ponedelnik, koga veke e provereno.

Анонимен рече...

коскар said...
мак.хопт.орг не се отвара..
фајарфокс вика ту лонг ту риспонд


Не работеше зошто се префрлаше на

www.mkdev.info

daywalker рече...

А да ни даде некој „сник привју“ да не чекаме до понеделник?

SoulCC рече...

"na 19-ti (ponedelnik) ke ima nova ponuda od mtnet. potvrdena informacija."

Епа понеделник сме уште нема нишчо.

Анонимен рече...

ovie aber nemaat od nova ponuda. 19-ti dojde :(

Анонимен рече...

Potvrdena informacija... ha ha ha.

Ili toa mozda MTSit rabotat samo vtora smena, pa zar da kutrite stanuvaat rano sabajle.

Ja stvarno ne ve razbiram sto se zamisluvate, deka MTSit postoi za vas, pa da za sekoj budala koja se pozali oni odma da se trgant od zimski son i pocnat da mu gi resavaat internet problemite?

daywalker рече...

изгледа „инсајдерот„ утнал година...
19. јуни 2056 година ѓе има нов пакет на Мт-лајно

Анонимен рече...

ha hah HA HAHA Ha kade ste MTNET

bezvrska рече...

ииии анонимус, како им го плесна!

Како и секоја фирма, така и МТ прави некакви истражувања на пазарот, вклучително и сондажа на фокус групи. Да, знам дека звучи неверојатно :)

Анонимен рече...

Ponedelnik ke ima nova ponuda od MTnet, provereno...
No ne znaeme koj ponedelnik... verojatano nekoj ponedelnik idnata godina, 2007.
Proverena i potvrdena informacija, 100%

Sepak edinstvena podobra ponuda ostavuna WADSL na Onnet, samo ne znam kakva e stabilnosta na interent vrskata.

Pozdrav

Анонимен рече...

Nova ponuda od MTnet ke ima posle izborive... samo zavisi koj ke pobedi (ako pobedi VMRO ke ima besplaten internet, provereno!!!!!??????)

daywalker рече...

хахаха... Бесплатен интернет...

Со конзерви и јаже?

daywalker рече...

Цел ден сајтот на мрскиот непријател е SERVICE UNAVAILABLE.

Знае некој што им се случува?

Анонимен рече...

Very cool design! Useful information. Go on! Solid wood media cabinets herbs for muscle pain relief pain relief for impacted wisdom tooth

Анонимен рече...

best regards, nice info film editing schools

Анонимен рече...

What a great site Childrens home of cincinnati Gay saunas in new york phentermine diet pills