23 јуни, 2006

Лидери во регионот - најскапи и нелиберализирани

Кулен интернeшн'л истрча со вториот извештај за телекомуникациите во Југоисточна Европа (PDF; 2,9 MB). Нарачан е од Европската комисија, која беше фина да го објави минатиот петок за да може и ние да го прошпиунираме.

Меѓу 10 земји од регионот, само за Македонија и Романија нема бројка за продорот на интернет (пенетрирано од сер Ханибал Лектор). Во фуснота стои дека Агенцијата за електронски комуникации допрва ќе собира податоци од провајдерите. Не може да си ги мериме ни по основ на бродбенд претплатници затоа што во извештајот не се опфатени корисниците на кабелски интернет во Бугарија и Србија.

Документот е сепак корисен за споредба на цените и „напредокот“ во либерализација на пазарот. Македонија и во 2005-та имала убедливо најскап dial-up во „нормална“ тарифа - за четвртина поскап од хрватскиот и повеќе од три пати поскап од српскиот.
Во „евтина“ тарифа (ненормална ?!) dial-up-от во периодот од 6 попладне до полноќ ни е втор по скапотија во регионот, а од полноќ до 6 сабајле сме претпоследни (ова е добро - посебно за оние што тешко ги фаќа сон).

Штета што не направиле споредба на цени за бродбенд - убедливо сме први. Разврзувањето на локалната јамка, со коe други оператори ќе можат да ги користат жиците на телекомите за да нудат услуги, е започнато само во Романија, Босна и Хрватска. Во Македонија не може да се склучат ни договори за интерконекција, па целата либерализација останува на хартија.

Кај изнајмените линии - опишани како „the building blocks for alternative networks that compete, directly or indirectly, with the networks of incumbent operators“ - сликата е иста:
The former Yugoslav Republic of Macedonia has particularly high rates both for short and long lines.
Ако кај 64 Kb/s линии сме на второ место после Албанија, за 2 и 34 мегабитните линии сме лидери. Цената од 12 717 евра без ДДВ за 2 km изнајмена линија од 2 Mb/s е околу 75% над просекот во ЕУ.За 34 Mb/s џепчето на Атила и компанија се полни со 173 илјади евра, или повеќе од трипати поскапо во однос на просекот во ЕУ. Ситуацијата е полоша кај 200 километарските изнајмени линии и исто лоша кај меѓународните изнајмени линии.
За да не испаднат само Хуните клети, мал извадок од Законот за електронските комуникации (PDF; 665 KB):
Агенцијата може да му наметне на оператор со значителна пазарна моќ на релевантен пазар обврска висината на цените на услугите да бидат базирани на реалните трошоците...
Агенцијата ќе ги воведе обврските од став 1 на овој член доколку смета дека врз основа на анализата на пазарот постои недостаток од ефикасна конкуренција, во услови кога операторот претходно вовел многу високи цени или се впуштил во експлоатирачко воведување на цени на штета на крајните корисници.

13 коментари:

Атила рече...

Хе, хе, хе, ... два дена и нема коментар. А што Ви вреди и да има. Ќе Ве стрижам и пенетрирам (не со Интернет) како што сакам, ќе кршам закони, потпишани договори и ќе правам што уште не и ништо не ми можете. Знаете зошто?
Бидејќи сте неорганизирани, и за водачи и политички лидери бирате лесно поткупливи луѓе кои за ситна услуга како вработување на дете или сопруга око не им трепнува да продадат цел свој народ.
Мојот главен г. Ташнаревиќ беше толку успешен во својата мисија да за ситни пари и услуги ги купи сите во државата да Хунската централа во Будимпешта беше одушевена колку е способен за мали пари да обезбеди стотици милиони евра нелегален профит, па го унапредија во ... МИНИСТЕР за надвоешни работи на Унгарија. Лесно може да проверите...
Приметивте дека изнајмените водови се најскапи во регионот а? Знаете зошто? Така нема да може да се развие конкуренција, па нема да имате ни добар Интернет, а уште пмалу броадбанд. А кој го контролира броадбандот, утре ќе го контолира и говорот (ВоИП).
Така јас ќе си правам огромни профити, Вие ќе цркнете по можностите на ефтиниот броадбанд, и бидејќи МТ е далеку најпрофитабилна компанија во Маѓар Телеком групата, јас ќе станам ... Генерален на Маѓар Телеком, кога на Елек Страуб ќе му досади. А Вашиот Регулатор? Знаете како го нарековме понекаде во нашите документи “unsophisiticated". Учтиво нели? Како би го нарекле Вие?....
Ваква работа како Македонија нигде на светот не се наоѓа.

Анонимен рече...

Cudim se do sga zasto ne mu zatentimo ednu ubavu tuzbu na Mtnet i na celiot Telekom.
Tuzba za monopolsko rabotanje.Neli i u nas zakon ima zakon za monopolsku rabotu.
Pa ako nasi sudovi ne resiv tuja mu e Strazbur.
Kd mogava ameri na Gejtsa da mu ga nacukav, sto da ne mozemo i mi na Atilu.
Aj da se soberemo i da im zacukamo ednu tuzbu.
Valjda ima i medgu nas nekoi pravnici sto se razbirav u tija rabote.

атила рече...

Хе, хе, .... каква тужба бе овчички мои. Со Директорот на Антимонополска Управа сум супер другар. Му го запослив синот во МобиМак. Хе,хе...Додека неколку од таквите не обесите на плоштад за сите да видат немаВи спас...

Анонимен рече...

. . . патетики . . .

Анонимен рече...

...авторот на блогот во делузија успеа да си генерира алтер его, огорчен од слабата посетеност на неговиот месијански блог...

да, искрено, тапа ептен патетично...

што е следно, монолог?

stariot citac рече...

Posle dolgo vreme, pak sum na blogot. Blogov go napustiv koga pocnavte lani da gi vregjate NVO-ata, deka nisto ne rabotele i samo se sostancuvale.

Sega gi procitav site poraki i komentari i gledam deka i vasata NVO nisto ne pravi.

E, deca deca, lesno e da se pcue, no tesko nesto da se napravi. Aj smenete sega vie nesto so vasiot NVO. Ne mozete? Pa ne mozea i drugi pred vas, no vie gi napagjavte so pogrdni zborovi. A vo toj sektor ima lugje koi vekje 15 godini nesto se obiduvaat da smenat vo opstestvoto.

Ne sakam so porakava da iniciram negativni diskusii. Ova bese samo za potsetuvanje. Koga go napustiv blogot, celta mi bese da se vratam nazad posle nekoe vreme i da vidam sto ste napravile. A ste "napravile" kako sto i ocekuvav. Zalno, ama toa e toa...

Анонимен рече...

Не е битно кој колку направил , битно е дали нешто се движи или не, ама очигледно е дека се тапка во место и се чека на други ?

Дај те малку организација, протес организирајте се

bezvrska рече...

Не е во склад со правилата за „успешно“ блогирање да си го посетуваш блогот или да коментираш на неколку дена или недели, ама неопходни ми се паузи во комуникацијата - во живо, преку блог или преку било кое средство. Ми помага да си ги средам мислите, да си останам свој, а и да потерам други аспекти на животот. Ова е објаснување, не правдање.

За коментарите:
Не го сконтав делот со ташнаревиќ и министерот за надворешни на унгарија. Ај поексплицитно, да не правам истражувања сега.

Мала корекција... бивша антимонополска управа сега се вика комисија за заштита на конкуренцијата. Анегдотата со директорот и синот веќе некој ја раскажа на блогов и тоа одамна. Дајте нови трачеви :)

анононимус патетикус: леле, ќе се упуцам у меѓуножие ако не си блогер :)
вакви размислувања за „огорчоеност од слабата посетеност“ може да има само некој што почнал да блогира, па забегал, па блогот почнал да го прави него, место да биде обратно. Ако грешам, прости. Јас ти простувам за претпоставките за посетеноста и за мотивите на „авторот“. Впечатокот за месијанство не е намерен, туку е товар од начинот на кој блогот настана. Ако веќе треба да се залепи етикeта на блогот, јас би го крстил сатирично-сеирџиски. Делот со фројдовизмите и делузиите не го разбрав, те молам дообјасни се - по можност на едноставен македонски.

Здраво стар читач, како си? :)
Дур си не оставил така напуштени изгледа си утнал пар дискусии, па да повторам. Блогов не е НВО. Да ставиш знак на равенство е како да го сретнеш Метју Пери од Пријатели и да го поздравиш со „Еј здраво Чендлер“. Ако кажеш колку си стар ќе се потрудам да ти дадам и временски прилагодена аналогија, ама и покрај дедовското „е деца деца“, ЗНАМ дека не носиш бастунче ;)
Спомнувањето на НВО „секторот“ веројатно се однесува на Интернет Македонија. Јас бев изричито против влагање во такви води од причини што беа објаснети овде и на други места - како стар читач теба да ти текнува. Дозволив да ме разубедат, и не се каам зошто се покажа корисно во неколку прилики. Ама ја разбирам твојата засегнатост од критиките кон „секторот“ со кој си поврзан.

За повикот за поголема организираност... не е проблемот во тоа. Тука фали терористичко крило. Доброволци?

Анонимен рече...

На 5 протест пред влада може Чистачките(во Влада) ке ни дадат подобар интернет !!!!!

Анонимен рече...

се собравме тројца се допишуваме анонимно. sic!

bezvrska рече...

ти си четвртиот или патетикус? блогер си? :)

BTW дали знаеш што значи sic или само претпоставуваш?

Анонимен рече...

This is very interesting site... Dmoz.org business business services security alarm systems furniture nashville tn Dosage and ritalin and time and release

Анонимен рече...

I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! »