29 јуни, 2006

ЕУ супер-бабичка: Ќе ги сечам телекомите

Дојче Телеком си најде (не)згоден противник во Вивиен Рединг, комесар за информационо општество на Европската комисија. Женава прво предложи цените за роаминг да бидат еднакви со оние за национални повици. Криците за линч што следеа од мобилните оператори не ја уплашија многу, па побара од германските власти да го срушат монополот на Дојче Телеком во фиксната телефонија и се закани со санкции ако не спречат исклучување на конкурентите од неговата нова VDSL мрежа. За да си обезбеди плакета „непријател број 1 на златните кокошки“, вчера...завчера предложи да се распарчат телекомите како лек за утуцаните монополисти.

Последново е под импресија од САД каде AT&T ("Ma Bell") во 1984 беше распарчен на седум дела во антитрустовски процес. Нагалено наречени Baby bells, овие делови успеаа да се обединат последниве две години. Во меѓувреме кабелските компании ги потиснаа телекомите и станаа доминантни со околу 55% од американскиот пазар на бродбенд.
Consumers therefore have a true choice in the US. In Europe, DSL is still the technology used by more than 80% of subscribers, which shows that we still have some way to go until the process of market opening is completed.
Колку и да звучи фино, вакви радикални мерки сигурно нема да поминат. Во најдобар случај може да се очекува модел сличен на британскиот. Таму, под иста закана за распарчување, British Telecom ја одвои големо од малопродажбата и отвори посебен субјект кој е обврзан на сите оператори да им нуди пристап до телеком мрежата по еднакви цени.

Интересно е што дури и самото спомнување на можноста за принудно расцепкување предизвикува алергиска реакција кај нив по што одма стануваат кооперативни. Телекомот на Нов Зеланд побрза доброволно да го воведе британскиот модел само еден месец откога владата - притисната од жестоки критики дека земјата дебело заостанува во поглед на бродбенд линиите - најави можност за принудна поделба.

Да ја викнеме женава на гости?

19 коментари:

Анонимен рече...

Да треба да се викне женава на Гости , тука ке и се дигне косата од Монополот !

Анонимен рече...

Не на гости, туку да ја поставиме за доживотен директорот на Агенцијата за електронски комуникации.

bezvrska рече...

Што ќе правиме тогаш со Трпко? Ќе треба за амбасадор да го пратиме негде.

Ако, нека и се крене косата, баш ќе и стои таква фризура. Ако АТТ е поделен на 7 дела, на колку дела би требало да се сече МТ за да не ја купува владата?

Друга работа ми спомна еден бивш телеком инсајдер. Иако ја критикуваат Германија таму има неколку клона на Дојче Телеком кои колку-толку се тркаат меѓу себе кој ќе зграби поголем дел од бродбенд пазарот. Нешто слично можеше да се примети и во МК како кошкање МТ-Мобимак околу оние кои го откажуваат фиксниот телефон и прифаќаат повисоки цени по минута преку мобилен само за да си ги фиксираат трошоците или да се откачат од претплата. Може ќе видиме и бродбенд варијанта на ова ако ДТ го купи Словенија Телеком сосе оннет.

Се на се, има интересни аргументи за цепкање на телеком мастодонтите.

Анонимен рече...

Ако ДТ ја купи словенецхки телеком , ке треба во разумно време да го продаде ОНнет (спрема нашиот закон) Ова важи во правни држави.

Инаку супер бабичката беше еднаш поканете од Јани за конференцјата прошлиот Септ. но нормално му даде корпа.
Инаку женската е супер, прав фајтер. Такво нешто ни треба.
една друга работа што фали кај нас е да се престане со одвоено третирање на проблематиката за инфо општество од проблематика на телеком политиката. Ептен се поврзани а работното место на бабичката го докажува тоа.

bezvrska рече...

Хм, да, исто е забрането сопственици на електронски медиуми да поседуваат весници. Штета што никој не го информирал газда Велија и пар други ликови.

И мене не ми е логична поделбата меѓу ел. ком. и информациско општество. Како да е малку што се трошат над 4 милиони евра годишно за АЕК да си игра „као регулатор“, па сега ни фали уште и Агенција за информатичко општество. Да живее бирократијата и тоните хартија кои се создаваат чисто ради привид дека ете нешто се работи.

Инаку фул титула на рединг и е комесар за информациско општество и МЕДИУМИ. Така е и во многу земји. ВМРО веќе најави обединување на советот за радиодифузија со АЕК. Долгорочно има смисла, пошто сега најголем дел од кабелските не ја фермаат АЕК. Едина мана е што кога ќе почнат со измени на закони, па правилници, па усогласувања, па кадровски смени, па нов деловен простор, кабинети и тракатанци.... ќе поминат 4 години у уште една „реформа“, нема да видиме ни и од информациско општество, а некој друг Јани ќе ни кажува како УСАИД направила ова или она.

Анонимен рече...

Znae li nekoj dali ke ima nova ponuda (nov paket) od mt net za internet posle izborive...

Ke ponudat li nesto podobro ili nema?

Анонимен рече...

AHA CE IMA . SEGA CE DOJDI VMRO-DPMNE I CE TI DADE BSPLATEN PAKET . SAMO TI NADEVAJ SE

Анонимен рече...

e зс да не ти даде ?


Мозе и ке му даде вмро !

Анонимен рече...

ќе ви даде на сите

Анонимен рече...

ama ako se napupite

Анонимен рече...

shto znaci nikoj nema da treba da menja pozicija :)

Анонимен рече...

Аман луѓе, побарајте, најверојатно има некој друг блог наменет за вакви муабети.
Предлагам:
1. Трпко за амбасадор во Тунгузија
2. Да се состави сериозно писмо (Е-маил) до бабичката (преку ИМ и сите други кои би го потпишале) со предлог да Македонија биде прва каде би се реализирала идејата за поделба на телекомите (кај нас барем на два дела, услуги и пристапна мрежа, опционо и три со централна мрежа)
3. Пристапни мрежи би давал услсуги на СИТЕ сервис провајдери под исти услови. (100% или барем 51% во државна сопственост, може со трансформација на сегашните 37% државни)
4. Атила да се врати од каде што дошол.
5. Ако нема чесен и способен човек во Македонија на местото на Трпче да се најде странец. (ако бабичата има некоја ќерка или внука вреди да се размисли)

Терорист рече...

А да собериме од сите пари и да закупиме еден 50 мегабитен линк кон странски провајдер и после да си го поделиме. Така нема да мора никому месечно да му плаќаме. Мислам дека многу поефтино ќе се фате.

Анонимен рече...

а да купиш ти цистерна (или подобро танкер) па нафта натаму-наваму да носиш... Така нема да мораш секојдневно за гориво пари да фрлаш, ем (мислам) многу поефтино ќе те фане...

што се' нема да слушнам/прочитам... страшно!!!

Анонимен рече...

epa neka pise nekoj mail , plus i dajte go nejziniot mail

bezvrska рече...

Ако има веродостојни информации за нова понуда од било кој провајдер ќе биде објавена.

Ми се свиѓа планот во 5 точки. Посебно делот за поделба на МТ на 2/3 дела и трансформација на државните акции во доминантна сопственост во еден од нив. Без промена на сопственоста раздвојувањето на мало од големопродажбата ќе остане само на хартија. Македонија не е Британија. АЕК не е Офком. Подржавувањето еден помал дел може да даде поголеми ефекти одошто трансфер на државните акции на „народот“.

Идејата за закуп на линк и негово делење е реалност во некои европски земји. Обично се промовира во зафрлени села (како Македонија) со државна помош (сосема различно од Македонија). Има два модела: кај едниот сопственоста е целосно во рацете на корисниците, а во другиот се прави партнерство со постоечки провајдер. Со кој провајдер би се заортачиле? :)

Анонимен рече...

So srpski telekom

Анонимен рече...

Vidi:


http://boffopaidmail.com/pages/index.php?refid=losos

Анонимен рече...

Looking for information and found it at this great site... http://www.lcd-television-0.info Card credit offer reward dryer+service skin care Bextra death qoclick Refinance++ Refinance in canada with bad credit43 Burn your house down Mortgage refinancing terms in the us lake geneva oral maxillofacial surgery