03 јули, 2006

Лудило

Во пресрет на парламентарните избори 2006 година, здружението Интернет Македонија испрати прашалник до 13 политички партии со цел да го образложат начинот на кој ќе го искористат огромниот потенцијал на модерните информациони технологии за да го подобрат животот на луѓето и да го спречат натамошното заостанување на Македонија на ова поле. Партиските определби на полето на интернетот и електронските комуникации ги прецизираа само ЛДП и НСДП. Одговор не испратија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, ВМРО-Народна партија, ДОМ, Земјоделска народна партија, ЛП, СПМ, ДА, Лига за демократија...
(повеќе)

Во целосните одговори има интересни „моменти“.

Независно од тоа, неколку коментари за сите партии...Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ се нема експлицитно изјаснето дека е за повлекување на државата од сопственоста во Телеком. Тука нешто смрди... Уште поинтересно е што партиите што оправдуваат вакво повлекување сметаат дека единствен начин тоа да се направи е продажба на берза.

Хелоооу! Ги продаваа? Се продадоа? Не? Што е поентата сега пак да се продаваат? Ова баш се вклопува во дефиницијата за лудило на Ајнштајн: постојано да ја повторуваш истата работа и секојпат да очекуваш различен резултат.

Најбрз и наједноставен начин да се заврши работата е ако акциите се поделат бесплатно на сите граѓани. Сè останато е само купување време и продавање муда за бубрези.

Второ, сите пропагираат нова и нова бирократија во услови кога постојната не функционира. Така, СДСМ се залага за Агенција за ИНФОРМАТИЧКО општество, ВМРО-ДПМНЕ за Министерство за интернет и ИНФОРМАТИЧКА технологија, а НСДП за Министерство за информациско-комуникациски технологии. Грејт. Има смисла. Бирократијата не функционира. Чаре? Ќе испратиме некои фаци зад решетки? Не. Ќе ја укинеме? Не. Ќе воведеме мониторинг на резултатите? Никако. Ќе ја дуплираме. И ќе извикаме: That's what this country needs!

Трето, никој нема јасен концепт како ќе го измени концесискиот договор на Телеком кој има важност до 2018 година. До тогаш ќе се журкаме со флоскули за либерализиран пазар, конкуренција, интернет за сите и сл. лигавења.

Четврто, буџетот и државата постојат за граѓаните, а не обратно. Ако може државата да купува јабуки за да бидат здрави децата, може да купува интернет и компјутери за поттикнување на нешто што го определила како приоритет. Кога државата ќе створи услови цените да бидат на ниво со европските, најголем дел од населението да може да си ги дозволи, а пазарот да биде пазар наместо Скопски пазар, тогаш политичарите ќе имаат право да продаваат неолиберална економија како догма и да се колнат во моќта на пазарната конкуренција.

16 коментари:

инсајдер рече...

Усогласувањето на концесискиот договор касни бидејќи атила сака за тоа да се пазари со новата влада. Таквите усогласувања се правени на полно места во светот и до сега тоа е уходана работа.
Поради истите причини и не се донесува конечниот финасиски извештај за 2005 (има ли воопшто некој будала што верува дека извештајот не се донесува пради некои проблеми со Монтенегро телеком?)
Едноставно атила сака да си изнуди што повеќе отстапки за да ја плати дивидендата.
Додека некој не се обеси на плоштад нема да имаме ни асолен интернет, нити било што друго ќе тргне. (Дај боже новите да бидат различни?)

Анонимен рече...

Делот околу т.н. бирократизација не држи вода. Но тоа е прашање на отворена дебата и дефинитивно овака на блог не може да се разглоби во детали. Во основа се се движи околу зборот одржливост.

Анонимен рече...

REVOLUCIJAAAAAAAAAA LUGHEEEEE!!!!!!!!!

Анонимен рече...

BTW, тоа што скоро никој не одговорил ја покажува сериозноста на ИМ во очите на партиите.

bezvrska рече...

А ја се' се плашев дека ја покажува сериозноста на партиите. Ама ако ти е полесно така да мислиш и ако ти овозможува да продолжиш да си го обожаваш идолот - so be it.

„бирократизација“ и „одржливост“... едина позитивна работа која ми текнува е дека ново ИТ министерство или агенција би се борела за буџетски пари. Дали тие пари после ќе отидат за јадење бурек или за нешто продуктивно? Ако судиме според искуство одговорот е...

Анонимен рече...

Не ни може да очекуваме партиите сериозно да се зафатат со одговарање на прашања на невладина организација, кога нашите партии повеќе идеолошки ги прават своите програми, а не реално согледување на ситуацијата и реално планирање. Проблематично беше и одговарањето на прашањата од Европската Унија (ова не го сфаќајте во политичка конотација и зафаќам нечија страна на неколку часа пред избори).

bezvrska рече...

Ауууу, да не почнам за прашањата од ЕК. Одговарани се дури и со препишување од новински написи без да се провери вистинитоста или да се смисли официјален став.

За голем дел од одговорите е користен шаблон: Има проект од УСАИД/УНДП/[вметни друга странска организација] што се однесува на овој проблем. ЛОгично дополнително прашање би било: А имате ли вие влада и со што се бави таа?

Знам дека е лесно да се критикува и дека има многу пречки дури и за политичарите на власт, ама НИШТО не може да ја оправда деградацијата до ова ниво што го гледаме.

Како и да е, да не депримирам многу. Денов е прекрасен :)

Хакер са Балкана рече...

ОД пред 2 дена web страните на сите државни(владини институции) не работат. Така ако отидете на
или некоја трета страна што е со IP адреса на on.net a e сопственост на влада на Р.М. нема да ви се отвори

Анонимен рече...

Епа "пала влада" затоа не работат :)

Ај може со новите промени ќе видиме нешто да се промени од статус скво.

Анонимен рече...

работи се.

daywalker рече...

Кретениве од мтшит во последно време апсолутно нередовно го ажурираат сајтот со поминатиот трансфер. Имаат ли и другите таков проблем или кого ќе закачат?

Анонимен рече...

Не верувам дека многу луѓе во ова постизборно лудило мислат на ило што освем на нова (????) влада, но сепак ова е интересно:
http://www.telecompaper.com/news/article.aspx?id=134133&nr=090&type=&yr=

Анонимен рече...

http://www.telecompaper.com/news/article.aspx?id=134133&nr=090&type=&yr=

Анонимен рече...

СИТЕ луѓе мислат на новата влада? Тешко нас :sigh:

Анонимен рече...

Бидејќи се изначитав за интернетот од Онет овде во коментари и тоа многу различни и збунувачки работи кои ме направија нервозен бидејќи платив и потпшав договор еве го моето искуство со Онет WADSL.

Наместив ОНЕТ и го имам еден ден состојбата е ваква:
1. Има П2П пробав торрент и оди со 52-58 kb/s down и 11-14kb/s up.
2. UnrealTournament2004 demo 290mb се симна со просечна брзина од 60,5 kb/s.
3. Pingot во Unreal Tournament беше од 75 - 100. Најдов повеќе UT2004demo сервери со пинг под 100 на Онет отколку на МТнет отприлика 3:1 однос.
4. Нема каснење при отварање на страни како кај МТнет. На МТнет имам околу 1 sec при request на страна или пак нема да ја добијам, па мора refresh. Тоа го нема на Онет.
5. Има динамичка ИП адреса
6. При тежок download на пример торрент сеуште интернетот добро работи. Кај МТнет се влечи ако имам торрент што симнува со 55 kb/s и праќа со 11 ks/s.

Ете тоа е. Се надевам му разјаснив некому. А, и ќе заборавев инсталацијата траеше околу 1 час.

daywalker рече...

Овие морончуги од мтшит измислиле нов пакет - макс-хит. Ист е како макс-старт, само со помала брзина. А, бе, ова ти е да се самоубиеш со какви моронско-кретенско-цинични будали си имаме работа!