14 јули, 2006

MaxADSL Hit... or Мiss?

Нова понуда од МТ... До 384/128 Kbps, 512 MB месечен сообраќај и цена од 825 денари со ДДВ за договор на две години (што за жал стана стандард).

Еден од предлозите изнесени од Интернет Македонија на средбата во МТ е попристапен старт АДСЛ и нов пакет за почетници. Последниов, крстен како „пакет за ученици и студенти“, треба да има три елементи: ниска и фиксна цена (до 10 евра со ДДВ), 24 часовна поврзаност и брзина на пристап која може да биде и мала. Логиката е дека има многу луѓе кои не би издвоиле повеќе од 10 евра за постојан интернет пристап кој го користат претежно за сурфање и проверка на мејл. На средбата се предложени брзини од 128 или дури и 64 Kbps, но со битен елемент: неограничен сообраќај. Нешто слично има Кадис со 590 денари за неограничен сообраќај од 128/128 Kbps, иако квалитетот е многу, многу варијабилен.

Во споредба со предложеното, MaksADSL Hit е нешто поскап, побрз и со лимит од легендарните пола гига. Додадените три евра во цената ги сфаќам како заштита на сурфер пакетот кој чини 700 денари со ДДВ. За жал, МТ се уште прават милиони евра продавајќи dial-up.

Она што ми се допаѓа е што доплатата после 512 MB се врши по мегабајт, а не во блокови од пола гига како кај старт АДСЛ. Цената е околу 0.9 денари (со ДДВ) за MB. Лошо: се бројат мегабајтите. Добро: се бројат на ситно. За споредба цената кај Телекабел за 1MB e 1 денар. Разбира се, кај нив за пола гига сообраќај би се платило 612 денари.

За оние што го читаат и текстот со малите букви (главно корисници на АДСЛ), уште една промена:
Претплатникот треба да ја купи потребната ADSL опрема (модем и сплитер) и да си ја инсталира. Опремата се продава во продажните салони на АД Македонски Телекомуникации по цена од 1.799 денари или на 12 рати по 160 денари.
Нема попуст за договор за една или две години. Од друга страна ова значи дека опремата конечно ќе биде во сопственост на корисникот, а не на МТ.

54 коментари:

jerro рече...

EBATI DRTAVATA PONUDA

Анонимен рече...

се по старо !

лоповишта

Анонимен рече...

Dali e taka? Za da napravis 512MB soobracaj so dial-up ti treba da receme 20-25 casa. Za ova bi platil 1000-1200 den.

So noviot paket MaxADSL Hit bi platil duplo pomalku. Ocigledno paketot e namenet za ovoj tip na korisnici.

bezvrska рече...

Има барем два типа корисници: лајт сурфери и хеви даунлоудери. Од 30 септември навака МТ се ориентирани кон првите. Мислам дека првите ќе беа задоволни со нешто пониска цена. Сталните реакции од вториве треба да сигнализираат дека треба да поработат и на таква понуда - „неограничено“ или 40 гига. Може да ги нарекуваат пирати или како се не, ама тоа нема да го смени фактот дека тој сегмент од пазарот не го покриле. А тоа беа најраните корисници на АДСЛ. Здравје, па од септември ќе видиме и оннет како ќе работи во таа насока.

Marko рече...

bezvrska, apsolutno si vo pravo. MT.NET se orientiraa na light korisnicite, no heavy downloader-ite gi ostavija na cedilo.

Iako nie tuka stalno kukame deka toa e malku soobrakjaj sto nudat, sepak treba da priznaeme deka site nie spagjame vo heavy grupata. Ama sepak, ima dosta lugje koi zemaat takvi paketi so malku soobrakjaj. Ima mnogu takvi.

Valjda konecno sea nesto ke ponudat poveke za nas drugite. Eve i DPMNE, koj go prodade Telekom, dojdoa na vlast, pa mozebi nesto drugo ke vidime :)

Анонимен рече...

Од вакви понуди ми се повраќа. Нам ни треба РЕВОЛУЦИЈА, побрзо да се оди напред. Со ваков напредок 0.9 ден/МБ наместо 1 и слично, ќе ја стигнеме Европа, кога Албанија ќе прославува 100-годишнина од првиот албаниски вселески брод кој стигнал на Марс.
Ај да смислиме нешто порадикално...Ако физички террор не дојаѓа во предвид ,како би било да го бомбардираме Атила и неговите газолижачи со стотици е-маил -и?
Кај нас сеуште нема закон против СПАМ, а има и полно Интернет клубови. Можеби не е 100% етички но е многу помало прекршување од овој криминал што тие го прават (само последното неподнесување финансиски извештај е скандал, за другото и да не зборуваме.

Анонимен рече...

Лошо , требале да дадат барем 15 гб
за мах

Ама никој не се бори изгледа за хеви даунлоудери

daywalker рече...

Не ми е јасно зошто го користите зборот „хеви даунлоудери„ за оние што прават голем трансфер? Еве, пробајте да слушате интернет радио неколку дена па да видите колку трансфер ќе направите. Другар ми скоро зема АДСЛ и често слуша радио. Се шлогира кога виде дека само со радио за 3 часа направил 200 мега трансфер. Значи, ако дневно слуша радио (да не е и тоа пиратерија?) 8 часа, ќе прави 500 мега трансфер. Квиз прашање: за колку време ќе го спука лимитот од 4 гига само со слушање радио?

мкд рече...

На ова последното на daywalker, па 4 гига се трошат за 72 часа и 49 минути со слушање на online радио кое е стримингувано на 128kbps, т.е. точно 3 цели дена и 49 минути. Е сега под претпоставка дека тие 72 часа рамномерно ќе се слуша радио во текот на месецот (кој би имал 30 дена) значи дека секој ден по 2 часа и 25 минути. Кога ќе види човек, па 2 и пол час дневно слушање радио воопшто не е многу. Замислете се колку време ви е вклучено радиото.

Значи ништо од сопствена летна револуција на Мт.нет. Толку ли не знаат да направат квалитетни пакети?? Патем, го користат изразот „Супербрз Интернет“ за брзини од 384 и 512kbps. Ај пакетот Профи со брзина од 1536kbps припаѓа во таа група на супер брз Интернет, ама овие од 384 и 512.

Се додека Мт.Нет обраќа многу внимание на dial-up приклучоците, не можеме да очекуваме некој поголем напредок од нивна страна, барем во односот кој своите корисници на ADSL. Се надевам дека главните во Deutche Telekom ќе обратат внимание како овде се користи нивниот бренд, затоа што не се глупи да инвестираат милиони евра за ребрендерирање а од друга страна Атила-Матила и некои останати да им го оцрнуваат името.

Анонимен рече...

nova godina se blizi ...
so toa i krajot na 2 godisnata agonija so mt
ke go isklucam i telefonot so se adsl . toa jas mozam da go napravam.

koga na poke od 50 % mu zavrsat dogovorite .. samo togas ke promenat nesto .. sega ubo mu e uste se nasite madinja vo nivnite race.

daywalker рече...

Не знам дали сте знаеле, но секој корисник на АДСЛ има право 2 месеци во година да пушти блокада на АДСЛ поради разни причини и да не плаќа надомест за тоа (годишен одмор, пат, расипа компјутер, итн...). Сите што одат на одмор летово слободно може да си побараат да им се блокира АДСЛ, па кога ќе имаат помали приливи, ќе размислат. Јас сигурно на Нова година правам двомесечна блокада и тамам ќе ми трае до крајот на договорот со мтшитерите. И пријатно со нив засекогаш!

bezvrska рече...

Го употребив хеви даунлоудери само како поп етикета за луѓе со интензивни инернет потреби. Ни на крај на памет не ми беше да да велам дека во време на стриминг, ВоИП и е-бизнис симнување на филмови и музика е единствена активност што и те како цица сообраќај.

Поентата беше дека јас и вие имаме потреба за обемен сообраќај. Но погледајте околу себе и ќе видите многу луѓе кои користат или би користеле интернет за да контактираат чат-пат со роднина од америка, да посетат три четири е-весника дневно, да погледаат некое забавно клипче еднаш во неделата и да проверат временска прогноза за викендот. На нив би им одговарал пакет со помалку сообраќај/помала брзина и помала цена. Дека има такви случаи, покажува и релативниот успех на старт пакетот. Инаку да, цената за макс хит е превисока, и да, ова не е пакет за напредни корисници.

Може е чудно но јас мислам дека колку повеќе лајт јузери ќе привлечат МТ, толку поголема е шансата да видиме некој пристоен „неограничен“ пакет. Ќе гледам да го објаснам ова викендов.

BTW, не верувам дека ребрендирањето на МТ ќе донесе многу. Можеби некој гест на добра волја, но да бидеме реални, мислите дека германецот не знае што прави хунот? Па кој од нив двајца ја има измислено играта?

BTW2, обиди за спамирање на МТ фаци имаше уште во октомври. Но денес филтер може да подеси и дете од пет години.

daywalker, ја разбирам твојата реакција. Ама опцијата за мирување значи дека договорот ти се продолжува за онолку време колку што бил ставен на мирување. Да бидам драматичен - со тоа само ќе си ги продолжиш маките. МТ има право да го одбие барањето за мирување, затоа масовно мирување со кое би им се намалиле приходите не е ни хипотетички можно.

Како и да е, после летово очекувам подобри времиња и за хеви корисниците.

daywalker рече...

Се сложувам со тебе :)

А за мирување прашав дали се продолжува договорот за онолку колку што е барано ммирување, ми кажаа дека не се продолжува. Дај боже да, за разлика барем за ова, не лажат.

Но, којзнае. Минатото покажа спротивно.

daywalker рече...

Roaming najviše 30 posto skuplji
od domaćeg prometa.

Predsjednik EK Jose Manuel Barroso dao je operaterima rok od šest mjeseci da smanje cijene roaminga ili će ih na to PRISILITI EU preko institucije za zaštitu tržišnog natjecanja.

daywalker рече...

И плус...

Milijarde eura zarade

Rob Conway, predsjednik udruge europskih mobilnih operatera, u stalnoj je "kontraofenzivi" spram EU-a i tvrdi da cijene roaminga premašuju samo 40 posto cijene u nacionalnom prometu. Dodaje da bi smanjivanje cijene roaminga značilo povećanje cijena u domaćem prometu. Međutim, u EK ostaju hladni na takve pritiske i isporučili su operaterima podatak da godišnje na roamingu zarade 8,6 milijardi eura, te da moraju smanjiti cijene na razinu maksimalno 30 posto od cijena u domaćem prometu.

Анонимен рече...

Интересни цифри. Под неколку предпоставки (не се знае дали е ова бруто приход, бруто добивка или нето профит, што не е ни важно заклучокот е пак ист) еве:
8.6 милијади евра поделено на приближно 250 милиони граѓани во ЕУ испаѓа 34 евра по глава.
Нашиот драг теле-шит прави скоро 300 милиони евра бруто приход од кои околу 150 милиони се добивка.
150 милиони на 2 милиона граѓани се 75 евра по човечка (или можда овчја) глава.
ЕУ се буни ако некој ги лопови по 34 евра, а кај нас никого не боли qr за 75. Ако е бруто приход тогаш е уште полошо.
Ни треба Елиот Нес да ја среди оваа најголема непогода за Македонија од дедо Ное наваму.

bezvrska рече...

Коректорски мрч: 8,6 милијарди евра приходи од роаминг поделено со 450 милиони жители е 19 евра

Анонимен рече...

е па користете друг username i pasword
па симињајте колку сакате тоа е за сега најдобра варијанта,,,,,,

Анонимен рече...

"Може е чудно но јас мислам дека колку повеќе лајт јузери ќе привлечат МТ, толку поголема е шансата да видиме некој пристоен „неограничен“ пакет."

Taka e. Kolku ima povece lesni korisnici, taka so vreme ce se zgolemi brojot na teski korisnici. A, stom nekoja grupa stane dovolno golema, togas nema da moze da bide ignorirana.

daywalker рече...

Izgleda, nie "iskusnite" internetdzii bi trebalo da gi naucime lajt juzerite kako sto pobrzo da naucat da go koristat netot do maximum. Neli?

No More рече...

Da dade gospod site "bakarni vodovi" ciganive da im gi ukradat i da gi shitnat za staro zelezo

Анонимен рече...

Eve kako se resavaat rabotite so Hrvatska. Ah ko ke mi tekni deka bea kade kade ponazad od nas.

http://www.poslovni.hr/17839.aspx

driveNOT рече...

Мислам дека џабе се даваат податоци за заработувачката на Телеком. Во капиталистички услови нормално е фирмата да биде ликвидна, рентабилна и да заработува. Она што не е нормално е висината на заработувачката во една мала држава. Во секоја нормална држава би се запрашале што не е во ред.

Ај и тоа некако, но во ниту една нормална држава (зборувам за оние од западен тип), државата не седи со скрстени раце доколку некоја фирма прикаже толкав чист профит, кој понатаму не се инвестира во нешто.

Нека заработат, но тоа не и’ се враќа на државата на некој начин.

А за нормална конкуренција на овој план (интернет, адсл...) ќе се чека неколку години. Колку и да изгледа едноставно тоа...

daywalker рече...

Dolazak Tele2 snizio cijene DO 50 POSTO

Otkako je prije deset mjeseci mreža Tele2 ’zazvonila’ na hrvatskom tržištu, potrošači su suočeni sa stalnim promotivnim kamapanjama mobilnih operatera i ponudom sve povoljnijih cjenovnih tarifa.

Povekje na

http://www.slobodnadalmacija.com/20060721/biznis01.asp

Анонимен рече...

Eden drugar uplati za wadsl pred eden mesec i seuste ne dosle da instaliraat oprema.Kazale deka nemaat oprema:))
Sramota

mtnet korisnik-ushte malku рече...

Site sho gi znam posle zavrshuvanje na dogovorot so MT za ADSL /na dve godini/ planiraat da se prefrlat na WADSL na on net.Isto i jas. Zatoa podobro im e da si nabavat poveke oprema, da nemaat takvi banalni problemi.

ICT рече...

Македонија може да доживее "бум" ако го развива ИТ секторот
Факти за употребата на Интернет во Македонија (Истражување на УСАИД направено во април)
43% од населението употребуваат компјутери, а 27% Интернет
37% од домовите поседуваат компјутери, а 13% од домовите се поврзани со Интернет
8% од постојните корисници на Интернет почнале да го користат Интернетот за време на минатите 6 месеци. (пред истражувањето)
Најголемиот број нови корисници се млади луѓе

Анонимен рече...

http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=0&EditionID=524&ArticleID=11324

Анонимен рече...

...а малку е подобра од Босна и Херцеговина и Албанија.

Доволно?

Анонимен рече...

Ако некој навистина верува дека 27% од Македонците користат Интернет, тогаш ќе поверува било што. На пример дека некој може да ви плаќа 200 долара само да прочитате е-маил порака.
На пример:

http://boffopaidmail.com/pages/index.php?refid=losos

Навали народе! Бесплатни пари, не кошта ншто!

Анонимен рече...

For a mere $36/month Japan residents are getting 100Mbps fiber-optic broadband and free VoIP. 5.5m have now added the faster service, in addition to 23m homes which already have 8Mbps service. But the increased demand is starting to take a toll on the tubes, which hit 158Gbps at major exchanges.

smasher32 рече...

Добра идеа може да биде закупувањето на 50mb линија само имаме еден проблем. Организација. Кога ќе дојде време за здружување сите штама. Има и други варијанти за да не не дерат нашиве, ова може да се оствари со меѓусебно вмрежување. Планот е да се земе сателитска конекција за downlink и уште една на некој од нашиве интернет провајдери (како feedback конекција) за upload-от, сите трошоци за поврзување да се соберат и да се поделат со бројот на корисници па секој да плати подеднакво. Истото да се направи и со месечното плаќање на двете конекции (сателитски и АДСЛ).

Анонимен рече...

МА КАКВИ БРЕ 200 ДОЛАРА, ЕВЕ ОВИЕ ДАВААТ 2000 ДОЛАРИ САМО ДА ПРОЧИТАШ Е-МАИЛ?

http://2000mail.cjb.net/
Имало и други глупи во светот, не сме биле единствени...Но и толку глупи сепак имаат вишок Интернет да се занимаваат во вакви работи... Не верувам дека плаќаат дајл-уп за ова....

sexlinkdeluxe рече...

Проблемот е во тоа што премногу 'интернет кафеа' се префрлија на ADSL а мт.нет.мк не се способни да го средат проблемот и да не им продаваат пакети за физички лица на фирми. Па се решија за полесно решение, ограничување на download. Не се проблем 'heavy downloaders home users' проблем се нет кафулињата, тие се heavy downloaders. Си знаат од мт.нет дека се е дива лига и ова е најдоброто решение за нив. Им се може. Зашто не се најде некој поспособен?
Еве, ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, ја имам програмата пред мене, ветија "бесплатен" интернет. Ајде да видиме .. Сум чекал досега, ќе почекам уште малце.
Инаку моментално го користам 'Хит' пакетот, на неопределено време. Барем опремата е моја и можам да го раскинам договорот во секое време.

Анонимен рече...

Bez vrska!!! Kaj si be? Ne komentiras nisto za nelegalniot FTP server za razmena na podatoci na MT net. Objaveno na kajgana.com!

Анонимен рече...

Што е тоа?
Кајгана неможам да отворам да прочитам. Дајте некоја информација за тоа, за што се работи?

Анонимен рече...

Epa kajgana ja objavija taa vest, i zato ostanaja bez forum... I veleja deka nema da ja izbrisat vesta vo nikoj slucaj, izgleda deka se predomislija i go napraeja to. Taa vest na kajgana ne postoi poke. A ako se objavi taa vest i tuka, ne sumnjam deka ke ostanime i bez ovaj blog... Taka da, kje kjutime i ke mu go pusime kurot na mt net i ke ne ebavaat kako so sakaat se duri sme nie pod niv. Ne se zaebavajte so mt net, imaat pari - znaci imaat se. Za dve sekundi mozat da napraat da go snema blogov ili koja i da e web strana... Zaradi to si ja mrazam drzavava...

Анонимен рече...

Eve ova go najdov na net za ftp serverot... " Начекав нешто на форумот на Опасна Багра и на блогот Тепај Време.

На кратко.

Кратко: ftp://munem.mt.net.mk/
ftp серверот во сопственост на Мт-Нет, пред скоро време откриен. Моментално е скинат поради тоа што се откри нелегалната игра на фраерите од телекомот. Имено, со лукапот се откри дека навистина е во сопственост на Телекомот, но тоа што е интересно е што во него имаше:
- нелегален софтвер
- нелегални .mp3
- порнографија
- и ред други слатки работи.
Првичните пасворди беа mp3:mp3 и wma:wma, ама сега све е постао пепео и дим.
Веста се појави на форумот на кајгана и имаше редица проверки и уверувања. Потоа се приклучи некое педерче на форумот велејќи дека не е во сопственот на мт-нет бла бла, па подоцна дека е во лична сопственост на некој вработен во мт-нет.....

Па да не искочи дека крадам, еве ги линковите па види те за што станува збор.

Опасна Багра

Тепај Време
"

Анонимен рече...

Eve ova go najdov na net za ftp serverot... " Начекав нешто на форумот на Опасна Багра и на блогот Тепај Време.

На кратко.

Кратко: ftp://munem.mt.net.mk/
ftp серверот во сопственост на Мт-Нет, пред скоро време откриен. Моментално е скинат поради тоа што се откри нелегалната игра на фраерите од телекомот. Имено, со лукапот се откри дека навистина е во сопственост на Телекомот, но тоа што е интересно е што во него имаше:
- нелегален софтвер
- нелегални .mp3
- порнографија
- и ред други слатки работи.
Првичните пасворди беа mp3:mp3 и wma:wma, ама сега све е постао пепео и дим.
Веста се појави на форумот на кајгана и имаше редица проверки и уверувања. Потоа се приклучи некое педерче на форумот велејќи дека не е во сопственот на мт-нет бла бла, па подоцна дека е во лична сопственост на некој вработен во мт-нет.....

Па да не искочи дека крадам, еве ги линковите па види те за што станува збор.

Опасна Багра

Тепај Време
***********************
Сега вака.Дали знаете колку време постои тој фтп сервер на мт-нет ? Серверот постои уште од 1999 година а тоа го знам сигурно пошто работев во радиостаница која ги симнуваше македонските албуми со народна и забавна музика што на мунем.мт.нет.мк ги имаше во огромен број. Лично јас се додека немаше лимит на мт-нет ги симнав скоро сите албуми кои ги немав во мојата колекција. Серверот не работи повеќе од 2 месеци и тоа го знам пошто скоро секојдневно го посетував.Тој фтп сервер колку што знам јас го користеа претешно луѓе кои живеат во австралија (и тоа го знам со сигурност пошто ги читав сите преписки помеѓу нив оставени како txt фајлови).Лично јас го добив од човек кој има радио станица во мелбурн австралија(мислам на user name i pass). Инаку на страницата њњњ.радиомк.цом и сега можете да најдете голем број на мп3-ки кои се симнати од мунем.мт.нет.мк и ај сега некој нека ми каже дека тие песни чо се поставени таму се легални. Ako nekoj saka podrobni informacii za toj ftp server eve moja adresa idividi35@yahoo.com името мие горан и живеам во битола. А за тие што мислат дека сум од мт-нет пратетет маил п аче добиете и телефон мој па да дискутираме мачце повеѓе за мунем.мт.нет.мк

АЈ ЧАО

bezvrska рече...

Еве сум и јас. Ми искрсна семеен проблем што ми накачи купче обврски. Ја храбро си избегав на одмор, а купчето заебано ме чекаше и кога се вратив.

Што ве гледам чудни, ко да сте од ЗАМП па сте се фатиле за тантиемите. Човечки е да се сподели со другите. Можеби не е секогаш 100% легално, ама ај да градираме... Од едно чудо нелегални/неетички работи кои ги прават луѓе од МТ, оваа е најбезопасната. Ако паднам во државнички занес може да речам дека преку серверот мунем се сплотивме со дијаспората :) По разни форуми уште има муабети од типот:
- еј, абе зошто ме исече?
- ОК ќе те пуштам пак да цицаш, ама сега со усул.

Кога веќе почна муабетот, на идивиди до пред неколку месеци во медија корнер имаше може едно стотина странски емпетројки. Па што? Тоа не го наложил атила, туку го протнал некој на своја рака и притоа не ме оштетил мене, петко или станко. Од друга страна, како директна заслуга на неколку „менаџери“ и „политичари“, секој ден трпиме штета. Второво ме лути, првото не.

Горан рече...

И дефинитивно, опремата за лимитирање ја набавиле и функционира.

Ми лимитираа точно кога направив 4ГБ, а денеска ме пуштија во 00:01... Тоа човек не може да го направи, нели?

Анонимен рече...

Јас приметив друго, сега мојот акаунт кога помина 4гб беше лимитиран на 64/64к, а на модемот стоеше 512/128.Кога пробав со акаунтот од фирмата кај што работам си идеше брзината со 512.
Порано беше кога ке поминев со мојот акаунт 4гб модемот се сетираше на 64/64 и со друг акаунт пак имаш 64к.

Дринкер рече...

Заборавив да се потпишам-Дринкер

Анонимен рече...

nego ova samo mene mi se slucuva ili i na drugi... Odkoga me ubrzaa na 31vi, mi pisuva vo setinzite na modemot 512/128, ali brzinata manje-vise mi e 7-8kbps download... torentite ne idat nad 6kbps (duri i onie so po 30 seeders), eventualno neshto preku http ako se simnuva ide so 35-45kbps brzina :(

mkdev team рече...

Во вечер пишува Бугарски кабелски оператор ке нуди интрентет за 1200 ден.
Дали некој има подетални информации за тоа , и дека ке почната од октомври !
Мислам дека ке понудат нешто добро. После кој ги врти МТНЕТ, ОННЕТ, ТЕЛЕКАБЕЛ

mkdev team рече...

И ако понудат нешто добро , одма се ствам на нив !!!!

mkdev team рече...

http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=32189




Бугарската компанија "Кабелтел" од ноември ќе нуди евтин пакет услуги

ИНТЕРНЕТ, ТЕЛЕФОН И КАБЕЛСКА САМО ЗА 1.200 ДЕНАРИ

Новата компанија се уште не е нотифицирана во Агенцијата за електронски комуникации, но се подготвува да нуди услуги во фиксната телефонија


Бугарската компанија "Кабелтел" од ноември во земјава ќе нуди интернет, фиксна телефонија, кабелска телевизија и видеоигри за само 1.200 денари месечна претплата. Компанијата веќе ја регистрираше фирмата "Кабелтел Македонија" во земјава и до 31 октомври треба да купи барем еден кабелски оператор преку кој ќе им го понуди пакетот услуги на граѓаните. Според извори на "Вечер" станува збор за голем проект вреден 10 милиони евра што американско-бугарската компанија има намера да го реализира преку купување на неколку кабелски телевизии до крајот на годинава. Новата компанија се уште не е нотифицирана во Агенцијата за електронски комуникации, но се подготвува да нуди услуги во фиксната телефонија. Дознаваме дека веќе се прават подготовки за поставување на подземен оптички кабел низ Македонија со кој ќе се поврзат кабелските оператори во градовите. Компанијата ќе нуди интернет телефонија која нема да наплатува претплата, туку претплатниците ќе плаќаат само за интернет конекцијата. - Официјален купопродажен договор засега не е потпишан со ниту еден кабелски оператор. Претставници од компанијата прават длабинско снимање на работењето на повеќе поголеми кабелски оператори и се водат преговори за нивно купување - вели Стојан Ѓоргоски, сопственик на кабелскиот оператор "Зора кабел" од населбата Илинден, кој се споменува дека ќе биде директор на "Кабелтел Македонија". Иако идентитетот на американските инвеститори не се обелоденува, сепак, како што дознаваме, станува збор за компанија од Тексас, САД, која преку Бугарија веќе има разработено вакви мрежи од Кавказ до Италија. Освен во Македонија, се заинтересирани и за влез во Албанија, додека во Турција во тек е поставувањето на оптички кабел.

Светлана БЛАЖЕВСКА

speedgo рече...

Намалена е брзина на користење од 512 на 384 проверено и тестирано. Проверете и сами не е онаа брзина на довнлоадот што оди во макс пакетот.
Голема лага на мтнет не ја пуштат цела линија на 512

Анонимен рече...

a da ne turile limit na p2p portovite? :( Poshto vekje treti den simnuva so 5-7kbps maksimum preku torenti i emule

Анонимен рече...

еве кај мене иде торрент со 20кб/сец. еве и тест на конекцијата.

http://www.speedtest.net/result/42878812.png

а јасно е дека ни кратат на адсл. Не ја пуштаат цела конекција. максимум иде 425kbps, за разлика што на wadsl иде 512kbps (65kb/sec).

Анонимен рече...

"maxADSL" (по старо) т.е. "maxADSL MAX" пакетот од 1 септември е катастрофа! Брзината варира од минута во минута. При сите online мерења на брзината за download не сум добил поголем резултат од 380, а не ретко е и околу 100. На почетокот мислев дека само кај мене е така и проблемот го барав во мојто компјутер, но добив информација дека и кај повеќемина други е така. Проблеми со брзината почнав да забележувам од моментот кога го промовираа новиот пакет "maxADSL Hit" - 384/128.

Иако дури и кога е "во ред" не ја имам целата брзина, најчесто спуштам со 55kbps, сега со овие проблеми брзината се намалува и до 12kbps.

Анонимен рече...

E toa ti e dve godisen dogovor,koga nema koj da te zastiti kako potrosuvac.

Анонимен рече...

Excellent, love it! shoprider wheelchair Website design web design bela design page maker Zithromax oral suspension dose Tmobile phone number New old tires Cell+phone+family+plans+four+phones Sexy teen toy insertion Ati radeon video card 20 1979 cadillac hearse Subaru forester off road Holly hardcore

Анонимен рече...

Excellent, love it! Zithromaxallergic zithromax alicia silverstone blow job business opportunity auto body sale ionamin home page Portable two screeen dvd players farmers insurance Ambien+uk Seiko men's watch sna549 http://www.barcode-scanner-printer-software-cisv.info/Store-and-forward_barcode_scanners.html Vente au enchere du domaine Divorces vs. mariges in california $5000 grants for starting a business Order butalbital from u s online Using a digital camera to digitize radiographs girls pissing photos