31 август, 2006

Од Дивиот Запад: МТ против кабелските

Телеком тргна да ги сече каблите кои 26 кабелски ТВ ги поставиле на нивните бандери. За да не ги сецне им бара кирија од евро и пол.

Сосема пазарно - плати па клати. Мала фалинка е што самиот Телеком не плаќа никому наемнина за земјата на која се поставени бандерите и низ која минуваат нивните кабли.

И тоа не е сè. Би било фино да им текне на некои од газдите на овие „дививе“ кабелски да прашаат дали МТ имаат извршено технички прием на бандерите согласно Законот за градење... и дали имаат одобрение за нивна употреба. Ако немаат (како што тврдат од АЕК) бандерите воопшто не смее да ги користи ни Телеком. Бидејќи ги користи се квалификува за „див“ фиксен оператор.

Оф топик: Ќе ми беше глупо после толку јадење бурек да не оставам запис за август во архивата, па малку интервенирав во датумот на постов.

4 коментари:

Virus рече...

Абе остајте тоа... се врти муабет дека со доаѓањето на T Mobile секоја базна станица ќе биде Hotspot и дека ќе нудат T1 линк (околку 1.5Gbit/per second) за поволни цени. Барем така иам чуено од луѓево у кабловска, од нив ми е податоков.

Virus рече...

хехе шо сум пишал... исправка: 1,5mbps :S

bezvrska рече...

Ај да ѕирнеме во Хрватска каде ем има пониски цени на интернет, ем т-мобајл е подолго:
- за корисници на т-мобајл - 40 куни за саат време (околу 350 мкд)
- за корисници на т-ком - 10 куни за 15 минути (околу 90 мкд)
- за други - 60 куни за саат (530 мкд), 100 за 3 саата и 130 куни за 24 саата

Kolika je brzina HotSpot usluge?
WLAN tehnologija omogućava brzine i do 11 Mbit/s, ali stvarna brzina prijenosa ovisi o vrsti prijenosne veze HotSpot lokacije i interneta te o broju korisnika. Svaka HotSpot lokacija omogućava korisnicima brzine do 2 Mbit/s, ali je očekivana stvarna brzina prijenosa između 100 i 500 Kbit/s (zbog činjenice da brzina pada s porastom broja korisnika).

worm рече...

Тоа беше добро изиграна фора на Мактел, со која требаше да ги држи во рака кабел операторите.

Просто и едноставно.

А ако некого држиш, кај е тука конкуренција. Кинеш конци (ова кабли) и чао пријатно.