13 септември, 2006

Трпко лета, Јани се нервира, Атила го боли

Овие два месеца дур се мењаше власта фалеа типчиња со кои изминативе години се журкавме до попиздување. Ги снема, се скрија во дупка. Таман се уплашив дека животот ќе ни стане досаден и празен без дневната доза гафови што великодушно ни ја обезбедуваа... Кога, ете го царот. Јани. Макрадули. Фраерот што го сокрши од развивање „информатичкото“ општество само за да го скрие зад него својот прогресивно растечки г’з.

Ќе го бранел Трпко. Тој па, е подеднакво забавна фаца. Хонорарно зема плата како директор на АЕК за да се жали дека му фали моќ за да го сардиса монополот. Трпи ли трпи човекот шетајќи по семинари и конференции. Бато Јани чул дека клетите ВМРО-овци ќе го мењаат неговото другарче и одма свикал прес.
Според него, власта изготвила законски измени на Законот за електронски комуникации, со вметнување одредба за можност за промена на Управниот одбор поради незадоволително работење. Управниот одбор пак го избира директорот, со што, како што вели Макрадули власта си отвора можност да постави свој кадар.
Хм, надежно, ќе добиеме уште еден кловн. „Забава до бесвест.“

2 коментари:

Анонимен рече...

Од демагогијата на ЈМ ми се плаче. Сепак можеби нешто ќе тргне на добро. На радио рекоа дека здружениетп „Пружи отпор кажи не“ станува граѓанско здружение ОТПОР против сите монополи и ќе бара отповикување на концесијата на МАТАВ и прогласување на Атила Сендреи за персона нон-грата најмалку 50 години. Иако правно ова е тешко одржливо мислам дека треба да им се даде медиумска подршка што повеќе. Колку повеќе галама се дига , толку е послаба преговарачката позиција на МТшит за било што, па има шанса да олабават малку и за Интернет.
Револуционери, еве сега нешто може да се стори, освем да се јаде бурек по блогови (од многу јадење бурек може газот да ви стане како на Јани!!!)
АТИЛА НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!!
МАТАВ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!!

bezvrska рече...

То мајсторе! Фали ваква енергичност. Како и да е, напишав нешто и за пружи отпор. Дури и да се вистинити сите трачеви за нив (што е невозможно), сепак мора да се тргне во склопување на некаков мозаик од ова парампче од „граѓанско општество“. Лошите камчиња со време ќе се забележат и сменат.