13 септември, 2006

Пружи... веш?

Граѓанската акција "Пружи отпор-Кажи не!" најави... тужба против државава... пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур... затоа што нејзините институции не презедоа ништо во изминатите две години за да го спречат криминалното дивеење на Телекомот.

..."Пружи отпор-Кажи не!" ќе упати писмо до Владата, Собранието, Уставниот и Врховниот суд, Јавниот обвинител и Јавниот правобранител во кое... ќе бара укинување на монополот на Телекомот и целосна либерализација на фиксната и мобилната телефонија и одземање на концесиите на Матав.

Граѓанската акција со писмото бара прогласување на директорот на Телеком Атила Сендреи за непожелна личност во Македонија во наредните 50 години, поведување постапка за обештетување на граѓаните, смена на јавниот обвинител и на судиите во Врховниот и Уставниот суд.

Екс’лн’т! Малку е чудно да се упати писмо во кое ќе бараш смена на адресатот, ама освен тоа - само напред. Е, да. Уште неколку ситници. Историски, секогаш било погубно кога Македонецот ќе почнел да бара петоколонаши, ама автоматски ми доаѓаат неколку прашања.

Зошто сега? Дали има врска меѓу смената на власта и воскликот еурека, проследен со изненадното сознание дека може да се тужи државата за кршење на законите и оштетување на граѓаните? Има и друга страна. Ако се јавеја пред изборите одма ќе им залепеа етикета ВМРО и ќе ги испратеа со УАААА. Мишн импосиб’л?
Од "Пружи отпор-Кажи не!" бараат и објавување и раскинување на договорот за продажба на ЕСМ дистрибуција со ЕВН... и укинување на Регулаторната комисија за енергетика...
Може грешам, ама не се сеќавам дека многу се заложија против продажбата на ЕСМ на времето. Нели, тогаш се бунеа Глас на светлината, Сојузот на стопанските комори, по некој пензионер - и толку. Дали и оваа промена може - што знам, некако - да е поврзана со промената на власта? Мразам вакви опсервации, баш поради тоа што убиваат и атомизираат било каква граѓанска инцијатива... ама ете.

7 коментари:

Анонимен рече...

Нека почнат акција со потписи , гарант ке има повеке од 100.000 илјади , па Атила out !

Анонимен рече...

ловењје на сериски броеви ????

http://rapidshare.de/files/33015033/Ultra_QuickTime_Converter_tutor_9.rar.html


http://rapidshare.de/files/33015779/serial_fishing_tutor_8_.rar.html

Анонимен рече...

Ако некој има контакт со ОТПОР нема им предложи да почнат со собирање потписи. Може и уште нешто: да се отвори и е-маил адреса (од yahoo или слично од бесплатните) и сите што се за Атила да се избрка да пратат порака.
АТИЛА - НЕПОЖЕЛЕН ВО МАКЕДОНИЈА.
ВРЕМЕ Е НЕШТО ДА СЕ СТОРИ ИНАКУ ОСТАНАВМЕ СВАЗИЛЕНД И УРУНДИ - БУРУНДИ.

Анонимен рече...

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=5057

Анонимен рече...

Како никој не конта, во оваа држава со арно, мирно и демократски граѓански акции не може да се постигне ништо.

Се додека не почнат да летаат цигли и молотови коктелчиња кон влада, собрание, полиција и омразените монополи нема апсолутно ништо да се промени.

Но ова е мирен, глуп и инертен народ кој е научен да ќути и трпи. Ние сме овците а тие шишаат.

И незнам што е тука чудно зошто Јани се буни, па човекот (заедно со Буч и компанија)од петни жили се трудеше да го заштити МТШит, парите се големи и слатки и сега иако не се веќе на власт (шмрц, шмрц) сеуште мора да си го одработат тоа што му било платено.

Да се потсетиме, една од неколкути зададчи (сузбивање криминал и корупција, измени во судство итн) што Европа ни ги даде е и ЕЛИМИНАРЕЊЕ НА МОНОПОЛОТ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ.
А тоа со вакви електронски агенции и лигуши како Јани неможе никогаш да се случи.

Еден предлог, ако Јани навистина се засекирал за доброто на државата и развојот на информатичкото општество јас му предлагам да преземе некои порадикални мерки кои сигурно ќе вродат со големо внимание, еве на пример нека одлучи да се САМОЗАПАЛИ, или уште подобро нека тој пркосен чин го направи заедно со Трпе и Атила. Сигурно дека голем број на странски телевизии и дипломати ќе бидат заинтересирани, што на крај сигурно ќе донесе до зголемен притисок и подобрување на информатичката состојба.

Бензин и ќибрит јас ќе му обезбедам.

Анонимен рече...

Анонимус етцетера ест...

bezvrska рече...

Се додека не почнат да летаат цигли и молотови коктелчиња кон влада, собрание, полиција и омразените монополи нема апсолутно ништо да се промени.

Sad but true.