16 септември, 2006

Зависен текст

Кога бевме само до појас заглибени во „реформи“, најмодерна работа беше да отвориш радио - по можност телевизија. На една од првите, ми текнува дека во одјавата на емисиите и филмовите гордо стоеше - независна телевизија. Многу брзо придавката мистериозно се изгуби, веројатно како доказ дека зависникот успешно ја минал првата фаза, т.н. фаза на порекнување.

Епизодава ми се вртеше последниве години кога зборов пак влезе во мода. Прво се залепи за судството, а после револуционерно се тргна со масовно прогласување независност. Старата максима се прилагоди: тие се преправаат дека се независни, а ние се преправаме дека им веруваме.

Претставата отиде дотаму што Јани излезе како првоборец за останувањето на Трпко-Независен во АЕК-Независна. После се јавија луѓе од Правниот факултет Јустинијан Први-Независен:
Експертите реагираат дека се прави упад и партизација во независните комисии. (Канал 5-Независен)
Експертите традиционално слабо поминаа, па напомош се викна и коњицата:
Брисел загрижен од обидите на новата влада за менување на законите со што ќе се направи упад во независните институции... Постои голема опасност примерот со Агенцијата за електронски комуникации да се примени и кај останатите државни независни тела, како Регулаторната комисија за енергетика и Комисијата за хартии од вредност. Доколку таквите тела се партизираат, тоа ќе биде голем чекор назад во демократијата и функционирањето на системот, толкуваат експертите. (Канал 5-Вистински Независен)
Не успеав да се сетам макар на еден пример кога овие „носители на системот и демократијата“ не делувале на далечинско управување. Вревата не е затоа што ќе падне Трпко, туку зошто со него ќе паднат и неколку подобни директори на привремена работа во Мобимак и Телеком. Кои, нормално, ќе бидат заменети со наши деца.

Порано, кога ќе поскапеше струјата или парното или кога ќе ни стигнеа грандиозни сметки за телефон и интернет ќе си ја испцуевме власта. И автоматски ќе ни беше полесно. Сега, човек не може ни вербално да се пресмета со некој политичар, без да се јави некој паметен за мудро да посочи на тоа и тоа независно тело. Сите групно пак, се тотално независни само од „јавниот интерес“.

15 коментари:

Анонимен рече...

"Кои, нормално, ќе бидат заменети со наши деца."

A koi ste Vie?

bezvrska рече...

Наши требаше да биде во наводници. Нив пробувам да ги проретчам заведен од еден дебел прирачник за стилот според кој иронијата треба да биде препознатлива сама по себе без да и требаат интерпункциски знаци за да биде идентификувана. Накратко, пак се криви клетите „експерти“ :)

Анонимен рече...

На блогов има полно одлични тексови и прави вистини. Голема штета е што баш не го читаат премногу луѓе. Хм... имам идеја. Полно новинари своите е-маил адреси ги публикуваат јавно. Дали би било спам ако им се прати линк кон овој блог секогаш кога ќе напишат нешто на оваа тема? Јас мислам не , а кај нас и онака нема закон за спемирање (не оти оние другите закони многу се почитуваат)
Можеби некој и ќе објави нешто во некој весник, па јавноста да не биде изложена само на оние независните.

Анонимен рече...

Спем е и има закон за спемирање. ЗЕК.

bezvrska рече...

З. за ел. комуникации забранува само маркетинг пораки без опција примачот да побара нивен прекин. Новинарите наголемо ги трујат и без р-еволуција. Најголем дел од нив и сами ги контаат работите.

The Smasher рече...

Што бидна со Супер Бабичката во Германија? Ќе навраќа ли наваму?

Анонимен рече...

Еве колку Хрватската агенција за телекомуникации е независна...

http://www.cafepress.com/buy/techno/-/pv_design_prod/pg_2/p_storeid.70010666/pNo_70010666/id_13953986/opt_/fpt_/c_360/

Они се светлосни години напред.

Чисто мала дигресија, се надевам дека нема да се налутите за off-topic-ов но едноставно последниве понуди во Хрватска никако не смее а да не се забележат:

http://www.optima.hr/optidsl1.aspx

http://tripleplay.vodatel.hr/public_html/index.cgi?menu_id=60

daywalker рече...

Вакви понуди во други земји со тага ќе гледаме уште неколку милиони години. Страшно е во каква неолитска држава живееме.

Анонимен рече...

Грујо уцвика пред Дојче телеком, и Трпче останува. Ај нека ни е на здравје, неолит и палеолит уште милион години.

The Smasher рече...

Ќе биде ќе биде и кај нас подобро, само што кога врбата ќе роди ананас [или слично]. Ќе ни треба само едно неверојатно имплементирање на Кинески генетски инжинеринг и готово. [Разјаснување на метафора - Т.Е. Тогаш кога СИТЕ конечно ќе се свестиме и ќе застанеме за Нас.]

Анонимен рече...

проблемот е тоа што нема кој да организира акции против непријатело !

Нема доволно квота !

Анонимен рече...

Дали ???

На мтшит сум симнувам со 6 кб, не сум намален на 64

Зборувам со друг на мсн он е на телекабел се жали и он дека многу споро симнува фајл од 5 мб 2 саата .

Ми се јавува трет друга он е на Оннет вика симнувам со 20кб , ама кога ке пустам bitcomet , upload немам никаков !

Дали се гушат мреживе на нашите интренет провајдери од многу корисници ?????? Или проблемот е кај тие што има го даваат интернетот на нашиве ISP-a ???

The Smasher рече...

Безврска кажа пред некое време за принципот на делење на бендвитот кај МТ: повеќе активни корисници, главната брзина се дели со бројот на крисниците и на крај секој добива една добро поделена бројка. Кај кабелските оператори најчесто важи правилото ако симнуваш многу ти ја намалуваат брзината плус истото правило за делење на моменталниот бендвит како кај МТ. За ОННЕТ не го знам принципот на работа ама и тоа е најверојатно нешто вака, само знам дека имаше некој проблем [пред некое време]во врска со мрежните порти, па тие се отварра на принцип да му се јавиш на тел. операторот од ОННЕТ.

bezvrska рече...

Имам информации според кои и кај АДСЛ-от повеќе месеци експериментираат со некој тип на политика на (НЕ)фер користење. Откога е во функција новата опрема што им овозможува автоматско намалување на брзината, оние што ќе приметат драстични варијации во обемот на сообраќај при кој им се лимитира брзината може да се сметаат за жртви на ПФК.

Анонимен рече...

И што значи тоа?