10 септември, 2006

Телекабел, фризиран WADSL... и то

Правев муабет со едно другарче со масивни потреби за нет (АДСЛ-от со 4 гига не му стига ни за аплоуд) на кое договорот со МТ му истекува месецов. Се мислеше што после, а јас баш не знаев што да му речам. За МТ не сака да чуе после заебанцииве од последнава година и доплаќањето скоро три илјадарки за „селење“ на АДСЛ модем (последново е сложена техничка операција за која е неопходно ангажирање на најмалку два доктора од ЕТФ)

Факт е дека нема некој избор. Единствена пристојна понуда е Телекабел - 512 kb/s со ограничување на 256. За оние што живеат во место каде нема мрежа на ТК или неговите клонови, останува WADSL од ОнНет. Добра страна: подолго време се шушка дека од есенва ќе го зголемат сообраќајот на 20 гига. Лоша: 2 години се доооолг период за брак со МК провајдер.

12 коментари:

Анонимен рече...

Браво за ова 20 г супер !!!!!

Дринкер рече...

А ова ќе важи ли и за оние кои веќе потпишале т.е. имаат веќе wadsl?

Дринкер рече...

Инаку браво за он.нет ако направат такво нешто, или можеби веќе направиле! Сега што може да се очекува од мт.нет е да го намалат лимитот за максАДСЛ-от на 2 гига:). Такви се тие - глупаци, гарант ќе му текне на некој дебил таква идеја:))

Анонимен рече...

Дринкер said...
Инаку браво за он.нет ако направат такво нешто, или можеби веќе направиле!

-------------------------------
прво скокни па кажи "оп", пријателе!

Дринкер рече...

Имаш право!

Анонимен рече...

гладни коковчиња просо сањале ...

по ново:
гладни интернетџии гигабајти сањале...

Анонимен рече...

Jas imam WADSL i seuste imam 10 GB na koristenje. Duri i od tie 10 GB kradat, pa sega mi dojde cudno koga procitav deka uste povise ke davale...

Анонимен рече...

човек има право да се надева , тоа ти е тоа !
Важно дека ке си плати за тоа !

bezvrska рече...

Клучен дел беше СЕ ШУШКА. Здравје, ќе видиме.

интернетџии...lol

Анонимен рече...

Luge.Sto da vi kazam.I mi mene mi treba neogranicen i stabilen internet, no i evtin.A za zal Makedonija e 100% zavisna od uvoz na internet.Site kabelski zimale signal od Kosovo.A za toa deka vo Slovenija za 20 evra dobivaat T1 linija so neogranicen soobrakaj, prosto i mi se place.Pa vidite sega kade sme samo nie?Na pust ostrov ili neznam kade.Afrika t.e. Nigerija nema da ja spomnuvam zasto procitav deka i oni se podobri od nas za zal.Imaat wireless anteni na sekoe drvo, a kaj nas za mala pomos stavete si satelitski internet.Prosto kazano bidite si sam svoj provajder.

Анонимен рече...

Za nekoj mesec mi zavrsuva ,,brakot,, so MTnet.
Me interesira kavi se drugi moznosti osim WADSL na ON net.
Jas sum od Kumanovo i tuka ti e izborot mal.
Kakvi se iskustvata so Onnet i nivniot WADSL.
Tuka procitav deka i tie kradat kako i site provajderi kaj nas.
Znam deka sled 10Gb doadja namaluvanje od 32/32Kb
Toa e poloso od MTnet.
Razmisluvam dali e podobro da se zeme nekoj sat internet i da se otkaci od mk provajderi.
Ama toa e tema za nekoj srug blog.

bezvrska рече...

не би се сложил дека wadsl е полош од адсл. Напротив. Ама тоа што треба да потпишеш договор на 2 години, е тоа е ептен лошо.

Со еднонасочен сателит пак ти треба некоја врска за аплоуд, а за двонасочен треба доста да инвестираш. со неизвесен резултат. Што да речам. Ваљда нема да мора правиме провајдер-задруга :)