17 октомври, 2006

Измени на АДСЛ пакетите

АДСЛ понудата се подели на „пакети“ со купување модем и пакети со изнајмување модем. Пониските цени кои се вртеа ќе важат само за нови корисници, а старите продолжуваат... по старо. Нема промени кај брзините.

Ептен макс (Макс АДСЛ Макс :) со купување модем и самоинсталација чини околу 1960 денари месечно (со ДДВ of course) за договор на две години.

Претплатата за истиот двогодишен пакет, но со модем даден на користење и инсталација од МТ е повисока за 150 денари. И до тука сè е логично. Разликата во претплатата може да се сфати како рентање на модем од МТ...додуше по солена цена.

Инвентивноста е во тоа што при рентање, покрај повисока претплата бараат и 2250 денари еднократен надомест за инсталација. Таков надомест не наплаќаат за купување модем, а истиот го продаваат за 2100 денари, но со самоинсталација.

Прашањето е колку реално чини инсталација на модем од „стручни лица од МТ“. Од око, би рекол едно 400 денари за потрошениот бензин, време и евентуално кабли. Со остатокот до 2250 денари им даваш модем на МТ, они ти викаат фала и после ти го рентаат за 150 денари од месец. Не примаш дивиденда затоа што си инвестирал во нив, ама неа и онака не ја делат.

Ако па место 2250 денари, платиш 2100 денари еднократно и сам го инсталираш модемот ти следи пониска претплата. Плус ќе го поседуваш модемот. Не стварно, има смисла!

Она за што нема логика е што еднократниот надомест за инсталирање изнајмен модем кај договор на неопределено време е повторно повисок - дури 3400. Ова е нерегуларно, да не речам незаконски, да не речам идиотски. Претплатата може да биде повисока поради отсуството на едно или двогодишна договорна обврска, но трошокот за инсталација мора да биде ист. Тоа што имаат две цени за една иста услуга (инсталација) укажува на ценовна дискриминација - што е забрането.

Поделба на понудата е направена и кај старт АДСЛ. Таму претплатите се 1030 и 1180 денари месечно за две години, а модемот, т.е. инсталацијата и рентањето чинат исто.

Уф, што да речам повеќе. Навали народе?

33 коментари:

daywalker рече...

Па, и на слепец му е јасно во која насока се движи Телекомот со развојот на интернет понудата - се ќарува на се што може, само да не се даде нешто без пари. Кај нив и кога нешто е без пари, пак истото го плаќаш со суво злато.

Анонимен рече...

Абе со е работава дури сега го пижувате ова са новите пакети па месец дена е веќе...
Се лажат вака луѓево си викаат ќе има нешто ново...
Дајте информација со е со лимитот со намалувањето на брзината...

bezvrska рече...

Баш тоа не беше јасно - што ќе стане со брзината и лимитот. Засега останува по старо.

Анонимен рече...

Па добро, нека остане по старо. WADSL-от е два пати поевтин а има релативно пристоен лимит од 10GB. За по дома верувам дека брка работа.

Анонимен рече...

Повеќето што ги знам истераа над 8GB, мене дури денес ме скинаа на 8153,85 MB (значи мање више аутоматски после 8)... Ништо чудно да го поместиле на 8, дајбоже...

daywalker рече...

Нема врска, мене првпат ме скинаа некаде на 10 гига, па после курцшлусот кога ја вратија брзината на 1024, на 17-ти гигабајт. Кој ги знае што прават. И што мислат да прават. (Очигледно си немаат друга занимација...)

Анонимен рече...

ja poradi strav da ne bidam diskriminiran nema da kazam na kolku me limitiraa :)

Анонимен рече...

Мене ме лимитираа на 7,3 гб. Тоа значи дека само експериментираат и нема правило.

Анонимен рече...

Mene me limitiraa na 6Gb.Sled havarijata sto ja imaa pak me limitiraa na 25Gb.
Izgleda deka seto toa go pravat racno pa na koj kako mu se zalomi.

Анонимен рече...

Ocigledno e deka se zamaraat od redovno namaluvanje na brzinata

Анонимен рече...

------------------------------

Izgleda deka seto toa go pravat racno pa na koj kako mu se zalomi.

-------------------------------

Porano racno bese, ama sega malku se somnevam, zosto porano na 30-ti mi ja vrakaa, brzinata nekade okolu 11, 13 castot, sega na pola saat pred 12 vecer, toa poslednive 3 meseci.

The Smasher рече...

Kako i da e pak se si e po star0.
Pak nepovolni ponudi. Na nas Makedoncite izgleda ni trebaa edno 500-600 godini da se opametime i da pochneme realno da se borime za normalen internet koj shto nema da chini bubreg ili 2 (a moze i slezina i pankreas), a za toa vreme dodeka da se opametime i da se kreneme site provajderive kje ni gi izedat bubrezite (kje se rascepat od zbogatuvanje na nasha smetka).

Анонимен рече...

Абе очигледно нешто е сменето, пошто порано ја пуштаа чешмата еден ден пред 1ви, сега некоја минута после полноќ... А сега цело време во сетинзите на модемот стои 1024/256, дури и кога сум успорен... Така да сега не се ни знае дали успорувањето е 64/64 или нешто повеќе :)

Virus рече...

Toчно е дека порано го правеа рачно „сечењето“ и точно е дека сега е автоматизирано, но мислам дека распадот на системот се должеше баш на тоа.. некој проблем со "акаунтите" системот не им лимитираше како што треба, не правеше автоматска смена на IP адреса со денови (а претходно беше точно на 12 часа). Сеуште останува мистерија што ново нешто ни имаат спремено :D

Анонимен рече...

Informacijata za limitot e onaa koja site ja cekame. Ako go krenat limitot, mozebi nekoj i ke se podizlazi i ke prodolzi dogovor, ama ako si ostani po staro togas OnNet ke si gi priberi ADSL korisnicite od MtNet.

Анонимен рече...

Mora da go krenat limitot i da ponudat novi ili izmeneti paketi koga ke se rebrendira vo t-com tamu nakaj fevruari, mora strancite da si drzat standard so paketi kako vo site drugi zemji, koga vekje direktno nivnoto ime e vo prasanje.. kako shto bidna so t-mobile... Barem se nadevam, logichki e :-/

Анонимен рече...

ja citav vo vesnici deka ke se rebrendiraat vo avgust!!!!!!
So koncert na Robie Williams, t-mobile mu bile edni od glavnite sponzori.

mkd_Stefan рече...

Во најголем дел ќе биде џабе ребрендирањето на МТНет, се додека не се смени размислувањето на луѓето од врвот, па до дното. Тие загубија многу корисници, а допрва и ќе ги губат оние на кои што не им се истечени договорите. Се додека си земаат за право (вклучувајќи ги и другите провајдери) да прават непретцизни договори, свесно да ги кршат правилата на работењето без никаква одговорност, главниот акцент да е ставен на нивниот профит а не кон корисниците, ние нема да имаме добра услуга, која што ни ја продаваат тие. Дури и пред 10 години кога Интернетот беше малку достапен, провајдерите нудеа подобра услуга и однос кон корисниците.

Анонимен рече...

Впрочем мислам дека Картагина треба да се разурне...

Впрочем мислам дека Маѓар Телеком мора да се избрка од Македонија...по секоја цена... за општо добро...

Александар З рече...

Уште една чуденка во мојата врска (К.Вода), сега имам 64/526 (ептен асиметрична дигитална претплатничка линија :). И не е грешка, 64 за надолу, 526 за нагоре.

bezvrska рече...

Сакаш да кажеш дека ти ја исполнија желбата за побрз аплоуд? Ај сега да видам да кажеш нешто против нив :)

BTW 526 е многу чудна бројка. МТ се расфрлаа со техничка документација за опремата во која стои дека брзината е multiple of 32 kbps. 526 е ван секој стандард.

daywalker рече...

Хмм... И кај мене е слично, само не со толку голема разлика. 64/152,
иоако во Speed meter-от ми вика дека за длоад имам брзина од... хм.... 672.
Лудило. Секое мерење е различно.

Анонимен рече...

jas poslednive nekolku meseci imav 64 down i 128 up.
Sega imam 64 down i 256 up, poradi nekoja priucina ne go limitiraat upload-ot.

Александар З рече...

Зезај, зезај, :), неограничен аплоуд, мојата втора желба за златната рипка. Третата ми е оваа

http://www.t-com.hr/privatni/internet/maxadsl/flat.asp

У превод, флет за 2500 денари (СО СЕ ДДВ) и 10 денари надомест за инсталација на модем.

Т-ком нека не се прави многу наудрен - инаку тоа ребрендирањето во август ќе го прават со 1000 корисници на АДСЛ (што чекаат да им истече договорот во септември 2007 па да се префрлат на побавна, но поевтина месечна врска). И нека не ги лаже „пасивноста“ на блогот - има едни бомби што ги викаат „темпирани“, не праат ништо, не праат, ама кога ќе напраат, по сите вести ги има ;)

Александар З рече...

БТВ,

526 го лупнав онака, зашто тестовите ми даваат 52,9 кб/сек. Може е 512, кој ќе го знае, од оваа машина не можам да го отворам хттп-то на модем/рутерот.

mkd_Stefan рече...

До александар з

Од која причина не можеш да пристапиш до конфигурацијата на модемот? И јас го имам тој проблем околу 10 месеци. Претходно можев да пристапам веднаш по ресетирање на модемот, но последниве 2 месеци, никако. На 080012345 нешто се обидоа да се провери во сетинзите на Windows-от, но безуспешно. Дури рекоа и дека ќе пратат сервисери, но еве гледам дека со месеци доаѓаат!!! Меѓувреме и оперативниот систем го реинсталирав (Clean install) и пак е исто.

Анонимен рече...

shto se odnesuva do brzinite od telekom stvarno se ludnica jas veke 20 dena koristam 4M upload so 8M download i toa se slucuva niz site gradovi vo MK, ne znam zosto se ovie gratisi od telekom

Александар З рече...

Стефан,

немам поим зошто не можам да влезам. Порано, точно, по ресетирање (пет минути без струја) на модемот, се влегуваше, сега јок.

Ќе пробам да го отворам модемот од лаптопот, па ќе ти кажам (затоа што Пенџериве на главната машина ми се за никаде, а не ми се преинсталира - иако ти викаш дека и по преинсталација не ја бидува работата).

daywalker рече...

Да, бе, 4мб/8мб...

Кој тоа чита саенсфикшн?

Анонимен рече...

Читам и се чудам. Како тоа некои се привилегирани и им намалуваат на 8, 10 или 12 гига, а на некои на 4?! Мене ми ја намалија на 20 октомври и тоа после направени 4,2 гига. Истото му се случи и на еден мој пријател, му ја намалија на 17 октомври после направен сообраќај од 4,7 гига. Што е работава?!

Анонимен рече...

nikoj ne ti e kriv sto ne si simnal poveke, ja da ne kazam kolku poveke imam simnato od tebe, fintata e toa sto ne limitiraa do nekade 18-ti ili koj bese, za toa vreme nekoj simnal poveke nekoj pomalku, ja primer koga imam brzina odma go koristam do maksimum.

bojan v. рече...

brej! ti mnogu si bil pameten be? znaci potrosi go limitot za 3 dena i posle 27 dena da ne mozes internet da otvoris. aferim! mnogu pameten si bil, se gleda! ubavo pravat Mtnet, koga ima takvi kako tebe koi se raduvaat na 4 giga i trosenje na limitot za 3 dena i posle ashhhh!

Анонимен рече...

-----------------------------------
bojan v. said...

brej! ti mnogu si bil pameten be? znaci potrosi go limitot za 3 dena i posle 27 dena da ne mozes internet da otvoris. aferim! mnogu pameten si bil, se gleda! ubavo pravat Mtnet, koga ima takvi kako tebe koi se raduvaat na 4 giga i trosenje na limitot za 3 dena i posle ashhhh!

----------------------------------

Sto da pravam, koga sum glup be covek, zatoa ovoj mesec do sega im imam simnato 99 gb!
A jas ke go ispukam limitot odma, ama oni dali odma ke me isklucat e drugo prasanje, u juli me skinaa na 56 gb!, ovoj mesec na 91gb.
Pa i da me skinat odma na prvi, cel mesec imam na 64 kbps, pa vo prosek simnuvam nekade 28-30 gb mesecno, koga sum rano limitiran.
Ama sto da pravam glup sum se raduvam na 4 gb limit. :)