23 октомври, 2006

Како се Т-рошат Т-воите пари

Светските финансиски текови имаат просто правило: тоа што ќе се ушиќари по светските вукојебини се сели на некои не-толку-егзотични места.

Неделава што помина, Т-Онлајн во Германија почна да нуди пакети со интернет пристап, VoIP, и телевизија (IPTV). Најевтиниот пакет, ако добро пресметав од раскупусениот ценовник, е 50 евра за флет 6000 Kb/s пристап. Цената само за флет интернет пристап (без претплатата за телефонот) е 35 евра. За 70 евра брзината е 25 Mb/s со 60 ТВ канали, а за 80 ојра се добиваат платени канали и два меча неделно од Бундес лигата. Со уште 10 евра се добива и флет фиксна телефонија (локална).

Има и други џиџи-миџи: снимање на хард диск од 80 гига, HDTV, одложено емитување...

Трипл плеј услугата оди преку DSL и VDSL линии, а во последниве Дојче Телеком наводно инвестираше скоро милијарда евра од крајот на 2005.

Малку подалеку, T-Mobile USA, откако исплука 4 милијарди долари за лиценци за мобилна телефонија, ќе вложи дополнителни 3 милијарди за изградба на 3G мрежа.

Походот на американско копно Германците го почнаа во 2001 по цена од 35 милијарди. Таму се најавуваат интересни работи откако покојната Ма Бел воскресна како Ма Сел.

Македонија, во сите овие инвестиции и планови, има улога на великодушен спонзор на нечии мега амбиции. Кој што дробел...

12 коментари:

daywalker рече...

Јас некаде реков дека НИЕ го кредитираме ТЕЛЕкомот, ама имаше и такви што не мислат така...

Анонимен рече...

Кредитирање е погрешен израз драги колеги. Кога ние би ги "кредитирале" нив, тогаш после одреден временски период со камата би ги вратиле средствата.

Во овј случај телекомот не зема од нас кредит туку едноставно не ограбува.

Не знам за помладиве генерации, но имаше епизода на "топ листа надреалиста" кога за бензинот се наплаќаше со еста количина на крв. Пумпај пимпаѓио 20-сет литара.

Мене воопшто не би ме изненадиле да сонесат некоја таква "тарифа" 4Gb за само 4 литра, супер брз ограничен интернет.

Искрено,

Вашиот 64 битен крвник А. Хунот

Анонимен рече...

...Не ограбува, се сложувам, ама на некој перверзен начин ние тоа и си го заслужуваме. Толку ли не сме способни да организираме некоја МАСОВНА акција што би ги заболела Атила и газолижачите? Во Франција не им се свиѓаше еден член од некој нов закон, па ги запалија градовите и владата мораше да попушти. А кај нас? Излегоа тројца пензионери на протест пред телеком, другите седат дома и гледаат сеир. Атила просто не си верувал на својата среќа кога дошол овде и видел колку лесно со овој народ се манипулира, секој индивидуално си мисли само за својот газ , а за колективната опаљотка што ни ја прават никој не превзема ништо. Има овој блог, има Интернет Македонија, има Агенција (мама миа!!!) има комисија за (спречување???) на конкуренцијата, има Министерство, да не спомнам и Пружи отпор кажи не, а резултати...
Овој народ нема смислос за колективно делување, и јас сум скептик за неговата иднина, иако и јас сум македонец...

Анонимен рече...

"kolektivno deluvanje", ubavo zvuci ama ne deluva. Dali ste se zaprasale samite zosto ne ste clenovi na Internet Makedonija, zasto ottamu ne deluvate kolketivno, dali mozebi znaaete kolku clenovi imase na prviot den a kolku denes, kolku ludje se prijavija "kolektivno da deluvaat".

ne e Atila kriv, nie sme krivi. Napravivme zdruzenie i ne mu se prilucivme. Cekavme so magicno stapce tie desetina ludje vkluceni vo nego da napravat nesto.

I sekogas e isto nekoj drug treba da ni gi resi problemite. 16 godini od samostojnosta i uste ne naucivme deka NASATA SUDBINA I IDNINA E VO NASITE RACE.

ПЕРО ШВАНЦ рече...

Најновата квака од МТ е пакетот МАКС АДСЛ МАКС со сопствена опрема. Иако е напшано дека опремата (модемот и сплитерот) треба корисникот сам да си ги купи, никаде не стои дека МОРА да ги купи од МТ. А мора.
И тоа мора да купиш модем, а рутер не може.
Е циркус се невиден.
Он Нет крш напраи со WADSL со квартално прибирање од 750-800 нови јузери .

ПС. Шиткам 2 Д-линк модема. Ефтино. 999 МКД комад. Нови не ццнати.

Анонимен рече...

Море видете што се вика ПОНУДА:

OptiDSL usluga nudi tri paketa i to osnovni paket u kojem svaka dva gigabajta prometa koštaju 20 kuna, FlatMIN i FlatMAX. FlatMIN paket sadržavat će pet gigabajta prometa po cijeni od 70 kuna mjesečno, a imati će neograničeni pristup Internetu (flat rate) svaki dan u vremenu od 22 do 07 sati. FlatMAX je usluga koja podrazumijeva neograničeno korištenje ADSL-a (flat rate) i to po najnižoj cijeni u Hrvatskoj od 150 kuna.

Анонимен рече...

Треба ние да им пишеме на Guardian дека кај нас е бетер т.е 64 kb !!!

Ако треба и со спам пораки !!!

коскар рече...

и јас да се замешам малце. нашиот телеком не не’ ограбува пер се. Единствени се, па или кај нив или без фиксен телефон.... да имаше конкуренција, тогаш ќе ги видев. владата кога беше опозиција, нарочно трајко славевски гласно се дереше како втор фиксен оператор ќе биде меѓу првите (ако не и прва) работи што ќе ги направи....

да се вратам на темата. дојче телеком мора да прави све и свашта затоа што губи илјадници корисници месечно. мобилни оператори, воип, бродбенд има на сите страни во „Имачка“. Ако Т-ком не ги тинтра корисниците и не им дава „брда и долини“ корисниците си одат...

кај нас ако си одиш од телеком - немаш фиксен телефон ниту алтернатива.
значи, нашата сакана влада (било која и секоја) е виновна зошто за многу пари добиваме малку (никакви) услуги.
Нека владата овозможи конкуренција и нека наложи подобри услови во телеком (пошто, нели, има акции таму), па да видите како телеком одеднаш ќе почне да се грижи за корисниците.
Али пошто пара е курва, кога атила ќе стаи у неколку владини џепчиња нешто евра, кога ќе даде бесплатен флет адсл за по дома на дел од „чаушите“, кога ќе запосли пешес синови и ќерки, владата легиња на брашно и почнува да плаче како јеби га, договорот е таков и оние пред нас мамата у пичка....

ставете се на местото на телеком. кога некој ќе ви даде пиче и уште ќе ви го рашири пред очи, нема да ли да влезете „до балчака“.....?

Анонимен рече...


ставете се на местото на телеком. кога некој ќе ви даде пиче и уште ќе ви го рашири пред очи, нема да ли да влезете „до балчака“.....?


Е па токму затоа нема заборавање на кажаното. Се дадоа ветувања со рокови пред избори. Нема заборавање!

Анонимен рече...

anonymous kaza dobra ponuda

videjte ja ovaa i sporedete

http://homelan.bg/index.php?page=pricelist

Анонимен рече...

Додека не видам цигли и молотови коктелчиња како летаат кон зградите МТШит (а и оние скапи коли и џипови паркирани пред зградата) НЕМА АПСОЛУТНО НИШТО ДА СЕ ПРОМЕНИ.

А до тогаш како што денес убаво пишува во "Дневник":

"Кога силата е закон, законот не може да стапи во сила".

МТШит со сила и прљави трикови (мито, корупција, перење пари, запослување патриски војничиња, запослување на мамини-татини синчиња и жмизли и т.н.)успеаа да ја направат ситуацијава таква каква што е.

Епа ако тие можат да со примена на сила и прљави трикови да си го исполната своето, зошто тогаш ние да не смееме да го направиме истото.

Би вило прекрасно кога секој незадоволен корисник би почнал со мали герилски акции, на пример: сечење тел. кабли,кршење на разводни тел. кутии и сл. Па на крајот јас лично си ја платив бандерана на која МТШит (и кабелскана ТВ)си ги постави каблите, тогаш имам целосно право да ако не сум задоволен да и ја удрам секирата, знаете иде зима треба дрва за греење.

коскар рече...

задњиот анонимус,

кога ќе се обидеш со диверзии кон „големите“, ќе се зачудиш од ажурноста и решеноста на македонската полиција и судовите