17 октомври, 2006

е-УСАИД - Македонија сурфа

Промовирана како прва земја со безжичен интернет во светот, [во] Македонија... [некои од] граѓаните... немаат компјутери, други плаќаат скап интернет кој пак го нема во доволна покриеност низ земјата...

„Македонија сурфа“ треба да ги приближи компјутерската технологија и он-лајн услугите на е-Влада до сите делови на земјата и да ги поттикне Македонците да ги користат почесто. (Канал 5)

„Он.нет" ќе обезбеди бесплатна Интернет-конекција со цел за успешно одржување на серијалот настани „Македонија сурфа", организирани од страна на Проектот за е-Влада на УСАИД. (Утрински весник)

Патувачко шоу на Македонија сурфа од Скопје се сели и во Битола, Охрид, Штип, Струмица, Велес, Куманово, Кавадарци, Ресен и во Кочани. (Канал 5)
Досега најголем дел од активностите за градење информационо општество дојдоа од УСАИД. Владата продолжува да спие, да се занимава со декларативни е-заложби, и да сече ленти на туѓи проекти.
Премиерот Груевски кој денеска го означи почетокот на карванот за бесплатно сурфање низ земјата, вети дека оваа влада континуирано ќе вложува Македонија да влезе во глобалното село.
УСАИД има точно дефиниран интерес за да го прави сето ова, но сепак... Некогаш ми доаѓа прашањето што ќе ни е Влада, кога имаме донатори за да ни ги мислат проблемите.

2 коментари:

Анонимен рече...

уф што е убаво... Македонија сурфа итн. гага нет.
У ствари УСАИД и порано направи гигатнтски чекор со Македонија конектс , но правата работа е надвор од нивниот домен.
На сите им е јасно дека Атила, Софче и Трпче се први другари, и додека Грујо не смисли начин да се отараси од нив, џабе е се друго.

The Smasher рече...

Jas ne gledam nekoi %golemi% izmeni vo internet ponudite, barem sega za sega.