27 октомври, 2006

Официјално - дуплирана АДСЛ брзина

Хит me with the bill: 512/128 Kb/s
Старт hitting me harder и Макс 4! Макс GB!: 1024/256
Мини офис: 1280/512
Офис: 1536/512
Демек мегали офис: 2048/512

МАКСимално скапо: 13-190 евра месечно за договор на 2 години. МАКСимално ограничено: 0,5 до 25 гига месечен сообраќај.

85 коментари:

The Smasher рече...

Интернет понуда
Колку да ви разбудам стари спомени.
Средував по ова ценовници, весници, и што уште не какви хартии што ги имам дома и пред очи ми излезе едно ливче - реклама од МТ.
Го гледам вака и одма се потсетив на историјата која што беше сегашност пред едно... година отприлика.
MaX ПОПУСТ 100%
за МаХ ЖУРКА попуст за еднократниот месечен прикклучок
музика, игри, едукација, комуникација, филмови

а на другата страна пишуваше
* 24 часа broadband
* [пазете го ова] СУПЕР БРЗ ИНТЕРНЕТ
!384/128Kb/s!
* фиксна цена без телефонски трошоци
* бесплатна e-mail адреса со:
*антивирус-заштита
*антиспам-заштита
бла, бла, бла, бла ...
Да таман ова помина го отепаа Adsl Flatrate. Само колку да ви разбудам спомени за тоа што МТ мислат дека е
СУПЕРБРЗ ИНТЕРНЕТ. Патем погледнете и во нивните денешни понуди многу и ден денес го немаат сменето мислењето. - Таман го постував ова и ете, официјално наголемување на брзината. Ќе си одговорам уште одма. Ова најнормално го прават за поголеми сметки и побрзо помунување на лимити инаку, тие уште потсвесно си мислат дека супербрз е за нас е 384/128Kb/s.

The Smasher рече...

Користам додека сум конектиран да ви испратам уште некој текст:
Net дијагностика на ISP-ата во Македонија - #1 [Октомври 2006]
1. Македонски Телекомуникации

Брзина: различна по пакети, [384Kb/s - 2000Kb/s]*
- знаат да направат некој збрка па да истадне страшна турлитава со upload/download-от
- во некои пакети намалуваат брзина за мноогу мал трансфер на податоци пр. 4GB
Мрежни порти: Отворени
Пакети: „Специфични“ - пакетите им се кој од кој позагадочни
Договори: Ако им текне ќе си ги сменат правилата на договорот во нивна корист
- #Сетете се на смртта на бог да го прости починатиот Adsl Flatrate во Македонија кој што беше брутално
и неочекувано убиен на сред бел ден#
Стабилност: ...со ова нивно „чудно“ однесување... Што мислите Вие?
Техничка поддршка: има случаи во кои корисници барале техничка поддршка и демек ќе ја добиеле, ама со месеци МТ не дошле
Конекција: Самостојна

2. OnNet

Брзина: различна по пакети [128Kb/s - 2000Kb/s]
Мрежни порти: Отворени
- Имаше некои муабети дека во некои случаи биле затворени па требало да се побара од OnNet да ги отворат
Договори: долги
- Конкретно WADSL 2 години, човек во денешницава не знае утре што ќе му се случи, а не за 2 години, можеби ќе
треба да се пресели или уште милион други работи
- Додека, ако сакаш да го раскинеш договорот за WADSL ќе МОРА да си ги платиш сите рати одеднаш
Стабилност: немам слушнато поплаки
Техничка поддршка: лично ги имам видено како работат на терен [во едно средно училиште во Скопје], имаше некои поплаки
за WiFi то дека ако нешто не чини ќе те мотаат по телефони, и ќе те натераат 100 пати да им кажеш што е проблемот
Конекција: Самостојна

3. Телекабел

Брзина: варијабилна, [128Kb/s - 512Kb/s]
- Зависи од пакетот по одредено симнување ти ја намалуваат
- Многу битно е да се каже дека кај кабелските оператори особено е изразен Connection Sharing-от па и таа брзина
што тие ја кажуваат не е загарантирана
Договори: бараат да им станеш кабелски корисник
Мрежни порти: Отворени
Стабилност: релативна
Техничка поддршка: /**
Конекција: Самостојна

4. Cadis

Брзина: многу варијабилна, 64/64Kb/s - 128/128Kb/s
- Зависи од пакетот по одредено симнување ти ја намалуваат
- Многу битно е да се каже дека кај кабелските оператори особено е изразен Connection Sharing-от па и таа брзина
што тие ја кажуваат не е загарантирана
- Карактеристично да се каже е дека Кадис понудија flatrate ДО 128/128KB/s, ама по поминат 1GB се намалува ДО 64/64KB/s
Многу битно е да се каже ДО затоа што ни таа брзина не е цврсто загарантирана
Договори: бараат да им станеш кабелски корисник
Мрежни порти: Отворени
Стабилност: релативна
Техничка поддршка: /
Конекција: Самостојна

5. skyDsl

Брзина: зависи од пакетот 256Mb/s - 16000Mb/s
Договори: !многу високи цени!
Мрежни порти: /
Стабилност: /
Техничка поддршка: /
Конекција: Бара ДОПОЛНИТЕЛНА feedback конекцијa, каснење на сигнал

6. Т-Мобиле МК

Брзина: бавна
- Теоретски 115.2KB/s
- Вистинска 50/KB/s
Договори: многу високи цени
- Плус тоа бизнис пакетот е на постпејд па може да си направиш милиони сметка
- Обична цена 30 МКД 1МБ, а да не заборавајте ДДВ да пресметате (41.нешто МКД)
Мрежни порти: /
Стабилност: релативна
Техничка поддршка: не
Конекција: Самостојна

7. COSMOFON

6. Т-Мобиле МК

Брзина: бавна
- Теоретски 115.2KB/s
- Вистинска 50/KB/s
Договори: многу високи цени
- 90 МКД 3МБ, а да не заборавајте ДДВ да пресметате (106.нешто МКД)
- 150 MKD 6MB не заборавајте ДДВ да додадете
- 450 MKD 20MB не заборавајте ДДВ да додадете
Мрежни порти: Отворени
Стабилност: релативна
Техничка поддршка: не
Конекција: Самостојна

* Брзината е земена одприлика како се движи, ако е само единечна бројка се однесува само за downstream-от.
** Нема податок.

-- Доколку сметате дека некои информации се невалидни, или ако имате да надополните нешто слободно пишете. --
изворно: www.makedonijait.co.nr
или: www.smasher32.blog.com.mk
The Smasher

The Smasher рече...

Пред некое време спомнав дека треба сите да се кренеме и да се избориме против џигеројадачите, но не спомнав како, еве го мојот пост од [www.makedonijait.co.nr] во кој што имам кажано конкретни начини за борба против монополите, дами и господа, бујрум:
Како до подобар интернет и ИТ развиток во Македонија?
Извинување, за почеток ...

Се извинувам што на некои мои коментари како што се на www.revolucija.blogspot.com, [а може да се случи и на други места]
пишував со латинично писмо. Тоа не го правам од личен ќеф, во спротивно баш ми паѓа тешко кога пишувам Македонски
текст без Македонска поддршка на текстот. Ова се должи на фактот дека за интернет конекција се снаоѓам на секој
можен начин, [а секаде едноставно не можеш да најдеш Македонска поддршка за текст] само со цел да не им го правам
монополот на нашиве џигеројадачи.
За разлика од мене има една бројка луѓе кои што иако коментираат овие ISP вака оние онака, пак си остануваат нивни верни
корисници мрчејќи цел живот. Дали знаете дека нашето најголемо оружје е правењето промет на ISP-то? Истото оружје можам да
кажам дека и не се користи затоа што сите имаа шанса да го повратат неограничениот интернет! - СЕТЕТЕ СЕ -
[Зошто моментално беше спречено воскреснувањето на брутално убиениот Adsl Flatrate?]
Се додека има за ISP-то задоволителен број на корисници тие нема да направат никакви значајни промени во пакетите
без разлика што луѓето бараат од нив, дали плачат од нивните брутални понуди, и тн.
Ќе речете па како без интернет, нели тој ни е нашата комуникација, нашето оружје, нашата информираност?
- Да тоа е точно, и има начини да се спроведе интернет и да се победи во битката на дерење кожа кога сите би се кренале.

Сигурно се прашувате што да се прави?
Еве што:

1. Вмрежување - во мрежи со соседи/другари/баба-дедо и т.н.
2. Зголемување на нивото на информираност на сите. Значи не бидете скржави за информации, доколку знаете
за евентуален обид со некоја навидум добра, фина и „евтина“ интернет понуда [која што всушност е тешка измама и
тежок џигеројад] информирајте ги сите што можете, да не се залажат неинформираните и да склучат договор со Тхе Девил.
3. Користете ги сите јавни институции кај што можете да најдете интернет, основни училишта, средни училишта, факултети.
Ова може да биде особено интересно со оглед на тоа што институции од ваков тип обично имаат едно 1/Mb, 1,5/Mb конекции.
4. Дејствувајте со анти-монополистички договори кон оние што ви одговара, да речеме една фирма нуди лоши понуди
благодарение на воспоставениот монопол, а друга нуди поприфатливи понуди - одберете ги поприфатливите, ако веќе сте решиле да одбирате.
5. Рационализирајте ги Вашите потреби, пример сурфајте во мрежа како што реков претходно со повеќе групирани членови нормално,
брзината ќе биде бавна и трансферот намален, ама рационализирајќи ги Вашите потреби останете информирани за она што ви е битно.
Ви велам, можете да преживеете и без да го симнете 5GB-ниот сериал на Stargate (штом Јас преживеав вие немате гајле), да останете
информирани за битните нешта, да му плаќате на ISP - то помалку[1-ва точка] или воопшто не [3-та точка].
6. Оние поснаодливите и „похакерски“ настроени сурфери можат да сурфаат НА ПОСЕБЕН НАЧИН КОЈ ШТО ГО ИММАТ ОТКРИЕНО,
[а секогаш постои начин да се пробие од човек нешто составено од човек] при што можат и да им помогнат на другите сурфери и
тие да добијат некаква конекција.
7. Може да се оформат заеднички поголеми мрежи со интернет пристап преку посебни изнајмени линии, кои што ЌЕ БИДАТ ВО
СОПСТВЕНОСТ НА НИВНИТЕ СУРФЕРИ и СЕКОЈ СУРФЕР ЌЕ ГИ ПОДМИРУВА ТРОШОЦИТЕ ЗА СВОЈОТ ПРИСТАП во оваа мрежа.
8. Може да се оформат заеднички поголеми мрежи со интернет пристап преку сателитска и обична DSL конекција, кои што ЌЕ БИДАТ ВО
СОПСТВЕНОСТ НА НИВНИТЕ СУРФЕРИ и СЕКОЈ СУРФЕР ЌЕ ГИ ПОДМИРУВА ТРОШОЦИТЕ ЗА СВОЈОТ ПРИСТАП во оваа мрежа.
9. Dial Up некои оператори во Македонија прават голема сума пари на обчен Dial Up интернет, а потоа се знае, си го тераат монополот.
Користењето на Dial Up-от да се редуцира или скрос намали, патем и така Dial Up-от не е баш солиден интернет, а кога ќе пресмета
човек доаѓа дека тој спаѓа во најскапите и најнеефикасните пристапувања на интернет.
-- Има уште многу други начини -- -- Сепак и само овие се доволни за да се направи подобро утре --
-- Патем слободно додадете и некоја своја идеја --
!-- Само да се разбереме успехот бара остварување на овие идеи --!
!-- Желба за подобра иднина --!
The Smasher

Анонимен рече...

Лошо е тоа што добрите го сакаат лошиот !

Зошто ? Профит !

Virus рече...

Е волиња се... ќе им платам повеќе само нека пуштат нелимитиран паќет.. вошкари сите!!!

bezvrska рече...

virus... повеќе од 190 евра месечно? :)

the smasher, интересна анализа и тактика. Јас едно време викав дека масовно откажување ќе создаде притисок. После ми рекоа дека тоа е нереалистично, т.е. има луѓе кои немаат или не сакаат алтернатива. Веројатно има парче вистина и во едното и другото.

Анонимен рече...

Jas naprimer sakam alternativa, ali ne mozam zatoa shto rabotata mi zavisi od ova.. I sea sho da praime, za dobroto na site ostanati jas da dobijam otkaz?

daywalker рече...

Хм, истото важи и за мене.
А колку би сакал да им ја запалам опремата... И тоа владата, ебате, трет мобилен оператор... А втор фиксен? Се гледа за кого работат.

Virus рече...

хахах.. наздравје на коментарот, bezvrska.
Некоја нормална цена за Flatrate како 50 eвра за 1 Mbps конекција (иако и првичната брзина вршеше работа до 100GB трансфер кога не лимитираа).

Ljupcho Apostolov рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Анонимен рече...

@ д смешер

1. од кај ти е тој "ADSL Flatrate" пакет што ти го "убиле"? - биди реален таков пакет никогаш не ни постоел...

2. Стави си ограничување на 384/128 Kbps и никому ништо... слично како кај автомобилите... ако не ти (се) стиска - граничник брате...

(ова го кажувам бидејки знам доста луѓе ((меѓу кој мојата маленкост)) што се задоволни од зголемувањето на брзините - дај човеку - добра вест е добра вест).

daywalker рече...

99% од луѓето овде не се задоволни со зголемувањето на брзина. Зошто? Затоа што сега со 1 (читај: 1) сесија од 12 часа го надминуваш лимитот.
Ох, да, освен ако интернетот не се користи САМО за читање мејлови.

Shirojin рече...

A da probame da barame flatrate preku mailovi kako koga se organiziravme za limitiranjeto. Mislam mailovi do germanskite direktori , moze ke bidne nesto od toa pak.

ile рече...

може и јас сум за , нека напише некој email и дајте email adresi

Анонимен рече...

email do t-com direktno.... So najavi za bojkot, ne-prodolzuvanje na dogovori (ne raskinuvanje), zatoa shto na mnogumina od poslednata "generacija" adsl-ovci shto imaa flat-rate dogovorite im istekuvaat bash tuka maj-juni. Mozda ke uspee

Анонимен рече...

Do anonymusot, imase neoficijalen flat rate paket, t.e edinstveniot adsl paket shto bese (384/128), shto traese edno 2 godini... Vo dogovorite pisuvase limit4GB, ali nekolku godini ne se primenuvase toj limit.

mkd_Stefan рече...

Мислам дека никој не се противи на лимитирањето (дека треба да постои), затоа што такви договори се потпишани, туку проблемот е што намалувањето што го прави МТНет не спаѓа во ADSL услуга (broadband). Наместо минималните 144kbps тоа изнесува 72kbps (точно половина од минимумот), претходно беше 64kbps.

daywalker рече...

Напротив, речиси СИТЕ се против лимитирањето. Омаловажувачкото намалување на брзина е сосема друга работа.

При потпишувањето на договорот, НАРОЧИТО прашав за лимитот, на што ми беше одговорено дека тешко дека ќе се воведе, и покрај тоа што пишуваше. Дали некој видел тогаш дека на РЕКЛАМИТЕ за адсл пишува „лимит од 4 гига„? Па дри и сега тешко да може тоа да се забележи по нивните реклами (нпр. ТВ рекламата...)

GoodBytes рече...

Поголеми брзини за побрзо истрошен лимит.

SHIROJIN рече...

kako moze da bides uumeren surfer so samo 512 mb :) apdejt na antivirus otvaaranje vesnik (i toa eden dnevno) online , da simnes edna pesnicka do dve. Da ne spomnuvame otvaranje google eearth ili pak nekoj flash sajt koj moze da tezi celi 3 mb.
A youtube e crna dupka za limitot , pusti ednas i cekaj go prvi sl mesec

Zaklucok: I najgolemiot stipsa so najjaka kontrola na bandwithot nemoze da izleze na kraj so taa tarifa

Анонимен рече...

Моментално 1024 kbit/s на мтнет се спуштени на 722 kbit/s според http://www.bandwidthplace.com/speedtest/

bezvrska рече...

Добро, не се сите исти. Има луѓе на кои ќе им стасаат 512 мега. Барем на почетокот. Од тој аспект немам ништо против адсл старт и хит. Но од аспект на цените на постојните пакети јас разбирам дека менаџментот на МТ не може да понуди „едноставно неограничено“ сега. Весела математика:
- Пола гига = 13 т.е. 25 евра, 4 гига = 35 евра... неограничено = 85 евра?
- Стави 100, ќе ја делат врската.
- Ау, да, сега со 1 мега може и 10 души да се стават на иста линија.
- 100 евра месечно... нема шанси да се продава
- И тоа што викаш. А и повеќе ни се исплати да продадеме 10 хита.
- Ај батали.

bezvrska рече...

Моментално 1024 kbit/s на мтнет се спуштени на 722 kbit/s според http://www.bandwidthplace.com/speedtest/

1024 не е загарантирана брзина. Брзината што ја продаваат не е 1024 како што ја рекламираат, туку ДО 1024. Поопширно тука.

mkd_Stefan рече...

Се согласувам со bezvrska околу рекламирана/реална брзина, но прашање до сите. Колку (просечно) ви изнесува брзината на тестови? Квалитетот на услугата во однос на брзината се мери во процентуален износ помеѓу реалната и рекламираната. За квалитетна конекција, процентот треба да биде на 80%. Колку повеќе од 80% толку поквалитетна конекција (латенцијата ја тргам на страна во оваа анализа). Кај мене тој износ изнесува околу 60-70% во зависност од периодот на рекламирана брзина. Зошто да не може корисникот да си плаќа на пример, 70% од цената, т.е. како што е нивото на услугата???

daywalker рече...

Кај мене - како кога. Само кога има ептен многу сидери (преку 100) за некој торент, оди околу 1 мб, ама на тестови никогаш повеќе од 640 кбпс, значи исто, околу 60-70%. бај д веј, вчера и денеска одвај отворав страници...

1 мбпс? Hardly.

Анонимен рече...

Да нешто деновиве едвај се отвараат странициве.

@bezvrska
Сосема ти е исправна логиката. Само толку ли се глупи менаџерите да не сватат дека за некој период ќе фледаат поинаку на работата.
- Пола гига = 13 ... 100 корисници
- 4 гига = 35 евра... 50 корисници
- неограничено, хмм може требаше да напраиме вакво нешто...сите ни избегаа!

Ја сум со нив до февруари и очекувам дека нешто ќе се смени до тогаш, макар и зголемен лимит, минимум 10 гига. Сепак за 2 годишен договор, ништо освен флат рејт по разумна цена.

mkdev рече...

И други те си имаат проблеми

http://www.bug.hr/vijesti/index.asp?id=75444

Iskonovi i T-Comovi problemi s Internetom

Korisnici IskonInterneta, davatelja usluga koji u zadnje vrijeme obećava u oglasima "ultrabrzi pristup internetu", zadnjih dana imaju gadnih problema s učitavanjem stranica koje se nalaze izvan Hrvatske.

"Gadni problemi" je, možda, eufemizam. Inozemne stranice se ili uopće ne učitavaju ili se učitavaju dozlaboga sporo, što svakome tko Internet koristi za posao, a ima nesreću biti korisnikom Iskonovih usluga, znatno otežava život.

Jučer smo dobili objašnjenje da će problem "biti riješen kroz pola sata", no tih pola sata se nekako odužilo... Izgleda da se Iskon u zadnje vrijeme vrti na nekavom alternativnom vremenu...

Update: Nakon poplave vaših komentara autor vijesti se raspitao u redakciji i izvan nje i saznao da T-Com zadnjih dana također ima slične probleme pa sve što je rečeno gore, a odnosi se na Iskon — smatrajte da je upućeno i njegovom korporativnom tati.

Službene odgovore iz IskonInterneta i T-Coma o cijeloj situaciji još uvijek očekujemo (zanemarit ćemo jučerašnji Iskonov: "Sve će biti riješeno za pola sata").

Virus рече...

Ние ке црекаме за подобар интернет, додека некое копиле вработено таму во МтЊет има неограничен account за ич пари кој месечно прави над 400GB сообраќај месечно (со свои очи имам видено). И драги мои, се прашувате сега зошто има проблеми со интернетот? И тоа копиле додека ние се чешаме со каунтерот се цепи и како од шала праи трансфер дневно за петорица MaxADSL-ци.

Анонимен рече...

toa e odamna !!! so mislis deka e samo eden !!

Анонимен рече...

Stvarno Mt ADSL-ot momentalno e katastrofa. Vcera bese duri i polos. Znae nekoj vo sto e problemot?

The Smasher рече...

""Anonymous said...

@ д смешер

1. од кај ти е тој "ADSL Flatrate" пакет што ти го "убиле"? - биди реален таков пакет никогаш не ни постоел...

2. Стави си ограничување на 384/128 Kbps и никому ништо... слично како кај автомобилите... ако не ти (се) стиска - граничник брате...

(ова го кажувам бидејки знам доста луѓе ((меѓу кој мојата маленкост)) што се задоволни од зголемувањето на брзините - дај човеку - добра вест е добра вест).

3:16 PM, октомври 30, 2006""

Некој анонимус нешто се бунеше за предлогот 384/128 Kb/s flatrate да се разбереме Јас не сум против 1Мб/s конекција flatrate, ама дали е тоа изводливо кај нас? Барав барем нешто реално. Нека дадат ако сакаат и 2Мб/s конекции flatrate мене ми одговара, ама по нормална цена. Патем тој анонимус се бунеше и за тоа од каде ми бил тој АДСЛ Flatrate. Како прво мене не ми бил, на сите ни бил, дали добро се сеќава господинот анонимус како беше на времето, имаше ли вакви лимити спроведено? И уште нешто не се радувај на тоа поголем брзина тоа е да ти го изедат џигерот побрзо, капираш? И после ова кога ќе се свестиш дека ти го изеле џигерот немој да речеш ,,Oops, my brain just hit a bad sector!,,

The Smasher рече...

"" Anonymous said...

Jas naprimer sakam alternativa, ali ne mozam zatoa shto rabotata mi zavisi od ova.. I sea sho da praime, za dobroto na site ostanati jas da dobijam otkaz?

12:30 AM, октомври 30, 2006""

Никој не те тера со сила да добиеш отказ. Работата е да ја подобриме ситуацијава не да добиеме невработени. Да се присили операторот да даде поволни понуди на мирен, демократски начин, кој што успева според механизмот нема потрошувач [обичниот човек] нема продавач [ISP].

Анонимен рече...

нешто мутат ! тоа ке да е проблемот !

The Smasher рече...

"" Shirojin said...

A da probame da barame flatrate preku mailovi kako koga se organiziravme za limitiranjeto. Mislam mailovi do germanskite direktori , moze ke bidne nesto od toa pak. ""

Барав Јас така за GPRS Flatrate преку Т-Мобиле МК, и ми одговорија демек писмото ќе стигнело до тие што треба да го прочитаат од генералштабот на Т-Мобиле, но Јас сеуште не гледам измени. Кажете ако има нешто ново. Патем еве што прават во странство:
http://www.t-mobile.co.uk/Dispatcher?menuid=plans_webnwalk

Игорче рече...

Ова е резил. Некои страни не се ни отвараат. Проблеми еден куп, овие дена е катастрофа.
Абе се убив од чекање на 0800-12345 никако да ги добијам лајнарите. И си мислам: За шо ебате јас плаќам MaxADSL? За да не можам да отварам веб страни? А пак за данлоуд да не прајме муабет.

Еве резултат од спид тестот на:http://www.bandwidthplace.com/speedtest/

Communications 78.6 kilobits per second
Storage 9.6 kilobytes per second
1MB file download 1.8 minutes
Subjective rating Slow

Date & time Saturday, November 4, 3:44PM*
Test type IDT4 Free
Connection type ADSL
Region Europe
Data size 1024KB

Ме теши помислата дека се ближи ФЕВРУАРИ! Немам ниту една, ама ниту една причина за да не го раскинам договорот со нив! Па еден кабелски интернет со упола ап/даун брзина од оваа е два пати побрз и без варирања!

daywalker рече...

Изгледа јануари/февруари се критични за лајнарите.

Баш ме интересира колку корисници скрпиле до сега? Знае некој? Сакам да споредам со Србија - таму АДСЛ почна да се нуди прошла/претпрошла година, прво само Белград, па потоа Нови Сад и од скоро Ниш. До сега АДСЛ нуделе само провајдерите, но од овој месец нуди и ТеЛеком Србија. До сега имаат над 20.000 корисници во три градови, а до Нова Година се планираат уште 40.000 (вк. 60.000). За следна година им е план имаат 200.000 корисиници на АДСЛ, како и воведување VoIP услуга. Најефтин флејтрејт во Србија е 10 евра (256/64) а најскапиот 40 евра (768/256, со бесплатен веб хостинг и статична ИП адреса.

Comments?

Oktaj рече...

Ако ја мерите брзината на АДСЛ-от преку http://www.bandwidthplace.com/speedtest/, тогаш секогаш ќе си имате помали брзини од, на пример, http://www.auditmypc.com/internet-speed-test.asp

Затоа користете ја вторава адреса.

Инаку, кај мене скоро секогаш покажува нешто над 900kbs.

А дека има проблеми во последно време, тоа секому му е јасно. И не се трудете да се јавите во МТНет Инфо кога има вакви проблеми. Едноставно, не одговараат. Ги оставаат слушалките отворени, па, демек, зафатени им се линиите :PPP

Shirojin рече...

smasher ne mislev za preku gprs za imame flatrate, toa vo kulturni zemji wap e besplaten a surfanje preku mobilen se naplakja (ama ne tolku kako kaj nas) mislev da napravime inicijativa za da im se kaze na akcionerite so mnozinstvo akcii deka direktorite na MT ke odat vo zaguba na klienti ako prodolzat vaka i deka ovoj kjar im e samo poradi dogovorite koi naskoro istekuvaat a i deka nie barame usluga ednakva na kvalitetot koj go pruzaat nivnite firmi vo drugite zemji

pozdrav i dajte mailovite koi bea da im dosagjame :)

mkdev info рече...

daj nekoj neka pise kulturna email i neka dade link , kako sto bese na pocetokot. Mora da se razmrda nesto

Анонимен рече...

ДЕчки како сто гледате лимито на МТНЕТ - НЕ Е СМЕНЕНТ ОД КОГА Е АДСЛОТ , ПА ДАЈ АКТИВИРАЈТЕ СЕ БАРЕМ СО МЕЈЛОВИ

daywalker рече...

Новости од Хрватска...

Korisnik postao car, impulsi njemu na dar

ZAKON TRŽIŠTA Donedavno su nas Telekom tvrtke zdušno uvjeravale da je 2-3 kune za minutu razgovora najmanja moguća cijena, a sad nam nude ’vreće’ besplatnih minuta samo da ostanemo ili pristupimo njihovoj mreži

piše Frenki LAUŠIĆ

Još prije dvije godine cijene poziva u mobilnoj telefoniji bile su u prosjeku tri kune po minuti, u fiksnoj telefoniji oko jedne kune, a onda je u mobilnoj telefoniji došao treći operator, u fiksnoj telefoniji dva ambicioznija nova Telekoma i "raznorazni" Wimax operatori - i cijene u mobilnoj telefoniji su u prosjeku pale za više od tri puta, u fiksnoj za četiri puta, a i internet je sve jeftiniji, iako se na tom polju tek očekuju rezultati.
Novi trend na telekomunikacijskom tržištu je telefoniranje za nula kuna u mreži određenog operatora, uz minimalne mjesečne naknade ili minimalne naplate uspostavljanja poziva.

Napadi i kontre

Taj je trend u fiksnoj telefoniji počeo mobilni operator Vipnet, ponudivši putem Homeboxa razgovore prema svim fiksnim mrežama za 0,10 kuna po minuti, uz mjesečnu naknadu od 150 kuna, te 0,5 kuna prema Vip mreži i 1,5 kuna prema drugim mobilnim mrežama, kao i 1GB Internet prometa. Odgovorili su mu promptno T-Mobile Unlimited opcijom u okviru koje se u 098 mreži telefonira besplatno uz mjesečnu naknadu od 25 kuna, kao i H1 koji je ponudio besplatne razgovore u okviru svoje mreže svim pretplatnicima koji se učlane u tu mrežu do kraja ove godine. Na to se nadovezao T-Com ponudivši Non-stop opciju besplatnog telefoniranja u okviru T-Com mreže, uz mjesečnu naknadu od 20 kuna i 28 lipa za uspostavu poziva.
Ubrzo je Optima Telekom tužila Vipnet Hrvatskoj agenciji za telekomunkacije jer se koristi bežičnom tehnologijom za pružanje usluge fiksne telefonije, nakon čega je HAT od Vipneta zatražio pojašnjenje.
Sumnja u damping

Iz Vipneta su odgovorili da Homebox napadaju samo u Hrvatskoj i da je čudno što se to događa u zemlji u kojoj 89,9 posto tržišta fiksne telefonije drži jedan operater, T-Com.
HAT je također zatražio od HT-a da pojasni svoje usluge u kojima omogućava telefoniranje za nula kuna uz minimalne mjesečne naknade, navodno sumnjajući Uz mobitel korisnicima se nudi i usluga fiksnog telefonana damping i zloupotrebu monopolističke situacije (T-Com), te položaja operatora sa znatnom tržišnom snagom (T-Mobile), kao što se sumnja i na damping Vipneta (znatna tržišna snaga) s Homeboxom.
Pitanje je, naime, nude li HT i Vipnet te usluge ispod cijene subvencionirajući gubitke prihodima iz drugih sektora u kojima su dominantni na tržištu.

daywalker рече...

И уште една...

Vi nudite TV, mi ćemo telefoniju!

Najnoviji "ispad" u telekomunikacijskom sektoru napravio je Hrvatski Telekom "upadom" u televizijske sfere s MAXtv-om, na što je odmah odgovorila kabelska tvrtka DCM, najavom uvođenja usluga fiksne telefonije. "Za sada ne možemo najaviti rok, ali uslugu telefonije ponudit ćemo vrlo brzo, jer nam to omogućava konkurentnost, pogotovu u situaciji kada je HT ušao na naš 'teritorij'. Pri tome će DCM biti u prednosti pred većinom operatora koji moraju plaćati najam za vodove HT-u, a mi imamo vlastitu najmoderniju kabelsku infrastrukturu", kazao nam je Damir Hajduk, komercijalni direktor DCM-a.

daywalker рече...

А еве и прва понуда за АДСЛ од српски Телеком (досега АДСЛ во Србија нудеа само ИСП-и)

ADSL 768 je paket prilagođen potrebama srednjih preduzeća čime se omogućava lako i profesionalno predstavljanje firme na Internetu i komunikacija kako unutar firme tako i van nje.

Sa ovim paketom se brzo download-uju velike datoteke i ogranizuju online poslovne konferencije.

Paket je namenjen i super surferima koji preuzimaju filmove, muziku, softvere i druge sadržaje.
Zasnivanje pretplatničkog odnosa

Cena
Naknada za zasnivanje pretplatničkog odnosa za ADSL (dinamička IP adresa) 5.000,00

Naknada za zasnivanje pretplatničkog odnosa za ADSL (jedna statička IP adresa)
10.500,00

Dinamička IP adresa

Paket Cena
768/192 kb/s 2.415,00

U cenu je uključen ADSL modem, spliter i jedna e-mail adresa, Nema merenja protoka tzv. "flat rate".

Statička IP adresa

Paket Cena
768/192 kb/s 5.500,00

'U cenu je uključen ADSL modem, spliter, samo jedna statička IP adresa, 5 e-mail adresa. Nema merenja protoka tzv."flat rate".

* sve cene su bez PDV-a


Да скратам, послабите пакети:

Dinamička IP adresa
Paket Cena
256/64 kb/s 1.208,00

Statička IP adresa
Paket Cena
256/64 kb/s 2.700,00

Dinamička IP adresa
Paket Cena
512/128 kb/s 1.811,00

Statička IP adresa
Paket Cena
512/128 kb/s 4.000,00


Сите се без мерење проток (флејтрејт). За конверзија,
1 евро = 80 дин.


Коментари?

Анонимен рече...

Како што напишав пред извесно време ќе плачеме и ќе гледаме како секаде околу нас има се подобри и подобри пакети па ќе дојдеме и до она што јас го очекувам 2мб/с доунлоад, 512 кб/с уплоад, без мерење, флат рате за 6 евра месечно (со ДДВ)
Нема ничто без поенергицхна акција. Агенцијата е корумпирана од неа нема помош. Терористичко крило, anyone???

Анонимен рече...

„Гугл“ воведе бесплатен интернет во својот град
МИА


07.11.2006
Американскиот Интернет пребарувач „Гугл“ воведе безжична мрежа за пристап на Интернет во калифорнискиот град Маунтин Вју, каде што се наоѓа седиштето на компанијата.

Новата мрежа му овозможи на секој од 72.000 жители на градот да се поврзе со Интернет брзина од еден мегабит во секунда.

„Гугл“ соопшти дека од градските власти ќе наплати само трошоци за изградба на мрежата, додека сите останати услуги ќе бидат бесплатни.

Во меѓувреме и градските власти во Сан Франциско одлучија да воведат безжична мрежа која ќе биде во нивна сопственост.

Анонимен рече...

do sega koristev drugi username i pasvordi za adsl ali im dojde i na toa krajot nemoze vise ako mu gi pomines tie 4gb on ke ima uste ista brzina ali jas ke imama 64/64 mnogu loso

Анонимен рече...

Anonymous said...

do sega koristev drugi username i pasvordi za adsl ali im dojde i na toa krajot nemoze vise ako mu gi pomines tie 4gb on ke ima uste ista brzina ali jas ke imama 64/64 mnogu loso

------------------
Види мајката колку си бил ти паметен !!! Е ама нема повеќе да се прависш паметен (ха,ха,ха)

Анонимен рече...

ma moze uste so drugi usernami da se koristat nesto do tebe...

pozdrav

Anonimusen рече...

Види мајката колку си бил ти паметен !!! Е ама нема повеќе да се прависш паметен (ха,ха,ха)

A ti pa blikas od pamet cekaj cekaj site ke ve otpustat za 2-3 meseci ide t-kom.....
A sto se odnesuva do sifrtite mojot profi paket ne go ogranicuvaat do 40 giga iako e 25 giga limitot.

Анонимен рече...

A sto se odnesuva do sifrtite mojot profi paket ne go ogranicuvaat do 40 giga iako e 25 giga limitot



Pederi a na maxadsl mater ebavaat ne pustaav 1 kb poveke

SUPACI , GLUPACNI , LOPOVI INT, DRUGOTO GO ZNAETE

Анонимен рече...

Види мајката колку си бил ти паметен !!! Е ама нема повеќе да се прависш паметен (ха,ха,ха)

A ti pa blikas od pamet cekaj cekaj site ke ve otpustat za 2-3 meseci ide t-kom.....
A sto se odnesuva do sifrtite mojot profi paket ne go ogranicuvaat do 40 giga iako e 25 giga limitot.

11:53 AM, ноември 10, 2006
********************
Море слепец еден не сум јас вработен во Телеком ама заради такви како тебе што користат username и password од други корисници јас минатиот месец 25 дена бев на 64/64 и затоа не мрчи многу !!! Јасно ?

Анонимен рече...

Види мајката колку си бил ти паметен !!! Е ама нема повеќе да се прависш паметен (ха,ха,ха)

A ti pa blikas od pamet cekaj cekaj site ke ve otpustat za 2-3 meseci ide t-kom.....
A sto se odnesuva do sifrtite mojot profi paket ne go ogranicuvaat do 40 giga iako e 25 giga limitot.

11:53 AM, ноември 10, 2006
********************
Море слепец еден не сум јас вработен во Телеком ама заради такви како тебе што користат username и password од други корисници јас минатиот месец 25 дена бев на 64/64 и затоа не мрчи многу !!! Јасно ?

Анонимен рече...

Договорот на 2 години со Мт Нет ми истекува во Јануари и несакам да го продолжам или тие сами да го обноват. Некој има искуство со ова, и ако има Темплејтче за раскинување на договор, т.е. да ги известам дека не сакам да ми го продолжат на нови 2 години. Многу благодарам.

Анонимен рече...

мене договорот ми е истечен , но да има некои други подбри понуди од други исп би се префрлил , вака шо знам и другите се како шитот

Од кај шитот ништо не преземаат ако договорот ти е истечен. т.е

Не регагираат дека ти е истечен и дали сакаш да го продолжиш .

И мислам не можат они да ти го продолжат договорот доколку вие не сакате .

Анонимен рече...

а дали некој знае за онтнет шо ке прават , нели требаа да го дингант лимито на 20 гб , тоа ке биде одлично , па шитот нека видат кај ке им идат корисниците !

Анонимен рече...

"мене договорот ми е истечен , но да има некои други подбри понуди од други исп би се префрлил , вака шо знам и другите се како шитот"

Како бе нема подобри понуди. Да немаше подобри немаше да не обврзуваат по 2 години. Другар на Телекабел прави по ~50Г секој месец, тоа на Мтшит е неизводливо. Сеа, да останат овие цени и услови на МТ за договор на неопределно време може и би останал на нив во исчекување на некакво подобрување, ама нов 2-годишен ни под разно.

И да, ако може некој што го раскинал договорот по истекот на тие 2 години да каже како што идат работите, да не се зезнеме случајно некако да не ни го продолжат автоматски на нови две.

Анонимен рече...

Досега се јавуваа за продолжување на договорот, ама сега во услови кога губат толку корисници може и нешто да изведат. Јас планирам да одам крајов на месецов, тогаш ми истекува договорот, за да ги известам дека прекинувам со користење на АДСЛ.

Анонимен рече...

--------------------------------------
Другар на Телекабел прави по ~50Г секој месец, тоа на Мтшит е неизводливо.
--------------------------------------

E sea ne e bas neizvodlivo, ja minatiot mesec napraviv 105 gb, a ovoj mesec do denes sum na 42 gb.
Se zavisi kako go koristis i koga ke te izgasnat. Obicno ne gasat na 4 gb, gasat koga ke im tekne tamu, dosega vo rok od edna godina samo dvapati me izgasile na 5 gb. Vo Juli me zaboravija do 50 gb i kusur, a minatiov mesec do 90 i kusur gb.
Koristi go maksimum, od prvi, obicno bi trebalo da sibas nad 10 gb, ama nisto ne mozam da ti vetam.
Pa i da te izgasat na 4 gb, ako non stop simnuvas do kraj na mesecot mozes da sibas do nekade 35 gb.

Jas voopsto ne gi zalam, vo maj 2005-ta koga im se javuvav da gi prasam dali ima limit, oni mi vikaa deka nema, koga go vidov dogovorot i gi prasav sto e ova so 4 gb limit, oni mi rekoa deka toa samo taka stoi deka ne se sproveduva, tuku e tamu za da ne izgledaat neprofesionalno.
Pa zatoa sega koj gi EB*.

Анонимен рече...

Ne moze da prodolzat nikakov dogovor bez tvoj pismen potpis na nov dogovor.

Анонимен рече...


Ne moze da prodolzat nikakov dogovor bez tvoj pismen potpis na nov dogovor.


Неможат да продолжат за две години без твој потпис, ама можат да ти наплаќаат на неодредено т.е. да имаш АДСЛ и тоа по цена за две години ама месец за месец.
Знам сигурно тоа се има случено, а и како што го разгледував во договорот (барем тој јас што го имам) пишува дека договорот може да трае неодредено после истекување на договорот од 2 години.

Анонимен рече...

Mene dogovorot mi istekuva vo maj 2007.... Posle prekin na dogovorot, shto se deshava, im odam vo salonot so modemot da im go vratam? Ili moj si e? :D Poshto mislam i cenata na modemot bese uracunata vo tie dogovori za 2 godini . . . .

Анонимен рече...

Дали некој има слушнато нешто за тоа дека Оннет ќе намалува на 128kbps после поминати 10gb. За WADSL зборувам.

Db рече...

Море слепец еден не сум јас вработен во Телеком ама заради такви како тебе што користат username и password од други корисници јас минатиот месец 25 дена бев на 64/64 и затоа не мрчи многу !!! Јасно ?

More selo koj ti e kriv koga si eban u glava i koga si ja davas sifrata ako gledas deka nekoj ti ja znae smeni ja ebate degenot. I nemoj mnogu da se kurcis lesno e na forumi pod anonimus da jades gomna.

Анонимен рече...

Ispadile go sefot na dojce telekom Kaj Uve Rike. Mozda so noviot sea sto ke dojde ke se smeni nesto

the smasher рече...

Starite kje derat kako i novite samo kje imaat drugo ime rebrendiranje.

the smasher рече...

Pardon, novite kje derat kako i starite i komutativno obratno.

Laf рече...

Aко после истекување на 2-годишен договор не се јавиш да откажеш/продолжиш, тие продолжуваат со услугата, но тоа што ме интересира е дали со сигурност ке наплаќаат како за 2-год. договор (1790 ден.) или по ценовникот за Договор на неопределно време (2490 ден.). Дали некој знае точно?

Анонимен рече...

Sega koga dojdov doma , mojte nesto mi pocna nekoj muabet na radio kaza interntot brzinata ke ja zgolemat i ke go namalat iternetot , demek taka kazale na radio ? nesto za mtnet ama ne gledam nekoja razlika, ili toa e samo zgolemena brzinata na max adsl smart : ? Dali nekoj znae nesto

Анонимен рече...

Se vraka modemot posle istek na dogovor ili ne?

Анонимен рече...

stom e revolucija ova ima li nekoj so pominat 4gb limit i sto e namalen na 64/64 da go koristime negoviot pasvord stom gi mrazite Mtnet da vidime sto patrioti ste ....

evo go mailot: dojdipak@yahoo.com

Анонимен рече...

abe se e ok , ama posle 1 so ke pravi toj so passwordot

Анонимен рече...

a da kupime eden user pa site da go koristime ! toj 25 gb !

Анонимен рече...

ne ti treba toj od 25gb dovolen ti e toj od 512mb ke go koristite toj pasword a vasiot nema da go pipnete taka ke si simnuvate kolku sakate....

Анонимен рече...

ЗНАЧИ УШТЕ 2 ГОДИНИ ПА ФЛАТ ПАКЕТИ МОЖЕ КЕ ПУШТАТ !

МТ промовира нов пакет услуги за побрз интернет

Скопје, 13 ноември (МИА) - АД „Македонски телекомуникации“ ја зголеми брзината на пристап на сите Max ADSL пакети за физички и правни лица, кои сега почнуваат од 512/128 килобити во секунда до 2048/512 килобити во секунда за најбрзиот пакет со тоа што цените на пакетите остануваат исти, информира денеска на средба со новинарите Александар Јончевски, раководител на сектор во МТ.

Според него, зголемувањето на брзините важи за сите сегашни и идни коринисици на Max ADSL пакетите. Со двојното зголемување на брзините „Max ADSL start“ и „Max ADSL max“ пакетите, за првпат во Македонија МТ нуди Интернет пристап за физички лица со брзина од 1024/256 килобити во секунда.

АД „Македонски телекомуникации“ има 15.000 Max ADSL корисници. Надлежните засега не најавуваат намалување на цените на Интернет услугите, но велат дека овие цени се намалуваат во континуитет како што се зголемува бројот на нивните корисници.

Извор: МИА

http://www.idividi.com.mk/biznis/Makedonija_biz/365798/index.html

Анонимен рече...

Ako ne si pobarate sami , nema nikoj da vi dade !!

daywalker рече...

Хм... Да...

Се сеќавате ли како беше пред година дена? Во Унгарија, Ма(в)тав дупло им ги зголеми брзините на нивните корисници без поскапување.

Само што Хуните имаат флејтрејт пакети (речиси и да немаат ограничувачки и омаловажувачки пакети со лимити...), а ние се уште сме ограничени.

Анонимен рече...

Патетики!
Ова не е нормално МТнет си прави што сака, а вие сеуште очекувате дека ќе ви даде уште некоја капка.
Еве гледам во веста пишува дека кога ќе имаат уште корисници ќе дојди до поефтино.
Незнам што чекате па ајде сите една акција да се соберат уште едно 30.000 претплатници на АДСЛ, па можи и ќе даде Флат за едно 16.000 денари.

Анонимен рече...

A да им се упати порака од интернет македонија доколку дадат некој флат пакет од барем 512 кб , ке добијат многу корсицници !

Еден предлог

snoopy рече...

sega mora nesto da se stori , da im se omalovazi ova so brzinata davajte idei.

Анонимен рече...

eve piste im maluk, da gi razdvizite moze nekoj ke slusne
bunete se kolku poveke poplaki tolku poveke ke bidat zainteresirani. pa i vie dajte nekoj link ili email


http://news.bbc.co.uk/newswatch/ukfs/hi/newsid_4030000/newsid_4032600/4032695.stm

Анонимен рече...

http://news.bbc.co.uk/newswatch/ukfs/hi/newsid_4030000/newsid_4032600/4032695.stm

The Smasher рече...

Чист пример

Едно појаснување во врска со борбата против монополите и борбата за подобра иднина. Јас како и секогаш повикувам сите да се кренеме заедно во таа борба. Тоа не го велам без причина туку од простиот факт дека единката сама како еднка не може ништо, како во природата така и во овој конкретен случај. Еве еден чист пример за тоа што ви го објаснував.

Застанувам на пешачки премин. Нема семафор, да регулира ситуација. Улицата е доста прометна, значи има постојано возила. Уште една толпа луѓе се собираат и чекаат подобра иднина да им падне од небо - да снема сообраќај и тие да ја поминат улицата. Ама подобрата иднина не паѓа од небо сама од себе во животот, најчесто треба човекот да си ја обезбеди - има многу возила и на никој не му е гајле дека народов чека. Тогаш и на мене, релативно здосадено од чекање ми доаѓа идеја да тргнам. Тргнувам со тоа што сметам дека и други луѓе ќе тргнат после мене, па возилата ќе мора да застанат (1 да прегази, ај му се исплатува, ама 31 не му се исплатува :-)). По моето тргнување и другите луѓе тргнуваат, сообраќајот застанува, а ние ја помунуваме улицата легално на пешачкиот премин.

Со оваа метафора ја опишувам состојбата во Македонија како со интернетот така и со многу други случаи во кои народот е оштетен. Можеме да победиме, легално, без кинење кабли, поставување бомби, оружје, закани ... Јас сум на пешачкиот премин и чекам чекор напред да направат и другите. (Сам не се стои на пешачи премин освен ако немаш некоја добра причина, нели?)

The Smasher,
Admin @ www.makedonijait.co.nr

MKDEV TEAM рече...

Ајде

еве и моја подршка

www.mkdev.info

Поздрав

bezvrska рече...

Новиот пост што го пуштив не сакам да се сфати како минирање на муабетов. Баш е интересен.

smasher, супер метафора! Ќе си ја читам секое сабајле за кураж. Имам едно прашање. Што ако тргнеш по пешачкиот и видиш дека од 30-те луѓе 90% чекаат да видат дали ќе те згази некој шлепер? Не се зезам. Јас немам одговор.

Предлогот за флет пакет беше изнесен директно на врвниот менаџмент на МТ еднаш лани и уште еднаш пролетва. Одговорите беа... отприлика... „ќе ја делат линијата“ и „ќе треба да закупиме огромен линк“. За првиот можам и да рационализирам, ама вториов...мрак.

Модемот... Кај хит пакетот се задржува модемот. Кај старт и макс само ако си го платил. Ако плаќаш претплата од 999 за старт или 1790 за макс тогаш треба да го вратиш модемот.

Не сум чул дека може сами да те префрлат на договор на неопределено време кога ќе ти истече стариот. wow! ова стварно би било бомба!

Анонимен рече...

Regarding your blog about live in the sky, there are some great deals on offer now at http://www.bargainplace.co.uk. You will get live in the sky plus live in the sky. Make sure you bookmark http://www.bargainplace.co.uk now.