19 октомври, 2006

ITU: Дарфур во наше маало

ianfl ме потсети дека одамна не сме се мавале со бројки...

Според Меѓународната унија за телекомуникации, Македонија со 7,9% корисници на интернет е на претпоследно место во Европа во 2005. Честа ни ја спаси Албанија, откако Молдавија одби да ни прави друштво. Србија има околу 19%, а Бугарија околу 21%.

Интересно е што МК со 22 компјутери на 100 жители е пред комшиите, па дури и пред Хрватска. Според ова, само третина од корисниците на компјутери користат и нет. Слабата PC пенетрација дефинитивно не е главна причина за малиот број корисници.

Уште малку тривијалности... Зимбабве, со кој се споредувавме лани, сега е пред нас. Но нема гајле, друштво ни прави Судан со 7,7%.

21 коментар:

Анонимен рече...

Бидејѓи сме во сендвич меѓу Зимбабве и Судан, предлагам тие што не доведоа до таму да им ги испушат на сите црнци и во Зимбабве и во Судан.

Анонимен рече...

еј болна тема... 7% интернет корисници... УЖАААС

Анонимен рече...

Е сега станува појасно зошто кај нас се случува тоа што се случува...


http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=AB316D630ABDC74D9E93F3A5F3EACB40

Перо Шванц рече...

Она што е јасно е дека досега важеше правилото раздели па владај, односно држ народот глуп ва владај. Што би се случило ако пенетрацијата на интернет е поголема по главата на политичарите. Вака донеси некои Цеци меци и турбофолк, дај ефтино бразилско месо, и терај работа. Не џабе викаат глуп народ јака држава. Сега Грујо е на потег во сите сегменти па и со интернет пенетрацијата. Сеа треба да загрее гз и да се справи со сите досегашни глупости. Ако успее, (ја стискам палци) му дигам споменик у двор кај мене. Ми прекурчи од сите глупости, и од глупави теткици на бирократиски шалтери, и од возила кои дигаат облаци од чад (а никој не ги контролира), од кретени кои секаде паркираат а не им се дава 10 ден за паркинг. И од комшии што џиткаат ѓубре од балкон, бидејки никој не ги цанкционира......абе све е обратно....све отишло у курац....

daywalker рече...

Споменик, на политичар?
За нив само лајно.
Се знае што им е работа, уште и награда сакаат? Може само да ни го бацат газот.

А за се друго што го кажа,
се сосгласувам.

П.С. Не спомнувајте политичари овде, моментално добивам алергија и напад на бес.

Анонимен рече...

МНОГУ ДОБРА РЕКАЛМА ЗА 699 ДЕН.

http://www.idividi.com.mk/extras/TVspot_adsl_hit/adsl%20hit.wmv

Анонимен рече...

Сурфајте слободно и неограничено на Кеј 13 Ноември преку новиот WiFi хотспот на Неотел

http://www.neotel.com.mk/hotspotMak.htm

adslhater рече...

abe stvarno dobra ponuda e toa za 699 denari no ako ja koristis asmo prviot mesec

Анонимен рече...

А колкава ке биде брзината на хотспотот на Неотел?

Анонимен рече...

И што е тоа WDSL што го рекламираат таму?

Дали е само за бизнис? Веста е од Август, а немам ништо слушнато за тоа.

Анонимен рече...

Me interesira dali moze nekoj da mi kaze dali moze da se stavi adslot vo miruvanje se do zavrsuvanje na dogovorot (vo mojot slucaj do 14 januari 2007) t.e dali posle periodot na miruvanje se prodolzuva dogovorot za onolku koklu sto bil vo miruvanje ili ne. Me interesira zaradi toa sto od gospodata od mt dobiv dve razlicni informacii :
1.Vo salonot kaj sto go skluciv dogovorot vraboteniot mi kaza deka ne se prodolzuva dogovorot
2. Vo salonot kaj sto ima poseben stand za adsl odgovorot e deka se prodolzuva dogovorot

Prasanjeto e dali nekoj od vas ima tocen odgovor za toa dali se prodolzuva dogovorot ili ne

daywalker рече...

Точен одговор само Господ знае...
Се зезам, иако не е далеку од вистината. И јас сакав да го ставам АДСЛ-от во мирување летоска, но исто добивав разни информации. 99% е дека смееш максимум 2 месеци да го ставиш АДСЛ-от во мирување во една календарска година, со тоа што се плаќа (нормално, тие за се зимаат пари) мислам, 3600 ден - еднократно. И ми кажаа дека не се продолжува договорот поради мирувањето. Се надевам дека помогнав.

bezvrska рече...

Ај јас дополнитело да го збунам :) Договорот се продолжува за онолку колку што бил во мирување. За периодот во мирување не плаќаш ни редовна претплата, ни еднократно.

Како и да е, МТ и се е можно :)

Анонимен рече...

bezvrska said...

Ај јас дополнитело да го збунам :) Договорот се продолжува за онолку колку што бил во мирување. За периодот во мирување не плаќаш ни редовна претплата, ни еднократно.

Како и да е, МТ и се е можно :)
******************************
Е ама ме збуни :)) Се зафркаван :)) Сега малце поозбилно дали знаеш како е стварно тоа со мирувањето.

P.S

Прашањето е за г-дин Bezvrska

bezvrska рече...

Одиш во било кој салон на МТ (само немој во дневната на Атила) и на љубезната и насмеана МТ-девојка и кажуваш дека сакаш да поднесеш БАРАЊЕ за ставање во мирување на АДСЛ. Она услужно ти зема податоци (може да побара лична карта од оној на кој се води тел. линија или примерок од АДСЛ договорот) и подготвува формулар на кој удираш потпис. Може да ти рече дека ќе им требаат неколку дена за да го разгледаат барањето, но обично го одобруваат.

Не плаќаш АДСЛ претплата додека мирува услугата (макс. 2 месеца), ама за исто толку ти се продолжува траењето на договорот.

Анонимен рече...

Toa ne tocno bidejki golem broj od korisnicye na ADSL, WADSL ili kabelski, mrezno ja delat konekcijata pa taka procentot e nekade okolu 12%

bezvrska рече...

ијаа, 12%. Па тоа е супер бројка. Не знам дали е слободна проценка или е добиена со друг метод, ама со ваквата корекција ја претркуваме Молдавија, и...и... и Украина!

Ljupcho Apostolov рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Ljupcho Apostolov рече...
Авторот го отстрани коментаров.
Ljupcho Apostolov рече...
Авторот го отстрани коментаров.
bezvrska рече...

Мммм, да. Според последново сме пред Албанија, Молдавија, Украина, Русија, Босна, СиЦГ... и на последно место меѓу кандидатите за членство во ЕУ. Прво прашање, кој ни е репер?

Второ, која е методологијата? Подетално за дефиницијата за „интернет пенетрација“, за значењето на бројката од 19,2% и за можностите за злоупотреба - овде.

Злоупотреба правам и јас во мојот текст, кој е само обид за провокација на еден забавен лик. Штосот е што податоците од ITU, и покрај широката употреба, се базираат на различни методологии за земјите па не се погодни за меѓународно рангирање. Истото важи и за internetworldstats.

Истражувањето од УСАИД т.е. МК Connects (27% корисници, 13% претплатници) има податоци само за МК па не нуди никаква можност за меѓународна споредба. Плус, не можам да го сметам за непристрасно. Се однесува на април 2006 и тврди дека употребата на интернет нагло пораснала во „последните 6-12 месеци“. Фактот што тој период се поклопува со почетокот на теренска работа на МК Connects веројатно е чиста случајност.

Сепак, ако сакам да бидам гад во тој факт може да ја најдам причината зошто во тоа истражување испитаниците се постари од 4 години, наместо да бидат меѓу 16 и 74 години како што пропишува ЕУРОСТАТ. Логиката на ЕУРОСТАТ е дека основното образование е задолжително, а во ЕУ е задолжителна поврзаноста на школите на интернет. Со исклучување на оние до 16 години што одат во основно (деветолетка) се избегнува искривувањето кое би настанало поради оние кои „задолжително“ имаат пристап до интернет. Ако МК Connects ги исклучеа тие до 16 години ќе добиевме меѓународно споредлива бројка...но нивна главна цел беа школите, па така немаше да можат да се фалат со значителен пораст во периодот на „имплементација“ на проектот. Третото прашање е реторичко: Што им е подраго?

На крај, што фајде од овие бројки? Дали тие ќе го сменат фактот дека заостануваме зад „развиените“? Дали ќе создадат квалитет и „разумни“ цени? Дали служат за акција и носење одлуки или за надмудрудување и бранење/напаѓање на нешто?