23 октомври, 2006

Швајцарско ноже со wi-fi

Малку е глупа веста... Од 2008 секој жител на Швајцарија ќе може да користи бродбенд... Гревчиња, ко да не користеле до сега. Акцентот е на зборот секој, без оглед дали живее во Женева или во некоја пустелија и по цени што за тамошен стандард се сметаат за „разумни“.

Цената ќе се одреди преку конкурс објавен од швајцарската АЕК, но нема да биде повисока од 2600 денари. За ова се добива минимум 600/100 kb/s интернет пристап, говорен канал и телефонски број.

Стандард за универзална услуга за интернет пристап во ЕУ е дај'л-ап. Пред некое време ги отфрлиja предлозите бродбендот да стане универзална услуга. Кога ќе видат што прават комшиите сигурно ќе го сменат мислењето.

Универзална услуга е бирократски израз за комуникациска услуга која денес е неопходна и која мора да биде достапна по прифатлива цена и квалитет за сите жители. Македонскиот закон за електронски комуникации не го вклучува интернет пристапот, брз или спор, во групата универзални услуги.

13 коментари:

daywalker рече...

Надвор од темата...

Последниве 2-3 дена имам проблем со gmail-от и со месинџер програмите. Има ли уште некој таков проблем?

Анонимен рече...

Со кои месинџер проблеми? чат-пат има фрки со на MSN серверите колку што имам заприметено, ама тоа нема благе везе со мт-нет, кај сите е тој проблем . . . . Друго све е џам , бар кај мене

Анонимен рече...

со gmail немам никакви проблеми ама јас сум на он-нет

daywalker рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
daywalker рече...

AIM Messenger. 5 дена работи, па после го дисконектира на секои 5-6 минути.

daywalker рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
daywalker рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
daywalker рече...

Еве, и р-еволуција ми прави проблеми, вчера со саати не можев да ја отворам страницата, а сега ми повторува 5 пати еден ист коментар, па го бришев. Гремлини? ;)

Анонимен рече...

Дали тоа Мт Нет ги објави старо новите пакети за АДСЛ??? Мене ми се чини дека само брзините се зголемени а лимитот го имаат оставено. Па добро бе , стварно ли мислат дека некој ќе им остане корисник и ќе привлечат нови.

Анонимен рече...

Е овие стварно се болни со умот. Абе како може таква понуда да дадат која се троши за пола ден. Кој е тој што ги мисли понудите. Дај боже сите да им се исклучат.Искрено се надевав на барем 10гб месечно, но очигледно пак го испушивме.

Анонимен рече...

А бе нека ми дадат опција да си купан ФЛЕТ ПАКЕТ. Сакам неограничен проток, и сакам да си платам колку треба. Овие ни парите незнаат како да ми ги земат. Глупсони смотани за бизнис не ги бива.

Анонимен рече...

Со сајтот за проверка на лимит нешто не ви е чудно, сертификатот како да им истекол. Кој сега ми гарантира за моите податоци, а?

Анонимен рече...

E super, sega bas nikoj nema da go prodolzi dogovorot.