15 ноември, 2006

Е-општество 2.0


Во организација на Метаморфозис... е-општество.мк... Втора клапа. Лани ова време, на истата конференцијата се прослави Јани Макрадули:
„во МК не е проблем да се купи компјутер“
„цените за интернет не се проблем, проблемот е немањето локални содржини“.
Оваа година, местото му го зема Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Кажа дека владата ќе ја менувала состојбата во која „само 5% имаат редовен интернет пристап, а 60% никогаш не пристапиле на интернет“.

После продолжи шефицата на ОБСЕ во Скопје за „host of other things“, и за тоа дека и' кажале дека Македонија е првата безжична земја на светот. Дур гледав во земја еден дечко зад мене се кикотеше: „Шо збори оваа бе?“

Беше најавено дека и натаму ќе се турка создавањето на Минис- терство/Агенција за „информатички“ технологии и ќе се носи Закон за „информатичко“ општество. Волан е сведок дека лани ова време истите, ама баш истите работи ни ги кажуваше функционер од претходната влада. Единствена разлика е што сега улогата ја имаше човек од Министерството за финансии и беше помалку убедлив. „Од Министерот слушнав дека ќе се формира Министерство за ,информатички‘ технологии...“ „Министерот кажа 5%, има и бројка од 27%...“

За наводниците во претходниот пасус... Цело време македонските говорници го користеа изразот „информатичко“ општество. Информационо општество е она што се темели на информации. Што е „информатичко“ општество сè уште не успеав да дознаам. Oвој наш новоговор на англиски би го превел како informatics society. Мислам дека прв јавно за ова реагираше Сашко Насев во колумна за Утрински. Не за да ситничари за јазичната чистота, туку за да предвиди дека многу далеку ќе стигнеме во остварување на концептот кога челните луѓе ги утнуваат и основните поими.

:) Да не црнам... Супер излагања имаа Игор Стаматовски за слободниот софтвер и отворените стандарди и Александар Угриноски за сајтот за пријавување за државни работни места. Коментар има и на Комуникации.

7 коментари:

Анонимен рече...

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=70374


Eve nesto so moze da e pozitivno no ke vidi me !

Најгласните противници на цените за поврзување со мрежата на „Телеком“ им попуштија на унгарските газди. „Он.нет“ потпиша интерконекциски договор со „Мактел“.

Првите луѓе на двете компании денеска го парафирале документот, со кој „Он.нет“ ќе може да оперира во фиксната телефонија во Македонија.

Чемерикиќ и Сендреј не ги повикаа медиумите за да го проследат овој настан. Во соопштението на „Мактел“ договорот се оценува како ново поглавје во историјата на фиксните телекомуникации во земјава.

Со него „Телеком“ јасно ја покажал подготвеноста за соочување со конкуренцијата. Не се откриваат цените што „Он.нет“ ќе ги плаќа за поврзување со „Мактел“.

Наназад, менаџментот на оваа компанија беше најголемиот противник, на како што тврдеше, скапите цени за интерконекција чие прифаќање за нив немаше никаква економска логика. Сега договорот е направен. Интернет провајдерот ќе почне да нуди услуги во фиксната телефонија.

Анонимен рече...

Погледајте го:

http://kit.gov.mk/default-mk.asp

последниота вест е од 25.09 2005. Има некој објаснение за ова? Да е ги распуштиле?....

Анонимен рече...

КИТ веќе не постои, новата влада треба да го формира министерството или агенцијата кое ќе ги преземе ингеренциите.

The Smasher рече...

Gledash srekjni lica na politichari, Makedonija ova makedonija ona se najdobro, a vsushnost se vo glavno stagnira.

The Smasher рече...

Bezvrska okulu ona za 30 te shto kje gledaat seir i kje cekaat nekoj kamion da me zgazi, neka ne berat gajle ako ne si go promenat stavot i ne zacekorat napred i na niv kje im se sluci toa, ama na peshacki premin. Pa sega narodot shto ne prevzema nishto neka si razmisli dali na onie shto se borat im fakjaat seir, ili si fakjaat seir sami na sebe?

Patem "Za gubenje na borbata protiv zloto dovolno e dobrite (ili barem tie shto treba da bidat na stranata na dobrite - na svojata strana) da ne pravat nishto."

Isto taka gi poddrzhuvam site onie shto se svesni za nashiot status i se hrabro borat za IT sloboda.

A takvi se www.revolucija.blogspot.com
www.skopjewifi.com
www.mkdev.info

A vo niv bi se vbrojal i samiot sebesi

The Smasher Admin @ www.makedonijait.co.nr

mkdev рече...

Вчера на вести миснстерот за транспорт и врски изјави (малку збунет ми изгледаше) Првни до крајов на месецот треба да се реши проблемот со интерконцкцискиот договор со телкомот и агенцијата за телекомуникации , или така некако , па после тоа дека потоа ке треба неколку месеци додека фирмите се приклучат.

Мислам нешто се придвижува ама многу бавно !
Ако грешам поправете ме .

mkdev рече...

Од он нет
ми се допадна ова како е напишано !

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=784A318C83E1E74AA7D9A36A15A35EAA

Писма на читатели
69-ка со Мт.нет: Колку време треба за да го потрошите Max ADSL Start пакетот од МТнет со новите зголемени брзини?


Вклучен сообраќај 512 MB (мегабајти) =

= 512*1024 КB (килобајти) =

= 524.288 КB (килобајти) =

= 536.870.912 * 8 Kb (килобити) =

= 4.294.967 Kb (килобити) .


Значи, на располагање имаме вклучен сообраќај од 4.294.967 Kb (килобити). Ако тоа го поделиме со брзината која МТ.нет ја нуди од 1024Kb/s,


И со зборови: Ако користите пакет Max ADSL Start на Мт.нет, и вклучите download, ќе го истрошите вклучениот сообраќај за 69 (и со зборови: шеесет и девет) минути.


Значи од 01:09 часот на 1ви во месецот, до 24:00 часот на 31ви во месецот (останатите 30 дена) ќе треба да плаќате 206 денари (со вклучен ДДВ) за секои наредни 512 MB (или да сурфате со брзина од 56 Kb/s).


Иако 69 е мошне секси бројка, единствен секс што ќе го искусите е оној кој ви го приредува МТ.нет.

Јордан Гиров