29 ноември, 2006

Ново од МТ - „Едноставно глупо“

Р-еволуционерна понуда од МТ:
Прашуваа колку сме заинтересирани за услуга да си ја следиме телефонската сметка на интернет за 80+ддв месечна претплата. И реков, не, фала :). (анонимен)
Лани пред да го ограничат АДСЛ-от ми се јавија од МТ со слична анкета. Тогаш бевме во фини односи па ги удостоив со одговор:
- Што е најважно за вас кај АДСЛ-от?
- Паааа... Брзината?
Од ваква анкета е извлечен брилијантниот заклучок дека за АДСЛ корисниците е битна само брзината, а фиксната цена и неограничениот сообраќај се непотребен додаток. The rest is history.

Кога пред неколку месеци Министерот за финансии конечно се смилости да го уреди издавањето на дигитални сертификати очекував дека МТ веднаш ќе влезат во бизнисот со платформа за електронски плаќања. Чисто колку да не ги рекламираат интернет пакетите со „разменувајте рецепти“. Наместо тоа, со каснење од еден месец не станаа прв издавач на дигитални сертификати. И еве сега, како логичен чекор во развојот на понудата, бараат 100 денари за да гледаш како ти расте сметката. Таргет група: домаќини, гурмани и мазохисти.
таман и ја се возбудив пошто муабетот типката го почна со нешто у стилот “како интернет корисник сакам да ви поставам едно прашање“ и таман викам сеа ќе праша за мислење за флет пакет цена ова она колку би доплатил дали сум заинтересиран и сл. и она ми почиња некој бош муабет за телефонска сметка.
Видете... јас би сакал да нагласам еден момент... тоа е едноставно... навистина... глупо.

20 коментари:

volan рече...

“... таман и ја се возбудив пошто муабетот типката го почна со нешто у стилот ...“

Абе јас таман мислев те возбудила типката со нешто друго - а ти Интернет па Интернет ... :)

Virus рече...

Се додека луѓето ги продолжуваат договорите нема многу драстични промени да има, доколку се забележи тенденција на непродолжување на договорите можеби и ќе повлечат некој чекор, сигурен сум дека секој ќе биде запрашан зошто не го продолжува договорот... па браќа и сестри таму треба да си кажете што ви лежи на душата.

MKDEV TEAM рече...

Дали се секавате кога почна со воведувањето на лимитот, имаше голем притисок од сегде против тоа, па резулитраше со нели резултат 1-0 , но притисокот полека замре , се додека нема таков притисок сите можеме тука да си пишуваме фикс идеи.

Ми беше интересен Јанко со изјавата
Во телекомот вриело !! (ако грешам поправете ме).

Но проблемот е сега поголем мислам
имаме 2 непријатели и 2 - та си тераат свој бизнис .

Па така да ??? Незнам дајте и ваше мислење ?

bezvrska рече...

virus, имаше многу случаи на раскинување и непродолжување на макс договорите. проблемот е што МТ прелажаа доста нови луѓе да земат старт адсл. последниов е така скап што мислам дека и на МТ им одговараше ваква промена во структурата.

многу малку е направено да им се објасни на луѓето што не се разбираат дека старт адсл и сличните понуди се отворена пљачка. постојат неколку блогови и форуми што дават за овие теми, ама тоа е пак мала публика.

нема друго освен саморганизирање на корисниците и постојано вршење притисок врз провајдерите и државата. тука имаше анти мт кампањи, појаснување на понудите, правни закачки, приговори, медумски акции, масовни мејлови, средби со „надлежни“, па и пцуења и мрсни трачеви. падови имало и ќе има, ама барем може да речеме: we will not go quietly into the night, we will not surrender without a fight.

може ваљда да се смени на подобро барем една работа во оваа зачмаена земја. утре ќе си сркаме што ќе надробиме. ако не ни се свиѓа попарата кој ќе ни биде крив?

СТАРТЕР рече...

Од МТшит не може веќе ништодобро да се очекува. Ако сакаа да бидат локомотива за развој, имаа шест години , не направија ништо.
Има ли доволно заинтерсирани да се покрене инцијатива за muni FTTH проект, на пример прво во општина Центар во Скопје, па после и на други места. Јас ја имам разработено идејата, но ако нема доволна критична маса луѓе што разбираат и ќе ги буткаат работите, нема фајда. ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ ПРВО па после Господ на помош.

Анонимен рече...

Хмммммммм

Јас го имам вклучено тоа телефонска сметка на интернет скоро цела година и како што се сеќавам кошта 20ден. + ДДВ.

Дали тоа од МТ се спремаат да ме изненадат со следната сметка.

будала рече...

Јас па незнам зошто толку ви е чудно зошто МТШит се упорни со нивните јавувања и глупи акции.

Ако ја погледнете вашата телефонска сметка ќе видите дека основанта претплата е 500 ден. Значи ништо екстра, нема идентификатор, нема чекање на повик, нема ништо. Ако корисникот си ги вклучи барем основните услуги кои во секоја културна држава (а ние не сме ниту културна а уште помалку држава)тогаш сметката многу лесно ќе изнесува преку 600 ден. И при тоа оваа сума ќе ја плаќате без воопшто да подигнете слушалка.

ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ
10 ЕВРА ЗА АПСОЛУТНО НИШТО ВО ЕВРОПА ИМАТА ИНТЕРНЕТ И НЕОГРАНИЧЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОРИ ЗА 9,99 ЕВРА.

Па затоа нека не ве чуди што упорната теткица ќе ве малтретира со феноменални акции во кои треба да плаќате за некои работи кои се секаде бесплатни.

А тоа дека има овци кои блееат и чекааат да ги стрижат е општо позната работа, а МТШит на основа на такви овци и ситни продадени бирократски души си ги печали парите и си прави фантастични профити.

@стартер

Е ајде де да се преброиме, направи некаква акција, отвори блог/сајт, преставија идејата, испрати мејлови на сите пријатели/познаници, биди активен. Ако има интерес и доволно луѓе ќе може нешто да се покрене.
Се до оној момент кога ќе треба да се дадат одредени минимални симболични средства за да луѓето можат да се поврзат.
Тогаш ќе ги снема сите, аааа 20 евра многу е тоа брат, а моронот толку ќе потроши на едно искачање во град.
Тоа ти е нашиот дефектен менталитет не за џабе не викаат македончиња, мали ситни никакви.

daywalker рече...

Во Србија веќе 2 ипол години можеш БЕСПЛАТНО да си провериш состојба на тел. сметка.

Virus рече...

Од извори блиски на непријателот имам дојава дека лимитот во скоро време ќе оди од 4GB на 10GB.

ile рече...

bi trebalo posle nova ??
pa i redno bese mislam

ne deka e dobro , ama ima nekava smisla

Анонимен рече...

Abe i prethodno imase na forumot najavi za zgolemuvanje na limitot, no do toa ne dojde. Da se nadevame deka sega ke bide.

daywalker рече...

Ни тоа нема да ме спречи да не го откажам мочаниот АДСЛ од март. Прифаќам само флејт рејт.

pijan рече...

zgolemuvanje na paketot max adsl nema da ima do rebrendiranjeto, ke ima nov paket slicen na max adsl so pogolem limit i 1.5Mb/s

Virus рече...

Јас ви кажувам од сигурни извори.. од луѓе од МтНет.. ќе има качување на трансферот на 10GB и тоа бргу ќе се случи. Изворов досега се што рекол се било, па сеа полемизирајте вие ;)

Анонимен рече...

jas i uste 7 drugari zaedno potpisavme dogovor so aDSL taka da utre ideme da go otkazeme so sreka neka im e....klosari edni neznaat da si gi zadrat musteriite

Анонимен рече...


Јас ви кажувам од сигурни извори.. од луѓе од МтНет.. ќе има качување на трансферот на 10GB и тоа бргу ќе се случи. Изворов досега се што рекол се било, па сеа полемизирајте вие ;)


Можи сега лимитот Атила да си го закачи в г.. јас го откажав АДСЛ от и не се врќам повеќе.

Сега зедов од еден провајдер и ќе земам од уште еден, за да не бидам зависен од нашиве феноменални ИСП.

Анонимен рече...

Фали уште да понудат сметката да ми стига во розева хартија со мечиња и срценца.

будала рече...

"Фали уште да понудат сметката да ми стига во розева хартија со мечиња и срценца."

И една милка чоколада најмалку :)

Не не, флат рате за максимум 20 евра па да размислам дали ќе ги одјебам.
За среќа (или несреќа) имам памтење како слон, а душманите посебно ги меморирам, фотогравски. Сите неправди што ми ги направиле фино се врежани во меморијата.

Но барем се тешам што благодарејќи на мене МТШит изгубиле најмалку десетина индивидуални корисници и неколку фирми.

Пример кој треба секој да го спроведува, смрт на штетниците слободен интернет за сурферите !!!

minimoog рече...

Не е јавувањето по телефон спам?

Анонимен рече...

Кога сме кај спамот...
Во фирмата каде сто работам стига спам на fax :) Изггледа смешно ама ај стаи спам филтер на fax да те видам.
Наутро кога обично стигаат извештаи од банка или некои други документи може да се најде по некој fax со понуда од „палетата“ производи на некоја македонска фирма.
Интересен начин на спамирање или маркетинг измислиле :)