16 ноември, 2006

??? Kb/s

„Тинке, катинке“ не ја бивало преку WADSL... Барем според една интересна „расправија“ на кајгана. Жалбите се дека пристапот кон он.нет е со задоволителна брзина, а кон странство од пред десетина дена брзината паѓа на 60-70% од 512 Kb/s. Како и кај АДСЛ-от, не се работи за загарантирана брзина, иако МТ ја рекламира како таква. Од он.нет дури биле и пофини од драгите им колеги од МТ, па на сајтот си напишале „брзина до 512“. Нема проблем?

Сепак има:
Зашто мислам дека и MT.net i On.net од пред 2 години го немаат зголемено конекциските линкови(или пак не го прикажуваат) а за тие 2 години бројот на корисници го зголемија неколку пати.
Ова значи дека расте агрегацијата, т.е. на една иста цевка приклучуваш нови и нови луѓе. Притисокот малку паѓа, ама шо те боле - профитот расте без дополнителен трошок. Со малку креативност може и да си направиш реклама. Ја дуплираш агрегацијата, а истовремено ја дуплираш и рекламираната брзината. Збирниот ефект е околу нулата, ама шо те боле - ти расте стадото.

Аф корс, ова сè е шпекулација. Шпекулација е, затоа што ниеден провајдер во Македонија не објавува со колкава агрегација работи. Што си купил, ќе дознаеш отпосле. АЕК има законска обврска да собира податоци од провајдерите за квалитетот на услугите, значи и за агрегацијата, и да ги објавува на сајтот. Ова, во теорија. Во пракса, мислам дека нема да има разлика ако АЕК утре се укине. Дали некој има информација за агрегацијата кај својот омилен провајдер?

Дополнување: Според tmr, во Аеродром и Лисиче има постојани прекини, кои оннет ги „лечи“ со елиминирање на p2p сообраќајот.

56 коментари:

Анонимен рече...

Па по правило колку повеке корисници треба да попуштат , сепак тие корисници и ке им останат како корисници , но кај нашиве исп ситувацијата е обратна место да подобруваат услови и квалитет на интернетот они само го гледаат ќарот од нашиов беден народ.

Ај се надевам ке се оправат после Нова Година.

Анонимен рече...

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6C56C148F3EAF04EBED188FAC215B8F0



ОЧЕКУВАЈЌИ ЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА

Педесет фирми бараат влез во фиксната телефонија
Високата цена за интерконекција со мрежата на телекомот е главна пречка за да почнеме со работа, се жалат потенцијалните фиксни оператори


Интернет-провајдерот „Он нет“ и некои кабелски оператори се меѓу првите што може да станат конкуренти на „Македонски телекомуникации“ во фиксната телефонија веќе во почетокот на наредната година. Очекувањата на граѓаните се дека со конкуренцијата ќе добијат помали телефонски сметки, во кои сега само за месечна претплата без разлика дали кренале слушалка или не им се пресметуваат 399 денари без ДДВ.

Во Агенцијата за електронски комуникации се регистрирани педесетина фирми што сакаат да даваат фиксни телефонски услуги. Потенцијални кандидати се и МЕПСО, „Македонски железници“ и рафинеријата ОКТА зашто имаат покриеност на земјава со мрежа од оптички кабел, кој може да го изнајмуваат за пренос на телефонски разговори.

На пазарот веќе има фирми што нудат телефонски услуги за разговори во странство и со поевтини цени му конкурираат на телекомот. Но, монополот во локалните и меѓуградските разговори се' уште цврсто го држи телекомот. Идните фиксни оператори ја посочуваат високата цена за интерконекција со мрежата на „Македонски телекомуникации“ како главна пречка за да почнат да нудат телефонски услуги во домашниот сообраќај.

- Цената за интерконекција е безобразно висока. Затоа и не заживеа конкуренцијата во фиксната телефонија. Законот дозволува да има и други оператори, но се' уште владее монополот на телекомот. Некој треба да се запраша зошто тоа е така. Ние сме подготвени да даваме телефонски услуги, но условите за тоа не се созреани - вели Миле Кокотов, од кабелскиот оператор „Кадис“.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека либерализацијата во фиксната телефонија станува реалност. И тој го посочува интерконекцискиот договор на телекомот како најголема пречка зошто нема конкуренција во фиксната телефонија и најавува негова измена.

- Новиот интерконекциски договор треба да биде подготвен до 31 декември, а потоа ќе треба период од три-четири месеци за компаниите да влезат на македонскиот пазар - вели Јанакиески.

„Он нет“ го скрши мразот и завчера го потпиша интерконекцискиот договор со телекомот со што си го отвори патот да стане фиксен оператор. Според законот, не се распишува тендер за избор на фиксен оператор, туку секоја фирма што ги исполнува бараните услови ќе може да нуди услуги во фиксната телефонија.

Бројот на операторите ќе го одредува пазарот, а според нивниот интерес, може да покриваат само еден или неколку градови, региони или да работаат на национално ниво.

Само Македонија со еден оператор

Македонија е една од ретките земји во Европа со еден оператор во фиксната телефонија. Во Хрватска има два, во Бугарија четири, а во Романија над 150 оператори. Во 25 земји-членки на ЕУ функционираат 1.608 фиксни оператори. Во Унгарија има 33 оператори, во Чешка 35, во Данска 180, во Полска 78, во Велика Британија 168 и во Шведска - 185 фиксни оператори.

Марјан Блажевски

Анонимен рече...

Вака ги казнуваат вработените од мтнет


http://www.idividi.com.mk/zabava/Zanimlivosti/366155/index.html


Moving Boards

Без прашални погледи молам!!! Момчињата од фотката имаат нова работна задача. Да, moving board-овите стигнаат и на скопските улици.

Откако им посакавме добредојде по “освојувачките походи низ светот“ пополека стануваат дел и од нашиот градски пејсаж. Најуспешните се огласуваат на нив затоа што тие добро знаат дека само со moving board-овите пораката стигнува директно до клиентот, потрошувачот. Токму затоа побрзајте, бидете и вие дел од глобалните трендови во адвертајзингот.

The Smasher рече...

Да се разбереме, некое поевтинување не верувам дека ќе има ребрендирање, промена на имињата на пакетите а многу слични цени.

Анонимен рече...

Malce nadvor od temata no kako za reper del od postot na forumot na www.skopjewifi.com/forum:

Тука можете да видите тарифите на еден од најголемите провајдери во Софија, јас сигурно ќе имам внуци ако дочекам и тука да се радувам на нешто такво, па видите ги и цените....

http://www.homelan.bg/index.php?page=unlimited

Со парите што ги давам тука за интернет , таму ќе имав ова:

Неограниченият достъп до Интернет по LAN мрежа предполага услуга, която не е лимитирана по време или обем. В този случай клиента има непрекъснат сигнал съобразно избраната услуга от тарифния план. Услугите са атрактивни със своето гарантирано качество, високи скорости и цени, които са съобразени с различните потребителски групи.

GOLD
Реален статичен IP адрес, скоростта за международен достъп достига 2 Mbit/s a за българският интернет цифрата е 28,0 Mbit/s!!! Това са скорости за маниаци! Опитайте и ще усетите тръпката!

International - 3,12 Mbit/s (400 KB/s)
BG Peering - 31,2 Mbit/s (4 MB/s)

Meсечна тaкса 99 лв

Ќе ве замолам, ако некој знае како идат овие работи во Романија, Србија, Хрватска нека каже, ќе му бидам благодарен. Слушнав дека ДСЛ во Германија и другите европски земи стигнува до 8МБ/с, дали е вистина?

Last edited by Vick (2006-05-19 20:26:24)

Анонимен рече...

I shto ako gi vidovme cenite, ni pravi toa nekoja razlika?

Анонимен рече...

Колку е еден лв ?

Анонимен рече...

Супер што си се потрудил да најдеш колку кошта интернетот во бугарија.

Ај сеа најди колку кошта минута разговор на мобилен, па на фиксен, па колку се камати за станови, за коли, за кредитни картици, колку бугарите плаќаат за школарина и какво образование добиваат, колку плаќаат за кино и за театар, колку им се авионските карти и каде се можат да одат.

Не се фаќајте само за интернетот као краен показател колку сме ние назад од светот, има многу други побитни работи од тоа. Кога ќе ми дадеш одговор зошто кај нас нема брендови како рајфајзен, шел, хипо банк, зошто нема признаено ефтино образование итн. тогаш дојди и збори за интернет. Јас тврдам дека пазарот на комуникации кај нас е најотворен и најлиберален од сите други горенаведени независно што не е на нивото на коешто треба да биде.

Анонимен рече...

...пазарот на комуникации кај нас е најотворен и најлиберален од сите други горенаведени независно што не е на нивото на коешто треба да биде...

АКО НА НЕКОГО МУ ТРЕБА ДЕФИНИЦИЈА ЗА ГЛУПОСТ “А ЛА МТ ШИТ „ ЕВЕ ЈА .

Кој qr е либерализација и све остало ако корисниците немаат фајде од тоа?
Нешто је труло у држави македонској...

bezvrska рече...

Македонија заостанува не само со интернетот туку и ан женерал? ОК. Има побитни работи од интернет? И те како. Но дел од луѓево што го читаат блогов си имаат проблем конкретно со интернетот. Се надевам не очекуваш да расправаат за стратегија за сеопфатен развој, само за да си го решат проблемот со интернет.

Ако гледаш така, нема да смееш да отвориш ниедно прашање. Еве, мислиш дека треба да се подобри образованието па работиш на тоа, па патем ќе утврдиш дека за тоа ти е потребна реформа на државните служби, па ќе ти текне дека треба и промена на структурата на буџетот, па политики за економски раст за да ја продолжиш чергата на која е спрострено образованието, итн... Веројатно нема да заклучиш дека има многу побитни работи од образованието и да кренеш раце?

А тоа дека комуникацискиот пазар кај нас бил најотворен/либерален во регионот... Романија и Хрватска веќе ја разврзуваат локалната јамка. Во МК не можеме да ги средиме ни цените за интерконекција. Хрватска си има и алтернативна подземна инфраструктура во јавен посед која се рента на операторите. Тоа во МК е на ниво на идеја. Србите си тераат со стимулативни цени, а Бугарите имаат толку развиени приватни мрежи што пазарот може да се смета за саморегулирачки. Кај нас либерализација е декларативна, а во пракса се сопнуваме од... еве едно елегантно академско име... „економски, правни и технички бариери“... за влез на нови играчи.

The Smasher рече...

ISP од народот за народот

Борбата за ИТ слобода продолжува! Добив идеја, што велите за интернет провајдер од народот за народот? Провајдер кој што ќе даде flatrate интернет пристап за многу евтини цени, со нешто помала брзина на почетокот, а потоа со неговиот развиток потпомогнат од народот ќе се усоврши и ќе нуди поквалитетен интернет од овие актуелниве ISP-а? Што велите? Јас велам дека тоа е можно. Мојот план е ваков:

BORG Ideology:

1. Оформување на групни мрежи - принцип се сумираат сите трошоци за мрежна опрема таа бројка се дели со бројот на членови во мрежата, и секој си го плаќа својот количник од оваа сума.

2. Секоја групна мрежа купува бежична базна станица, (акцес поинт или слично)

* За 1 и 2 мрежата може да биде безжична или со жица зависи како им одговара повеќе на вмрежените луѓе пр. може со самото купување на малата безжична станица вмрежените да си купат мрежни карти и антени и така да се поврзат, или ако се премногу блиску може и со кабел (зависи од инфраструктурата на мрежата).

3. За секоја мрежа ќе се закупи интернет линк од некој од провајдериве, или ако мрежата е помала таа ќе се поврзе со друга/и мрежа/и и заедно ќе закупат линк.

* За 3 сумата од трошоците за линкот се дели со бројот на корисници и секој си го плаќа својот дел.

4. Сите мали „интернет заедници“ - мрежи ќе се поврзат една со друга во главно безжично.

5. Се ќе биде вмрежено и приклучено на интернет.

* Зошто Borg Ideology? Затоа што ќе се формира систем од помали интернет здружувања кои што заедно ќе функционираат за интернет општеството кое што самите ќе го изградат за себе.

* Зошто е поисплатливо? Кога ќе пресматаме повеќе Ни се исплаќа да го создадеме овој BORG систем отколку да ги плаќаме изгор цените на нашите ISP-а.

Значи на провајдерот ќе му се плаќа помалку, ќе се обезбеди интернет конекција за сите, на почеток ако не за друго за основните интернет потреби, а подоцна овој систем ќе се надградува со текот на времето, поради тоа што монополот на нашиве ISP-а ќе им опадне ќе почнат да паѓаат цените, ќе се закупат побрзи конекции за системот на мрежи по иста цена и така сами ќе си создадеме подобра иднина.

За Македонија има шанси, можеме и мораме да успееме топката е кај нас - народот.

The Smasher, Admin @ www.makedonijait.co.nr

Анонимен рече...

Блогов имаше смисла се додека сопствениците не се шитнаа за еден адсл од мт.нет....така да...и вие сте обичи КДВ или Кај Дувне Ветрот....продадени души

bezvrska рече...

Me like :)

За нешто слично првпат р-еволуционерно се думавме лани ова време. Разликата беше што беше вклучен сателитски линк, за да се избегнат нашите дерикожи и што се муабетеше за мрежи од 100-200 луѓе. Утврдивме два проблема: цената и наплатата. Во СК најевтината несателитска линија која може да ја закупиш е 500 евра за 1 мегабит. Во твојава варијанта: 500 поделено на, да речеме, 16 луѓе... тоа е околу 1900 денари за 20 гига. Иницијалниот трошок е околу 100 евра по човек.

Е сега, ако некој од тие 16 луѓе не плати еден месец неговиот дел ќе треба да го покријат останатите. Тоа не е страшно. Проблемот настанува ако не платат двајца, тројца, па тоа почне да се повторува секој месец.

Место 16 може да вклучиш 32 лица, со 950 мкд месечно и 10 гига, ама... колку што расте мрежата толку е поголем ризикот за неплаќање.

bezvrska рече...

Ија трач... дајте мрсните детаљи. за каков адсл се шитнале? профи, офис? колку пакета? за колку време? дај не ме држи во неизвесност :)

MKDEV TEAM рече...

ок , идеата не е лоша ама малку со согласувам со Безврска , шо ако почнат да не плакаат ! и прво за опрема колку треба инвестиција ?

TMR рече...

За WADSL корисниците на On.net....
Очигледно е дека имаат проблеми од On.net со снабдувањето на интернет во населбите Аеродром и Ново Лисиче (Може и други??? ) па има постојани прекини кој некогаш траат подолго а некогаш пократко, како и да е фрустрирачки станува више (Се радувам на моментите кој траат по 1 саат без прекин)...па дечките си нашле решение во КИНЕЊЕ НА P2P, со што сметаат дека го решаваат проблемот. Со ова сметам дека го прекшуваат договорот (како и со постојаните прекини на врската) и ако продолжат ке го раскинам договорот поради неисполнување на нивните обврски. Како и да е, да си имаат во предвид оние што тек сакаат да си монтираат интернет за ова.
Поздрав,
TMR

будала рече...

Типично за Македонија, како што би рекле америне "клиентот е секогаш во право", но кај нас важи "корисникот е глуп и дери го колку можеш".

Оннет си е по филозофија се повеќе сличен на МТШит, на прво место профит а корисникот кој го ...

Линкот брзо се загуши од бројот на корисници, и сега што очекувате дека чемерот ќе го прошири линкот?
Потпишани се многу 2 годишни договори и он си е сигурен дека ќе си ги стриже овците најмалку 2 сезони. МТШит филозофија copy/paste.

А за борг филозофијата, се е тоа добро во теорија но во пракса неизводливо.
Прво нема толку корисници кои би се вмрежиле, второ корисниците немаат пари (а и ако имаат сигурно 95% од нив ќе ги потрошат на други работи), трето во оваа вукојебина НЕ ПОСТОИ интернет провајдер кој ќе ви даде линк по нормални цени.

А до тогаш ни останува да си гледаме како сите околни држави со WORP брзина со оддалечуваат од нас во секој можен аспект.

Jonh Neo рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Virus рече...

Дак рокнете ова спамов над мене.

MKDEV TEAM рече...

ЗОШТО НЕ НАПРАВИТЕ ПОВТОРНО ЕДЕН СОБИР , КАКО СТО БЕШЕ ВО ВО ПИЦЕРИЈАТА ЗАНЗИБАР, ПА АКО ИМА НЕКОЈ ПРЕДЛОЗИ ОД ПРИСУТНИТЕ НЕКА ГИ ИСКАЖАТ . ЕДЕН ПРЕДЛОГ ??


НЕ БЕВ ПРИСУТЕН ТАМУ ПОРАДИ ЛИЧНИ ОБВРСКИ И РАБОТА, НО АКО ИМА ПАК НЕШТО БИ ТРЕБАЛО ДА ДОЈДАМ

bezvrska рече...

„будала“, па јас испаднав лудо ентузијастичен оптимист во споредба со тебе :)

mkdev, ќе бидеш добредојден. од последната средба останаа некои работи неисполнети, кои МОРА да се направат пред да се видиме пак. ин д минтајм, интернетот нуди прекрасни можности за комуникација :)

Анонимен рече...

ова ти се вика либерализација ????


http://mt.com.mk/./mak/news_record.asp?newsid=280

Потпишувањето на Договорот за интерконекција покажува дека пазарот на телекомуникации во Република Македонија е либерализиран, при што компанијата МТ е отворена за фер конкуренција. Исто така, тоа е доказ дека се почитуваат препораките на Европската унија.

АД Македонски телекомуникации му честита на Он.Нет за потпишувањето на Договорот за интерконекција и ја поздравува конкуренцијата на пазарот на фиксна телефонија во Македонија. Договорот за интерконекција им овозможува на алтернативните Даватели на услуги да бидат конкурентни на пазарот на услуги на фиксна телефонија, особено на полето на национален и меѓународен сообраќај

koskar рече...

wtf mailov?!?!?!?


sales@mt.net.mk


Зошто не ограничуваат ?

Zosto ne ogranicuvaat ?

www.MT.COM.MK

WWW.ON.NET.MK

www.telekabel.com.mk

www.neotel.com.mk

MaxADSL Hit за само 699 ден. месечно! ?

Супербрзиот интернет e подостапен од било кога до сега со новиот пакет MaxADSL Hit

Цени кој и во сон не можете да ги замислите , но хорор во реалноста после 512 mb !!!

Ceni koi i vo son ne mozete da gi zamislite , no xoror vo realnost posle 512 mb !!!

Брзината на пристап се намалува кога претплатникот ќе го надмине вкупниот месечен сообраќај (download + upload) вклучен со пакетот. Доколку претплатникот сака брзината на пристап да остане иста и по надминувањето на сообраќајот вклучен со пакекот, услугата се наплатува во износ од 175,00 денари за секои наредни 512MB започнат сообраќај.

Зошто не ограничуваат ?

Анонимен рече...

хе спам пораки само треба поголема листа на емаилови од мт 290 корисцници пратено

ако имате листа качете со повеке емаилови , дајте линк до тхт фајлот


------------------------

друго еден маил

До кога ке не малтретирате со 64 кб ????

Do koga ke ne maltretirate so bednive 64 kb ???

Vasite pocituvani korisnici

Одговор

-----------------
Pocituvani

MT nikogo ne maltretira.Za sekoj ADSL produkt si ima pravila na koristenje,taka da ako Vie ste go obrale produktot so namaluvanje na brzina po nadminuvanje na mesecniot soobrakaj,ke mora da vnimavate na istiot i da pocekate do 1vi naredniot mesec,koga pak se vrakja brzinata na taa koja e propishana so Vasiot ADSL paket.

So Pocit,

MT

MKDEV TEAM рече...

бидејки мтнет многу ми згрешиле, не сакам да кажам зошто

http://rapidshare.com/files/4145348/Mail.rar.html

едно програмче за пракање маилови

има едно html fajlce може да си го едитирате по ваша желба

конфигурација за mail programceto

prakac pisete koj bilo user !
sales@mt.net.mk

za serverot user :

host : mkdev.info
user: mtnet@mkdev.info
pass:mtnet


stigaat mejlovi i na yahoo i hotmail !

MKDEV TEAM рече...

Милсев тука има луге со муд? , ама изгледа сум погрешил !

MKDEV TEAM рече...

bravo decko

so porakata xxxx
zasto gasite p2p

Анонимен рече...

http://www.aec.mk/Portals/0/Predlog-pravilnik/Pravilnik%20za%20paramerti%20za%20kvalitet%20na%20UU%20260706.doc



Член 6
Недоволен квалитет на универзална услуга

(1) Агенција може да му наложи на давателот на универзалната услуга да превземе мерки за подобрување на одделен параметар за квалитет на универзална услуга во согласност со Законот за електронските комуникации и овој правилник.

(2) Давателот на универзална услуга во рок од 30 (триесет) дена од приемот на барањето од Агенцијата е должен да и достави на Агенцијата изјава во пишана форма со која се обврзува дека ќе го подобри одделниот параметар за квалитет на универзалната услуга и ќе предложи мерки за отстранување на утврдените недостатоци во обезбедувањето на квалитет на универзалната услуга.

(3) Давателот на универзална услуга е должен во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на согласноста на Агенцијата за спроведување на предложените мерки од став (2) на овој член да ги отстрани утврдените недостатоци и да го усогласи обезбедувањето на универзалната услуга со одредбите на Законот за електронските комуникации и овој правилник.

(4) Во случај давателот на универзална услуга да не постапува согласно одредбите од став (2) и (3) од овој член, Агенцијата ќе постапи согласно одредбата од член 37 став 5 од Законот за електронските комуникации.




Зачестеност на дефекти по претплатничка линија

Зачестеноста на дефекти по претплатничка линија не смее да надмине вредност од 12% во во една календарска година и една претплатничка линија не смее да има повеќе од 3 (три) дефекти во една календарска година.




Член 15
Зачестеност на приговори за износот на сметката за извршена универзална услуга

Зачестеноста на приговори за износот на сметката за извршена универзална услуга не смее да биде поголема од 0,5% во една календарска година.

Анонимус рече...

"Зачестеноста на дефекти по претплатничка линија не смее да надмине вредност од 12% во во една календарска година...

Зачестеноста на приговори за износот на сметката за извршена универзална услуга не смее да биде поголема од 0,5% во една календарска година."

Јас го читам ова како: Имаш право да немаш Интернет 44 дена во годината, и да се жалиш 1,8 пати во годината.

Дали ми е добра математикава?

Најди ме рече...

"Зачестеноста на дефекти по претплатничка линија не смее да надмине вредност од 12% во во една календарска година...

Зачестеноста на приговори за износот на сметката за извршена универзална услуга не смее да биде поголема од 0,5% во една календарска година."

Јас го читам ова како: Имаш право да немаш Интернет 44 дена во годината, и да се жалиш 1,8 пати во годината.

Дали ми е добра математикава?

Анонимен рече...

Има одам реакции , а кај нас пример за интернетот , абе кој ги врти !




http://www.bug.hr/master/vijesti/index.asp?id=75775

Cheateri tuže Blizzard

Dizanje lika od nule i farmanje virtualnog novca nije primarna zabava u World of Warcraftu, no neki je puta te dijelove nemoguće izbjeći. U posljednje vrijeme svjedoci smo poplave botova koji uredno uništavaju ekonomiju na svakom serveru (ovim putem vas ujedno pozivamo da ih ubijate bez razmišljanja), a evo i jednog od uzročnika - WoW Glider.

WoW Glider je vanjski program koji pomoću zadanih parametara kontrolira lika bez prisustva igrača i uredno ubija protivnike, pokupi plijen, liječi se, iskapa rude; uglavnom, radi sve radnje kao i stvaran čovjek. Da stvar bude morbidnija, autori javno nude ovaj program na službenim stranicama po cijeni od 25 dolara uz napomenu da će igračima koji ga koriste WoW račun najvjerojatnije biti ukinut ukoliko budu otkriveni.

Dobra vijest glasi da je Blizzard prije par dana napokon osmislio način kako razotkriti korištenje WoW Glidera i mahnito čisti servere od cheatera, a smiješna strana te iste vijesti je da su autori (ime ne želimo ni spominjati) tužili Blizzard i traže da im se omugući legalna distribucija Glidera. Dakako, Blizzard je odgovorio protu-tužbom.

Анонимен рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
The Smasher рече...

Kje bide kje uspeeme vo bitkata za IT razvitok vo Makedonija.

ile рече...

Во 2007 Провајдериве можеби дадат некоја подбра понуда , но ке види ме.Да се надевме само тоа ни остаува .

Анонимен рече...

Nadvor od temava, ni trebaat solidni web designeri, flash-eri i programeri za rabota vo timot na www.unetinteractive.com.
Zainteresiranite neka pratat CV i portfolio na jobs@unet.com.mk. Ili prepratete ja informacijata na prijatel/drugar/poznanik! Odnapred fala!

Jeton рече...

" Anonymous said...

Kaj albancite,romite

Adsl hit e stvarno hit "

Мора ли секогаш да се гледа ова на етнички предиспозиции?

Коментот има дискриминативна конотација...

Nevermind....

Jeton рече...

Osven ako ne si pravel nekoj "Research Paper", po tema: Etnicka podelba i upotreba na Internet Ponudite i nivniot "hit" efekt...

MKDEV TEAM рече...

Гледам сега во вечер една реклам од он.нет пуштиле нови Бизнис пакети интересни понуди !!!

Bussnies Start

512 kb - 4 gb - 2.537 den


Bussnies Basic

1 mbps - 10 gb - 4.900 den

Bussnies Advance

1 Mbps - 20 gb - 7.850 den

Bussnies Permium

1.5 Mbps - 30 gb 10.800 den

Treba da mi platat on.net sto im pravam reklama ! ha ha

MKDEV TEAM рече...

http://biz.on.net.mk/business-wireless.html


eve link

Анонимен рече...

кои имаат потреба од брз и стабилен интернет пристап, а притоа остваруваат големо количество на интернет сообраќај.

Идеално решение за видео-конференции, online видео презентации,
VoIP меѓународни разговори и можност за поврзување на повеќе локации од вашата компанија во виртуелна приватна мрежа VPN.

Содржина на пакетот
Брзина, upload/download до: 384/1536Kbps
Трансфер до 30GB месечно
Стабилен и безжичен интернет пристап
Опрема Canopy Motorola 5400SM бесплатно дадена
на користење за цело времетраење на договорот
40 e-mail адреси (firma@firma.com.mk)
Antivirus и Anti-Spam email филтрирање
Веб хостинг 50MB
Цена
9.135 мкд месечно, со договор на 24 месеци
10.150 мкд месечно, со договор на 12 месеци
3.100 мкд иницијален трошок
По надминување на 30GB месечен сообраќај, дополнително се наплаќа во износ од 43 ден за секои
наредни 100 MB започнат сообраќај.

Анонимен рече...

па нека пукнат сега мтшитерите со нивните бедни пакети !!!!!

Анонимен рече...

nesrekjo edna.. glej gi limitite i cenite na on.net, pa vidi koj e pobeden ...
za 9.100 mesecno , 30gb transfer?!?!? normalni li se???

MKDEV TEAM рече...

napisav deka se biznis paketi za firmi !



Гледам сега во вечер една реклам од он.нет пуштиле нови Бизнис пакети интересни понуди !!!

bezvrska рече...

:) дискриминативниот коментар ќе остане избришан се' додека авторот не презентира истражување за етничките аспекти на хит понудите.

наведените бизнис пакети оннет ги рекламира веќе подолго време. врвниот дострел им е дека се поевтини од бизнис пакетите на драгите им колеги од мт. накратко: мт=луди цени, оннет=нешто помалку луди. од мт никој нема да пукне поради оваа понуда. наспроти жестоките зборови кои се чуваат за во јавност, конкурентската битка е далеку од жестока. не ми се пушта нов пост за стари работи.

друго... не гледам некоја посебна карактеристика што би ја оправдала ценовната разлика во споредба со домашните пакети. на пример, да имаат пониска агрегација, подобар service level agreement, поголем процент на загарантирано работење на врската или сл....ама ништо од ова не е наведено. значи си тераат по старо - продаваат нешто недефинирано. ете, си здосадив со истите констатации...„прогресот“ ни е така вртоглав што слободно можам да пуштам стари текстови со нова дата.

веројатно работите што ги пишувам изгледаат депресивно, ама не се сметам за депресивец. ниту за за песимист.

Анонимен рече...

песимист тоа ти је оптимист со искуство.

Анонимен рече...

"MKDEV TEAM said...
Гледам сега во вечер една реклам од он.нет пуштиле нови Бизнис пакети интересни понуди !!!
...
Treba da mi platat on.net sto im pravam reklama ! ha ha "
---------------
Како демек не ти платиле... бркај работа и не се прај паметен.

Pepicka рече...

Абе кој ве ебе вас. Јас сум педер, овој спорти мене и тој е педер, сите сме педери се ебеме у г'з, и шо сеа. Вас ич да не ве боли јас што правам јас имам 30% од акциите на On.net


Според Одлуката за зголемување на основната главнина на друштвото бр.373/06 од
22.03.2006 година, Одлуката бр.374/06 од 22.03.2006 година за измена на Договорот за
Друштво со ограничена одговорност (пречистен текст) бр.324/06 од 20.03.2006 година и
Договор за друштво со ограничена одговорност (пречистен текст) бр. 375/06 од 22.03.2006
година, основната главнина на ОН.НЕТ се зголемува за 63.068.400,00 или 1.031.000 ЕВРА
и изнесува 109.101.600,00 денари или 1.786.846,00 ЕВРА. По зголемувањето на основната
главнина, структурата на имателите на основни влогови/удели е следна:
1. Содружникот ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈЕ има вкупен основен влог во износ од
106.969.800,00 денари или 1.751.788,00 ЕВРА кој се состои од паричен влог во
износ од 91.428.000,00 денари или 1.496.452,00 ЕВРА и непаричен влог во износ
од 15.541.800,00 денари или 255.336,00 ЕВРА; и
2. Содружникот Предраг Чемерикиќ има вкупен основен влог во износ од
2.131.800,00 денари или 35.058,00 ЕВРА, кој се состои од паричен влог во износ
од 1.947.900,00 денари или 32.058,00 ЕВРА и непаричен влог во вкупен износ од
183.900,00 денари или 3000 ЕВРА.

Pepicka рече...

Оттука, врз основа на Договорот за друштво со ограничена одговорност (пречистен
текст) бр. 375/06 од 22.03.2006 година, процентуалниот сооднос на уделите на
содружниците во ОН.НЕТ е распореден на следниот начин и тоа:
- уделот на содружникот ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈЕ во ОН.НЕТ учествува со 76%
- уделот на содружникот Предраг Чемерикиќ во ОН.НЕТ учествува со 24%.

The Smasher рече...

Kje gi odgovoram prashanjata za sistemot za vmrezhuvanje shto go predlozhiv, vo Sreda sega nemam vreme. Inaku Jas nikogash ne sum im go pravel monopolov na nitu eden od nashive ISP-a. Od mene pari ne zemaat, pa shto saka neka bide! Denar ne im davam!

mkdev team рече...

da mi platile on ke bev kaj niv, za zal !


Anonymous said...

Како демек не ти платиле... бркај работа и не се прај паметен.

mkdev рече...

можеш слободно да дојдеш на mkdev.info да видиш колку ги обожавам и мтнет , он.нет.мк па и другите

Анонимен рече...

mkdev said...
можеш слободно да дојдеш на mkdev.info да видиш колку ги обожавам и мтнет , он.нет.мк па и другите

-------------------
за жал треба да се регистрирам. Штета што твоето (не)обожавање е достапно само на регистрирани корисници. Но, ајде штом тврдиш ќе ти верувам. :)

daywalker рече...

Да не почнале овие од мт-њет некоја нова кампања? денеска ме барале, ама не бев дома, не знам што сакаат. Да не барале уште некого? (можеби има некој аврска со тоа што за 3 месеци ми истекува договорот со нив...)

Анонимен рече...

Да, бараа, ама не беше мтнет конкретно, туку МТ. Прашуваа колку сме заинтересирани за услуга да си ја следиме телефонската сметка на интернет за 80+ддв месечна претплата. И реков, не, фала :).

А таман и ја се возбудив пошто муабетот типката го почна со нешто у стилот “како интернет корисник сакам да ви поставам едно прашање“ и таман викам сеа ќе праша за мислење за флет пакет цена ова она колку би доплатил дали сум заинтересиран и сл. и она ми почиња некој бош муабет за телефонска сметка.

bezvrska рече...

шо сте запнале толку со малцинствата од различен вид... такви етикети не ме интересираат многу.

Анонимен рече...

mkdev
Abe Stranicata ti e hostirana vo Mt.net!?

Pinging mkdev.info [62.162.222.78]