30 ноември, 2006

Т-mobile: Едноставно притвор

Рубинчо Заревски, втор извршен директор на Ти Мобајл, од вчера е во притвор. Наводно за пљачка на народот... Не преку Мобимак/Ти Мобајл, туку преку Фондот за здравство во времето кога таму беше директор.

После смената на владините ќутачи во бордот на директори на МТ и назначувањето нови (ќутачи?), и веста дека Телеком сепак ќе и даде на Владата (дивиденда де), ова отвора нови неограничени можности некој да си легне на брашното. Во само три чекори.

Имено, мобилниот брат на Телекомот важи за најбитниот златен рудник за луѓето на привремена работа во телекомуникациите. Останува да видиме дали некој друг политички определен граѓанин ќе биде кооптиран да ја заземе речиси испразнетата фотеља. Ако тоа се случи, ќе дочекаме ефективна либерализација... можеби веќе во 2010 година. Во меѓувреме ќе гледаме, нели, храбри битки со видливиот дел од сантите мраз колективно крстени корупција. Се надевам дека нема.

ДОПОЛНУВАЊЕ: Заревски го распрашале и пуштиле. Ме интересира дали после:
а) отишол на работа со такси;
б) отишол на работа со полициски Крајслер;
в) не отишол на работа и му закинале 10% од платата.

6 коментари:

Анонимен рече...

Најнова вест... Го пуштиле...Сантата лед си има инсталиранио мали сантичиња и по судовите. Не џабе рекоја од Европска Унија дека судството е најкорумпирано од све. (Веројатно не провериле во телекомуникациите.)

Анонимен рече...

ЛОПОВ СИ Е ЛОПОВ

volan рече...

Се работи за журка ... :)

Анонимен рече...

Ha ha ha ha :)

Smells like teen spirit.

bezvrska рече...

секоја чест за продуцентот... од публиката се очекува да се концентрира на 10-те отсто од сантата што се над нивото на морето.

here we are now, entertain us...
hello, hello, hello, how low?

будала рече...

Па нормално дека ќе го пуштат, мислам стварно не е фер да го малтретираат човекот за некој "пишливи" 30 000 евра.

Башка има само некоку стотина партиски војничиња и мамини синчиња (и мамини шмизли) кои ете се случано фамилијарно поврзани со одредени претставници на судската ни "некорумпирана и непартиска" власт.

Тоа ти е исто како да некој судија се дрзне да го осуди Бранета во случајот против Младенов. Тоа ти е како да дотичниот судија/ка си потпише 1000 годишна анатема на себе и 100 идни свои поколенија.