03 декември, 2006

Непријателите меѓу нас

Поздрав до сите редовни посетители, вработени во МТ и nonet... Уствари... абе немате нешто друга работа? Што знам... На пример, смислување подобри па- кети? Или евентуално решавање на технички проблеми?

Или за проблемите изворно се информирате по блогосферата? Ако е последново, тогаш, само напред! Ако не е... тогаш... баш го жалам тој што ве плаќа.

Него, кога сте веќе тука, еве два едноставни предлога за вашите колеги:
  1. Кога некој корисник ќе се јави, или ќе ви пише, најкултурно би било прво да се претставите... И тоа не со надимак што ви го дала баба ви, туку со цело име и презиме. Пошто, тој што ви се јавува или ви пишува најве- ројатно не берел крушки со вас. А може и ќе треба да ве пофали пред шефовите ако брзо го решите...проблемот.
  2. Дај воведете временско ограничување за одговарање/решавање на проб- лемите. Па ако некој пријави проблем, ќе му кажете: проблемот ќе биде решен за 24 часа (или некој друг разумен рок). Така луѓето помалку ќе збеснуваат, отколку ако ги убедите да потрошат неколку саати со ске- нирања за тројанци, или не дај боже, преинсталирање на оперативниот систем, за на крај пак да утврдат дека интернетот им е тапа. Ако не се реши во рокот кој сте го кажале, проблемот може да биде проследен до повисоки инстанци, а оној кој не го решил да добие негативни поени. Се разбира, ако вината е кај него/неа, а не кај премудрите шефови.
Ај сеа, трк на работа! Мењајте линкови, гледате дека ви се жалат претплат- ниците.

10 коментари:

Virus рече...

И еднаш засекогаш научете да не кажувате: дечко незнам што е проблемот, јас не гледам никаков проблем.
Ако јас сум се јавил со проблем значи има проблем, немојте да ме убедувате дека нешто не е во ред со компјутерот, дека наеднаш во секунда нешто не е во ред со Антивирусната програма која ја користам или било кој софтвер, по волку проблеми со конекцијата веќе ги научив и сите проблеми и кој е причинител на истите, го научив и шаблонскиот муабет со вас, па веќе и ефтините трикови не ви успеваат.

P.S. Кревајте слушалки кога има проблем, не ја исклучувајте линијата, дури и кога бе барам во 03:00 наутро (нели 24ч поддршка).

Jeton рече...

Исто така направете накој action plan за исплонување на временските роковои што сами сте ги поставиле.
15 работни денови се 15.
Не 25денови или 3 месеци...

Анонимен рече...

Customer support претходните деци, си фатија џаде у некоја подобра земја и услови за работа. Тука дојде сељачкиот џган, кој мисли дека го фатил господ за муда ако работи у телеком а не гледа дека го експлоатираат за 250 евра плата ко магаре. Киднал од некоја Македонска вукојебина каде нема ни месна заедница а камо ли дом на култура и сеа тука ке ги решава проблемите. Зарем реално да очекуваме дека ке помогне? Јас 3 пати пријавував не работење на АДСЛ и коа ми рекоа, они ке пријавеле кај АДЕСЕЛЏИИТЕ, се јавив кај тија АДЕСЕЛЏИИ а ти викаат, не бе дечки не е пријавено. Како и да е дојдоа оправија, ама копуклот на кастмр сапорт да му онаквујам онаквото у п****

bezvrska рече...

Грејт, кажете се што ви лежи на душа. Инаку има и пострашни работи од нејавување. На пример, 'спуштање на слушалка' таман кога се спремаш да зинеш. На времето ова ми се деси 5 пати едноподруго. Конечно, 6-тиот пат се јави една цуца, по што јас експлодирав, а она ноншалатно вика „имаме технички проблеми“. Ми дојде да прашам: Епаа, како можам да ви помогнам?!

Листата на предлози за реформа на „техничката поддршка“ на мт и nonet ќе ја доставиме до „мениџменто“... во случај ако вработените, занесени во cyber просторот, заборават да им ја пренесат.

Анонимен рече...

За оние со Д-Линк Рутер

Најдете го овој фирмвер. Постабилен здравје.

DSL-564T_fw_revALL_20060831_ALL_eng_20060831

Месец дена не е угасен ниту ресетиран и работи ок

Jeton рече...

Postrasno od ova tesko ke najdete:

Pred 4-5 meseci zborev so edna od menagerite of no.net, i gi prasav dali moze vo seloto da sa postavi WADSL.

Odgovorot bese: Soberete se barem 6 dusi pa nema problem. Prasav dva pati, ako soberam dali ke stavite WADSL?
Da, Da. No Problem. As they always say.

E sea, pred 2 meseci 7 dusi od seloto plativme za instalacii 825den. i se drugo. i Cekavme, i cekavme. Pominaa 15 rabotni denovi, pa pominaa i 20.

Prativ jas eden e-mail, deka ke raskineme.

I deneske mi se javi edna Snezana, i mi kazuva: Vaka, ne mozeme da vi postavime WADSL. Ako bevte min.10 dusi, nemase problem.

2 meseci cekane za ovoj odgovor. Behold!

A da, uste ova, kazuva: ako sakate, moze da vi postavime WADSL no ne mozeme da vi garantirame 98%.

"Ok, no dali ke ni namalite smetkike za neispolnuvane na 98%? " prasav.

"Ah, ne ,to ne mozeme", kazuva.

E sega, tie imaat 7 klienti tuka. Znaci im odgovara za nemane plus 3 klienti di izgubat 7 ! ! ! Imagine.

A znam vo seloto poveke of 5 drugi sto cekaat da vidat kako e pa i tie da se priklucat.

Ova e nov slogan:
"On.Net - Koga ke se soberete 7 dusi, ke barame 10. "

I da , im rekov na kraj da mi gi vratat parite.
I'll stick with dial-up za sega.
Sega se prasuvaam dali On.Net e pazar za luge ili ISP?

Pozdrav.

And keep this blog going! ;-)

АлекНови рече...

Денес, едено од нив, во една дискусија за проблемите на on.net... ЗЕМА (за да докаже некоја поента)... ЗЕМА и извади јавно прикажа (или се обиде), да прикаже информации за тоа во кои денови колку сум симнувал и како.

ШТО Е СЛЕДНО? Ќе објави кои порничи сум ги гледај онлајн? И што содржина имаат моите емаилови?

До што треба да дојдеш, да мораш да почнеш да фалиш еден монопол? Треба да дојдеш до NO>NET :D

Анонимен рече...

Ozbilno ova алекнови? Imas nekoj dokaz? Zvuci interesno a voedno mi dava nekoi naludnicavi idei.

Princ.

AlekNovi рече...

Da, princ na njuzgrupite na MT-net, eden od nivnite vraboteni (od on.net) se iznervira pa pocna da pisuva se zivo :)

Eve uste nesto:

"> Ti velis deka 14 saati se prifatliva rabota? Toa e pola saat dnevno da nema
> internet. Sakas da kazes deka e prifatlivo da nema internet po POLA SAAT NA
> DEN? : )


(vraboteniot odgovara:) Ти, т.е. татко ти го потпишал тоа. Таа ставка е предвидена за
проблематични ситуации кои ги има секој провајдер и тоа е. Плачки по
њузови и блогови нема да ја подобрат ситуацијата."

Vo osnova stavot e deka "Pa dobro be ti si potpisal 98%... sto sea se cudis koga ti davame 98%"

Druga bitna poenta. Toa e 98% od VKUPNOTO kalendarsko vreme... so toa sto nie korisnicite ne koristime internet celo vreme... Znaci od vremeto vo koe SEDIME na kompjuter i probuvame aktivno koristime internet...

20% od vremeto NEMA internet

ZNACI tipot objavi deka e SOSEMA normalno da po pola saat na den ti nema internet! I uste odnosot e od tipot "Pa dobro sto ocekuvas... toj dogovor si go potpisal"

Sto ako koristis samo 1 saat dnevno internet? TOGAS toa e 50% od vremeto nema internet!!!

Анонимен рече...

Malku si greska za ona deka 98% od vremeto e spored vremeto koga ti koristis PC. 98% od vremeto e kolku sto na nas treba da ni e dostapna uslugata, anytime, anywhere (primer se budis u 3 saat sabajle, zeden za dobro porno i normalno da mozes da si go simnes).

A za objavata na taa informacija si trebal da pobaras odgovornost, prijavuvanje vo onnet i kaj nekoj advokat. Ke padnela nekoja paricka....

Princ.