03 декември, 2006

Јадете си бурек со кајгана...

Додека конкурентите работат. Почна во ноември, сега еве и официјално: брзините кај Телекабел се дуплирани. ДО 1024/256, што по неколку гига се намалува на брзина ДО 512/128, што подоцна се намалува на брзина ДО 256/128.

Вклучениот сообраќај во почетниот пакет од 500 денари е зголемен на 600 мегабајти, а „неограничениот“ пакет останува 1500 денари. Најбитно, дого- ворот може да се раскине во било кое време, без пенали. Засега не- надминато... Се разбира, по ова очекувам да станат MAXимално арогантни, да воведат намалување на брзината на 64 килобита, да се мандрачат со пенали за раскин, и да тргнат да ги решаваат „техничките проблеми“ по разни форуми и блогови :)

Кога сме кај форумите, unlike others, не се сељачат настрана, туку си имаат сопствен форум преку кој корисниците може да ги кажат проблемите, да ги опцујат, и да дадат некој предлог.

АДСЛ форумот на МТ го скинаа откако еден слаткоречив господин Ристевски успеа да прелаже многу луѓе дека они се саглам оператор. Форумот на nonet пак, уште од почетокот беше наменет само за лечење на комплексите на админите.

51 коментар:

Анонимен рече...

Se gleda koj e najdobar ISP!
Telekabel se trudat barem !!!

On.net , Mt preteraa prvo so limitot , posle so losata usluga

The Smasher рече...

Најдобар ISP ќе биде интернет заедницата што сами ќе си ја направиме!

The Smasher рече...

Доколку на некој не му е јасно за што зборувам нека појде до www.makedonijait.co.nr и нека се запознае со BORG проектот.

The Smasher рече...

Имам еден план за самостојна мрежа со постојан интернет 50/12Kb/s flatrate за секој корисник, за 74 денари месечно. Ќе го објавам скоро на www.revolucija.blogspot.com и www.makedonijait.co.nr.

The Smasher рече...

Што ли ги запрашав јас Т-Мобиле?

Им пратив писмо со следнава содржина, едвај чекам одговор да видам што дипломатија ќе ми кажат и одма го објавувам одговорот овде.

““
Итересно ...

Нели сте големо семејство?
Тогаш зошто овде наплаќате 41ден за 1мб додека во UK давате flatrate за 7.50 фунти:
"
http://www.t-mobile.co.uk/Dispatcher?menuid=phones_im_wnw_what

Want to be able to check your emails on the bus before work? Found yourself lost and wishing you had a map? Or need internet access at home but don’t want to commit to a fixed phone line?
Now you can with T-Mobile web ‘n’ walk - an unlimited internet access package available on your mobile phone and laptop for as little as £7.50 a month.At the shops, in the pub, in a cab, at the park – when you’re on the move – with web 'n' walk on your mobile you can:

Access your email
Check the football score
Browse BBC news
Search Google
Bid on eBay
Find what you want, when you want it!
Pay a little more and you can get all of this plus downloads, media streaming, instant messaging and Voice over IP on your laptop as well as your mobile.
For more information on web 'n' walk on your mobile visit our Web 'n' walk on your phone page
For more information on web 'n' walk on your laptop visit our Web 'n' walk on your laptop page"„„

Virus рече...

Smasher иако твоиве постови забегаваат у спамерски води сепак ќе речам дека навистина е бедно да се стремиме кон Dial-up брзини.. тоа не треба да е нашата иднина, туку минато.

The Smasher рече...

Само користам конекција и кога сум конектиран праќам повеќе текстови. Сакам да придонесам за доброто на сите. Доколку постовите сметаат Безврска слободно може да ги избрише. Ок, ако сакате во иднина ќе ќутам.

bezvrska рече...

Какво бришење, мене баш ми се интересни твоите идеи кои од порано сум ги думал.

virus, МТ се уште прави сериозни пари од дајл ап, па за многу овие брзини за 74 денари би биле револуција. Дајл ап можеби изгледа бедно кога ќе се навикнеш на бродбенд, но нема големо фајде од „бродбенд“ што стално те зеза и по цени што се, благо речено, дрски. Еве, ТК денес е супер, ама и АДСЛ важеше за супер, а кратко време и wadsl беше супер.

Максималната брзина и минималната цена што таквите „борг колективи“, т.е. провајдери во сопственост на корисниците, би можеле да ја понудат зависи од бројот на корисниците што би ги привлекле и колку тие корисници би биле спремни да прават размена на краткорочниот комфор за долгорочна добивка.

Ај, пред да докторирам, едно прашање до smasher: како ќе се обезбеди дека ќе има доволен број на „резервни корисници“ за да може во секое време да се заменат неплаќачите?

The Smasher рече...

Еве за што ви зборував:

Пример за вмрежување [Телекабел варијанта]

* ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ НЕ СЕ РАБОТИ ЗА НИКАКВА РЕКЛАМА ОД МОЈА СТРАНА КОН ОВОЈ ИНТЕРНЕТ ПРОВАЈДЕР [да беше така најпрво Јас ќе имав брза и стабилна конекција, поточно барем воопшто ќе имав пермаментна конекција ] ЗЕМЕН Е САМО КАКО ПРИМЕР НЕГОВИОТ БИЗНИС ПАКЕТ НЕМОРА ДА СЕ ЗЕМЕ ИСТИОТ ПАКЕТ ЗА ВАШАТА МРЕЖА*

План за конекција и плаќање ::

1. 2 мегабитна врска - бизнис пакет [2048/512 Kb/s] - цена 3000 денари

2. 41 корисник

3. Секој корисник добива постојана [50/12 Kb/s] врска

4. Секој корисник од овие 41 плаќа по 73 до 74 денари месечно кај оној што ја држи врската [четириесет и првиот] за неограничен интернет со гореспоменатата брзина

План за поставување на мрежа и мрежна опрема

1. Безжична варијанта

- Секој корисник купува безжична картичка со антена [од 2000 до 3000 денари или USB lan ~1300ден.]

- Се купува акцес поинт кој што и ќе служи како базна станица [6000ден. поделено со 41 корисник 147ден. по корисник]

- Дополнителни трошоци за поставување на линкот 3800ден поденено со 41 корисник = 93 ден. по корисник [за поставување на кабелска и интернет кај тој корисник кај кој што ќе се наоѓа линкот, доколку веќе има поставено кабелска овој трошок се сведува само на 800ден.]

Значи се на се би чинело окулу 2740 денари од секој корисник за да се постави мрежата и врската, а месечниот износ за интернет би изнесувал 74 денари.

Што велите? Јас велам како и да е, сепак е мноогу поевтино од цените на нашите ISP-a.

Постојат и други варијанти за земање на линк како на пример онаа од пред година дена од skyDSL 16Mb/s за 30000 ден. или повеќе не знам не сум сигурен за цената, ама тоа би ја зголемило месечната сума по корисник. Инаку знам дека над Европа може да се најде сателитски линк и до 24Мб/с, сепак сателитското поврзување си има и свои недостатоци како што се потреба од feedback конекција, каснење на сигнал, и тн.

Значи не ме држете за збор за линкот и бројот на корисници ова е само пример, за вашата ситуација направете си своја математика и одберете што најмогу ви одговара, дали ќе вмрежите 50 или 500 луѓе, дали ќе земете 2мб/с или 24мб/с линк и дали корисниците ќе плаќаат 74 или 740 ден. е ваш избор. Јас само посочив една од поевтините варијанти.

The Smasher, Admin @ www.makedonijait.co.nr

The Smasher рече...

Одговор до Безврска

Значи имаме една воспоставена мрежа ама одреден број на луѓе не сакаат да ја користат по некое време, не се плаќе и тн. Како да се реши ова?

1. Со земање на главна врска со договор за помал временски период,

2. Со дооформување на BORG системот како саќе од пчели да ви појаснам како што се мобилниве мрежи секоја станица покрива мал реон и е поврзана со таа до неа, а таа до неа со таа до неа и тн. Е сега бројот на корисници опаѓа во некоја од мрежите линкот останува, станува скапо за сомрежниците. Во оваа ситуација може да се наптрави баланс на бендвитот со било која друга мрежа во системот на која да речеме и треба повеќе бендвит. Значи ќе биде додаден тој бендвит кон некоја/и од другите мрежи, а наплаќањето правопропорционално ќе се избалансира од другите корисници кои што ќе го користат додатниот бендвит,

3. Доосвестување на народов, со разни активности, значи можеби ние знаеме што се случува и кој е Тхе Девил, ама некој сепак сеуште не знае

Вреди да се проба има шанси да се успее.

Pametniot рече...

Hah, eterot za wi-fi vo Skopje e tolku zagaden so e nevozmozno da se napravi stabilna vrska so super kvalitetna orpema (koja kosta po 500 evra) na rastojanie pogolemo od 100m

Celata idea za wifi povrzuvanje ke bide samo djabe frleni pari ...

On.net zraci so 10W na istata frekvencija ... nema sansa da se pobedi toa cudo ...

Анонимен рече...

ОВА Е ДОБРО СТВАРНО...


http://antipunkt.blogspot.com/2006/12/blog-post_04.html

The Smasher рече...

OnNet nemaat pravo da vi smetaat vo vashata privatna mrezha. Sepak tie go pravat toa, chare?

Bezzhichniot nachin beshe samo posochen primer onnet pokriva reoni so WiFi koi shto se urbanisthichki posredeni (tamu najchestto ima dosta zgradi) a vo zgrada mozhesh da sprovedesh mrezha i so kabel, a za drugite mesta kade shto OnNet ne e tolku jak mozhe da se postavi i bezzhichna mrezha za povrzuvanje kje treba samo stanicata da e na malku povisok objekt. Patem toa WiFi-to gledam neshto onnet na mnogu shteten nachin go koristat, pa dajte da se konsultirame so ekoloshkive grupi.

Kako i da e nadez ne smee da se gubi !
Do blogerite na onnet:
Me interesira ushte neshto vo vrska so onnet dali imate problemi da se logirate na vasiot blog sajt postaven na www.blog.com.mk?

The Smasher рече...

Плус тоа јас како што знам многу и не смета WiFi то.

Анонимен рече...

има некоја бубачка или е до админот ?? Ова стои од поодамна ?


http://kit.gov.mk/admin/default.asp?Section=Pool&ItemID=73362446CDCE464EBDA30329D494E212&PortalTitle=Македонска%20верзија


http://kit.gov.mk/admin/default.asp?ItemID=73362446CDCE464EBDA30329D494E212&Section=Pool&PoolID=7&PortalTitle=Македонска%20верзија

Анонимен рече...

Незнам дали е до ребрендирањето или не, ама и Црна Гора може да си дозволи подобар интернет од нас.

http://www.t-com-cg.com/privatni.aspx?akcija=386

Ганчо

Анонимен рече...

@ Ганчо
Па овие црногорски пакети и не се баш ефтини. Тешко нас ако треба во иднина да се надеваме на ова и да викаме добро е....

Анонимен рече...

Едвај десетина дена одкако на главниот на Дојче телеком му удрија клоца , сега „поднел оставка“ и главниот на Маџар Телеком. ДАли ова значи дека и на Атила му дошол крај? Не дека новиот шупак што ќе дојде ќе направи нешто за Интернетот во Македонија. Изгледа Атила и Рубинчо ќе си одат во пакет ЕДНОСТАВНО ЗАЕДНО.

Анонимен рече...

Ednostavno, neli, sme nasle so koj tikvi da sadime.

Анонимен рече...

Дали кај некој на мт денеска му чудни брзините ??

да симнува 12 - 13 кб ???

многу чудни ???

Анонимен рече...

@anonymous

Не дека кај ЦГ е идеално, али јас сега им бутам 35 ЕВРОПКИ месечно на МТ за истото, а успут и вржан на 2 години. Од некаде мора да се почне, сигурно нема да ни понудат екстра пакети туку така.

Ганчо

Анонимен рече...

@anonimous

да симнува 12 - 13 кб ???


Едноставно побрзо, нели, во Македонија се е супер брзо, ама и кусо.

AlekNovi рече...

Доколку барате нов провајдер, еве неколку информации


1) Цена...

MT-NET: 2000 денари
ON-NET: 1500 денари
TELEKABEL (neokom): 1500 денари/или 500 денари/или 0 денари




2) Договор и правни стапици



МТ-нет: Поприлично лош договор со кој сте им во основа роб во наредните две
година. Ова е и главната причина поради која голем дел од македонската
интернет заедница ги плукаше пред година две. Предност - Тоа што автоматски
ви ги намалува цената и на вас, доколку е намалена за новите корисници. Но
ако сакате да менувате провајдер има тешки и не-реални пенали. NOTE: во
2004 кога многу луѓе се бунеа зашто мт-нет го искористија правото да
ограничат на 4гигабајти... мт-нет беа фер и ги укинаа пеналите за откажување
договор.

ON-net: Поприлично лош договор со кој сте им во основа роб во наредните две
година. Предност - Тоа што автоматски ви ги намалува цената и на вас,
доколку е намалена за новите корисници. Но ако сакате да менувате провајдер
има тешки и не-реални пенали. ЦАКА: не гарантираат стабилност на мрежата, и
не е дефинирано дали ќе имаш интернет откога ќе го поминеш лимитот. Штом
земеш, роб си за наредните 2 години.

Телекабел: НЕМА договор. Можеш еден месец да користиш, друг да не користиш,
трет пак да користиш. БОНУС: Доколку искористиш помалку од 50 мега во
месецот (што е доволно за емаил)... не ти наплаќаат воопшто, 0 денари. Нема
кинење, правење договор. Ако користиш ти наплаќаат 500 денари, ако симнуваш
над лимитот ти наплаќаат 1500 денари за неограничено.



3) Брзина (пред лимит/после лимит)


MT-net: 1024kbps/128kbps
On-net: 512kbs/28.8kbps
Telekabel 1024kbps/512/256kbps *(256 брзината е брзина за НЕДАЈБОЖЕ
најминимална гарантирана во случак на преоптоварување и слично, инаку паѓа
на 512)




4) Лимит (лимит пред ограниечна брзина/вкупен лимит) [колку можеш да симнеш
пред да ти ја ограничат брзината/колку можеш вкупно да симнеш во месецот]



MT-net: 4-9* гига/24 гига (*некои месеци се случува поради необјаснива
причина да не симнат брзина и откако ќе поминеш 4 гига)
On.Net: 10 гига/17 giga* (*овде не се пресметани прекините... значи околу 16
гига веројатно ќе дојде)
Телекабел: 4 гига/90 giga* (*ова 90 е во најлош можен случај, при
минималната гарантирана брзина од 256, може некој и повеќе би успеал)

NOTE:

На mt-net штом поминеш лимитот паѓаш на среден интернет (брз за сурфање,
емаил, чат, телефонија... среден за download)
На on-net штом поминеш лимитот паѓаш на архаичен интернет (сурфање
фрустрирачко, емаил неподнослив, а чат и телефонија (теоретски, не само
практично) невозможни... download не доаѓа во обзир)
На телекабел штом поминеш лимитот паѓаш на брз интернет (се е брзо, дури и
на минималната гарантирана брзина [значи најлош можен случај] паѓаш на
послаб BROADBAND)

4) Стабилност

MT-net: 99.9999% (типично по пола саат еднаш во 2 месеци) [доколку ви зависи
животот од опклада за тоа дека нема да ви прекине интернет дома, на ова би
се кладеле]
On.net: 98% (што е пола саат НА ДЕН, а никој не гарантира дека нема да бидат
тие пола саат баш кога си седнат на компјутер)
Телекабел: ?? (засега информациите се дека е слично на мт-нет, но уште се
нови, па ќе видиме)

5) Професионалност (овој дел е субјективен)

MT-net: *монопол* но се организирани како американска корпорација и имаат
највисоко ниво на професионалност, и во подршката и во услугата. Доколку има
проблеми, знаат да ти намалат од претплата или да се извинат... НО, ова не
значи дека е ДОБРА подршката... само дека е професионална, и на ниво на
возрасни луѓе. Страницата и салоните се силно професионални. Подршката е на
високо ниво.

Лоши искуства: Ќе те тераат да земаш АДСЛ, па после кога ќе речеш да, ќе ти
кажат... упс... не може кај тебе... сори; беа најскапа компанија пред 4
години и некои луѓе поради трошоците со импулси од тогаш се заколнати дека
нема никогаш да земат ништо од мт-нет пак.

Добри искуства: Слободно дозволуваат делење на интернетот па дури и ќе ти
кажат... ма слободно дели го со цела зграда; ако се јавиш на подршка ќе ти
прават муабет па дури ако треба ќе ти свртат дома и ќе ти објаснат точно
која е политиката на компанијата, што прават со конкуренцијата и како; во
салоните те третираат професионално и културно; 2-3 пати ни ја намалија
претплатата како награда за анкета, или пак зашто имаше (мали) проблеми со
интернетот тој месец. Вистинска 24-часовна подршка



On.net: Страницата им е заснована на трачерство и личи на маалска компанија,
или детски блог и јазикот кој го користат "е у типот на еееееј бе... дај не
сери ееј", а имаат и порнографски содржини... немаат продажни салони, и
подршката им на средно-ниско ниво


Лоши искуства: Ако се обидеш да посочиш недостатоци на нивната компанија ќе
ги објават јавно твоите лични, приватни податоци; има податоци за село каде
им собрале пари за инсталација на 4 луѓе, па рекле дека не се доволно, треба
7... па кога собрале на 7, им рекле дека треба 10 луѓе... и на крај не им
инсталирале интернет; се мешаат во твојата лична мрежа, значи прават се што
е можно да не можеш да делиш интернет; спуштаат слушалка кога вртиш на
support; на 15 различни луѓе им го даваат истиот фабрички одговор "ќе се
среди за 3 дена, сигурно 100%"... и тоа на луѓе по 2-3 недели еден од друг;
арогантен однос за 98те проценти (пола саат без интернет на ден), во стилот
на (епа у договорот си го потпишал, кој те ебе); големи и чести, ненајавени
прекини во интернетот, што значи дека некои денови ако ви треба нешто итно
може да морате да тркнете и во интернет кафе; манипулативен маркетинг и
контрола на медиумите преку размена во натура

Добри искуства: Симнување од нивниот сајт е бесплатно (значи не се брои).
Богата содржина на нивниот сајт.



ТЕЛЕКАБЕЛ: Професионална страница, професионална услуга и однос, нема салони
но има бесплатен форум за подршка

Лоши искуства: Имало моменти кај некои кориснице каде што паѓале и под
минимално гарантираната брзина... дури до 128kbps (но ретко); имало моменти
кога телефонската подршка не може да се добие; * (нови се, и уште нема многу
информации за проблеми)

Добри искуства: НУДАТ БЕСПАРИ DC++ сервер за интерконекција помеѓу
корисниците каде што метежот НЕ СЕ БРОИ, а брзината е 60MBPS!!!!!! Доколку
не потрошиш многу се случува и да ти го дадат месецот гратис; форумот е
многу добро воден и подршката е на високо ниво

minimoog рече...

Хммм, Телекабел ги има само во Скопје. Штета.

Тоа им е најголема мана.

daywalker рече...

Лошо е што Телекабел не покрива ни цело Скопје.

Анонимен рече...

Вака изгледа дека Телекабел е далеку најдобар. Дали некој корисник на ТК може да потврди дека се е во реалност вака? Ако се добри и им расте бројот на корисници, ќе се прочират и на други места брзо, сега можат ида купуваат други кабловски.

AlekNovi рече...

Да не изигравам песимист, али страв ми да ако премногу луѓе земат од телекабел, дека може и телекабел ќе се зезнат...

Мт-нет пример беа супер пред да дојдат премногу корисници (не дека се денес лоши, сепак и денес се далеку подобри од ОН-нет).

Мислак дека чарето е во тоа да што повеќе ДРУГИ кабловски го направат истото. Сепак причината поради тоа што телекабел нудат колку што нудат интернет е што имаат добар линк.

Нека земат и од другиве кабловски ист таков линк, па да даваат ист таков сервис. Мислам дека е тоа чарето.

Па ако доволно кабловски го направат ова... ќе создадат доволно конкуренција да се среди он-нет...

Иначе... тоа нема да влијае многу многу на мт-нет, затоа што како што кажува еден вработе таму... политиката на компанијата е таква што многу многу и не ги интересира тој дел од пазарот (луѓе што многу симнуваат и повеќе плаќаат)... така да нема ни да се тепаат против конкуренцијата. Во основа ги интересирала само малите корисници (со мали претплати, но голем број).

Така да чарето е КОНКУРЕНЦИЈА. АЈДЕ сеа сите кабловски нека ги ископираат теле-кабел... е ТОА му е мајката :)

Анонимен рече...

Јадете бурек малку и кај Јанко

The Smasher рече...

Притисок

Размислувам... Јас сум совесен, лојален граѓанин на Република Македонија значи ги почитувам правата и прописите што ги наложува уставот на оваа држава. Е сега што е работата, таму каде што има права има и обврски, значи оваа држава е обврзана да ми обезбеди личните слободи и права (да не ги набројувам основните 54 и нешто) меѓу кои стои и правото да се информирам, право на изразување, групирање итн. Работава е во тоа што до сега (а најверојатно и понатаму) државата не си ги исполнува обврските кон народот во целост - т.е. правата на народот зборувам за интернет и Информатичка Технологија. Значи, НИЕ народот сме спречени да се информираме - едноставно некој сака да бидеме неинформиран народ кој што би бил лесен за манипулирање. Сметам дека не само што би требало туку и МОРА државата да дозволи бесплатен пристап до информации достапен за секој граѓанин во електронска форма - интернет пристап до информации. Што би било ако Јас помислам на ова и престанам да бидам лојален кон оваа држава? - Ништо посебно. А, што би било ако НИЕ народот помислиме на ова и престанеме да бидеме лојален народ кон оваа држава? Што би било наместо секој граѓанин да си биде лојален и да се седи дома, еве да излезе на улиците и почне да штрајкува заедно со другите, за подобра иднина? Е, тогаш ќе настане еден SYSTEM RUNTIME ERROR во државава, кој што би резултирал со лоши последици. Фитилот гори и некој ден може да „експлодира балканското буре барут на Македонска територија“, затоа Македонијо памет во глава, ова го велам со цел подобра иднина затоа што таа може да биде добиена само со меѓусебно разбирање и соработка.

Патем од сега па натаму постовите ќе ги пишувам и на www.smasher.blog.rjk.edu.mk од чиста причина што најверојатно од „демократски или технички“ причини не можам да го користам блогот на оннет.

The Smasher, Admin @ www.makedonijait.co.nr

theman@kajgana рече...

@Smasher, kako sto mozam da vidam, na nekoja pozicija vo Korcagin si taka?
Inace, thumbs up za proektite tvoi na sajtot, ama ne veruvam deka nekoja bi uspeala, za zal

badmotherfucker рече...

nekoj pred nekolku nedeli pisa deka mtnet ke go zgolemuval limitot na 10GB (od mnogu sigurni izvori koi nikogas ne go izlazile dosega). pa kade se tie 10GB, koi epten mi trebaat?!?!

:(((

Анонимен рече...

cekaj de, ide nova godina.. raspust.. moze ke ne izraduvaat so pogolem limit vo januari/fevruari.. lets hope so :)

Анонимен рече...

januari - fevruari -- jas zaminav od mtshit(telekom) - FOREVER! I fiksno i adslsko.

Анонимен рече...

cekaj de, ide nova godina.. raspust.. moze ke ne izraduvaat so pogolem limit vo januari/fevruari.. lets hope so :)


ajde ke vidime , samo da pocekame uste podolgo

MTNET I SE E MOZNO

Анонимен рече...

ко чека дочека - и добије равне табане...
јас повеќе навивам за телекабел да истрае и понудата и во реалност да биде таква. Се плашам поради основната технолошка мана на Интернет преку кабелска - кога ке се приклучат повеќе корисници на една гранка - брзината мора да падне. Се разбира тие можат гранките да ги прават помали т.е. покуси и со помалку корисници но тоа чини пари. За сега ме интересира дали навистина брзината е во близина на 1024 кбпс

Анонимен рече...

Кретенчуги од мтшит организираат наградна игра за 6 месеци бесплатен АДСЛ. Гарантирам дека и тие 6 месеци бесплатни нема да им бидат бесплатни на (не)среќните (гу)добитници. Сигурно ќе мора да платат за поминат трансфер преку лимитот... Па, можеби и околу 10.000 денари месечно...

Анонимен рече...

Што се секирате, владата најави 6 месеци бесплатен интернет.

Анонимен рече...

Ајде уште малку па гага !!!!

Тешко дека ке има такво нешто освен по училиштата.


Сепак има некој притисок а тоа добро.

Анонимен рече...

besplaten internet ???

od Vlada ???

ah hahaha

mozebi, ama na dial-up.
i prashanje dali nema da se plakjaat impulsite...

anyway, free dial-up?
no, thanx.

daywalker рече...

Предлог до Интернет Македонија

Бидејќи мт-шит почна со опсежна кампања за собирање нови корисници (со реклами насекаде - ама без никакви информации, освен дека имале „уште побрз и од најбрз интернет“ хахаха...), би требало да се направи и антиреклама со објаснување што им се нуди а што не на новите корисници (долгорочни нераскинувачки договори, лимитирање, потоа спуштање на брзина под секое достоинство за броудбенд интернет или папрено плаќање за да се задржи брзината, итн).

Што велите?

П.С. По долго време прошетав по страниците на нашиве (не)славни ИСП-а и гледам дека НИКОЈ не направил ништо ново за последниве година ипол!!! Во земјите во окружување, а и пошироко, на секои два-три месеци се нудат нови и се поповолни пакети за интернет... Работа за антикорупција?

Анонимен рече...

Ete, vo UK mozea da gi sredat...

http://www.anticap.co.uk/

мкдев рече...

Треба провајдерите да направат барем после 30 40 или 50 гб симнати зависи од нив да намалуваат брзини на 64 многу поферски е така за сите и они не губат многу и корисниците

Сите задоволни
Ама не е така

maelstrom рече...

Му пратив мејл и на bezvrska. Во новиот BUG има анализа на ADSL пазарот во земјите од бивша СФРЈ. Не знам колку е една куна. Мислам дека 7 куни за евро, така? И Хрвативе малку педери. Не знам дали намерно или не, цените на Мт Нет се ставени тие за без договор, за On Net не е пишано дека нудат WADSL, туку само WiFi. Но, како и да е, пак имаме најнеповолни успови. Кога ќе видиш како стојат работите во Србија или Словенија, ти доаѓа да плачеш... :)

The Smasher рече...

Чија е државата

Народ без држава - постои.

Поконкретно за оваа тема на овој случај ... [Македонија]

Држава без народ - не постои.

Чија е државата - на народот.

Државата припаѓа на народот значи се што е државно припаѓа на народот.

Поконкретно за оваа тема на овој случај ... [IT развиток во Македонија и интернет]

Значи бакарните водови, мобилните базни станици и се друго што е државно припаѓа на народот.

Поранешно државно приватизирано = одземено од народот.

Значи сегашно приватизирано - припаѓа на народот.

Народот може да ги земе работите во свои раце и за прв пат во историјата да престане да биде овца.

Свесен и совесен народ = добар, паметен народ.

Ако народот се опамети тогаш ќе биде подобро за сите.

Ако народот не се опамети тогаш ќе биде полошо за него.

Изборот е наш, на народот.

The Smasher рече...

Закон

Јас лично мислам дека состојбата со интернетот во Македонија и ИТ развитокот многу би се подобрила доколку се обезбеди пристап на информации достапен за секој човек - интернет врска за секого. Сметам дека треба да издејствуваме да се воведе закон во уставот на Република Македонија за интернет пристап на секој граѓанин. Законот треба да гласи дека на секој граѓанин во Република Македонија му се дозволува бесплатен интернет пристап. Мој предлог за спроведување на овој закон е да се искористат бакарните водови. Значи Македонски Телекомуникации (или како и да биде преименуван) ќе мораат да ја активираат услугата ADSL на секој телефонски број, и исто така ќе мораат да отворат акаунт за бесплатен интернет, кој што ќе се ги има следниве карактеристики:

1. Неограничен број на корисници во исто време;

2. Неограничен трансфер на податоци;

3. Нормална брзина на пренос на податоци (64/64Kb/s 128/128Kb/s 256/256Kb/s [доколку некој сака повеќе од основен пристап кон интернет, е тогаш нека купи некој од пакетите на некој од ISP-ата]);

4. Username и password на акаунтот ќе бидат достапни за јавноста и непроменливи и непроменети од денот на поставувањето на акаунтот;

5. Да се обезбеди 98% - 99% достапност на услугата (значи да нема укинување на овој интернет од „непознати технички причини“)

The Smasher Admin @ www.makedonijait.co.nr
www.smasher.blog.rjk.edu.mk

Анонимен рече...

Идејата на smasher практично би се реализирала ако броадбанд се прогласи за дел од универзалната услуга. Во Македонија има технички услови за тоа но нема она што се вика политичка волја. Ваква работа дебело би ги расипала бизнис плановите на шитерите кои ке мора да вложуваат, а навикнати се само да сисаат профит без да се грижат за било каков развој.

Анонимен рече...

Контрола на профитот на Телеком!

Компанијата ќе треба да подготви нова понуда што ќе содржи цени за меѓусебно поврзување со други оператори, а што нема да му овозможува да остварува толку високи профити





"Македонски телекомуникации" од јануари наредната година ќе мора на постојните и идните оператори на мобилна и фиксна телефонија да им нуди услуги што ќе ги наплатува по цени базирани на реалните трошоци. За таа цел, Агенцијата за електронски комуникации, а по сериозните забелешки што ги имаа мобилниот оператор "Космофон" и интернет провајдерот "Он.нет" на цените за меѓусебното поврзување, направи ревизија на интерконекцискиот договор на "Македонски телекомуникации". Притоа, во соработка со експерти од Велика Британија е подготвена нова методологија. Според методологијата, Телеком ќе треба да подготви нова понуда која ќе содржи цени за меѓусебно поврзување со други оператори, а што нема да му овозможуваат да остварува толку високи профити.
- "Македонски телекомуникации" како оператор со значителна пазарна моќ, согласно со Законот за електронски комуникации има обврска да покаже дека цените се изведени од трошоци и дека во нив е вклучена и стапката за поврат на инвестицијата. Ова е потребно при утврдувањето на цените кај услугите што им ги продава Телеком на големо на операторите кои ја користат мрежата на оваа телекомуникациска компанија - објаснуваат од Агенцијата за електронски комуникации.
Според новата методологија, регулаторот треба да обезбеди сигурност дека цената на капиталот кој се користи за пресметка на трошоците, односно цените на услугите на крајните корисници или цените за меѓусебното поврзување, ја претставуваат вистинската вредност, односно оптималната цена на капиталот.
Токму на цените во референтната понуда за интерконекција се жалеше мобилниот оператор "Космофон" дека Телеком како оператор со значителна пазарна моќ наплаќа дури три пати повисоки цени за меѓусебно поврзување. На оваа понуда сериозни забелешки има и интернет провајдерот "Он-нет" кој се подготвува од февруари 2007 година да стартува како втор фиксен оператор. Од "Он-нет" забележуваат дека со постојните цени на меѓусебното поврзување, другите оператори не можат да му бидат конкурентни на Телеком бидејќи фиксниот оператор им нуди во локалниот телефонски сообраќај да им продаде минута разговор на големо за 1,7 денари, додека на своите корисници има наплатува само еден денар.
Инаку, клучниот документ "Методологија на пресметување на пондерирана просечна вредност на капиталот", кој е основниот сегмент за пресметување на цените во референтната понуда за интерконекција и официјално е објавен на интернет страницата на Агенцијата. Заинтересираните компании ќе можат до 17 декември да достават свој коментар или мислење, а веќе наредниот ден во просториите на Агенцијата ќе се одржи јавна расправа во присуство на британските експерти.
- Веднаш потоа, ќе бидеме во можност да му наложиме на Телеком да ја измени референтната понуда за интерконекција и тоа во спорните точки - коментираат од АЕК.
Бордот на директори на Телеком вчера делумно го усвои бизнис-планот за 2007 година со кој се предвидува 700 вработени да бидат отпуштени. Претседателот на Бордот, Жарко Луковски најавил дека Владата ќе добие дивиденда на почетокот на јануари идната година. Процентот што ќе го добие Владата ќе биде познат до крајот на месецов.
Светлана БЛАЖЕВСКА

The Smasher рече...

Да ќе му се поремети на некој монополот и ќе има отпор кон реализацијата на овој закон, ама мора да се залагаме и да се бориме, сепак, притисок мора да се врши, без разлика колку некој ова би го сватил како обичен блогерај, сепак се работи за вистински револуционерен кружок, само што сега е 21 век па глобално комуникацијата меѓу луѓето се врши преку интернет. Целта е Македонска просвета, излегување од мракот. Патем покрај сите овие даноци вклучувајќи го и данокот за МРТВ чиишто услуги не ги користам и не ни сакам да ги користам (чувај боже некој да гледа МТВ во денешно време, навистина се немаат променето од '64-та година) сметам дека ептен сме заслужиле пристап до информации, тоа е наше право. Плус тоа и да се плаќа посебен данок за бесплатен интернет тој би изнесувал многу мала сума некаде 10 - 20 денари по домаќинство.
Погледнете во минатото револуции биле спроведувани и под МНООГУ полоши услови од сегашните, па сепак по некое време се успеало.
Значи народе револуција, се додека не ни бидат остварени барем основните права!

The Smasher рече...

За писмото кон т-мобиле ...

Се разбира нај дипломатски не одговорија.

The Smasher рече...

Телекабел

Не сум сигурен, ама незнам дали ќе се измајмунируваат Телекабел окулу нивните интернет понуди затоа што договорите за интернет им се на еден месец, па нема да им се исплатува ако се измајмунираат затоа што веќе наредниот месец ќе изгубат корисници, а не по една или две години.
Сепак одлучете си сами што е најдобро затоа што Македонија и се е можно!

The Smasher Admin @ www.makedonijait.co.nr

bezvrska рече...

ни требаат повеќе smashers, под итно :)
ако бродбенд се воведе како универзална услуга, трошокот (делумно) ќе треба да го покријат МТ но сепак ќе требаат доста пари. Ако направиш пресметка може да испадне попаметно да се изгради нова државна инфраструктура до краен корисник (можеби заснована на WiMAX), што би се рентала на било кој заинтересиран провајдер. Може не...

Неколку исправки до notquitealekdavainfozanoviprovajder:
1. Цената за нонет е 1300.
2. МТ пред некој месец воведе пониски цени за пакетите со сопствена опрема, а од намалувањето ги изостави старите корисници.
3. МТ почна да ограничува во 2005. Пеналите ги укинаа само за дел од оние кои ги откажаа договорите.
4. Не сум чул другпат дека МТ намалувале претплата поради проблеми. Највисоко ниво на професионалност и поддршка?! Come again?
5. Не е само до линкот, Телекабел имаат и супер мрежа.

Инаку, фино резиме.

daywalker, мислам дека се спрема такво нешто... по Нова Година.

Текстот од светлана блажевска за контрола на профитот на МТ е нереално оптимистички. Изготвената методологија „од АЕК“ т.е. од EAR и „експертите од UK“ оди во прилог на МТ. Додека почне да се применува ќе помине...некое време, па нема да се изненадам да заклучиме дека целта е одолговлекување и фингирање независност.