13 декември, 2006

Атила е следен?

Едвај десетина дена откако на главниот на Дојче телеком му удрија клоца, сега „поднел оставка“ и главниот на Маџар Телеком. Дaли ова значи дека и на Атила му дошол крај? Не дека новиот шупак што ќе дојде ќе направи нешто за Интернетот во Македонија. Изгледа Атила и Рубинчо ќе си одат во пакет ЕДНОСТАВНО ЗАЕДНО. (by anоnymous)


Цацко во улога на бизнисмен би рекол:
Непријавување на сите приходи и пумпање на трошоците е проверен рецепт за да платиш помалку данок на државата.
Е сега, кога ќе почнеш да лажеш - што ќе застануваш? У право си Цацко. Следни од кои треба да се забошоти некоја паричка се акционерите. Убав бизнис се телекомуникациите. Неограничени можности! Акционерите сигурно нема да те пријават на полиција - ќе кажеш колку данок се затаило. И да те открие некоја будала - што те боли кога си истурал шаком и капом и лево и десно. А богами и во центарот.

Малку подалеку... Елек Штрауб си отиде од челното место во Magyar Telekom со разгледувањето на нефиналните финасиски извештаи за 2005 година. Им- плицитно, на душа му се ставаат два договора вредни над 4 милиони евра, „склучени надвор од процедура и за кои не е добиена соодветна про- тиввредност“. Увиено до бесвест. Експлицитно, колегите не смеат ништо лошо да кажат против него. Фино лепо човекот ќе си се пeнзионира и ќе го троши „сработеното“. Business as usual.

Малку поблиску... Нешто побучни беа во разрешувањето на црно- горско-унгарскиот управен одбор на Телеком на Црна Гора, одговорен за двата спомнати договори (иако вкупно се дури 4 со вредност од 7,5 милиони евра) и неговото заменување со скоро целосно германска постава. Беа отпуштени и неколку фаци таму, кои „иницирале уништување податоци за да ја попречат истрагата“. Стока балканска. Елек сигурно срце го заболело кога чул што гадости му се правеле зад грб.

Ептен далеку... Пред еден месец отиде и славниот Каи Уве Рицке од челното место во Дојче Телеком, што на времето го држел татко му. 6% пад на приходот од бродбенд и фиксна телефонија е лош резултат за акционерите - гермаската влада и американската Blackstone Group. Уште полошо од тоа што му избувнал пожар дома, е што не знаел што се случува во Magyar Telekom, Телеком на Црна Гора...и на други забаталени, но високопрофитабилни места. Татко му не стигнал да му ги каже сите финти. И тој, кутриот, ќе си го троши „сработеното“.

Он д фејс оф д плејс... Скапи договори за мистериозни консултантски услуги? Хмм, имавме ние такво нешто? Интересно, во нашиот случај се крена само локална прашина.

4 коментари:

Анонимен рече...

Фала богу , ај нека си оди , не мозам да го гледам ми се гади !!

Анонимен рече...

А КАО БИ БИЛО ПОКРАЈ МАСОВНОТО Е-МЕИЛУВАЊЕ ЗА ОМО ИНИНДЕН ПИРИН , ИСТОТО ДА СЕ НАПРАВИ И СО ГЕРМАНСКАТА ЦЕНТРАЛА НА ДОЈЦХЕ ТЕЛЕКОМ И ДА СЕ ИЗВЕСТАТ ЗА ПЉАЧКАТА НА СЕДУМ И ПОВЕЌЕ МИЛИОНИ ЕВРА СЕКОЈА ГОДИНА КАКО ,консултантски услуги„????

bezvrska рече...

Добра идеја. Се разбира, можно е и германската централа да знаела за овие „услуги“, кои, нели, ја намалувале дивидендата и данокот кои се плаќале на државата МК. Интересно е што оваа тема престана да се појавува по нашите медиуми откатко хуните кажаа дека за „услугите“ ќе најмувале и локални „експерти“.

Анонимен рече...

ATILA
http://www.powermedias.com.mk
/photo/data/media/4/atila.swf