14 декември, 2006

BUG: АДСЛ во земјите на екс-ЈУ

Kada s nekim prestanemo živjeti u zajednici...neka prokleta simbioza znatiželje i (ne)sportskog duha tjera nas da saznamo kako im je danas i koliko smo bolji od njih. Istražili smo stoga kako u usporedbi s državama bivše SFRJ stojimo u jednoj od najprestižnijih natjecateljskih disciplina – cijenama ADSL-a
Od Vardara pa do Triglava

Кога би можеле да избираме држава од бившата СФРЈ во која би било најубаво да се живее кога најважна работа во животот би ни бил квалитетот, можноста за избор и цената за пристап на интернет преку АДСЛ - без никакво двоумење би се одлучиле за Словенија. Веднаш зад неа би дошла Хрватска, а зад неа Србија, додека Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија би пробале да ги избегнеме по секоја цена.
СЛОВЕНИЈА - ВИСТИНСКА ЕВРОПА

8 АДСЛ провајдери задоволуваат 200 000 среќни корисници:
Единствен начин на наплата на остварениот сообраќај преку АДСЛ, кој го познаваат Словенците, е флет рејт... Интересно е дека скоро сите про- вајдери заедно со АДСЛ-от истовремено нудат и можност за кабелски приклучок, понекогаш и во соработка со кабелските оператори.
Скоро сите понудувачи на АДСЛ им нудат на своите корисници и ВоИП телефонија, по значително пониски цени од вообичаените за фиксната те- лефонија. Во Словенија веќе постојат и 3 ИСП-а кои нудат IPTV. Еден од нив, Т-2, има сопствена инфраструктура и:
... веќе година дена буквално го бомбардира словенечкиот пазар на бродбенд со „дампинг“ цени и широк спектар на брзини на АДСЛ прик- лучоци... дури и до 40 мегабити во даунлинк.
Се работи за VDSL...За 940 денари месечно се добива брзина од 1024/256 Kb/s, а за 2010 денари брзина од 10/1 Mb/s. Развиваат и FTTH мрежа (оптика до краен корисник) со максимална брзина од 1/1 гигабит.

Телеком на Словенија, сопственик на no.net, намерно бавно ги реализира ба- рањата на другите ИСП за разврзан пристап кон локалната јамка.

ХРВАТСКА - МОЖЕ МНОГУ ПОДОБРО

Повторно 200 000 корисници. Шест фирми нудат АДСЛ, главно преку из- најмување на телефонските парици од T-HT, по цена која е незначително пониска од онаа на T-Com. T-Com нуди и IPTV, вклучително и 200 филмови по нарачка.

Според Bug, вистински конкуренти на T-Com, што ќе донесат пониски цени на пазарот, можат да бидат само оние кои ќе развијат своја мрежа. Такви ги има само два: Оптима телеком (мрежа само во одделни делови на Осјек) и Х-1 (во ЕДНА (!) зграда во Сплит :D) Од алтернативите:
Vipnet е единствен во Хрватска кој колку-толку успешно делува во овој правец, нудејќи пристап на интернет преку UMTS и HSDPA, како и преку Homebox-от на Водафон.... Вреди да се спомнат Vodatel... кој нуди непрактичен сателитски пристап и скоро нигде достапен triple play (телефон+нет+ТВ), операторите на кабелска ТВ чија што достапност е нешто поголема, но услугата често поспора од АДСЛ...како и малите ИСП-а кои делуваат локално преку WiMAX или Wi-Fi мрежи.
Многумина се надеваат на Метронет, фирма која ја изгради најголемата телекомуникациска мрежа независна од инфраструктурата на Т-HТ и со радост го чекаат денот кога и тој провајдер ќе ги понуди своите услуги на резиденцијалните, а не само на деловните корисници....
СРБИЈА - СОЛИДЕН НАПРЕДОК

Две години од воведувањето, веќе има 130 000 корисници на АДСЛ. Осум фирми нудат АДСЛ преку закупена инфраструктура од државниот Телеком, кој само пред два месеца почна да им конкурира и со сопствена малопродажна понуда на АДСЛ. До сега се концентрираше на осовременување на инфраструктурата.

Како и во Словенија, ваквата стратегија даде одлични резултати во развојот на бродбенд пристапот. Брзините не се многу високи, но цените се ниски. Нај- евтиниот почетен пакет од 256/64 Kb/s e 680 денари. Со 1140 денари месечно се добива флет со иста брзина.

БОСНА - СПОР РАЗВОЈ

Во секој ентитет на Босна постои посебен провајдер што нуди АДСЛ. Отсуството на меѓусебна конкуренција и различната регулатива што важи во секој ентитет резултира со само 6 500 корисници и високи цени - сепак пониски одошто во МК. Најтазе - 2 месеца - и најевтин АДСЛ има Телеком Српске, а покрај него и BH Telekom нуди флет пакети, иако по мнооогу посолени цени.

ЦРНА ГОРА - ДРУГА ВСЕЛЕНА

Тазе ребрендиран и инкриминиран, црногорскиот T-Com е единствен кој нуди АДСЛ. Во име на Германците, 5 000 корисници ги дере Magyar Telekom според мотото: Štitim bogate, a otimam sirotinji! На тоа би се свел коментарот за црногорската понуда:
Ете, гледате дека Дојче Телеком кон нас Хрватите е, всушност, милостив! Како Суперхик од култниот стрип, ми се чини, на колку посиромашен клиент ќе наиде, толку повеќе ќе му земе, па да не се изненадиме ако ДТ најави скорешно отворање на филијала и во Сиера Леоне.
Високите цени во Црна Гора пробуваат да ги оправдаат со големиот број на земји низ кои поминуваат линковите, а на кои мора да им се плати услуга за изнајмување на пропусност, како и големите инвестиции кои обезбедуваат висок квалитет и покриеност (78% од претплатниците можат да добијат АДСЛ). Омразен поради изгор цените и сумњивите трансакции, Т-Com реши да обезбеди бесплатен АДСЛ за сите средни и основни школи, за период од 5 години. Грижа на совест или страв од нов проект УСАИД connects?

МАКЕДОНИЈА - ОТСУСТВО НА КОНКУРЕНЦИЈА

Македонија е слична на Црна Гора по тоа што АДСЛ нуди само една фирма, по луди цени и без флет пакет.
Во областа на телекомуникациите, Македонците стојат најлошо во делот на пристапот на интернет преку АДСЛ, а причината за тоа е што го нуди само една фирма. Законот во МК овозможува секој ИСП да понуди АДСЛ услуга, но... понудената провизија што од Македонски телекомуникации би ја добила секоја фирма која би ја нудела таа услуга е толку ниска што давањето на АДСЛ услуга ЕДНОСТАВНО на никого не му се исплатува.

Македонскиот Телеком...прв пат понуди АДСЛ на своите корисници пред три години и до сега привлече само околу 20 000 корисници. Причината за тоа се високите цени...
Благодарност до maelstrоm што пак ме спои со BUG. Сите цени се со ДДВ - закон си е закон :)

42 коментари:

pijan рече...

ajde ke ne iznenadat nesto za nova godina sigurno... barem skalesto namaluvanje na brzinata neka dadat. nekoj spomna limit od 10GB. da ne ima nekoj informacija koga da ocekuvame vakvo nesto? Cel mesec epten stedam i dosega imam 3GB. Ne znam sto da pravam za da ne go preminam limitot. treba sekoj vtor den da postam. si ja kazav makata... aj pozdrav

Анонимен рече...

a, be, DOSTA VEKJE SO TOJ LIMIT!!!!!
NI TREBA FLATERATE, KAKVI 10 GIGA????

Анонимен рече...

eve 30dek. zavrsuva dogovorot i mi se javija vcera uste taa da mi go ispusese pa zosto da go prekines gluposti treskase..Deneska pak se javi ja i ima popusti i vika vaka:
1. Ako sakas da ostane kaj tebe opremata ke imas popust 160denari.
2.Ako sakas da plakas po istata cena 1790 ke imas 1gb+ znaci 5gb i vikam ne fala veke se pretplativ na On.net 1300denari 10gb...ona vika moze i nie ke imame takvi mogucnosti .I vikam koga ke imate ke se pretplatam
kaj vas...Tolku od mene...I na kraj oni zavisat od nas a ne nie od niv....

Анонимен рече...

Supre si im rekol ! Samo taka , neka vidat kako ke im bide zacrneta nivnata glupava ponuda od 4 gb

Анонимен рече...

Хе Хе

Море ќе молат за корисници, ете тоа ќе биде, незнам кој будала ќе остане кај нив корисник со такви услови.

Има барем 2-3 конкурентски понуди кои се подобри од нив.

А пак кога ќе почне конкуренцијава со телефонија и оп интерент корисницве се префрлаат на нивните интернет провајдери за телефонија, е тогаш ќе зажалаат во МТ што воопшто му текнало да стават лимит Ноември 2005.

Анонимен рече...

Дневик денеска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C1C90011D17BD4D97617AF1BB5B7BC7

ова е интеренсно


- Нема да имаме пардон за злоупотребата на монополската положба од кој било субјект. Ќе се преземат сите мерки против тие што го повредуваат Законот за конкуренција. Ги повикуваме граѓаните активно да учествуваат и да ги пријавуваат сите случаи во кои сметаат дека со монополско однесување им се прекршени потрошувачките права - вели Кралевски.

Само дајте некој контак или еамил

bezvrska рече...

voila

Комисија за заштита на конкуренцијата

Никола Вапцаров 7
1000 Скопје
Република Македонија

телефон: ++389 2 3298 666
факс: ++389 2 3296 466

e-mail: kzk@kzk.gov.mk

Знаев дека пред Нова Година, комисијата ќе се јави пак...као да му ги стресе гаќите на сендреј...со прекршочна. wow! you go girl!

Gorco рече...

Само дајте некој контак или еамил

http://www.kzk.gov.mk/mak/aboutus_Contact.asp

----

Од истата вест:

Комисијата покрена прекршочна пријава до Основниот суд Скопје 1 против „Македонски телекомуникации“ и директорот Атила Сендреи за непочитување на решението за забрана за наплата на манипулативниот трошок во телефонските сметки. Забраната на телекомот му беше изречена во мај, но компанијата наместо да престане да ја наплаќа давачката од два отсто од висината на сметката, продолжи со наплата на фиксни 25 денари за граѓаните и 50 денари за фирмите.

Анонимен рече...

Освојте бесплатен MaxADSL Max! - II kolo

MaxADSL и ИДИВИДИ минатата недела Ви ја претставија наградна игра „Брзиот Макс“. Овој пат го објавуваме добитникот на наградата.

коло
корисничко име
град
добитник

I
King
Штип
Давчев Душко


„King“ успеа за најкратко можно време да ги достави датотеките во текот на I-то коло и освој MaxADSL пакет.

Не ја пропуштајте можноста, станете и Вие добитник на MaxADSL пакет со платен месечен надоместок за 6 месеци. Задачата е едноставна бидете најбрзиот играч, обидете се за најкратко време да доставите 30 датотеки, и станете победник и добитник на наградата за II коло - MaxADSL пакет.


http://games.mt.net.mk/brziotmaks/

Анонимен рече...

А ИМАТЕ ЛИ ВИЕ МОРОНИ ВО МТШИТ НАГРАДНА ИГРА СО НАГРАДА - ОТКАЖУВАЊЕ АДСЛ БЕЗ ПЛАЌАЊЕ ПЕНАЛИ?????

АКО ИМАТЕ, ОВДЕ ИМА ИЛЈАДНИЦИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ!

АЈ, ГИТЛА ОДОВДЕ!

Анонимен рече...

Јас им пратив е-меил на Комисија за заштита (спречување???) на конкуренцијата и барав најстрога каза за телеком и атила лично за незаконскта пљачка на 3,5 милиони евра секоја година под име манипулативни трошоци. Ова е само мал дел од вкупната пљачка но ако имаме правна држава би требало да се казнат 17 милиони евра. Пишете им и вие , нека има што повеќе , да не врдаат веке ова име е трети четври пак као претат и потоа ништо.




kzk@kzk.gov.mk

The Smasher рече...

Јас како што знам Мт се ориентирани кон собирање профит од ситни и неквалитетни ускуги. Тие не се ориентирани кон поголемите корисници, па затоа поголемо зголемување на трансфер скоро не очекувајте.

Патемм, од кашава не вади закон за интернет, спроведен по мирен или револуционерен пат.

Анонимен рече...

Од кашава не вади само поголема конкуренција. И се надевам дека ќе се направи на тој план нешто.

Анонимен рече...

Eve gledam vo Bitola kablovska Mobi dava neogranicen limit so 2048/512 za 3000 den. mesecno. Ajde konkurencija e potrebna.

The Smasher рече...

Бесплатен интернет е всушност неподнослива конкуренција за ИСП-ата и нивните монополи, затоа тие сакаат бесплатниот интернет да не се оствари.

Анонимен рече...

Во Србија имало ADSL со 200 MB трансфер со брзина од 256/64 kb/s за 680 денари и ова требало да е добро!?

Македонскиот ADSL е далеку од совршен, ама барем имаш 512 MB трансфер со брзина од 512/128 kb/s за 825 денари (со ДДВ).

Ако малку размислиш, македонскиот е сепак подабар: за слична цена по сообраќај, добиваш двојно поголема брзина. Очигледно е.

Анонимен рече...

sto pise ovoj

The Smasher рече...

" Во Србија имало ADSL со 200 MB трансфер со брзина од 256/64 kb/s за 680 денари и ова требало да е добро!?

Македонскиот ADSL е далеку од совршен, ама барем имаш 512 MB трансфер со брзина од 512/128 kb/s за 825 денари (со ДДВ).

Ако малку размислиш, македонскиот е сепак подабар: за слична цена по сообраќај, добиваш двојно поголема брзина. Очигледно е.

9:55 AM, декември 21, 2006 "

Go cenam tvoeto, kako i sechie mislenje, ama ...

Aj presmetaj se shto zboruvash.

Za taa cena i brzina bi trebalo da ima najmalku flatrate transfer.

daywalker рече...

„Во Србија имало ADSL со 200 MB трансфер со брзина од 256/64 kb/s за 680 денари и ова требало да е добро!?

Македонскиот ADSL е далеку од совршен, ама барем имаш 512 MB трансфер со брзина од 512/128 kb/s за 825 денари (со ДДВ).

Ако малку размислиш, македонскиот е сепак подабар: за слична цена по сообраќај, добиваш двојно поголема брзина. Очигледно е.“

ХА ХА ХА

Пациенту... Не ме терај да ти дадам барем 10 линка до српските провајдери кои нудат флејтрејт АДСЛ за речиси половина цена од расипаниот и осакатениот мтшитерски АДСЛ. Очигледно е дека си дел од мтшитерските маркетинг глупаци кои знаат да се служат само со лаги и измами.

А сакаш линкови до бугаските ИСП-а, а? Не ја чачкај мечката по...

The Smasher рече...

" Anonymous said...

Во Србија имало ADSL со 200 MB трансфер со брзина од 256/64 kb/s за 680 денари и ова требало да е добро!?

Македонскиот ADSL е далеку од совршен, ама барем имаш 512 MB трансфер со брзина од 512/128 kb/s за 825 денари (со ДДВ).

Ако малку размислиш, македонскиот е сепак подабар: за слична цена по сообраќај, добиваш двојно поголема брзина. Очигледно е.

9:55 AM, декември 21, 2006"


Ova pratile nekoj shpiun od MT sto posto, da go zagaduva blogov, i da se obide da gi zbuni i izlazhe neinformiranite. Toa deka e "ocigledno deka bile najdobri glupavite ponudi na mt shit" se chisti dezinformacii. Narode ne se lazhete!

Анонимен рече...

abe epten vishe, se potepaa,nemaat popametna rabota mt net pa ke ubacuvaat "shpiuni" vo nekoja si tamu vekje-raskarana-megju-sebe-grupa-od-10tina-dushi-shto-pravi-copy-paste-na-tugji-ponudi-i-samo-kuka-vo-vrska-so-toa-vekje-godina-dena-na-blog"
Shto ke vi/ni se mt-net, ionaka sami megu sebe si iskopavme ochi.

будала рече...

Е како не сум некој парајлија па на цел град да му обебедам free интернет.

Онака чисто да ми олесни на душава.

Закупам еден линк од косово и за инает на МТШит, НоНет и слични лопови да почнам да делам беспалтен интернет.

Па после обезбедиш преку skype беспалтни разговори, беспалтни разговори во странста итн, итн, итн.

Е на колку македноски шпиунчиња и полтрончиња има да им се стемни.

Ах пусти соништа.

bezvrska рече...

:D „Очигледен“, welcome back, почна да ми недостасуваш. Ти си како бензинска пумпа за блогов :) Како што стои во текстот, станува збор за најевтиниот пакет, и тоа без договор. За 800 денари со ДДВ, пак, Србија ти нуди 1 гига трансфер (дупло) со истата брзина и договор на 12 месеци (упола).

А кои тоа се скаралe и си ископале очи??? И пак ќе прашам, ако се декларираш како љубител на „транспарентноста“, зошто се фолираш со латиницата?

The Smasher рече...

Патем ...
www.borgnet.co.nr

jovan рече...

dali nekoj znae so e ovaa ponnudata na mt deka nesto ako slucis dogovor davale kompjuter besplatno, ama da se pretplatis 2 godini.

Анонимен рече...

mozno e da davaat stavrno kompjuter besplatono 286

?????????????????/

mkdev рече...

Одлично е www.borgnet.co.nr

само напред Smasher

Анонимен рече...

Да ќе даваат компјутери со АДСЛ и добра работа е тоа. Спрема тоа што го разбрав бил компјутер од 300 еур.

Но, тоа значи дека МТ ќе оди на нови корисници, а постоечките ќе ги заборави.

daywalker рече...

Хм... Тоа што давале компјутер, го слушнав и јас. Пентиум 4 од Риверсофт... Мене тоа ме потсетува на приказната за Данајците... А,бе, да даваат и Мекинтош со лиценциран софтвер за што и да посакаш, па и веш машина, ДВД, ТВ, машина за саадови, правосмукалка од Цептер, куќна помошничка платена за 2 години однапред сосе стан од 150 м2 со платена кирија за 5 години во Градски Ѕид, па и швалерка на неопределено (со платено такси и пијачки по кафичите), не би ме заебале пак со тоа АДСЛ-от!!!

Анонимен рече...

Компјутерот го давале бесплатно да го помиришеш пет минути, а потоа ќе потпишеш договр на две години дека секој месец ќе го мирисаш компјутерот во нивниот салон по 30 минути неделно и за тоа ќе плаќаш 80 евра месечно. Ако го прекинеш договорот .. пенали се разбира.
Среќна Нова Година , и пријатно мирисање компјутери, сонување за асолен Интернет.
Јас сонувам за денот кога овој блог веќе нема да има потреба да постои, а сите ќе имаат Интернет како водата дома.

The Smasher рече...

Ne sum videl shto davaat zatoa shto jas odamna prestanav da ja posetuvam stranicata na MTnet. Patem shto i da e rachunajte deka e prethodno smislena zamka za neinformirani korisnici! Zoshto bi nudele neshto ako nemaat korist od toa pogoleme od korisnikot (vo nashiov sluchaj imaat ogromna lopovska korist od narodot).

Vi teknuva li na:

Abe recheh ti ja razbirash, pentium razbirash, so dvokomponenten monitor, tries dva giga, i ram razbirash ... (Risto Razbirash) [samo mi asocirashe ova muabetov].

Patem da ne zaboravam da ve izvestam deka izleze i MKITv3 znachi www.makedonijait.co.nr strukturno ja nadgradiv.

мкдев рече...

А како тоа да даваат Pc, ке добијат корисници , но што кар ке имаат они од тоа ?

300 евра. Компјутер , се 18.000 тоа се десет месеци преплата , другите 14 ???

Или да не е за Бизнис корисници

daywalker рече...

Јас би рекол дека се работи за перење пари.

Анонимен рече...

Мислам дека МТ оди на финтите од МобиМак, давање телефони ефтино или без пари, ви текнува.

Инаку со АДСЛ Хит 699 + 300 денари компјутер е понудата на 2 години.

Значи компјутерот чини 24x300 ден. = 7200 денари + ДДВ = 8496 денари.
Компјутерот чини 18.500 денари значи телеком дава само 10.000 денари.

Со оглед дека добиваат сигурни корисници во Телефониј и интернет, во услови кога можеби ќе се демоноплизира пазарот, мислам дека немаат што да изгубат.

А башка рекламна кампања да го сменат својот зол изглед во јавноста, и башка што се приклучуваат на кампањата на Владата за бесплатни компјутери, па можи и ќе му се продолжи монополот.

Анонимен рече...

Дали има некој ограничени до 4 гб од мтшит ???

Анонимен рече...

Јас од 3ти сум ограничен.

Ама уште малце. уште 2 месеци. Папа МтНет. Отидов кај каблеџијата.
И нова кола да даваат. НИКАД ВИШЕ МТ НЕТ.

Анонимен рече...

od kajgana
http://forum.kajgana.com/showthread.php?p=603421#post603421


ekskluzivno

30 -31 dekemvri ..1-vi i 2-ri januari

BESPLATEN INTERNET

username:vladanarm

password:ostvaruvame

vazi za dial-up i adsl korisnici...

Анонимен рече...

I sto ako, mislat ke me kupat so toa sto ke mi dadat 3 dena besplaten internet?
E neeee

The Smasher рече...

Нека остварат целосно.

jovan рече...

kompjuter davale ama po dve godini da go vratis, ovie ne se salam

inaku za internetot od vladata, pa grujo neli ke davase bespari internet za site vo sekoe vreme ili???

Анонимен рече...

Bitolskiot kabelski operator MOBI ima ponuda od 2048/512 kbps neogranicen transfer za cena od 3000 den. mesecno.

Toa e dobra ponuda so ogled na ADSLot sto go koristam 2190 den. mesecno 4 giga download.

Sto mislite??

Анонимен рече...

Тоа е страва понуда како нема такво нешто во Прилеп.