31 декември, 2006

Платен dial-up

Брејкинг њуз овие денови е бесплатниот dial-up од вчера па до крајот на 2-ри јануари на бесплатниот телефон 055-200-200, со username: vladanarm и password: ostvaruvame.

„Интернетот“ Владата го купи од оннет. Изборот на „најдобар понудувач“ е направен како набавка од мал обем, што значи дека новогодишниот поклон не вреди ни 3000 евра. Овие буџетски пари ќе ги земе оннет, и после дел ќе ги префрли на МТ - како надомест за телефон. Братска делба, нема што :)

Со мала математика и со најниските цени за големопродажен dial-up со телeфонски трошок, испаѓа дека интернетов ќе може да го користат илјада луѓе дневно, по саат време. Со други зборови, ќе биде мнооогу кнап. Што знам, ваљда рачунаат дека од прежурканост, прејаденост и мамурлак најголем дел од луѓето ќе заборават да се конектираат.

Пошто домашниот есап ретко испаѓа точен на пазар, ми доаѓа едно прашање. Ако не успееш да се поврзеш, на кого ќе се јавиш за „техничка поддршка“? На МТ?
probav so username-ot sto go dadoa, no ne uspeav. se javiv vo mtnet i mi rekoa deka toa bilo dogovor megu onnet i vladata.
Следен чекор? Да се јавиш на оннет? Или на Владата? Или да напишеш претставка до народен правобранител? Секоја чест за потегот, ама уште не излегле со дологорочно решение.

50 коментари:

Dare Darko рече...

Zdravo. Jas sakam da prasam edno off-topic prasanje. Dali e mozno iako nemam skluceno dogovor so MtNet da se priklucam so modem da podesam se i da koristam drug akaunt(na primer, na nekoj drugar)? Znaci, dali mozam da korsitam ADSL ako ne sum sklucil dogovor so mtnet.
I ako moze, od kade bi mozelo da kupam dLINK modem bidejki mtnet ne prodavaat...glupaci

Blagoderam odnapred, so pocit druze zakon ti e blogov ja prikazuvas vistinskata situacija kaj nas
Pozdrav,
Darko

Анонимен рече...

Не, бидејки и од другата страна (во телеком и мутации) треба да има модем на линијата.
Д-линк модем имам ја 3 комада. Шиткам за 1000 МКД парче

Анонимен рече...

Od deneska nemozam da se konektiram, mi veli deka ne postoi takvo korisnicko ime .... onnet easy net si raboti normalno...

Анонимен рече...

Sega se e ok... hmmm, onnet pali-gasi

mkdev team рече...

Срекна нова година

Се надевам со побрз интернет и подобар квлатител па и поголем Bandwith !


www.mkdev.info

Spion666 рече...

Ај среќна. Туку колку што гледам, бројачот на АДСЛ не мери мегабајти денес :)

Анонимен рече...

da be 0 MB

Анонимен рече...

Не се секирај, коа ке почне ке ти ги изброи и тие небројаните.

bezvrska рече...

ај среќно... без бројачи, без прекини и со нормални цени.

длинк имаше во нико компјутери ама мислам дека им беа со солена цена, понудава од 1000 денари е фина. Провери и во анхоч, имаат евтини адсл модеми/рутери, ама не длинк.

Анонимен рече...

Д-линк има карши дуќанот на Нико кај Зоил (исто во зградата на Зоил ама наместо десно пред влезот, лево пред влезот е увозникот на Д-линк за МК). Името на фирмата не ми текнуе, ама воздушно е на 15 метра од влезот на продавницата на Нико. Таму стварно се најефтини.

Анонимен рече...

Sakam da si namestam kabelski internet a do istekot na adsl dogovorot imam uste 2 meseci, a nemozam veke da plakam zosto mi e epten skapo. Sakam da ne mu plakam smetki za adsl. Sto ke se sluci ako ne plakam smetki? Sigurno deka ke go isklucat, ali drugo sto bi mozelo? ima nekoj iskustvo dosega so ova?

Анонимен рече...

ako imas uste 2 meseci ako ne si napravil do sega imas pravo vo 2godisniot dogovor da pravis pauza 2 pati iskoristigo toa i aj prietno

Анонимен рече...

Сакав и јас така (со пауза), ама не може. „Морало“ да им се плати паушално 2.300 ден. за да се искористи такво нешто.

Бај д веј, и јас се разведувам за месец дена од шитерите. Има ли некој искуство со МОЛ кабелски? Или знае ли некој што се случува со Зора кабелската во Карпош 4? Нудат ли нешто?

Анонимен рече...

http://vecer.com.mk/?ItemID=EA853EE78AEF7F45A745446FD67BA884


Телеграбеж во Македонија!



Според истражувањето на хрватското специјализирано списание "Буг", само во Македонсија и Црна Гора нема конкуренција во давањето телекомуникациски интернет услуги преку АДСЛ, бидејќи монополот го држат "Македонски телекомуникации" и Телекомот на Црна Гора, каде доминантен сопственик и во двете компании е "Маѓар телеком", односно германскиот "Дојче телеком". Најлоша и најскапа услуга дава македонскиот Телеком!



Од бившите ЈУ републики, најевтина и најдобра интернет услуга АДСЛ има во Словенија. По нив следува Хрватска, а по неа Србија.
Во останатите држави - Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија се плаќа екстремно скап широкопојасен пристап на интернет - АДСЛ, споредено и со цените во Словенија и Хрватска, а и со квалитетот на услугата. Особено, ако се споредува според реалните трошоци за услуга и бруто-домашниот производ по жител и просечната нето-плата.
Според истражувањето на хрватското списание "Буг", на македонскиот и црногорскиот пазар има недостаток на конкуренција во давањето услуги преку АДСЛ, бидејќи монополот го држат "Македонски телекомуникации" и Телекомот на Црна Гора. И во двете држави има монопол од иста монополска компанија - доминантен сопственик е "Маѓар телеком", односно германскиот "Дојче телеком". - Македонците најлошо стојат во сегментот на пристапот на интернет преку АДСЛ, а причината за тоа е што го нуди само една компанија "Македонски телекомуникации", која наскоро ќе се вика "Т-ком Македонија". Според некои проценки, помалку од 20 проценти од Македонците користат и интернет. Интересно е што македонскиот пазар на некој начин е сличен со хрватскиот, но иако сличен заостанува зад него неколку години - стои во анализата на "Буг".
Иако Законот во Македонија овозможува секој интернет провајдер да понуди АДСЛ услуга, според "Буг", цените за интерконекција што ги нуди македонскиот Телеком се такви што креирањето на АДСЛ услугите од трети компании, едноставно, никому не му се исплаќа.
- Поради тоа, конкурентните компании во Македонија се одлучиле за алтернативна технологија во давањето на широкопојасен интернет, а најдалеку во тоа е отиден "Он нет" (во 70-процентна сопственост е на словенечкиот Телеком), кој како платформа го одбра Њи-Фи. Останатите субјекти кои активно даваат пристап до интернет се локални мали фирми, неколку кабловски оператори и двата постојни мобилни оператори што нудат интернет преку ГПРС - пишуваат во "Буг".
Македонскиот Телеком кој многу брзо треба да се ребрендира во "Т-ком Македонија", првпат понуди АДСЛ на своите корисници пред три години и до сега има околу 20.000 корисници. Причина за малиот број корисници, според истражувањето на "Буг", се високите цени, но и големата популарност на Њи-Фи. Во Скопје повеќе од 60 проценти од корисниците користат широкопојасен пристап (АДСЛ или Њи-Фи), додека во другите делови од земјата населението претежно користи диал-уп или кабелски интернет.
- Македонскиот телеком не нуди флат рате пакети за своите корисници на АДСЛ, туку исклучиво пакети со ограничен пренос на податоци, на различни брзини и со различна трајност на договорите, а тоа зависи и од цената на услугата. Најевтино е да се земе линк со брзина 512/128 килобити во секунда и со половина гигабајт промет и да се потпише договор на две години, со тоа што месечната претплата изнесува околу 850 денари. Без договор, истата работа Македонците секој месец ја плаќаат по 1.450 денари.
Македонски Телеком повеќе од две години има монопол надвор од законот. Имено, Владата не ја спроведува законската обврска да воведе втор фиксен оператор и да создаде конкуренција, овозможувајќи му така на Телеком да има незаконска заработка. За ова дело се уште никој не одговарал, иако со неспроведување на законот на Телеком му е овозможена добивка од најмалку 25 милиони евра!

Македонецот плаќа скап АДСЛ
Бидејќи тарифите за пристап на интернет преку АДСЛ во државите од поранешна СФРЈ се формирани преку различни пакети на услуги, кога се споредуваат цените се доаѓа до податок дека за услуга во Словенија, која спаѓа во најширокопојасно користење, АДСЛ за интерент се плаќа помалку, отколку за најскромната опција во Македонија. Постојат, на пример, понуди што нудат исклучиво флат рате пристап, или плати и користи колку сакаш. Кај нас такво нешто нема, туку услугата е ограничена.
Словенечкиот пазар уверливо е најнапреден по прашањето на понудата на услуги поврзана со АДСЛ. Во оваа држава, која има 1.964.036 жители што е двојно помалку од Хрватска, бројот на АДСЛ приклучоци е еднаков како и во Хрватска - 200.000. Во Словенија со бруто-домашен производ (БДП) по жител од 13.803 евра и просечна нето-плата од околу 47.600 денари, има дури 14 интернет провајдери од кои осум нудат АДСЛ. Во Македониај има само еден. Телеком.
Во Србија со околу 8 милиони жители, и со просечна плата од околу 19.000 денари, која на пазарот на широкопојасен интернет се вклучи многу подоцна од Хрватска, моментно цените за пристап преку АДСЛ се поголеми од Хрватска, но помали од Македонија. Пред неполни две години АДСЛ во Србија воопшто и не постоеше, додека денеска 130.000 семејства ја користат оваа интернет технологија.
Во БиХ со околу четири милиони жители (БДП од 1.907 евра и просечна плата од 18.000 денари) веќе две години откако се нуди АДСЛ во оваа држава реализирани се само 6.500 приклучоци.
Во Црна Гора, "Т-ком" веќе 1,5 година нуди интернет пристап преку АДСЛ и досега има 5.000 корисници. Цените споредени со куповната моќ во земјата се многу високи. Најевтинот Т-ком пакет со брзина 512/128 килобити во секунда чини 2.150 денари. Црна Гора има 620.145 жители, и БДП од 2.638 евра и просечна плата по жител од 15.400 денари.
Гледано низ призмата на бројките, Македонија стои најлошо. Има најсиромашна држава во споредба со сите други екс ЈУ Републики, има најмала плата, и најскапа АДСЛ интернет услуга. Македонија има 2.022.547 жители, и најнизок БДП од 1,652 евра. Просечната нето-плата на Македонецот изнесува само 13.500 денари. Она што во Србија чини 4.000 денари, соодветна АДСЛ услуга кај македонскиот Телеком е околу 6.000 денари.
Нема посебен коментар. Телекражба.

Светлана БЛАЖЕВСКА

Анонимен рече...

Inerneto ne e skap, uslugata sto ja nudat e mnogu skapa


512 flat za tie pari ne e sakapo ama toa e

The Smasher рече...

Борба за информатичката технологија

Македонски народе дојде Новата 2007, подобри ИТ услови во главно сеуште нема, што значи Дедо Мраз не донел ништо за Нас. Народе паметот во глава, сами работите нема да ни паднат од небо (може само саксија на глава да му падне на човек, или некоја жардињера), значи нема да има подобра иднина ако Ние не се избориме за неа. Правилата се исти иако годината е нова - борбата мора да продолжи. Нема запирање се додека не се подобрат условите за живот - се додека таа подобра индина не се оствари. Свет без граници достапен за секого, подеднаков за секого.

Патем одредени политичари ветуваа интернет и ИТ развиток, ајде ако ништо друго да се организираме и да направиме една јавна дебата на некоја од телевизииве, да ги поканиме политичарите и да ги запрашаме до каде се со остварувањето на тоа што го ветуваат, да покажеме пред македонија дека сепак постоиме и се бориме за подобар ИТ развиток во неа, да покажеме пред целиов народ дека има револуционери и дека тие не стагнираат, да организиреме кампањи за освестување на народов - да свати дека информациите се негово право. Што велите?

Ја користам оваа прилика да им ги честитам сите празници што се слават во овој период од годината.

The Smasher, Admin @ www.makedonijait.co.nr

daywalker рече...

Новост од Зора кабелска ТВ!!!

Почнаа со нудење на 3 „триплеплеј„ пакети.

Сите пакети имаат 62 канали ТВ,
интернет 512/128 и VoIP телефонија!

Пакетите се разликуваат само по интернет...

1. За трансфер 700 мб - 1450 ден.
2. За трансфер 3 гига - 1950 ден.
3. НЕОГРАНИЧЕН ТРАНСФЕР - 2450 ден.

Е, па, ЗБОГУМ АДСЛ!!!

Уште месец дена и го фрлам АДСЛ модемот низ прозор!!!!

mkdev рече...

3. НЕОГРАНИЧЕН ТРАНСФЕР - 2450 ден.

pa ne e tolku sakpo za flat ako stvarno e flat

daywalker рече...

Да, ама имаш и плус кабловска ТВ и претплата на VoIP со 100 бесплатни минути секој месец, а со најава дека наскоро сите што ѓе бидат на истиот оператор во Македонија ќе разговараат бесплатно и без ограничување.

Сега мтшит со „т.н. неверојатно брз, ама кус и изгор интернет„ и он-њет со т.н. „интернет со одвртени славини (каков моронлук), па по последната капка во месецот - цркни од жед“, можат да се покријат со уши, да ќутат и да се носат во ...

Мислам дека сега, со Телекабел и Зора, цело Скопје е покриено со флат интернет.

ЗБОГУМ МТ-ШИИИИТ!

Анонимен рече...

daywalker said...

Да, ама имаш и плус кабловска ТВ и претплата на VoIP со 100 бесплатни минути секој месец, а со најава дека наскоро сите што ѓе бидат на истиот оператор во Македонија ќе разговараат бесплатно и без ограничување.

===================================
неинформираноста е твоја јака страна... очигледно... :)

daywalker рече...

Немој уште еден збор да сум слушнал од тебе, анони-мтшит-онњет шпион или менаџер, што и да си.

http://img301.imageshack.us/img301/5725/img1108go9.jpg

Анонимен рече...

Na Zora sum i mozam da potvrdam deka, za zal, neogranicen transfer NEMA.
Po 7 GB transfer brzinata paga <64(istoto ke ti go kazat i vo Zora) i posle namaluvanjeto duri i dialup-ot na mt-shit izgleda kako broadband vo odnos na taa konekcija...za zal...

daywalker рече...

Проклетсво...

Значи, уште еден во морето на безобразно-дрски манипулаторски рекламирања... Па после се чудат зошто луѓето масовно емигрираат од државава... Изгледа, нема друго чаре, собирање партали и што подалеку одовде.

Анонимен рече...

1. На Р-Еволуција нема корисници од ТелеКабел. Констатација, немаат проблеми,нема педерски договори, нема ситни словца и си тераат супер па зошто би биле револуционери. Корисниците од таму се реклама по себе бидејки си се задоволни од тоа што го добиваат.

2. Телеком го остварил зацртаното во однос на 2006. Продал околу 8000 АДСЛ пакети од сите типови. Е*ати зацртувачот. 8000 Циркус. На 700.000 фиксни претпланици. Нека удри по дигитронот однос претплатници кабловски / претплатници АДСЛ и ке му стане јасно дал му е добар планот.

3. Комплетчето АДСЛ со компјутерче (оноа 1000 месечно) им се продава ко алва. 50-60 комада на ден. Прост народ силен Телеком. Сироти и прости луге, нема кој да им објасни во каква каша влегуваат. Дур има мисирки ке има и подварок.

4. Внимание со новите телефонски линии (оној кој мора да стави фикесен телефон).
Талентите од Македонски Телиња и Мутации, ти вклучуваат еден куп бесплатни опции за првите 2 месеци. Коа ке дојде 3тиот месец у сметка ти ги тураат, и ти дур се свстиш да ги исклучиш (нормално тоа мора да го напраиш у најблискиот салон а не по телефон)они ти ќариле 200-300 денари. Ако не се свестиш ондак ти ги тепаат тие и у наредните сметки. Информирајте ги за овој педерлук своите познаници и пријатели.
4. Доколку не користите телефон, а морате да имате линија, бапнете се у пензионерска тарифа (200 МКД месечно претплата)

ПС Ја имам уште 4 месеца. Никад више годишни договори со никого, а најмалку со Телеком. Море со телеком никакви.

Анонимен рече...

================================

4. Внимание со новите телефонски линии (оној кој мора да стави фикесен телефон).
Талентите од Македонски Телиња и Мутации, ти вклучуваат еден куп бесплатни опции за првите 2 месеци. Коа ке дојде 3тиот месец у сметка ти ги тураат, и ти дур се свстиш да ги исклучиш (нормално тоа мора да го напраиш у најблискиот салон а не по телефон)они ти ќариле 200-300 денари. Ако не се свестиш ондак ти ги тепаат тие и у наредните сметки. Информирајте ги за овој педерлук своите познаници и пријатели.

================================

Тоа им се случи на моите на телефонска линија што со децении била во нивна сопственост. Во септември без никаква најава/барање/контакт им вклучиле некаква глупост за проверка на voice mail (телефонска секретарка) што кошта околу 40 денари месечно.

Проверувајте си ги телефонските сметки! (Ако успеете да се снајдете)

Анонимен рече...

a sto se odnesuva do voip uslugata na Zora, pa koj normalen bi plakal dopolnitelni 600 den. mesecno.(2450den.=1500 internet+350 tv+600 voip) za 100 besplatni min.kon odredeni zemji vo svetot, bez moznost za lokalni razgovori, koga na voipstunt.com,voipbuster itn. za tie 600 den. ke dobies 4 meseci x 1200 min. mesecno, besplatni razgovori kon eden kup zemji vo Evropa, Azija i Amerika i mnogu niski ceni po min.za onie zemji so koi razgovorite ne se besplatni,a kvalitetot na uslugata e super.
Zora saka samo da si zaraboti od neinformiranosta na korisnicite.

Анонимен рече...

daywalker said...
Немој уште еден збор да сум слушнал од тебе, анони-мтшит-онњет шпион или менаџер, што и да си.

http://img301.imageshack.us/img301/5725/img1108go9.jpg

5:30 PM, јануари 11, 2007


Anonymous said...
Na Zora sum i mozam da potvrdam deka, za zal, neogranicen transfer NEMA.
Po 7 GB transfer brzinata paga <64(istoto ke ti go kazat i vo Zora) i posle namaluvanjeto duri i dialup-ot na mt-shit izgleda kako broadband vo odnos na taa konekcija...za zal...

7:23 PM, јануари 11, 2007


daywalker said...
Проклетсво...

Значи, уште еден во морето на безобразно-дрски манипулаторски рекламирања... Па после се чудат зошто луѓето масовно емигрираат од државава... Изгледа, нема друго чаре, собирање партали и што подалеку одовде.

2:42 AM, јануари 12, 2007


================================
хахаха... задоволство ми е да ти ги читам бисериве... само така... само напред! :)

daywalker рече...

Бисери?

Мислиш дека само поради интернетот треба да се фаќа штрафта одовде?

Ех...

The Smasher рече...

Dali znaete dali ima nekoja podobra internet ponuda na teritorijata na Madzari.
Da vi napomenam deka telekabel tuka pokrivaat samo so kabelska no NE so internet. nonet mislam deka pokrivaat samo so toa nikakviot wadsl, a za mt ne pravam muabet. Chare?

Анонимен рече...

причекај малку и притисни ги телекабел, ако се вака добри сигурно брзо ке се шират. Не се идеални но пристапот и договор не се педерски. Дури во договоорот пишува дека ако во неокој месец не направиш повеќе од 10 МБ , нема да платиш ни претплата. Од ова пофер за сега не може да се очекува.

The Smasher рече...

Сакаш да се поврзеш? - Е, нема!

Колку да ви ја кажам мојава приказна.

Сакав да се поврзам преку телекабел на интернет ама сеуште не користев кабелска на телекабел. Нормално како секој нормален човек најпрво сакав да се информирам уште од првите гласини за поевтин неограничен интернет па до пред некое време им испратив неколку маил-ови на телекабел со прашања за цените покриеноста и услугите. Одговор не добив, без разлика што бев трпелив неколку месеци. На крај решив што е сигурно е сигурно и ги барав на телефон ама од некои чудни причини „телефонскиот вод се сервисирал“ (немој бе - МТ демек немаат што да прават па само сервисираат водови). Значи пак не добив одговор на моите прашања. Си реков епа ако сакаш епа интернет епа Македонче епа оди во епа Бисер инаку епа чорба епа Македонче. И така појдов во Бисер и демек на старото место ги барам тие се префрлиле на друго место и тука ги нема. Си велам добро ајде и така се шетав до тука за некој метар не ситничарам, па појдов дирекно во главниот штаб на телекабел. Си влегувам и читам натписи патокази на кој кат е и откога се нашетав во зградата конечно ги најдов. Влегов и ме пречека еден искривен тесен ходник, завртив по скалите и се качив горе конечно мојата финална дестинација - телекабел. Гледам празен главен шалтер ме пречекува, на бирото само тастатура без монитор и маус. Чекам така некое време да видам дали некој што е задолжен за корисниците ќе ме примети и ќе ме насочи накаде да продолжам - нема никој си се шета една женска лево десно и тоа е тоа. Видов не видов, влегов кај што приметив дека има некои вработени - во една од канцелариите. Внатре вработените имаа многу напорна и работна атмосфера - отварање страници, download-ирање содржини, допишување на MSN, сурфање, гледање филмови, што да ви кажам. Конечно ме праша што сакам една од вработените, Јас ја прашав дали има интернет поставено во моето место на живеење, таа ми рече дека кабелска има ама интернет НЕ. Јас и реков добро а дали планирате да поставувате и интернет - да ја прошират мрежата. Таа ми рече НЕ.

Не велам ништо повеќе само се запрашувам дали големата и сериозна компанија можеше да ми ги каже овие две НЕ уште пред цели 6 месеци кога истото тоа ги запрашав по mail?

Криво ми е само поради изгубеното време.

Брзина

Од сигурни извори (со свои очи видов и Јас лично симнував и мерев) брзините на телекабел се варијабилни значи симнуваш со 800 па се менува на 560 па 480 и тн во текот на симнувањето. Додека глобално на пример сега брзнината на конекцијата ти е 560 по 1 час ти е 900 по пола час ти е 280 значи варијабилно. Напомена: Зборувам за нелимитиран пакет, гореспоменатите бројки се однесуваат на кило бита во секунда. Сепак се зависи од гранката на која се наоѓаш - значи колку комшии сурфаат.

до anonymous
Јас би сакал да стигнат и до кај мене затоа што знам дека понудата за разлика од сите останати ми одговара, ама женскава категорично рече не - значи нема да се шират. И мене ми е чудно ама тоа ти е тоа.

mkd_Stefan рече...

ADSL-от на МТНет растура бракови!!!

Брачната двојка што толку добро ни објасни како се користи Интернетот преку ADSL-от на МТНет се разведе.
http://www.idividi.com.mk/zabava/Showbiz/371235/index.html

Laf рече...

Еве, јас ќе си признам - пред 1 месец го продолжив договорот со MTNet на уште две години. Што да правам кога изборот ми беа Зора или OnNet? Kaj Телекабел, слично како и the smasher, со месеци се јавував, пишував меилови, постови на нивниот форум, да прашам дали ќе се прошират во Тафталиџе - одговор не добив. Поточно, во окт. 2005 по телефон ми рекоа дека навака ќе дојдат после Нова Година (претпоставувам мислеа на 2006), ама еве, дојде и 2007, а од нив "ни траг ни глас".

Ако дојдат набрзо, ќе го раскинам новиот договор со MTNet (ќе си платам пенали), но како што се одвиваат работиве, не сум оптимист...

Анонимен рече...

ne si trebal da go prodolzis dogovort si mozel da prodolzis i bez dogovor

darko рече...

Mene uste 1 mesec mi istekuva dogovorot.
Dali moze i posle toa da imam ADSL bez potpisuvanje na nov dogovor a so mesecna cena kako za dogovor od 2 godini?!

Laf рече...

Проблемот е што ако не го продолжев договорот, ќе ми наплаќаа по месечна цена (2490 наместо 1790 ден.). Убаво се распрашав пред тоа. Тоа е и одговор за darko - за жал.

Анонимен рече...

па не знам , мене ми е истечен договорот и уште ми наплакаат по стара цена , но ако случајно се деси да покачат , чао мт, здраво телекабел

највероатно

Гоце рече...

Мислам дека сега, со Телекабел и Зора, цело Скопје е покриено со флат интернет.

Нема врска. Во северниот дел на градот (Чаир, Бутел, Скопје-Север...) сеуште нема кабелски интернет.

Изборот е МТнет или ОНнет.

Анонимен рече...

Денеска на Телевизија Прилеп имаше еден корисник на Македонски Телекомуникации на кој што му дошла сметка од 4000 денар за месец Октомври или Ноември не се сеќавам. Дотогаш плаќал само 600 денари.
Поплаката му ја одбиле со образложение дека сметката му е голема бидејќи разговарал за 2000 денари на 070.

Откако инсистирал дека повеќе месеци има забрана за вртење кон 070/071 и други мобилни броеви, МТ му ја уважиле жалбата.

Пазете се ова е огромен ДОКАЗ ДЕКА ТЕЛЕКОМ КРАДЕ!!!

Анонимен рече...

ДОКАЗ ДЕКА ТЕЛЕКОМ КРАДЕ!!!

ха ха Тоа Е од многу поодамна !!!


Денеска на Телевизија Прилеп имаше еден корисник на Македонски Телекомуникации на кој што му дошла сметка од 4000 денар за месец Октомври или Ноември не се сеќавам. Дотогаш плаќал само 600 денари.
Поплаката му ја одбиле со образложение дека сметката му е голема бидејќи разговарал за 2000 денари на 070.

Откако инсистирал дека повеќе месеци има забрана за вртење кон 070/071 и други мобилни броеви, МТ му ја уважиле жалбата.

Пазете се ова е огромен ДОКАЗ ДЕКА ТЕЛЕКОМ КРАДЕ!!!

snoopy рече...

mameto nivno i mene mi stavija na smetka dial up bez modem nekoja nova tehnologija, prigovarav ama nisto od toa, politikata im bila da ne priznaavaat greski, ama ce im dojde krajot naskorooooooo

The Smasher рече...

Само да надополнам нешто за брзините на телекабел:
- Тие бројки што во претходниот комент ги спомнав се ок, сега еден другар ми кажа ептен брзината била за нигде да направиш тест на брзината на конекцијата на некоја од страниве за проверка може да чекаш 10 минути и пак резултати да не добиеш што значи екстремно падната брзина (најверојатно како dial up). Штета што не ми текнува на името на страната за тестирање во моментов, затоа што знам дека резултатите од тестот сепак зависат и од страната за тестирање. Како и да е ни телекабел не е стабилен.
Овој и претходнот тест се извршени во Аеродром.

The Smasher рече...

Колку да ве известам 1 добра и 1 не баш добра вест:

Добра:
Отворив сајт за заштита од несакани интернет страници
www.bezbednost.co.nr, системот ќе работи прелку бесплатен програм што јас го направив и скоро ќе го ставам во функција - ќе може да се симне.

Лоша:
МакедонијаИТ MKITV3 значи 3-тата верзија поради технички причини е недостапна, но затоа можете да пристапите до постовите од МакедонијаИТ преку www.makedonija.co.nr

pijan рече...

godina i pol se molam da pustat barem 6GB posto so stedenje 4GB gi pominuvam na 20-ti(iako i toa e malku). godina i pol gi pcujam, a ptethodno gi falev. uste 2 meseci mi ostanaa. mameto nivno lopovsko. odam na on.net posto nemam druga opcija.

pijan рече...

nekoj spomna uste pred nekolku meseci, od sigurni izvori ke pustale 10GB za skoro. toa skoro, eve i po 2 -3 meseci ne e dojdeno.

Анонимен рече...

Никој ништо не пушта, изгледа сите се задоволни со моменталнава ситуација или пак сите чекаат што ќе се случи во фиксната телефонија.

Анонимен рече...

STALNO E VAKA , AMA STO KE BIDE NE SE ZNAE

Пониски интерконекциски цени од 1 мај?

Доколку ги запази крајните рокови што му ги дава Законот за управна постапка, Телеком може да ја одложи за неколку месеци примената на новите цени што стапија во сила од 19 овој месец



Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации ја одби жалбата на "Македонски телекомуникации" со која компанијата реагираше на решението на Регулаторот кој му наложи да направи измена во референтната понуда за интерконекција и да ги намали цените за меѓусебно поврзување. Од Министерството за транспорт и врски вчера соопштија дека измените се на сила од петокот - 19 јануари. Иако одлуката на Комисијата како второстепен орган е извршна, сепак, Телеком доколку ги запази крајните рокови што му ги дава Законот за управна постапка, може да ја одложи примената на новите цени за неколку месеци. Според некои проценки, новите пониски цени што ги наложи АЕК, реално би можеле да се применат од 1 мај годинава.
Имено, Телеком по приемот на одлуката на Комисијата за одбивање на жалбата, има рок од 30 дена да направи измени во анексот на Референтната понуда за интерконекција која ги регулира цените за меѓусебното поврзување. Потоа, Агенцијата треба најдоцна за еден месец да ги разгледа измените и да ги одобри, а Телеком јавно да ги објави на својата интернет страница.
Агенцијата за електронски комуникации пред еден месец ги намали цените за меѓусебно поврзување и тоа од 1,7 денари за минута на 0,56 денари за минута во нормална тарифа и 0,35 денари за минута во евтина тарифа. Цените за меѓусебното поврзување меѓу мрежите на Телеком и на сегашните и идни оператори се намалени за повеќе од три пати или 350 проценти.
Од АЕК велат дека од намалените цени задоволни ќе бидат заинтересираните страни што сакаат да се занимаваат со давање услуги во фиксна телефонија. Што ќе значат новите намалени цени во практиката, ќе зависи од политиката на идните оператори, односно колку тие ќе ги рефлектираат овие цени и ќе ги надградат во конечната понуда.
Покрај "Т-Мобиле", "Космофон" и "Он-нет" кои имаат интерконекциски договори со Телеком, а што ќе треба да се променат во делот на цените, уште три до четири компании се во преговори за интерконекција со "Македонски телекомуникации". Од "Он-нет" веќе најавија дека ќе стартуваат како втор фиксен оператор.


Светлана БЛАЖЕВСКА
Фото: Влатко Перковски

Анонимен рече...

Што откако ќе истече договорот со МТ-нет на две години (за макс-макс)

- Ништо, договорот автоматски се продолжува (пишува во договорот) но на неопределено време (читај - за 2500 ден. плус ДДВ)

- Ако се продолжи договорот за уште 2 години МТ нуди две „погодности“.
1. Да ви ја подарат опремата (модемот, рутерот, вотевер - не знам само што ќе ми е) и да плаќате 1660 плус ДДВ - остануваат другите услови (4 гига лимит со спуштање брзина)
2. Опремата останува нивна (што запнале со таа опрема, ич не ми е јасно), цената е 1790, колку ли беше, и добиваш 1 гига плус.

Зависници како мене немаат друг избор (мислам, и двете опции се да се зезнеш, бидејќи кај и да е, или ќе го поевтинат макс-макс, или ќе го зголемат лимитот во следниве година дена), а со он-нет не ми се ризикува дали ќе ме стават на Водно или на МРТВ за 512/128 и 10 гига лимит.

К.Вода нема асолен кабелски интернет, ако некој се запраша зошто не ја споменувам таа опција.

Трпе, никогаш Трајче

Анонимен рече...

Зависници како мене немаат друг избор (мислам, и двете опции се да се зезнеш, бидејќи кај и да е, или ќе го поевтинат макс-макс, или ќе го зголемат лимитот во следниве година дена)
..................................


Доколку се сменат условите, тоа ќе важи за сите нови, но и постоечки корисници...
Логично е да се случат и двете (зголемени лимити и намалени цени)...

Анонимен рече...

КОНЕЧНО ДОЈДЕ И ТОЈ ОД МОЈА СТРАНА ПОСАКУВАН 24 ЈАНУАРИ.КОНЕЧНО СЕ ОСЛОБОДИВ ОД ПРЕГРАТКИТЕ НА НАШИОТ МИЛ МОНОПОЛСКИ ТЕЛЕКОМ МТ-ШИТ. НА СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ УШТЕ СЕ ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА МТ-ШИТ ИМ ПОСАКУВАМ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ ОСЛОБОДАТ. ПЕДЕРИ ОД МТ-ШИТ ЧАО ЗАСЕКОГАШ, ЈАС ОДАМ НА КЕБЕЛСКИ ИНТЕРНЕТ А ВИЕ СО ВАШАТА ПЕДЕРСКА ПОНУДА 5 ГБ ЗА 1660 ДЕНАРИ + 18% ДДВ ДА СЕ Е...ТЕ.
Инаку јас сум од прилеп и сега ќе плаќам 600 денари за 5 ГБ

УМРЕТЕ ПЕДЕРИ МОНОПОЛСКИ ОД МТ ШИТ