01 декември, 2006

Сецнете ги „кратките сецки“ кај WADSL

WADSL-от имаше фин старт, многу луѓе се навлекоа со двогодишен договор и... Звучи познато? Се јави купче проблеми. Посебно во Аеродром, Лисиче, Кисела Вода и кај сите кои се поврзани преку линкот на зградата на МТВ. Има редовен пад на брзините во шпицовите, паѓање на врската на секои 15 минути, сечење на p2p и други, многу некул работи.
Ако си имаш мака, никако немој да ќутиш! Договорот во рака... член 2, точка 1:
Давателот на услугата се обврзува:... Да обезбеди квалитетна врска во 98% од времето.
После, или на први во месецот, вртиш во оннет, магично се трансформираш во питон и не престануваш да ги давиш дур не ти кажат колку проценти од времето си имал достапност на услугата во последните 30 дена. Ако е помалку од 98%:
  1. бараш намалување на претплата;
  2. бараш префрлање на порастоварен линк - на пример, Водно или Музеј на современа уметност.
Првото најчесто го прифаќаат, ама фините линкови... Е тие си ги чуваат за свои деца (слично и Телекомците имаат неограничен АДСЛ за третина пониска цена од редовната), а луѓето ги муваат:
Има мали технички проблеми... За 2-3 дена ќе се среди... Еве баш дур збориме го менуваат линкот...
А во член 6, точка 2 од договорот фино си стои:
Корисникот на услугата може да го раскине договорот доколку: Давателот на услугата не е во состојба да обезбеди квалитетен интернет пристап во 98% од времето во календарскиот месец.
Значи треба да се тропне на маса и да се биде упорен: Или вие мене 98% достапност, или јас го раскинувам договорот и ви ја оставам опремата пред фирма. (Пожелни се закани за преоѓање кај Телекабел :)

21 коментар:

Анонимен рече...

лошо е кога и вторио непријател почна да зеза како првиот , но се надевам ке се оправат.

The Smasher рече...

Slusham deka telekebel ja zgolemile brzinata na 1Mb vo sekunda, i deka vo Aerodrom brzinata se dvizi realno od 700-900 Kb/s, NO ako nekoj od centralata saka da si simne neshto za nego im ja namaluva brzinata na site linkovi kon korisnicite pa si tera kjef.

Анонимен рече...

aj site po pato masovno na telekabel , samo posle toa i oni da ne pocnat po losiot pat.

Kakvi ke bidat reakciite na drugite isp mtnet,onnet ????

Анонимен рече...

makedonski isp sindrom mnogu korisnici slab support

bezvrska рече...

:) Не, не... Не покажав на „пато кон Телекабел“. ТК го спомнав само за среќните корисници на WADSL да имаат со што да тропаат на маса дур го бараат она за што плаќаат.

Јетон рече...

Јас уште чекам да ми постават WADSL.
Барање поставиб во 28.Окт., од тогаш се поминати повеќе од 30 Работни дена.

А сега овој пост...

Не лошо за почеток.

Барем се надевам дека ќе се поправат, и нема да има проблеми во мојот регион.

Баш ме интересира дали некој досега го раскинал договорот заради овие пропусти од Он.нет.

Јетон рече...

„Не лошо за почеток„, тоа беше сарказам, да не бидам погрешно разбран. :-)

The Smasher рече...

Еве го текстот што требаше да го пратам во средата
Остварливост на BORG проектот

Се знае кој може да биде најголемиот проблем во спроведувањето и функционирањето на овој проект. Неговата самодеструктивност која што може да настане од самиот народ. Како? Па вака:

- Дезорганизација.

- Неплаќање на месечниот дел секој за себе.

Значи постои голем ризик нашиов народ да почне да го злоупотребува овој евтин интернет за секого проект.Сепак и за тоа има решение.

1. Воведување на акаунт систем за логирање и конектирање (како вистински ISP).

2. Оформување на систем за исплата [исплатата ќе се врши кај локалниот администратор - човекот кој што ќе биде избран од мрежата кај кој што ќе биде поставен линкот кон интернет] прво се плаќа месечно па се користи интернет, а не секој да сурфа а никој да не ја плаќа сумата за линкот [а тоа не само што ќе доведе до пропаѓање на проектот туку може и кобно да заврши за мрежниот администратор] која што би достигнала едно симболично ниво во споредба со актуелните цени на ISP-ата.

3. Договорот за интернет линкот би требало да биде на помал период со цел поголема флексибилност во одделните делови во системот.

Патем ова е проект со цел народот да си обезбеди интернет сам за себе за поевтини и почовечни цени. Проектот нема да има централен капиталист кој што ќе остварува профит туку ќе биде составен од повеќе здружени мрежи. Овие мрежи треба да бидат водени од самите сомрежници и нивната свест и разум. Мрежниот администратор ќе биде избран од самите сомрежници, а на изборот ќе влијае и неговата согласност. Тој нема да има поголеми права во системот отколку неговите сомрежници. Значи секоја единка во системот ќе биде подеднакво рамноправна. Уште со самиот почеток на постоењето на овој систем ќе мора да бидат утврдени правила на однесување.

Овој проект е веќе испробан и функционира со помалите мрежни групирања, идејата е со зголемување на малите групирања и нивно поврзување да се создаде една глобална мрежа најпрво на помала територија а потоа да се прошири.

Доколку сме до толку мазохистички народ [да ја пропуштиме оваа шанса за победа] и сакаме само некој постојано да ни врши притисок ако ни е.

Да не заборавам да додадам дека моментално моите постови не се поставени на www.smasher32.blog.com.mk [можете да забележите дека линкот #изворно не е поставен во моите постови за Ноември] поради тоа што од непознати причини не можам да се логирам. Се надевам дека овој проблем ќе биде среден во блиска иднина.

The Smasher, Admin @ www.makedonijait.co.nr

The Smasher рече...

Што ни е проблемот?

Проследено во историјата е постоењето на нашиов народ, се е ОК само што имаме една мааааала мана. Секогаш бараме други кривци и причина за да речеме дека нешто не можеме да постигнеме. Имаме неверојатна способност сами да си го искомплицираме животот. - Јас навистина незнам на што се должи тоа дали е до менталниот склоп на народов ама кај нас важи едно многу интересно мото - Зошто животот да е лесен кога можеме ние и тежок да си го живееме? Зошто да биде едноставен животот, ако треба и сами ќе си го искомплицираме?! Зошто да му умре козата на комшијата, кога може и комшијата да умре? Зошто да се здружиме кога можеме и очите да си ги вадиме меѓу себе?

Сето ова се должи на неразбирањето на животот.

Животот е уметност да се живее.

Епа народе памет во глава. Кога ќе ги искорениме овие црнила ќе го видиме светлото на животот!

[Не велам дека ова се однесува за сите луѓе , ама за еден дел, да.]

The Smasher, Admin @ www.makedonijait.co.nr

коскар рече...

@ јетон,
во договорот пишува дека они се должни да ти инсталираат во рок од 10 дена....

јас бев на сама граница да раскинам, исполнував услови поради неовозможени 98%.
ме пребација на друг линк, ми корегираа фактури и сега е ок...

неофицијално: во он нет забрзано се работи (се мењаат базни станици) и сецките ги нема или се поретки...
други линкови се исто скеџулд за мењање....

јас сум на стабилен линк, така да не сум репер. да ве чујам од „ајродром“ и кисела вода.....

minimoog рече...

Договорот пишува 15 дена, ама работни денови.

јетон рече...

@коскар

фала за инфо.
Ке биде корисно да им се јавам и да им кажам и да ги прашам, дали ќе дојдат или да раскинам.

@минимоог
Да, точно, 15 работни денови.

Но јас добив од нив писмо за потврда на уплатата од 825ден. во 28 Окт.
Значи до денеска, поминати се повеќе од 21 дена.

И се јавуваш, нормално, ти кажуваат следната недела дечките ќе бидат кај вас. После една недела се јавуваш пак, и ти кажуваат дека следната недела ке дојдат.

Ова ми се случува мене последните два недели.

Не знам дали би пмоглнал да се „официјализира„ ова , па заедно со потпоси да му пишеме на Telekom Slovenije.

Најмногу што ме иритира е нивниот несериозен пристап кон клиентите.
Се гледа дека сега врие од потпишување договори, и еве како им заблагодаруваат, 1-2 месеци чекање за инсталација (вработете повеќе луѓњ), после тоа нестабилност итн. итн. итн...

Анонимен рече...

Незнам колку е нова оваа понуда, но јас сега налетав на неа:

http://www.telekabel.net.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=22&Itemid=39

О_О

Анонимен рече...

браво за текелабел !!!

Анонимен рече...

НОВО ОД ТЕЛЕКАБЕЛ!!!

СУРФАЈ ПОВЕЌЕ ПЛАЌАЈ ПОМАЛКУ!!!

- ПАКЕТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
Брзина(Download/Upload): 1024/256 Kbps
Трансфер на податоци: Ограничен 600 Mb
Цена на приклучок: 800 денари
Месечна претплата: 500
3 јавни IP адреси
1 e-mail адреса

- ОСНОВЕН БИЗНИС ПАКЕТ

Брзина(Download/Upload): 1024/256
Трансфер на податоци: Неограничен
Цена на приклучок: 800 денари
Месечна претплата: 1500
3 јавни IP адреси
2 e-mail адреси

- ДОПОЛНИТЕЛЕН БИЗНИС ПАКЕТ

Брзина(Download/Upload): 2048/512 kbps
Трансфер на податоци: Неограничен
Цена на приклучок: 800 денари
Месечна претплата: 3000
3 јавни IP адреси
5 e-mail адреси

daywalker рече...

hmm... sounds good...

Таму треба да се праша следно:

- дали овие бизнис пакети важат и за физички лица или само за фирми;
- дали има блокада на p2p и други интернет сервиси;
- ако ова горе е ок, дали треба да се потпишува договор на илјада години или месец за месец ;)

Дај боже ова да е вистина.
Отидов од март таму и го откажувам адсл-от сосе телефонот.

MKDEV TEAM рече...

Одлични се пакетите на телекабел

Анонимен рече...

од вчера на он-нет има многу помалку прекиди и многу е подобро. Дали и кај другите е така?

Анонимен рече...

I kaj mene bese taka nekoe vreme, se do sega koga pak pocnaa problemite. Pak pocna da paga konekcijata, nestabilnost do beskraj, linkovite kon nadvor se sranje.
Izgleda ke potrae ova, a moze nema ni da se popravi (spored ona kolku niv gi interesira toa sto nie si imame maka so nivniot wadsl).

Princ.

Анонимен рече...

Кај мене понекогаш заебава, но тоа трае неколку минути, не повеќе. Сумњиво ми е кога користам rapidshare, некако како да 100мб ги рачуна како 300 или 400, не сум сигурен но така ми се чини.

Анонимен рече...

By Mitnick...
Don't waste you'r precious time on how to choose ISP.
Just go to Telekabel...-This is NOT a comercial.
Regular home pack fith 3 Gighs limit and 2048/4096 Kbps then just change the MAC of you'r Motorola modem and you get another 3 for free etc,etc,etc..
IMPORTANT
Don't forget to switch to the original MAC before going out to pay you'r BILL...C ya