22 декември, 2007

Неофицијално Телекабел под стечај??

Неофицијално:

На 19.12.2007 во основниот суд во Штип е донесено решение со кое се отвара стечајна постапка за кабелскиот оператор Телекабел. Судот ги повикува сите должници кон Телекабел да ги подмират своите долгови преку стечајниот управник Димитрија Абаџиев од Штип. Според судското решение долговите што ќе ги исплатат корисниците и останатите субјекти ќе бидат префрлени на посебна сметка и ќе одат во стечајната маса. Причината на ова е тужбата од страна на ЗАМП поради неплатен долг од страна на операторот за реемитување на содржини. Испитното и извештајното рочиште за побарувањата за Телекабел од страна на Здружението за заштита на авторски музички права ќе се одржи на 25ти јануари 2008.
ЗАМП бараат од Телекабел исплата на 1.8 милиони денари плус дополнителна камата. Тужбата била покрената во февруари годинава, по што судот пресудил во корист на ЗАМП. Во мај судот ја блокирал банкарската сметка на Телекабел. ЗАМП не сакаат да откријат детали за случајот освен тоа дека е покренат судски процес против Телекабел. Безразлика на судската постапка корисниците на Телекабел кои што регуларно си ги подмируваат сметките ќе продолжат да добиваат кабелска телевизија.

Информациите се објавени од страна на: NetPress и Време
---
Едит (23-12-2007):
Зоран Илиев споственикот на Телекабел изјавил за Вечер дека нема стечаен процес за Телекабел.
„- Сто проценти тврдам дека нема никаков судски спор и дека најверојатно не станува збор за нашата фирма - изјави за ВЕЧЕР Илиев.“
Вечер тврдат дека според нивните извори станува збор за фирма ќерка на Телекабел. (Вечер Линк)
---
„Од друга страна пак денес Виктор Гроздановски од асоцијацијата на приватни електронски медиуми (АПЕЕМ) тврди дека ЗАМП поседуваат фалсификуван договор за хрватската телевизија ТВ Нова. АПЕЕМ провериле кај правната служба на ТВ Нова и од таму добиле одговор дека тие со никој немаат договор за реемитување на нивната програма. Денес неможевме да стапиме во контакт со надлежните во ЗАМП, а рекоа дека предстечаните постапки и побарувањето на долговите од своите коминтети го сметаат за службена тајна.“ (Канал 77 Линк)

11 декември, 2007

Преводи ли се преводи...

Советот за радиодифузија почна да дели прекршочни пријави на некои од кабелските оператори. Работава е: немање превод на македонски јазик на странските канали. Советот се повикува на законот за радиодифузна дејност кој што гласи дека програмите што се реемитуваат и се титлуваат на поинаков јазик од оригиналниот мора да бидат преведени на македонски. Испратени се барања до Министерството за култура и до Инспекцијата за авторски права да ја проверат работата на сите кабелски оператори. Исто така ќе се врши проверка на тоа дали кабелскиот оператор емитува нелегално содржини за кои што нема склучено договор за уредување на авторските права. Казните се движат од 3000 до 5000 евра, а исто така и од 6 месеци до 2 години одземање на дозволата за работа. Советот веќе му има наложено на Cabletel да престане со емитувањето на некои од каналите како Nova, Vision plus, и др. се додека не поднесе валидни документи дека ги има подмирено авторските права со нив.

26 ноември, 2007

Воведен префиксот 072

T-Мобиле МК од 01.12.2007 го воведува во користње префиксот 072. Тие тврдат дека ова додавање на нов префикс е резултат на големиот број на корисници во Македонија кој што изнесува преку еден милион.

16 ноември, 2007

АЕК - тендер за 3G

12.11.2007 - ЈАВЕН ТЕНДЕР БР. 02-3950/1
Агенцијата за Електронски Комуникации распиша тендер за спроведување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги - 3G (стандард IMT-2000/UMTS). Дозволата за работа важи на територијата на цела Македонија. Ќе се користи фрекфенцискиот опсег:
- 2x15 MHz: A1 (1920-1935 MHz) и A1' (2110-2125 MHz) UMTS FDD и
- 5 MHz a’ (1900-1905 MHz) UMTS TDD
Времетраењето на дозволата ќе биде 10 години со можност за продолжување. Право на учество на тендерот имаат сите физички или правни лица од земјава или од странство. Тие што ќе ја добијат дозволата за работа мораат да почнат со работа во рок од 6 месеци од добивањето на истата, за 1 година треба да воспостават 50% покриеност, додека за 2 години 100% покриеност на територијата на Република Македонија. Најнизок почетен еднократен износ за добивање на дозволата за работа изнесува 10.000.000 евра. Подетално во целосната верзија на тендерот која што можете да ја видите
овде или овде.

14 ноември, 2007

Игнорирањето - Ваш најголем (не)пријател...

... а единствена карактеристика.

Јас на 25 септември без никакво двоумење си пуштив ADSL 100 на мојата телефонска линија. Целиот пресреќен, најпосле низ мојата PSTN линија ќе протече многу порнографија.

Единствениот секс го добив од МТ а јас го попив. Од првиот ден брзината на download во текот на целиот ден не се искачува над 200 килобита, само некои денови околу 5 часот е на задоволително ниво односно ~1700 килобита. 10 налози отворија од 080012345, сите ги затворија после одредено време а ниту еднаш не дојдоа на лице место да го проверат проблемот. Дадов и 2 приговора, и двата ми ги одбија како неосновани (повтарам, а ниеднаш не дојдоа да проверат фактичка состојба). Веќе ни од 080012345 не знаат да ме советуваат што да правам.
Не мислев да постирам за ова, се надевав проблемот ќе се реши сам од себе, 2 месеци веќе изминаа ебаго. Ама бидејќи гледам дека тоа не е во план а бројот на незадоволни корисници расте, се решив на ова. Епа бујрум, пријавувајте проблеми со вашиот ADSL 3/10/100.

Заборавив да напоменам дека ова не е проблем само кај мене, туку цели населени места имаат премногу спор интернет. Најверојатно се работи за проблеми на некои централи. Се надевам ќе дознаеме наскоро кои поточно.

22 октомври, 2007

Кој како опстoјува

МТ
Да почнам од МТ, историјата на МТ е најдолга од сите, поради тоа што МТ беше меѓу првите компании што понудија интернет во Македонија. Најпрвин се почна со dial up интернетот, кој што беше најнепрактичниот интернет за користење и за плаќање, како од техничка така од наплатна гледна точка (техничка мала брзина и непостојана конектираностм наплатна нефиксирана сума на плаќање). Потоа се појави и ADLS-от кој што беше неограничен одреден преиод но со една мала напомена во договорот дека може да биде услугата ограничена на 4ГБ трансфер. И бидна и тоа, се ограничи интернетот, имаше незадоволни корисници, некои останаа со договорите некои ги скинаа зависи кој како можел/сакал. Во меѓувреме се отворија останати провајдери кои што земаа интернет од МТ, исто така ADSLот се користеше и во повеќе јавни и приватни установи и други места така што дали ќе има многу физички лица за користење на услугата интернет или не сепак беше профитабилно за МТ. Исто така тој беше купен од Маџар телеком, а Маџар беше во сопственост на Дојче телеком.

Оннет
Се појавија подоцна од МТ, како нивна конкуренција со залет да го престигнат ADSLот на МТ преку нивниот WADSL. И беше што беше се виде како испаднаа работите некои корисници беа задоволни некои не одреден период. Оннет освен како WADSL спроведе интернет и како WiFi (ограничена територија на Скопје), а денес дава и ADSL пакети кои што се со нефиксирана цена. Исто така се имаат приклучено и во фиксната телефонија преку МТ. Сега се оди на удирање на акцентот на ADSLот и на телефонијата. Исто така нудат и dial up.

Телекабел
Функционираат како кабелски оператор и интернет провајдер. Линковите ги земаат од повеќе провајдери меѓу кои спаѓа и МТ. Досега за нив поплаки можам да речам дека не сум слушнал.

Cabletel
Нудат кабелска телевизија и интернет. Сеуште ги користеа старите линкови од помалите кабелски оператори кои што ги купија. Поставуваат оптика и би требало веќе да биде пуштена. Веќе имаат купено своја IP класа.

Неотел
Купуваат интернет од странски оператори и воглавно до сега нудат бизнис понуди, меѓу кои спаѓа и WiMax-от кој што за година дена би требало да го има и за физички корисници.

Постојат и други помали интернет провајдери, но воглавно интернет земаат од овие поголемиве или евентуално линк од странство.

Наравоучение со или без корисници МТ ќе опстои уште долго време на нашето поднебје (продава интернет на големо), сепак и тој лимит од 4GB се тргна со новите пакети заменувајќи го со друг лимит во зависност од пакетот што значи повеќе физички корисници во оние реони каде што нема конкуренција. Конкуренцијата доколку е вистинска може да биде движечка сила кон подобри и поевтини услуги на пазарот. Кај нас таа барем почна да се зголемува. И како што велам општо гледано еден просек да се направи понудите иако можеби се далеку од добри сепак се стремиме кон прогрес и се надеваме дека во блиска иднина ќе биде подобро.

16 октомври, 2007

Простување со Великанот

Да издвоиме момент од нашето време и да му изразиме почит на Великанот кој што многу рано не напушти.
Великанот, нашето богатство
Тоше Проески, трагична загуба, вечен спомен...

Со почит

06 октомври, 2007

Внимание потенцијални корисници/корисници на ADSL (MT)

Како што сум информиран МТ почнаа да даваат веќе претходно конфигурирани ADSL модеми, кои што всушност се заклучени за конфигурација од страна на корисникот.
Моделите се D-Link 360-R кај кои што корисникот нема пристап значи нема: web interface, telnet, ssh, при обид за скенирање на овој модем се добива дека сите негови порти се затворени, модемот работи во bridge mode. Вакви модеми се ставени во употреба воглавно во Македонија, Унгарија и во Црна Гора. Според информациите овој модем е всушност базиран на D-Link 360-T, а кај него може да се воспостави дирекна контрола од страна на корисникот.

Исто така внимавајте на можните Phishing напади, кои што се актуелизирани во последно време.

Frog Mobile

Претставуваат уште едно олицетворение на Cosmote, ќе ги спроведуваат комуникациските услуги во Македонија користејќи ја мрежата на Cosmofon. Работат на prepaid варијанта со ваучери и цените се:
БЕЗ ДОДАДЕН ДДВ
Повици кон FROG / други мобилни мрежи / фиксна мрежа: 6,9ден/мин
SMS: 3,9ден/порака
Цените се земени од нивниот сајт наменет за Македонија линк.
Броевите кои што ќе ги доделуваат на нивните корсинице се 0768xxxxx (+389768xxxxx).

02 октомври, 2007

Измена

Телекабел излегоа со измена во понудата за физички лица:
Претплата: 500ДЕН (за интернет) + 350ДЕН (за кабелска) = 850ДЕН
Доплата: за неограничен трансфер 1850ДЕН - цените се сосе ДДВ
Трансфер: 3GB вклучен во претплатата, за секој надминат 1MB се доплаќа 0.5ДЕН се до дополнителни 1000ДЕН при што потоа се намалува брзината со текот на симнувањето а не се доплаќа повеќе. Upload не се наплаќа.
Брзина:
4096/512Kb/s до 3GB
2048/512 од 3 до 6GB
1024/256 над 6GB
*Потоа незнам брзината како ќе се намалува, не ми е проверено, доколку дознаам за одредени измени ќе пишам.
Порано беше:
2048/512 до 4GB
1024/256 од 4 до 12GB
1024/128 од 12 до 30GB
512/128 од 30 до 70GB
256/128 над 70GB
Договор: месечен
Објавено е на инфо каналот на Телекабел, во статистиката за остварен сообраќај кај мене пишува:
Soobrakaj vklucen vo pretplatata: 3.000,00 MB
Така што значи дека е веќе уважена и имплементирана во бројачот оваа измена.

Во меѓувреме:
CableTel имаат веќе купено своја IP класа за некое време со досредувањето на оптиката најверојатно ќе почнат да функционираат подобро.
МТ почнаа со масовни акции на поставување „инфо кампови“ низ Центар (Скопје) а верувам и наокулу. Во нив имаат поставено по 2-3 компјутери на кои што може некој од заинтересираните купувачи да просурфа, исто така имаат поставено луѓе за делење на флаери со септемвриските понуди наокулу.
Оннет со неговата нова понуда најмалку го забележувам низ градов.
VIP се рекламираат поинтензивно, и тие исто така поставуваат „инфо кампови“.
Нешто многу е тивко...
WiMax провајдериве ги нема на по масовно и достапно за физички лица ниво, до сега сметам дека требаше да има некои WiMax понуди, имаше издавање на лиценци, но сеуште нема ништо (Neotel нуди WiMax, но тој е само за бизнис корисници) можеби ќе има некои измени во наредниов период. АЕК веќе ги има предупредено за можно одземање на лиценцата за користење на фрекфенциите Cosmotelco и Nexcom Македонија. Од Nexcom Македонија тврдеа дека во текот на септември ќе почнат со работа и дека за една година ќе опфатат 90% покриеност на населението. За националната лиценца Nexcom плати 151.002 евра. Додека Cosmotelco регистрира фирма под името Друштво за телекомуникациски услуги "Америком" и најавија 60% покриеност на населението во рок од една година. Тие платија 1.500.000 евра за лиценцата.
Исто така издадени се лиценци и на Неотел, Космофон, Истел, Мател и РЖ Услуги. Неотел најави дека ќе почне со поставување на мрежата и до крајот на 2008 година целата територија на Македонија ќе биде покриена. Инаку тој има одобрение за работа во сите 6 региони.
Од Космофон најавија дека планираат да ја зголемат понудата на услуги, исто така и можно влегување и во фиксната телефонија.
Мател најавија дека ќе воведат triple play услуга - интернет телефонија, телевизија и интернет. Овие провајдери платија над еден милион евра за добивање на лиценците.

26 септември, 2007

По дождот...

Веќе некое време се зборува за CableTel со неговите нови понуди кои што скоро беа објавени на нивниот сајт.

„Extra“
Трансфер: 2GB
Брзина: 1536Kb/s download 512Kb/s upload
Цена: 450ден

„Home“
Трансфер: 10GB
Брзина: 2048Kb/s download 512Kb/s upload
Цена: 950ден

„Профи“
Трансфер: неограничен
Брзина: 4096Kb/s download 512Kb/s upload
Цена: 1450ден

„Профи за правни лица“
Трансфер: неограничен
Брзина: 4096Kb/s download 512Kb/s upload
Додатно: ТВ приклучок
Цена: 1800ден

Во понудите не е наведено што по тие 2 или 10GB, дали ќе се намали брзина, ќе нема услуга или ќе се наплаќа дополнително, исто така не е наведено дали има намалување на брзината во „неограничениот“ пакет.
Тие се напишани такви какви што се дадени од страна на провајдерот, сеуште постојат жалби од страна на корисниците за блокирање на порти, нестабилност на мрежата во одредени реони (паѓање, мала брзина), исто така оние кои што веќе имале договор склучен за некој од претходните пакети (имаше а и најверојатно уште има годишни договори) велат дека неможат да мигрираат на некој од новите. Сепак треба да се земе во предвид дека се во фаза на средување на мрежата (најверојатно...), без брзање без обврзувачки договори, ќе видиме што како ќе биде.

Патем, скоро помина месецов. Некои се префрлија, некои си останаа на своите стари ISP-а, а некои и воопшто не користат интернет - кој како можел/сакал. Видовме како се покажаа провајдерите со нивните пакети. Дали и колку сте задоволни од септемвриските измени? Мислите ли дека заслужувате повеќе за Вaшите пари? Да бидеме реални:

Колку fair usage е fair кај нас?

Линк до анкетата

20 септември, 2007

Понуди и GPRS Интернет со ВИП

1MB=70.8 денари со вклучен ДДВ

Ова го пишува во нивната „Промотивна Припејд Тарифа“. Од најпрво кажаното сега почнуваат да наsираат и други нешто повисоки цени на разговорите во текот на денот („Основен Кориснички Пакет“) додека ноќе цените се нешто пониски. Убедливо ВИП со цената на GPRS-от која што ја нуди овде е интернет провајдер (штом продава услуга интернет) со највисоки цени во Македонија а најверојатно и во светот.

Чисто промотивно ако станете нивен корисник до 21 октомври ќе бидете на пакетот со:

Повици кон сите национални мрежи: 9.09ден со вклучен ДДВ

SMS (ден./порака): 4.72ден со вклучен ДДВ

MMS (ден./порака): 17.7ден со вклучен ДДВ

GPRS (ден./MB): 70.8ден со вклучен ДДВ

Во спротивно ќе бидете префрлени на поинкаво тарифирање, такво какво што ќе биде определено за тогаш кога ќе станете нивен корисник. Дали понудиве се толку извонредно конкутентни и евтини?...

13 септември, 2007

ВИП

Мобилком Австрија влезе на Македонскиот пазар во февруари годинава, приложувајки најдобра понуда на тендерот. Во понудата условот беше дека компанијата мора да има најмалку 2 милиони корисници и годишен приход од најмалку 300 милиони евра за 2004 и 2005 година. Операторот ќе се вика „ВИП“, за него Мобилком ветија дека цените во нормална тарифа ќе бидат намалени за 50% (од сегашните 928,8 денари цена на просечен кориснички пакет ќе се намали на 473 денари) , а во ниска тарифа за 67% (од 675 денари на 232,5 денари). Мобилком беше обврзан да даде писмена изјава дека ќе почне со работа во рок од 6 месеци по добивањето на дозвола за користење на радиофрекфенциите и исто така дека ќе обезбеди 90% покриеност со сигнал на населението во рок од 4 години.
Објавено е дека се вработени окулу 100 домашни експерти во македонската филијала, за дозвола за работа во времетраење од 10 години однапред се платени 10 милиони евра а таа дозвола автоматски би се продолжила и по тие 10 години за плус наредни 10. Мобилком исто така тврдат дека планираат да инвестираат 50 милиони евра во наредниот период.
Доколку не се држи по правилата неговата лиценца за работа може да биде одземена.

ВИП на почеток ќе работи користејќи ја инфраструктурата на Т-Мобиле Македонија преку национален роаминг, а потоа би требало да постави свои пристапни точки.

Новиот оператор сеуште ги нема соопштено цените, не се знае дали ќе нудат интернет и не се знае со сигурност кои ќе бидат пакетите. Во Скопје - Центар е пуштена пробна мрежа (MKD-03) која што моментално е во фаза на тестирање. Според најавеното би требало да почне со работа по 20-ти Септември оваа година. Префиксите кои што ќе ги користи овој оператор ќе бидат 077 и 078.

Мобилком исто така функционира во Австрија, Србија, Хрватска, Словенија, Лихтенштајн и Бугарија. Цените овде, во Македонија според она што е веќе кажано нема да бидат како на пример во Србија - постои само една тарифа 4 денари минута кон сите мрежи во земјата, или пак во Хрватска 7 денари минута кон сите мрежи во земјата.

Во меѓувреме кружат гласини дека можеби за скоро време ќе биде распишан нов тендер за четврт мобилен оператор.

Edit 19-09-2007:
Денес (19.09.2007) „ВИП“ почна со работа.
Нивната единствена понуда е објавена на нивниот сајт цитирам:
„...за 7,7 денари (9,09 денари со вклучен ДДВ) кон сите мрежи... ...корисниците плаќаат 200 денари за СИМ картичката... добиваат СИМ со 200 денари кредит за разговори)...“
Edit 20-09-2007:
GPRS интернет: 1MB=71ден

07 септември, 2007

Септемвриско есапење - споредба на интернет пакети


Значи дојде септември и веќе имаме придвижување кон подобро со новите интернет пакети на Телекабел, Мт-нет и Он.нет. Споредбата се прави врз основа на она "видено-купено" бидејќи сеуште нема некои искуства со било кој од пакетиве и сеуште се само на "хартија" видени. За споредба се земени најјаките пакети за физички лица од секој провајдер.

Во овој пост ќе се обидам да им дадам можност на оние што размислуваат да си стават интернет дома кој интернет сервис провајдер да го одберат, сакаат да се префрлат на друг поради подобра понуда или сакаат да се префрлат на друг интернет пакет во истото ISP на кое се сега.

Напомена: Технички, сите пакети нудат неограничен интернет во однос на тоа колку може да се симне... нема одредена граница после која провајдерите ја исклучуваат целосно конекцијата до наредниот месец.

Прво ќе објаснам за Телекабел бидејќи тие имаат еден универзален пакет.

Телекабел:

  • БРЗИНА: 4096/512 Kb до 3 GB, 2048/512 Kb до 6 GB, 1024/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: нема временски ограничен договор
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (4200E/5100Е/5101E), купен или од ТК (1000/3000 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: далеку поголема сигурност од останатите - нема username/password (нема можност за крадење интернет)
  • ПОДДРШКА: Форумот е запуштен, телефонски број за техничка поддршка не забележав на сајтот а откако го објавив постот ми беше даден 2446-288 и инфоормација дека секогаш дигаат и скоро секогаш помагаат.
  • ЦЕНА: 1500 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: статична адреса; upload не се брои (одлично за торенти)

МТ-Нет:

  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до 100 GB, 64/64 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година или на неопределено време
  • ОПРЕМА: DSL модем од МТ (1800 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ПОДДРШКА: На бесплатниот 0800 12345. Професионална и услужлива.
  • ЦЕНА: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare)
ОнНет:

  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година
  • ОПРЕМА: бесплатен DSL модем од ОнНет или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ПОДДРШКА: Online, иако многу тешко дека ќе ги начекате да се online. Yahoo! IM/MSN/ICQ/VIP, и тука многу ретко можете да ги начеката. Трета можност ви е на 02/309 99 99. Непрофесионална и некорисна според мое лично едногодишно искуство. Слаба точка во нивната фирма се само вработените. А да, и по форуми и блогови можете да ги начекате често, сурфаат додека се на работа, па ако сте среќници ќе ви одговорат ако имате некој проблем.
  • ЦЕНА: 1758 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare); доплаќање 106 ден./1 GB над 100 GB (нема намалување на брзина)

Ај сега малку математика.. ако се земат максималните теоретски брзини, под претпоставка дека има пуштено download 24/7 и врската не паѓа ниту една секунда (за ТК не се смета upload во лимитите, ама тука е земен):

Роби (Телекабел, Теленет, МОБИ..):

  • Вкупен максимален теоретски проток: 4608 Kb (576 KB/s), 2304 Kb (288 KB/s), 1280 Kb (160 KB/s)
  • Трошење на лимитот: (3 GB/6 GB) со соодветната брзина за: 1.5 h/3 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 392 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 398 GB
  • Цена: 1500 ден.

МТ-Нет:

  • Вкупен максимален теоретски проток: 2304 Kb (288 KB/s), 128 Kb (16 KB/s)
  • Трошење на лимитот (100 GB) со соодветната брзина за: 101 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 34 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 134 GB
  • Цена: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година

ОнНет:

  • Вкупен максимален теоретски проток: 2304 Kb (288KB/s)
  • Трошење на лимитот (101 GB) со соодветната брзина за: 102 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 610 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 711 GB
  • Цена: 1758 ден. + 64660 ден. доплаќање за останатите 610GB

Да повторам уште еднаш - ова е ако се остави компјутерот уклучен 24/7 и конекцијата се искористува до последниот бит цело тоа време. Вредностите погоре се само теоретски и се разликуваат од практичните вредности (дали многу или малку зависи од провајдерот).

Последна напомена: Деловите во италик се мои (Princ, ако сака некој да ме тепа знае кај живеам) додека се останато е напишано од P. Overdrive, член на форумот Кајгана.

*Да ми простите што тек сега ставам илустрација, ама но.нет во понеделникот ми го избришале јузерот за WADSL кое нивната техничка поддршка ми го оправда како "технички проблем". Мене од друга страна, кур ме боли за нивните технички проблеми. Доста ме болеше цели 10 месеци, no more. Ако сакаат да ме избришат од нивни тефтер, нека го направат тоа веќе. Сега веќе и јас сакам.

Анета, ако ме читаш (а не се сомневам во тоа), имам една порака до тебе: Спакувај ми ги куферите, сакам да се разведиме!*

04 септември, 2007

И Оннет со нова понуда!!!


Тргна работава, што би се рекло...
Инаку понудата е ОК и се работи за АДСЛ (жица). Кој ќе склучи договор добива опрема на користење беспари и нема никакви трошоци за инсталација. Значи опремата НЕ се купува и НЕ се рента. Финтата со 1 денар до нова година е „шизичка“.

ЕДИТ: Бидејќи целот пост беше погрешно протолкуван, го избришав спорниот дел и сите коментари.

ЕДИТ2: Дали некој знае од коге ќе се почне со оваа понуда и дали ќе им се понуди некаков попуст на постоечките WADSL корисници? Ги контактирал ли некој? Претпоставувам дека меѓу „бежичните“ корисници има многу со исклучена фиксна линија. Понудата за WADSL се базираше на премисата дека „не ви треба телефонска линија“. Што ќе прават овие корисници? Ќе останат заглавени во лошиот WADSL, кој ако ја следи политиката на оннет, најверојатно ќе биде оставен да „умре“? Како што се случува со славното „на ББЦ рекламирано“ WIFI ONNET...

ЕДИТ3: Ако некој може нека го најде договорот за АДСЛ меѓу оннет и мтнет, кој би требало да е јавен. Чисто да видиме каков е дилот и дали оннет АДСЛ има шанси да живее...

CableTel

„...Опрема на компанијата Кејблтел во вредност од околу 200.000 денари, била украдена вчера во општина Аеродром. Според информациите на кабелскиот оператор, биле обиени три ормари со опрема за дистрибуција на телевизиски, интернет и телефонски сигнал на булеварите Јане Сандански број 35, на АВНОЈ бр.34 и на Јане Сандански меѓу броевите 83 и 91...“ Кражбата се случила на 31.08.2007.
Линк

Некаде во април Бугарско-Американската компанија CableTel започна да купува одреден број на помали кабелски оператори во земјава за нив плати 20 милиони евра, а вети дека ќе вложи уште 20 милиони евра за нивно развивање. Беа купени: Зора, Зора кабел, Кабелскоп, Максат и Наумовски, Кабелсат, Галакси, сите од Скопје, Кабелфокс од Кочани, Астра99 и Старкс од Куманово, Кадис 2002 од Штип, Спринт и Мултиком од Велес и Сат Медиа од Тетово. Оваа компанија ветуваше дека ќе воведе подобар интернет, ветуваше дека ќе биде сериозна конкуренција на МТнет. Сепак сеуште според поплаките од нивните корисници немаат доволно добро средена мрежа (има прекини, бавно иде и тн.), сеуште се подесуваат фрекфенциите на каналите, сеуште сајтот им претставува само листа на ТВ канали. Интернет понудата е до 2048/512Кб/с за 1500ДЕН, кои што по 15GB сообраќај паѓаат до 256/256Kb/s или до 64/64Kb/s. Колку што сум информиран оптиката треба да им проработи од овој месец или од октомври. Досега со ваков пакет немаат привлечено многу нови корсиници корисници (освен некои од тие што порано биле на поранешниот кабелски оператор, па по неговата продажба останале на CableTel), треба нешто подобро и постабилно, сепак сега почнаа, ќе видиме какви ќе бидат во иднина, времето ќе покаже се.

Анкета

Дали досега ве „изгорел“ некој ИСП и ако е така кој најмногу ве има „изгорено“? Слободно искажете ги своите чувства и емоции тука.

01 септември, 2007

Септември дојде!

Дојде Септември, состојбата со интернет понудите до некаде се смени, МТНет и Телекабел беа првите провајдери кои што први направија измена во нивните понуди.
МТ (пакетите се со опрема во сопственост на корисникот која што ќе ја купи, додека со опрема од МТ се плаќа дополнително, цените во сообраќај и цена се на месечно ниво):
1. Пакет
Брзина: незагарантирана 1024/256Kb/s по 3GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 2GB за 825ден, + 1GB = 925ден приближно за договор од 1месец, за 1 година 589 + 100 = 689ден
2. Пакет
Брзина: незагарантирана 1536/256Kb/s по 10GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 10GB за 1.415ден за месечен договор, додека 1.179ден за договор во времетраење од 1 година
3. Пакет
Брзина
: незагарантирана 2048/256Kb/s по 100GB паѓа на 64/64Kb/s
Сообраќај и цена: 100GB за 1.887ден месечно за месечен договор, за договор од 1 година 1.651ден
Дополнително инфо: МТ вели брз, стабилен и неограничен интернет пристап, еве кај лежи зајакот со тоа Flat во системот за проверка на сообраќај, работата е тоа што МТ не разбираат дека кога ЌЕ ОГРАНИЧИШ нешто тоа НЕ Е НЕОГРАНИЧЕНО значи ОГРАНИЧЕНО е. Тие велат дека Ви даваат ограничен flat кој што всушност е чиста контрадикција.

Телекабел:
1. Пакет (Домашни корисници, цените и сообраќајот се на месечно ниво)
Брзина: незагарантирана
4096/512Kb/s до 3GB сообраќај
2048/512Kb/s од 3GB до 6GB
1024/256Kb/s над 6GB
Сообраќај и цена: 1GB за 500ден, потоа секој 1MB се наплаќа со дополнително 0.5ден се до остварување на максимални дополнителни 1000ден, значи 1500ден интернет со неограничен сообраќај но со скалесто намалување на брзината како што напишав во брзина
Дополнително: Upload сообраќајот е бесплатен, договорот е необврзувачки, месец за месец, во понудата за интернет обавезно се става и кабелсака телевизија која што има 85тв канали од кои што 20 се дигитални, исто така доаѓа и радио со 60 радио станици таа чини дополнителни 350ден.
Прикажаните пакети се напишани според понудата од провајдерите, опфатени се само пакетите за физички лица.
Понудите во Македонија кога би се споредиле со понудите од другите земји се далеку од добри, но сепак се стремиме кон подобро, изборот е во рацете на народот и секогаш ќе биде доколку народот знае што избира!

31 август, 2007

Промените кај МТНЕТ од вечерва

Се јавија неколку МТНЕТ АДСЛ корисници на кои од вечерва им се променило нешто во АДСЛ статистиката (таму каде што се проверува сообраќај). Во активен пакет стои MAX/ADSL Flat rate или Plus NS/ADSL Flat rate. На различни корисници (макс АДСЛ и макс АДСЛ плус) од вечерва, после подолг прекин денеска, им се појавило ова Флет рејт. Бидејќи скоро сите се со надминат лимит, брзината им е на 64/64, што е малку нелогично, нели? Кај флетрејт, името само кажува, нема лимит и нема капачиња...
Нормално, никој не ги контактирал со евентуална понуда за мигрирање, ниту некој знае со каква брзина ќе продолжат за еден час. Останете „на линија“ да видиме што ќе се случува од полноќ натаму. Исто така треба да се видат како точно ќе се формираат новите пакети.

Дали кај сегашните корисници само се тестира евентуалното нивно мигрирање или тестот е на глобално ниво, допрва ќе видиме.
Дали стварно ќе излезе „фамозниот“ флетрејт пакет или...?

Слободно коментирајте со ваши мислења, желби, предвидувања. Исто така ги молам оние кои приметиле промена во името на активниот пакет нека напишат малку пошироко; што пишувало порано, за кој пакет склучиле договор, дали по промената добиле поголема брзина, дали им се „симнало“ евентуалното капаче и сл.
Благодарам

29 август, 2007

Нова понуда на МТНЕТ?

веќе и "teaser" билбордите излегоа.... со црвена боја... изгледа се на мтнет. прочитавме на блогот од разни „сигурни извори“, „братучед ми што работи у мтнет“ и сл. дека мтнет спрема нови пакети...

една работа ме буни; на билбордите има 3 коцки со различна големина, ама на сите стои 2Х. 2 пати повеќе сообраќај е, што?
од „адсл плус“ 20 гига, нели? од најјакиот „профи“ би било 70 гига.... не гледам кој пакет ќе ги добие фамозните 100 гига, ако одиме по формулата "дупло". по таа формула, брзината би се качила на 4Мбпс, што е пола од теоретскиот максимум на адсл.... некој спомињаше адсл2 - значи ли дека ќе имаме и до 12Мбпс брзини?

инаку, денес се јавив на 080012345 за да прашам дали има проблеми у гевгелија (иам една машина на гости таму, па нешо не ми работеше). и така ја го прашуем момакот за триста работи, демек разговараме и на крај комплетно офтопик го прашувам: кога ќе ги објавите новите пакети?
по кратка пауза, момакот вика на први....

17 јуни, 2007

Влада на РМ - Бесплатен dial-up - Втора клапа

Со повикување на бројот 055 858 858, граѓаните од утре до 24 јули ќе можат бесплатно да се поврзат на интернет. Се' што треба да направат е да се најават со корисничкото име: vladanarm и лозинката: ostvaruvame.
Трошоците за телефонскиот импулс и за интернет-пристапот ќе бидат на товар на Владата.
Извор: Дневник

11 јуни, 2007

Непристоен предлог

Не ми се верува на кое дереџе паднавме...
Пред некои 10 дена ми се јави некоја Анета од но.нет (оддел грижа за корисници, најс нејм) со еден непристоен предлог: Бидејќи не биле во можност да ми дадат квалитетен интернет и поради постојаните проблеми (со овие зборови всушност признаа дека имаат проблеми кои 6 месеци не можат да ги решат) сакаше да ми понуди раскинување на договорот или привремено замрзнување на истиот. Јас фино-лепо и реков ако не можат да ми понудат квалитетен интернет нека затворат фирма, а не во исто време дур она мене ми нуди таква перверзија мојот сосед да го поврзуваат на истата никаква базна станица како нивен нов клиент. Нејзиниот коментар беше дека јас сум бил арогантен и ќе ми се јавела покасно. 10 дена изминаа и уште ја нема.

* Ако некој има информација за девојчево, нека остави само коментар дали е здрава и жива, се загрижив за нејзе. Може треба да формирам оддел Грижа за вработени во но.нет :))))

Нејсе, не ми беше тоа поентата на муабетот. Поентата на муабетот ми беше: до кога ќе постои фирмава која продава интернет на хартија, а не го дава фактички? До кога ние корисниците ќе глумиме овци (се повеќе се сомневам во глумава, мислам дека ние навистина сме овци) и ќе бидеме задоволни само да имаме интернет, без разлика на обврските кои сме ги превзеле обострано ние како корисници и тие како компанија која продава услуга (512/128, 10 гигабајти месечно - бујрум 1286 денари месечно)? До кога државава (да не је окривувам сега само власта, јебем ли га, ќе ми се фрлат овие стабилизаториве, преговарачиве, како ли ги викаа) ќе дозволува да постојат вакви квази-компании кои продаваат услуга но не ја даваат?

Народот не го бива или некаде на друго место е проблемот?
До кога Треки ќе мрчи што сме фрлале ѓубре насекаде (демек тоа било јако не-европски) а во исто време фирмата во која работи и во која има некоја улога си игра со нивните клиенти како во турско (ова е европски? вие во европа не би добиле ни дозвола за работа), до кога ќе има техничка поддршка што не може да го поддржи (проблемот), а нивно најлесно решавање на проблемот е "не кревај слушалка"? До кога бре?

Edit: заборавив да спомнам дека постов го пишувам од интернет кафе. Последниве 3 месеци плаќам дома за интернет (WADSL) а всушност користам ADSL во интернет кафево, кое исто така го плаќам.

Edit II, 13 Јуни 2007, скоро 15:00 часот:
Анета е здрава и жива, ве поздрави а Тоше ве сака сите :)))
И проблемот е здрав и жив, барем до понеделник според нејзините зборови.
Да сме здрави и живи и ние па ќе видиме.
Толку засега, добрите коментари откако ќе ја добијам услугата за која ми стигна фактура завчера :)

07 мај, 2007

CableTel купи 13 кабелски оператори

Бугарско-американската компанија CableTel плати 20 милиони евра за преземање на 13-те кабелски оператори во Македонија, а ќе вложи уште 20 милиони евра за развој на кабелската мрежа и купување нова опрема со која ќе се понудат нови услуги на пазарот, како што е Triple Play, Video on demand и фиксна телефонија, дознава Тотал од поранешните сопственици на македонските кабелски оператори.
Според договорот со CableTel, Кокотов и сопственикот на Зора и на Зора Кабел, Стојан Ѓоргоски, ќе бидат дел од менаџерскиот тим кој во Македонија ќе раководи со 13-те оператори. Инаку, CableTel на крајот на април веќе имаше уплатено 10% од вкупната сума за аквизиција на операторите: Зора, Зора кабел, Кабелскоп, Максат и Наумовски, Кабелсат, Галакси, сите од Скопје, Кабелфокс од Кочани, Астра99 и Старкс од Куманово, Кадис 2002 од Штип, Спринт и Мултиком од Велес и Сат Медиа од Тетово.
Според мене: никаква зделка. Го разгледав сајтот на CableTel и не ме импресионираше брзината на интернетот/цената на истиот.
Вие што мислите?

30 април, 2007

1997 година

30 минути пред 24:00. За 30 минути но.нет ќе ми вратат 10 гигабајти трансфер на мојата сметка, без разлика што уште не сум ги потрошил старите. Животот ќе ми добие смисла, имам 10 гигабајти за трошење. Како да ги потрошам на dial-up конекција? Се чувствувам 10 години помлад кога гледам дека имам 30 Kbps download. Уште ми фали пиштење на модемот за да се комплетира сликата и да поверувам дека одиме 10 години назад наместо 5 напред.
Факен dial-up.

Нека запиштат модемите!

Патем, среќен 1ви Мај!

12 април, 2007

Поезија

Знам дека блогов не е за поетски души, но денес, поради сонцево и убавово време сум расположен за да пишувам поезија. Напишав една и честа први да ја прочитате ја имате вие верни посетители на блогов.
Мојот WADSL
Pinging google.com [64.233.167.99] with 32 bytes of data:
Reply from 64.233.167.99: bytes=32 time=209ms TTL=241
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Reply from 64.233.167.99: bytes=32 time=211ms TTL=241
Reply from 64.233.167.99: bytes=32 time=220ms TTL=241
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Request timed out.
Има уште многу, ама јас сум поет кој не сака да им здосади на своите читатели (вклучувајќи ги и оние кои редовно ме читаат од виртуелната приватна мрежа на но.нет, или работат за пепи) затоа ќе завршам овде.
Оставам на вас да размислите како оди понатаму поезијава :)))
(Си направив копија пред да го објавам постов, ништо чудно веќе да сум дисконектиран)

10 април, 2007

Killing me softly... by No.net

Во време кога нивните конкуренти и во исто време побратими воведуваат нови пакети, поголеми брзини и поголеми лимити (грдо звучи зборов, знам, ама тоа е нашата црна реалност) но.нет не сакаше да остане со покуси ракави.
Ни дадоа нешто ново.
Не зборам за брзина (мноооогу ретко 512 Kbps download да достигнеш, најчесто е околу 400 Kbps, а не многу ретко и под тоа) или лимит (низ сајбер просторов прочитав неколку жалби дури за КРАДЕЊЕ од лимитот) туку читајте ме внимателно: ни ги ограничуваат сесиите!
Да драги мои, се работи на воведување на новото правило: Едно корисничко име - една сесија. Само да напоменам дека не сум запознат некое ISP досега да ограничувало PPPoE сесии.
Е сега, неофицијално нивното образложение за овој чекор е: пример имаш 2 компјутери. На двата правиш посебна PPPoE конекција со истото корисничко име. СЕКОЈ од нив тегне со брзина од 512 Kbps.
Но не ги оправдувам. Тоа пред се` се има случено поради нивно незнаење. Не сум јас крив поради тоа што тие не можат да ограничат брзина на канопи па прават вакви глупави потези. Најмалку што смеат е да ме иритираат мене (или било кој друг клиент), изигруваат(се` почна со мојот расипан "свич") и третираат како мали зелени идиотчиња, бидејќи јас не сум крив за нивното незнаење.

05 април, 2007

ВРАТЕТЕ МИ ГИ ПАРИТЕ!

Од вчера (15:00 часот) две PPPOE конекции не можеш да имаш со ист јузер, на два компјутера. Имам машина со Windows XP и една со Fedora Core, па најлесен начин да ги поврзам и двете на интернет ми беше преку Switch со 2 посебни PPPOE конекции.
Но, од вчера втората конекција се дисконектира на секои 10 секунди (дефект со базната или ново правило на компанијата која на секој можен начин им одмага на своите корисници, сеуште е енигма). Ги начекав доцна синоќа од нивната онлајн поддршка и ги прашав што е работата, ми рекоа дека е дефект со базната кој за 1 саат ќе биде среден. Бидејќи изминаа 24 саата и уште истиот проблем го имам, решив да потрошам 100 денари од мојот мобилен за се јавам на нивната техничка поддршка. И така имав две прашања, значи имав 2 причини да се јавам.
Девојчето крена слушалка, добро вечер, ово-оно, повелете.

Прво прашање: Зошто од вчера од 15:00 часот не можам да ги поврзам двата компјутера на интернет преку две PPPOE конекции кога до вчера без никаков проблем го можев тоа?

Нејзин одговор: кажете ми јузер (и кажувам)... Па не знам, оставете ми ваш број (и оставам) и ќе ви се јави некој од колегите што знае.

Второ прашање: Зошто латенцијата денес ми е толку висока (~380ms према google.com)?

Нејзин одговор: Не знам ни тоа, но колегата што ќе ви се јави можете да го прашате и двете прашања.

Го завршив разговорот. Проверив сметка, 85 денари отидоа јабана. Бидејќи Но.Нет немаат одговор на моите прашања кои директно тие би требало да ми ги одговорат, најмалку што можат да направат е да ми пуштат утре 100 денари на сметка. Бројот го имаат, нека го искористат барем за нешто. Знам дека и така нема да ми се јават.


Јас се заебав со WADSL, а ти?

ОФИЦИЈАЛНО: Но.нет имаат проблеми со базните станици ИЛИ веќе ставиле ограничување. Сеуште не се знае сигурно дали тоа е нивната долгоочекувана новина (суплајс што би рекол трендо) или пак дефект. Фала на техничката поддршка која за крив стап не ја бива и ме натера да ги проверам компјутерите против вируси (вклучувајќи ја и федората, хехе) и што ме убеди дека мојот свич не чинел па шетав низ село проверувајќи го. Без разлика што кутриот упорно покажуваше одлични резултати. Фала ви на сите.

П.С. Пепи, жити машкоста тркни до најблискиот продажен салон на космофон и пушти ми 100 денари кредит. Ми дужиш пеер, со вработениве твои само должник ми испаѓаш.

02 април, 2007

2Fast, 2Little: зголемена АДСЛ брзина

6 месеци по последното зголемување на АДСЛ брзините, излезе продолжението. За среќа оригиналот беше безврска, па не ме разочара вториот дел.

Max4GB ADSL оди од 1024/256 на 1536/256 Kb/s. Брзината не е загарантирана. Лимитот останува на легендарните 4 гига, а и цените се исти - 1500 денари месечно со купен модем, 2100 со изнајмен модем.

За ептен, ептен хардкор пирати излезе MaxADSLPlus. „Штосот“ со плусот оди вака: Max4GB Plus 6GB = 10 гига. Т.е. Max! 10! GB! Нешто е побрзо (до 2048 KB/s). Минусот е цената од 2100 денари со свој модем, т.е. 2500 со изнајмен.

„MAX“РЕЗИМЕ
Солено, пресолено. Постојните корисници имаат законски основ за раскинување на договорите поради нивна еднострана измена.

„HIT“ ADSL
Почетниот пакет поевтини и сега е 700 денари месечно со ДДВ. Никако да го заокружат на 10 евра :)

БИЗНИС ПАКЕТИ
Зголемени се брзините и кај Мини офис, Офис, и „Профи“ пакетот.

ДДВ-ТО Е ОПЦИОНАЛНО!
Малку срамеживо, ама цените, кои досега ги прикажуваа без ДДВ, почнале да ги даваат и со ДДВ. Па сеа ти види - ќе платиш данок или не. Луѓе сме, ќе се договориме.

ДОПЛАТА ЗА СООБРАЌАЈ: ПОСИТНО, ПОЕВТИНО
Да не пукнам, единица мерка повеќе не им е пола гигабајт. Доплатата за задржување на брзината по надминување на вклучениот сообраќај почнаа да ја мерат по започнат мегабајт кај сите пакети, а не само кај „Хит“. Кај почетните пакети („Хит“ и Микро офис) е 0,66 денари, а кај другите е 0,3 денари по мегабајт. Поевтино да, евтино не!

Следното продолжение - летоска. Можеби.

09 март, 2007

Камо 2 минути поддршка?

И вечерва како и секогаш имам проблеми со WADSL-от. Бидејќи ги немам давено одамна, мислев дека имам заслужено 2 минути посветување. Се дисконектираше и саат време не сакаше да се конектира. Отидов до интернет кафето бидејќи од интернет провајдер очекувам онлајн поддршка. Од телекомот, телефонска... знаете натаму како оди.

После 30 минути игнорирање и откако дома компјутерот најпосле ми се конектираше на интернет, ми одговорија на онлајн прашањето со одговор "имавме проблеми ама немаме повише".

Од техничката поддршка очекувам да биде тука во моменти кога имам проблеми, а не откако ќе ги решат.

NoNet

05 февруари, 2007

Без наслов но со повод

Вечерва не сум расположен да го тупам на велико и широко, ама морав да реплицирам на еден текст објавен во денешниот број на ВРЕМЕ, преполн иронија, лаги и невистини. Испрашуван е нашиот омилен, сакан и љубен (аплауз молам) ПЕПИ (зошто сликата се вика управен одбор, да не е пепи и во управен одбор на Време?) од онаа фирмана што продаваат WADSL без интернет односно муда за бубрези. Ова го правам за да му докажам на ПЕПИ дека сите лаги и измами не може да ги продаде. Барем не секогаш и секому.

Моето расчистување со нив е во овој однос: Он.нет не му конкурира на МТ-Нет или на МТ воопшто. Тие (и двете фирми) го држат македонското општество во тотален информативен мрак продавајќи високо-неквалитетен интернет за луди цени со ептен крејзи брзини (спорини?). Повеќе ми изгледаат како партнери кои на сосема различен начин продаваат интернет до крајните корисници, унапред договорени за цената под која ќе го продаваат истиот.

Овој пасус начисто ме изнервира:
" Со лансирањето на Wadsl услугата од страна на „Он.нет“ првпат на македонскиот пазар беше понуден широкопојасен (броадбанд) Интернет со голем капацитет (10 гига) по цени пониски од европските и достапен низ целата држава. "

Кој голем капацитет бе пепи? 10 гигабајти е голем капацитет за тебе? Знаеш дека во мојата и твојата европа нема ограничување на месечен лимит? Знаеш дека 512 Kbps download таму е само спомен а праксата е со брзини од 4 Mbps па уџум нагоре до 1 Gbps. Знаеш дека таму, во мојата и твоја европа, скоро во секој дом има конекции со download од 24 Mbps нормално без ограничување во месечен лимит, за истата или слична цена по која ти ми го продаваш (ама не ми го даваш) WADSL-ов? Знаеш дека таму има техничка поддршка во вистинска смисла на зборот, знаеш дека ТАМУ не е можно 4 месеци да имаш проблеми со интернетот? Таму истата вечер доаѓаат и го средуваат дека се работи за човеково право кое ни пепи ни атила не можат да ми го одземат! Знам дека знаеш, голем ми изгледаш. Само не знам до кога ќе не сметаш за ментално пореметени. Јас знам дека сум овца штом потпишав со тебе договор на 2 години, ама не сум коњ бе.

23 јануари, 2007

WADSL ја губи битката и со латенцијата?

Една од најдобрите карактеристики на он.нет-овиот WADSL, освен цената, брзината и месечниот лимит, беше латенцијата. Како 5 месечен корисник на WADSL, со 5 редовно платени фактури, би сакал со вас да го споделам моето искуство со WADSL.

Цена: цената си е таа, 1286 денари месечно (ДДВ е вклучен). За некого е малку, за некого таман, додека за некој трет е многу. Секој со својата мака/среќа. Нема ништо спорно овде бидејќи кога го потпишав договорот знаев колку ќе треба месечно да одвојувам за фактурата за интернет пристап.

Брзина: Брзината е многу спорна. Иако според договорот он.нет се обврзани на брзина за download од 512 Kbps, јас 2 месеци имав брзина на download од 100 (најчесто) или 300 (многу ретко) Kbps. 1 месец сите ги имаа овие проблеми што се поврзани на WADSL додека пак наредниот месец само некои корисници поврзани на базната станица кај Нерези. На он.нет им требаше цел 1 месец за да го увидат проблемот и само 1-2 дена да го санираат. Лош систем за мониторинг, иако тврдат дека го имаат најсовремениот и единствен во Македонија. Или можеби мониторите (лицата задолжени да ги интерпретираат резултатите на мониторинг системот) не ги бива. Во секој случај мене не ме интересираат детаљите како краен корисник. 1 цел месец за воопшто да не забележат дека имаат проблеми со одредена базна станица. Исто така, многу често паѓа конекцијата така да оние 98% гаранција дека ќе имам квалитетен интернет ниту еден месец не се одржаа.

Лимит на месечен трансфер: 10 гигабајти иако изгледаат како доволно или многу, земајќи ја во предвид точката 2, тешко дека ќе ги искористиш некогаш. Претпоставувам ова им е маркетинг трик. Дај им нешто што вистински не може да се искористи.

Латенција: Стигнавме до мојот омилен дел бидејќи кога се мислев да ставам WADSL, на порталот на он.нет прочитав еден текст од некој вработен во он.нет демек нивната латенција била невидена работа, ептен добра. Досега сите проблеми ги сваќав како привремени и повеќе се концентрирав на онлајн игрите (кои директно зависат од латенцијата), барем додека не се поправи целосно конекцијата еднаш и засекогаш. Но повеќе ни таа не е како што треба. Имам латенција од 200 милисекунди (просек) кон
secure.on.net.mk и 450 милисекунди (просек) кон google.com. Тоа е КАТАСТРОФАЛНА латенција.

Разно: Канопито цркнува, прекинува да работи. Можеби ви било кажувано поинаку, но ова е вистина. Моето почина (нека почива во мир) пред 2 месеца, додека пак на двајца мои соседи им починаа денес. Најмалку 3 дена им се потребни да дојдат да ви го заменат со друго.

Заклучок: Он.нет-овиот WADSL е многу нестабилен интернет (баталете WADSL без интернет, подобро земете бесна кола без гориво, така колата барем ќе ја имате), никаква техничка поддршка, пристојна цена и месечен лимит во пакет со висока латенција. Прашање до он.нет: интернетот не е вклучен во цената?

Напишано на 5 Јануари 2007.

КТВ Зора - да ти се стемни

Пред Нова година се крена прашина околу новите пакети на КТВ Зора. Најскапиот пакет од 40 евра го рекламираа дека е со неограничен интернет. Еве како си поминал еден супер дечко:
На моето прашање која е загарантираната брзина, Драган Главниот (Админ) за интернет во КТВ Зора ми рече дека е таа таму што пишува (а таму пишува само 512/128 Kbps). На флаерот (кој беше уствари флајер за пакетите за ВОИП) пишуваше на еден од пакетите НЕОГРАНИЧЕН ТРАНСФЕР, Драган зема и го прешкрта и рече: 7ГБ, па потоа паѓаш на 33,600 Kbps. Да се научиш како беше пред 1999 :)

И најбитното прашање (за кое се вратив специјално да прашам) е може ли да го видам договорот како изгледа. Драган рече:”....Не може, кај газдата ми е.....” :)
Што да речам... Се надевам дека во меѓувреме Драган си го земал од кај газдата.

Плима


3 дена... недела дена...две...три. Рекордот мислам дека е месец и пол. Доколку блогов не испаднеше тесно специјализиран, можеби немаше да има толкави прекини во р-Еволуција.

Колку и да ми се неопходни периоди на отсуство од тука, секогаш ми носат некое чувство на вина - како да не сум направил нешто што требало.

Го поканив Принц, дечко со љута тастатура и автор на ново лого за еден наш провајдер, да ги покрие моите осеки со своите плими. Со своите текстови тука треба да се погрижи да не се осеќаат запоставени душичките од nonet.